дома блог страница 914

Дизелот од полноќ ќе надмине 80 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08% во однос на одлуката од 16.2.2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,149 ден/кг и сега ќе изнесува 41,881 ден/кг.

Од 20.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,881 (денари/килограм)

Тошковски: Срамота е пасошот со старото име да важи во некои земји, но не и кај нас, пратениците да го сменат и Законот за патните исправи

Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис. Решение за тоа е пратениците, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните на територија на која што сме и притоа доколку пробаат да излезат од Македонија, ние не ги пуштаме, заради тоа што Законот е таков, а слободно може да се движат со македонскиот пасош со старото име во рамки на Германија, Швајцарија, Албанија, Косово. Очигледно е дека МВР превзема максимум во рамки на можностите коишто ги има во овој дел, но би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните, а тоа решение е 61 пратеник да си ја заработи платата и да стиснат на тоа пусто копче, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи, и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните, рече Тошковски во одговор на новинарско прашање на одбележувањето на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи.

Тој ги повика пратениците во Собранието да постапат по оној предлог закон кој, како што рече, го доставив истиот ден заедно со Законот со возачките.

-Како што го поминаа Законот за возачките, така и да си го поминат и Законот за пасошите. Само тоа е решение. А граѓаните нека судат. Јас мислам дека граѓаните се многу умни и гледаат дека во споредба со она неработење и непрофесионалност од претходно, сега ако ништо друго даваме максимум се од себе, рече Тошковски.

Потврди дека веќе пристигнале 20.000 обрасци со новото име на државата.

-Не сакам да отворам теми во јавност каде што немам точни и информации, но отприлика некаде во осми месец имало договор согласно којшто заклучно со 18 февруари во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци. Тој договор со одреден акт е заменет и притоа заклучно со 18 февруари согласно тој договор е превземена обврска негде отприлика во декември месец за 22.000 обрасци. Немам уште утврдено со соодветни докази, зошто е така сторено. Но ќе истражиме, посочи Тошковски.

ВРЕДЕН GIVEAWAY НА НАЈДОБРАТА АВТО ШКОЛА ВО ПРИЛЕП!!!

Најдобрата автошкола во Прилеп, АМД ПРИЛЕПЕЦ подарува 3 вредни ваучери:


-20% попуст на технички преглед на возило

-10% попуст за обука за Б категорија

и гратис обука за Б категорија

Се што треба да направите за да бидете дел од наградното извлекување, е за стегнете лајк на фотографијата во продолжение на ФБ фан страната на автошколата, потоа означете пријател во коментар и споделете ја објавата.

Добитниците на трите вредни награди ќе бидат извлечени на 01.03.2024г.

Три бронзени медали за младите џудисти на прилепскиот Џудо Клуб “Сеишин” од Пирот (ФОТО)

На 17.02.2024 во Пирот Србија, се одржа Првиот Меѓународен Турнир во џудо “Победникот на Пирот” во организација на ЏК Ипон – 010 од Пирот Србија.

На овој Турнир учество зедоа околу 360 натпреварувачи од 7 држави и тоа: Србија, Црна Гора, Грција, Романија, Бугарија, Молдавија и Македонија.

Џудо клубот Сеишин-Прилеп зеде учество со 5 натпреварувачи, а освоени се 3 бронзени медали:

1. Марио Конески 3- то место
2. Тамара Илиоска 3- то место
3. Теодора Илиоска 3- то место

Одлични борби прикажаа Владан Стрезоски и Ване Ацески кај помладите пионери, но не успеаја да се изборат место на пиедесталот. Екипата ја водеа тренерите Мартин Ристески и Марио Тошески.

Ова беше прв меѓународен настап на членовите на СЕИШИН за оваа година. Веќе од наредниот викенд започнуваат настапите и на Државните Првенства.

23-годишно момче со тешки повреди донесено во прилепската болница

На 18.02.2024 во 14.30 часот во Полициската станица Крушево било пријавено дека во с.Норово, крушевско, М.Б.(23) од с.Норово, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Крушево – информираат од СВР Битола.

Еве колку ќе изнесува минималната плата од идниот месец

Минималната плата од идниот месец ќе се зголеми на 22.500 денари што ќе биде некои 2400 денари повеќе од сегашните 20.175 денари.

Од 2017 година минималната плата постојано растеше и сега изнесува 20.175 денари. За 6 години минималната плата се зголеми 4 пати. Растот на минималната плата доаѓа како последица на инфлацијата која во последните 2 години имаше силен удар врз македонскиот стандард.

Денарите се повеќе губеа од својата вредност под налетот на се повисоките цени кои кај некои производи скокнаа и за 100%.

Од аспект на растот на цените кои храната ги имаше во последните 2 – 3 години, нема да биде погрешно ако се констатира дека со 20.000 денари денеска, во продавница можете да го купите истото тоа што пред некоја година се купуваше со 10.000.

