дома блог страница 913

Полицијата фати две запрежни коли натоварени со дрва во близина на Прилеп

На 28.10.2023 во периодот од 14.00 до 22.30 часот на патот кој води кон манастирот „Св.Ѓорѓија“ во прилепско, при преземање службени задачи, полициски службеници од Полициската станица Прилеп пронашле две запрежни коли натоварени со бесправно исечени огревни дрва.

Дрвата и запрежните коли биле предадени на одговорно лице од ЈП Национални шуми-ПСШ Црн Бор Прилеп.

Се работи на расчистување на случајот – стои во соопштението од ОВР Прилеп.

Анкета на ИПИС: Граѓаните сакаат Парламентарните и Претседателските избори да бидат заедно

Мнозинството граѓани на Македонија сметаат дека парламентарните избори треба да бидат заедно со претседателските во мај седната година, покажува најновата анкета на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС).

На прашањето „Дали сметате дека Парламентарните избори треба да бидат заедно со Претседателските во мај следната година или треба да бидат одвоени?“, дури 66,6% од испитаниците рекле дека изборите треба да бидат заедно, а само 13,7 одговориле дека треба да бидат одвоени.

Телефонското истражување на ИПИС е спроведено во периодот помеѓу 25 и 27 октомври 2023 на 1055 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Утре ја бодриме Победа, ама во сала: Потребна е поддршка за нов успех и нови бодови

Новоформираниот клуб во футсал, Победа, утре со почеток од 20:30ч, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, го игра третиот натпревар од Втората лига.

По победата дома против Јувентус Серава и минатонеделниот пораз на гостувањето во Кратово, во Прилеп гостува екипата на Балкан од Скопје.

Влезот чини 50ден., а со карата добивате и пијалок.

По потекло од прилепско Алинци, Роберт Милошески е првиот нашинец кој стана општински советник во Австралија

Роберт Милошески, по потекло од прилепското село Алинци, е првиот нашинец кој станал советник во Австралија.

Милошески е избран за советник во Советот на општина Роверсторп, во Западна Австралија. Милошески е роден во Перт и е успешен бизнисмен со недвижнини.

Според податоците од последниот попис, кој во Автралија беше спроведен во 2021година, во земјата живеат над 111.000 луѓе со македонско потекло.

Пожарникари од Битола, Кривогаштани и Крушево одржаа заеднички вежби за справување со пожари и поплави кај село Годивје (ФОТО)

На 26-ти октомври во непосредна близина на селото Годивје во Oпштина Кривогаштани беа изведени две тренинг-показни вежби. Овие вежби се фокусираа на справување со шумски пожари и управување со ситуации од поплави.

Овие активности се дел од проектот :„ ПРЕВЕНЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕКУГРАНИЧНИ КОМПЛЕКСНИ ПОПЛАВИ И ШУМСКИ ПОЖАРИ – SOLVE “ што го спроведува Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола.

Овој проект е дел од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 година, која спаѓа во Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија.

Примарната цел на овој проект е да се намалат ризиците поврзани со шумските пожари, како во урбаните така и во дивите области, како и да се подобри управувањето со поплавите во регионот. Проектот има за цел да создаде модел кој може да се примени и во други региони.

Во вежбите учествуваа единиците од ТППЕ Битола, ТППЕ Кривогаштани, ТППЕ Крушево, како и единицата на ДПД Архангел од Битола.

Фатен битолчанец кој се барал за одлежување затворска казна

На 28.10.2023 полициски службеници од Криминалистичката полиција на СВР Битола го лишија од слобода Р С.(37) од Битола, кој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од шест месеци за извршени тешки кражби.

Лицето е спроведено во КПУ Затвор Битола – информираат од СВР Битола.

Збогум Чендлер: На 54-годишна возраст почина ѕвездата од “Пријатели”

На 54-годишна возраст почина Метју Пери, актерот кој беше најпознат како Чендлер Бинг од серијата „Пријатели“.

Полицијата во Лос Анџелес ја истражува смртта на Пери, изјави за Си-Ен-Ен извор од органите за спроведување на законот. Во моментов нема сомневања за прекршоци, рече изворот, меѓутоа, инцидентот останува под истрага од страна на Одделот за грабежи-убиства на полицијата во Лос Анџелес.

