дома блог страница 912

Основните судови во Прилеп и Битола официјално добија нови претседатели

Судскиот совет на денешната 462. седница изврши избор на претседатели во Апелациониот суд во Скопје и Основните судови во Битола и Прилеп.

Судијката Мери Дика, која досега ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Апелациониот суд Скопје, денеска е избрана за претседателка.

Судијката Татјана Петровска е избрана за претседател на Основниот суд во Битола, а Јасмина Шишковска Стојковиќ за претседателка на Основниот суд во Прилеп.

Во Основните судови во Велес, Делчево, Крива Паланка и Штип, согласно денешната одлука на Судскиот совет, досегашните претседатели ќе останат да ја вршат функцијата в.д. претседатели сѐ до изборот на нови претседатели.

Да ја поддржиме нашата прилепчанка: Гласајте ТУКА за Билјана Зероска да помине во следниот круг на шоуто “Никогаш не е доцна”

52-годишната Билјана Зероска од Прилеп ја имаше честа да настапи прва на последната епизода од шоуто “Никогаш не е доцна”. Билјана, која откри дека нејзина цел е да работи на вакво натпреварување во Лондон, каде и живее, настапи со песната “Хајде да лудујемо”, а после бурниот аплауз од публиката, своите први впечатоци од нејзиниот настап ги пренесе Калиопи, која беше дел од жирито.

– Oва беше слатко. Преслатко. Уживавме и игравме. Феноменален почеток за оваа емисија. Ти благодарам, рече македонската дива.

Жељко Самарџиќ кој исто така беше дел од жирито, потврди дека нашата прилепчанка остави добар впечаток.

– Ни се допадна на сите, весело, тоа е таква песна, секоја чест! Мислам дека го покажавте вашиот талент и темперамент во полн сјај. Ви честитам, рече Жељко.

Настапот на Билјана можете да го погледнете ТУКА

Сепак нашата прилепчанка не се избори за директен пласман во следниот круг, па сега и’ сме потребни сите за да го добие дуелот со нејзината противкандидатка Наташа Познановиќ.

Гласајте за нашата прилепчанка на следниот ЛИНК

Џудо федерацијата на Македонија одржа редовно изборно Собрание во Прилеп – Прилепчанецот Трпаноски реизбран за Претседател

На 29 октомври 2023 година во Прилеп се одржа Редовно Изборно Собрание на Џудо федерацијата на Република Македонија.

На редовното изборно собрание г-дин Владимир Трпаноски е реизбран на фукцијата Претседател на Џудо федерацијата на Република Македонија на нов 4 годишен мандат.

Исто така на редовното изборно собрание на нов 4 годишен мандат избрани се нови членови на Извршниот и Надзорниот одбор на федерацијата.

На Претседателот, членовите на Извршниот и Надзорниот одбор им посакуваме успешна и плодна работа во новиот мандат.

Да им посакаме среќа! NEW GENERATION од Прилеп активно се подготвуваат за STAGE – еден од најпрестижните танцови натпревари (ВИДЕО)

Танцовиот клуб NEW GENERATION од Прилеп се подготвува за учество на еден од најдобрите и најпрофесионалните натпревари во Европа – STAGE, кој ќе се одржи во Скопје.

Прилепчани на натпреварот ќе настапат со четири формации и пет соло настапи. Натпреварот кој оваа година слави мал јубилеј – 5 години постоење, ќе се одржи на 18 и 19 ноември во Македонската опера и балет.

Скопје ќе биде Европа, а од NEW GENERATION се надеваат дека ќе се вратат со големи успеси.

Да им посакаме среќа!

Новинарот Иваноски распали по СДСМ Прилеп

Новинарот од Прилеп и уредник на порталот “Народен глас”, Рубин Иваноски, преку ФБ статус распали по раководството на општинската организација на СДСМ.

-Станавте обични фејсбук ботој, се кријате од членството оти има шо да ви кажи, бегате, избегнувате тет а тет средби во четири очи, бегате во комфор зони каде се чувствувате безбедни без никој да ве праша зошто и како му направивте на членството, до пред локалните вртевте по телефони сега праќате СМС пораки за да не ве отераат во мајчината. Па онај пратеникон наш не е симнат од по Инстаграм и манастири, уште тро фали и да се замонаши таму, значи и пратеник, инфлуенсер и монах, три во едно. Инаку да, вака со фејсбук флаери има да му го накршите на Борче … рејтинго – пишува во својот статус Иваноски.

Полициска акција во тек: Се апсат луѓе низ повеќе македонски градови, еве за што станува збор

Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од МВР на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид извршува претреси и се приведуваат осомничени лица.

Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што обвинителството ја спроведе со Управата за финансиска полиција и истражители од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

По завршување на акцијата обвинителството детално ќе информира за предметот.

Битолчанец се искачи на врвот Ајланд Пик на Хималаите, висок 6189 метри (ФОТО)

Битолчанецот Горан Дамевски, член на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“, кој е дел од македонската експедиција на Хималаите, го освои врвот Ајланд Пик на Хималаите, висок 6189 метри.