Изложбата “ВИЗИИ-Глава полна со луѓе“, со дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов, од утре пред прилепчани

На 20 февруари 2024/ вторник/ од 13.00 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата “ВИЗИИ-Глава полна со луѓе“ со дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов. Автор и куратор на изложбата е Јасминка Намичева, од неформалната мрежа на музеи –МузеумЛинк.

Посетителите ќе проследат нова и досега неизложена серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати каде извонредниот Анастасов, од својот мемориски трезор изнедри повеќе од 200 портрети, создадени во периодот 2016-2022година.

Д-р Љубен Пауновски за проектот ќе каже:

„ Тоа е рационално осмислен уметнички проект, произлезен од драматични настани и состојби во животот на уметникот што се случиле во 2008 година, кога животните потреси што ги доживеал Анастасов ја промениле неговата животна позиција од сите аспекти и го внеле во еден друг свет, во светот на сеќавањата и контемплациите. Му ги отвориле суштинските, но неразрешливи прашања за човекот и за животот…. Следувал повеќегодишен период на самотија, со многу превирања во емоциите, тешки прашања во мислите, постојана свртеност во сеќавањата од животот и мирување на четките и моливите. Продолжувајќи да живее во типична самотија, уметникот и натаму со емоциите и мислите продолжил да гледа внатре во себеси, во меморираните настани што ги доживеал на неговиот изминат животен пат и во ликовите на луѓето што од животот влегле во неговиот ментален албум.“

Во 2016 година настапило релативно смирување, доволно за Анастасов да ја започне оваа нова серија на цртежи, а повремено да вклучува и цртежи според тематскиот циклус Човек и простор“.Така Анастасов ја перцепира сопствената меморија, односно жителите во својот ментален свет, кои ги претвора во портретни мотиви во своите цртежи.

На тематски план оваа серија на цртежи е автобиографска затоа што портретираните луѓе, на еден или на друг начин, биле дел од неговиот живот или барем ги сретнал на неговата животна патека и останале запишани во неговата меморија. На филозофски план, низ мемориските репродукции како повторувања, реконструкции и меѓусебни врски на запомнетото, оваа серија на цртежи е соочување со фактот дека и смислата и бессмислата подеднакво се својство на животот. На психолошки план таа е креативно ослободување од нараснатиот притисок акумулиран од регресивното ментално патување по личната животна патека.

Има изреки дека убавината, или љубовта, или уметноста или…, ќе го спаси светот, што на општ, колективен план останува само метафора. Меѓутоа, тоа е можно, но само како индивидуален потфат. Анастасов е жив пример на човек кој во два наврати во својот живот се извлекол од тешките неволји, се спасил преку уметноста. Првиот пат со уметноста ги разбивал сите предрасуди кон него, ги избришал сите стигми, ја опсервирал, продирал и ја сликал психологијата и филозофијата на човековиот живот во модерната цивилизација додека малите луѓе на таа цивилизација сите врати му ги затворале. Вториот пат, кога доживеал тежок здравствен и емоционален удар, наместо подлегнување и тонење во осаменост, депресија и психолошко страдање, тој на својот ум/мозок му задал деликатна и нова когнитивна задача – да умее/прифати да живее сам, но активно да го гледа и реконструира својот изминат живот и практично да дејствува преку уметноста. Или, како што сметал Жан Пол Сартр, да биде посилен од својата судбина. И навистина, во двата случаи се спасил преку уметноста.“

Oдлична организација и над 200 учесници на Вториот по ред Меѓународен шаховски турнир “МАТ 2024” во Прилеп (ФОТО)

Вчера во СОУ “Орде Чопела” во Прилеп се одржа Вториот Меѓународен турнир „МАТ 2024“. Пријавени беа повеќе од 200 играчи од 4 соседни држави.

Организатор и покровители на турнирот беа фамилиите на прилепските шаховски легенди и Шаховскиот клуб “Прилеп”.

Турнирот се играше по Швајцарски систем од 9 кола, според Правилата на ФИДЕ за (Рапид) забрзан шах и истиот беше пријавен и ќе се бодува во ФИДЕ.

Пријавени беа од најмали до највозрасни шахисти, а организаторите обезбедија и вредни награди и признанија за најдобрите.

Никако да им дојде умот: 208 сакнкционирани возачи викендов на подрачјето на СВР Битола – дури 145 возеле брзо

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (16/17/18.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 208 возачи, меѓу кои 145 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 15 мерки за возење под дејство на алкохол, 15 санкциии за управување без возачка дозвола, седум санкции за користење на мобилен телефон… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прогресивниот ЗАПАД изгледа вака: Канада да не претеравте малку?

Твит на денот:

-Ова се пакечиња кои може да ги купите во Ванкувер, Канада.

Можете буквално да одите во продавница во Канада и легално да ги купите овие.

Битно за Аналгинче ти треба рецепта, а ако сакаш да се самоубиеш-државата ти нуди бесплатно да го реализираш тоа
Сè е у реду горе, Канада?