Властите одговориле на повик околу 16 часот од неговиот дом, каде што бил пронајден во џакузи без знаци на живот. На местото на настанот не е пронајдена дрога. Според други извори, безживотното тело на Пери го пронашол неговиот асистент.

– Скршени од тага сме поради смртта на нашиот драг пријател Метју Пери. Метју беше неверојатно надарен актер и неизбришлив дел од семејството на телевизиската група на Ворнер Брос, се вели во соопштението на компанијата.

– Влијанието на неговиот комичен гениј се почувствува низ целиот свет, а неговото наследство ќе живее во срцата на многумина. Ова е ден што го крши срцето и ние ја испраќаме нашата љубов до неговото семејство, неговите најблиски и сите негови посветени обожаватели, додава Ворнер Брос.

Роден во Вилијамстаун, Масачусетс, од татко актер и мајка новинарка, Пери отиде да живее со мајка му во Отава, Канада, откако неговите родители се разделија.

Една од првите страсти на Пери бил тенисот и стана најдобро рангиран тенисер во Канада. Како и неговиот татко, и помладиот Пери развил интерес за глума откако како тинејџер се преселил во Лос Анџелес за да живее со него.

Првата забележлива улога на Пери беше мала улога во драмата „240-Роберт“ во 1979 година. После тоа, други битни улоги имаше во серии, вклучувајќи ги „Чарлс одговорен“ (Charles in Charge), „Сребрени лажици“ и „Шоуто на Трејси Улман“.

Неговата прва филмска улога беше додека беше во средно училиште, играјќи заедно со Ривер Феникс во филмот од 1988 година „Ноќ во животот на Џими Рирдон“. Годината пред објавувањето на филмот, Пери глумеше во ситкомот „Втори шанси“ (подоцна преименуван во „Момците ќе бидат момчиња“), за човек кој умира и се враќа на земјата за да го менторира своето помладо јас, кое го игра Пери.

Серијата не успеа да ја најде својата публика, но Пери продолжи да добива повеќе улоги од висок профил во ТВ проекти, вклучувајќи ги „Growing Pains“, „Who’s The Boss“ и „Beverly Hills, 90210“.

Но, улогата на љубезниот и саркастичен Чендлер во ситкомот „Пријатели“ во 1994 година го направи познат.

Во ноември 2022 година, тој објави мемоари со наслов „Пријатели, љубовници и големата страшна работа: Мемоар“.

Во него, Пери откри дека неговата злоупотреба на опиоиди довела до руптура на дебелото црево кога имал 49 години. Лекарите му дадоа два проценти шанса да преживее, напиша тој, и тој беше во кома две недели, а потоа уште неколку месеци во болница.

На актерот му биле направени 14 операции за да се поправат сите абдоминални оштетувања, а тој призна дека одел на рехабилитација 15 пати во текот на годините со надеж дека ќе ја ослободи од зависноста од дрога.

Пери беше во врска со книжевната менаџерка Моли Хурвиц во 2018 година, а парот се сврши во 2020 година. Тие ја прекинаа свршувачката во 2021 година, а Пери тогаш изјави: „Понекогаш работите едноставно не функционираат и ова е една од нив. На Моли и посакувам се најдобро“.

Драма на патот Прилеп-Градско: Полицијата го запирала, а тој удрил во полициски службеник и избегал

На 27.10.2023 на патниот правец Прилеп – Градско околу 00.30 часот патничко моторно возило „фолксваген голф 5“ не застанало на претходно издадени наредби од полициски службеници за сопирање на возилото и при тоа удрило еден од полициските службеници.

Од страна на полициските службеници биле испукани куршуми, но возилото не застанало и го напуштило местото.

Подоцна возилото е пронајдено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Момироски: “Се спрема прилепска бизнис буна”

Во својата неделна колумна на Радио Пела, новинарот Момироски најави голема бизнис буна со кривични пријави и барања за оштета против сите инволвирани во проектот за реконструкција на улицата “Леце Котески”.