„ПСК Пелистер се гордее со тебе . Честитки Горан , желбите се исполнуваат, посета на Хималаите“ – напишаа од планинарскиот клуб “Пелистер” на социјалните мрежи, честитајќи му на Горан за големиот подвиг.

А еве како се одвивала експедицијата:

По пристигнување во Лулка започната е аклиматизација
1 ден – Phakding 2610 мнв
2 ден – Namche Bazar 3440 мнв
3 ден – Namche Bazar 3440 мнв – Everest view point 3880 мнв
4 ден – Tengboche 3860 мнв
5 ден – Dingboche 4410 мнв
6 ден – Dingboche 4410 мнв – Nangkartshang Peak 5100 мнв
7 ден – Lobuche 4910 мнв
8 ден – Gorak Shep 5140 мнв – Everest base camp 5364 мнв
9 ден – Kala Patthar 5550 мнв – Dingboche 4410 мнв
10 ден – Chukkung 4730мнв
11 ден – Island Peak base camp 5100 мнв
12 ден – 28.10.2023 во 12 часот на полноќ по непалско време од Island Peak base camp 5100 мнв започнува искачувањето на Island Peak.

Првите 4 часа се искачува по сипар и карпи до висина од 5800 мнв. Од тој дел екипата поставува орема, кацига, дерези, појас, јумар и карабинери и започна со summit push. Качувањето е со фиксно јаже низ кое се влечи јумарот.

Од 5800 мнв до 6000 мнв теренот е благ без големи нагиби, додека последните 200 м пред врвот се со нагиб од 45%. Врвот висок 6189 мнв е искачен во 08.57 минути по непалско време од страна на 8 лица меѓу кои и членот на ПСК ПЕЛИСТЕР ГОРАН ДАМЕВСКИ од Битола со помош на Chirring sherpa Следува спуштањето, кое е бавно поради големата гужва на фиксните јажиња.

Екипата се врати во Chukkung 4730 мнв во 20.00 часот по непалско време.

Екипата се враќа во Македонија на 07.11.2023 година.

Девојка од прилепско го распамети жирито на “Ѕвездите на Гранд”: “Ти си најубавото нешто што го слушнав сезонава”, и’ рече Снежана Ѓуришиќ (ВИДЕО)

Македонија е вистински расадник на музички таленти кои освојуваат со своите гласовни способности. Тука нескромно ќе кажеме дека Прилеп предничи, а 17-годишната Мелиса Зијадиќ е уште еден доказ за тоа.

Мелиса викендов настап на најпознатото балканско музичко талент шоу, “Ѕвездите на Гранд”, при што буквално ги распамети членовите на жирито. Снежана Ѓуришиќ остана без зборови кога ја слушна младата Македонка на сцената.

18-годишната девојка ги испеја песните “Проклет да је овај живот” и “Роџени у право време”. Кога заврши дуелот со противкандидатката на сцената, Саша Поповиќ потсети дека Јашар и Ипче Ахмедоски потекнуваат од село Лажани, откаде доаѓа и Мечиса, а потоа жирито пресуди 4:3 во корист на другата кандидатка Перковиќ.

Ѓуришиќ која важи за член на жирито која тешко се воодушевува на Мелиса и’ порача:

“Блазе и’ на таа мајка што те родила. Ти си најубавото нешто што сум го чула оваа сезона”.

Саша Поповиќ исто така потсети дека Мелиса била единствената кандидатка која ја поминала аудицијата во Скопје.

На крајот, и покрај ваквиот исход од гласањето, можеме да кажеме дека на младата девојка од прилепско и’ претстои блескава кариера и со сигурност ќе прерасне во врвен изведувач.

Настапот на Мелиса погледнете го ТУКА

Реномираниот Europe Elects му предвидува катастрофа на СДСМ на изборите

Реномираната интернет страна и социјална мрежа Europe Elects известува за последната анкета на ИПИС во која ВМРО-ДПМНЕ има предност од 11% пред СДСМ, а Христијан Мицкоски 12% пред Димитар Ковачевски.

Europe Elects е доверлив и етаблиран медиум специјализиран за објавување на истражувања на јавното мислење поврзани со рејтинзи на партии и на политичари од целиот европски континент, што претставува своевидна дополнителна потврда за релевантноста на резултатите од анкетата на ИПИС од 20.10.2023 година.

Според резултатите од анкетата, доколку следната недела се одржат парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20.3%, а за СДСМ 11.3%.

За разлика од македонскиот, во албанскиот опозициски блок, се навестува тесна трка. Алтернатива, БЕСА и Демократско движење на Меџити, заедно уживаат доверба од 5.1%, што е речиси еднаков рејтинг со владејачката ДУИ.

Приведен млад прилепчанец – се однесувал агресивно кон полициски службеници

На 29.10.2023 во 00.20 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го привеле К.Л.(27) од Прилеп затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.