– ГОЛЕМА БИЗНИС БУНА СЕ СПРЕМА СО КРИВИЧНИ  ПРИЈАВИ И СО БАРАЊА ЗА ОТШТЕТА ПРОТИВ СИТЕ ИНВОЛИВИРАНИ ОД АПЛИЦИРАЊЕ ДО РЕАЛИЗИРАЊЕ  НА  ЗАПОЧНАТАТА  РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ЛЕЦЕ КОТЕСКИ“. ОВА ВЕЛАТ НЕ ЛИЧИ НИ НА СОКАК НИ НА МАЛСКА УЛИЧКА, А ЗА СОВРЕМЕН ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ НА ПРИЛЕП КОН КРУШЕВО МОЖЕ САМО ДА СЕ СОНУВА. ЗГОРА НА ТОА ШТО ПРОЕКТОТ E ЦЕЛОСНО УТНАТ КАКО ЗА СЕГАШНИ И ИДНИ  ПОТРЕБИ, САМАТА ГРАДЕЖНА АКТИВНОСТ Е ВОН СТАНДАРНА И НЕ Е ПРОФЕСИОНАЛНА. ТОКМУ ПОРАДИ ВАКВИТЕ ПРОПУСТИ УШТЕ СЕГА СИТЕ ФИРМИ И НАСЕЛЕНИ МЕСТА КОИ  ГРАВИТИРААТ КОН ОВОЈ ДЕЛ ОД ПАТОТ БЕЛЕЖАТ ОГРОМНИ  ЗАГУБИ. НАМЕСТО НОВОТО СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ  ДА ПОНУДИ НОРМАЛЕН  УСЛОВ ЗА ЕФИКАСЕН И БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ И ДА ГАРАНТИРА ПРИСТАПНОСТ, БРЗИНА И ЕКОНОМИЧНОСТ, СИТЕ СЕ ЧУДАТ КОЈ „МАЛОУМНИК“ ПОБАРАЛ  ВАКВО ПРОЕКТ РЕШЕНИЕ!?! И КОИ УШТЕ ПОГОЛЕМИ „МАЛОУМНИЦИ“ СЕ ПРАВАТ НА МУТАВИ  И СИ МОЛЧАТ, А ПРИТОА СО МАЛИОТ ПРСТ НЕ  САКААТ ДА  МРДНАТ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ОВАА УРБАНА  КАТАСТРОФА – ПРАШУВААТ  БИЗНИСМЕНИТЕ ОД ОВОЈ ДЕЛ НА ГРАДОТ?!? ВО НИВНОТО ОТВОРЕНО ПИСМО МЕЃУ ДРУГОТО СТОИ: „ПОДОЛГО ВРЕМЕ СО МЕСЕЦИ СЕ СООЧУВАМЕ И СО НЕСТРУЧНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ, НО И СО ПРЕДВИДЕНИТЕ РОКОВИ, НАЧИНОТ И ТЕКОТ НА САМИТЕ  ГРАДЕЖНИ РАБОТИ КОИ СЕ ИЗВЕДУВААТ НА ЦЕЛАТА ОПЕРАТИВА КОЈА НА          2 .130 МЕТРИ СКОРО 10 МЕСЕЦИ ЌЕ ГО ОНЕВОЗМОЖИ ПРИСТАПОТ ДО НАШИТЕ ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ. ОСОБЕНО ШТО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД БИЗНИСОТ Е ПРЕКУ ТРАНСПОРТ НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ СО ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА. А, ШИРИНАТА НА УЛИЦАТА НЕ ГИ ЗАДОВОЛУВА СТАНДАРДИТЕ НА РЕГИОНАЛНА УЛИЦА ИЛИ РЕГИОНАЛЕН ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ВО ГРАД. ОВА Е СТРАМ  ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ И ЗА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА. ОВА Е СТРАМ ЗА ГРАДОТ! “И  ПОКРАЈ СИЛНИТЕ РЕАКЦИИ  СИТЕ  ПРОДОЛЖУВААТ ДА МОЛЧАТ И НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ, ПА ДУРИ  И НОВИНАРИ И ГРАЃАНИ.

Целата колумна можете да ја прочитате ТУКА.

Извор: Радио Пела

Порака на израелската армија: “Жители на Газа, слушајте внимателно! Ова не е мерка на претпазливост, ова е итна молба“

Израелските одбранбени сили објавија „итна порака за жителите на Газа“ каде што ги повикуваат цивилите од северниот дел на Газа привремено да се преселат на југ.

„Движете се на југ за своја безбедност“, рече портпаролот во видео пораката.

„Ова не е само мерка на претпазливост, ова е итна молба“.