дома блог страница 908

Фатен 19-годишен дилер на дрога од Битола

Вчера (04.01.2024) полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Т.(19) од Битола. Имено, по добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кај М.Т.(19) од Битола.

При претрес во домот пронајдена е марихуана, дигитална вага со траги од марихуана, метална дробилка, како и пиротехнички средства.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Под мотото „Едно небо за сите деца“, 400 деца од различни градови, религии и целни групи, ќе го слават Божик на една трпеза во Прилеп

По 18-ти пат, традиционално, во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, 400 деца ќе се дружат на свечен Божикен Ручек, во х.„Салида“ во Прилеп, ќе го слават Христовото раѓање. На оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ. Оваа година ова меѓународно признание го доби компанијата А.Д.„Прилепска пиварница“.

Во продолжение интегрален текст од денешната прес конференција:

И оваа година гости ќе бидат традиционално деца од целата територија на нашата држава на заедничка трпеза ќе го прослават Божик, денот на Христовото раѓање и на таа заедничка трпеза ќе седнат деца од различни целни групи, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, од Скопје, Битола, Куманово, Крушево, Струмица и од другите градови и општини ширум државава.

Како и секоја година нашата порака е во рамките на нашето мото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помуѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество. Бидејќи децата се нашата иднина.

Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децта. Тоа пак води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската Амбасада дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божикна трпеза заедно се дружат деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат.

Божикниот Ручек го благословува Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар, а на сите деца ќе им се доделат пакетчина за слатки сеќавања на Божикниот Ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Борче Јовчески. Како до сега, така и оваа година за збогатување на свеченоста ќе се погрижат од танц студио „Зодијак“ од Прилеп, а оваа година забавниот дел ќе го збогатат и малите ангелчиња Димитар Иваноски од Прилеп и Јована Ристановска од Битола..

И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, ќе се додели и ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на: ДОО „Бимфуд“ од Прилеп и „Фан продукција Зоран“ од Прилеп.

Организацијата на овој 18-ти по ред Божикен Ручек за успешно се реализира благодарение на пријателите на децата и Детската Амбасада, ЕЛС на Општина Прилеп, Алкалоид А.Д. од Скопје, Кромберт и Шуберт од Битола, Бимфуд Доо од Прилеп, Прилепска Пивара од Прилеп, Млекара А.Д. Битола од Битола, Винчини од Виница и Фан продукција Зоран од Прилеп. Медиумски покровители на овој настан се: Канал 5 Телевизија, Македонската Радио Телевизија, Наша ТВ Телевизија, Тера Телевизија, Радио 5 чоки и Радио Пела, веб порталите Шеталиште, Маркукуле и Инфокомпас.

Рации на полицијата во Тетово и Охрид: Пронајдени 99 “ноќни дами” од Украина, Русија, Колумбија, Аргентина, Бугарија…

На 04/05.01.2024 година, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со ОСПО, а во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, по добиени наредби за претрес од Основен кривичен суд, Скопје, извршени се претреси во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на Охрид.

При спроведените полициски и истражни дејствија во трите угостителски објекти биле затекнати вкупно 99 женски лица со потекло од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Косово, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија, Казахстан и Р. Македонија, кои престојувале спротивно на целта, а пронајдена е една ќеса со прашкаста материја и еден пиштол „Гамо” калибар 4,5 мм.

Во угостителскиот објект сопственост на И.И.(26), биле затекнати 50 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија и Косово, како и ќеса со дрога, а исто така биле легитимирани 80 гости. Во угостителскиот објект, сопственост на А.Џ.(26), беа затекнати 36 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија и Македонија, а пронајден е и пиштол, додека легитимирани биле 95 гости во објектот. При претресот извршен во угостителскиот објект во Охрид, сопственост на Х.А.(34), биле затекнати 13 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Казахстан и Македонија, а затекнати и легитимирани биле 47 гости во објектот.

Во однос на затекнатите женски лица кои престојувале спротивно на целта ќе се отпочне со прекршочна постапка пред надлежен суд, а против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Данела ќе формирала партија – “Голема е бројката на граѓани кои ме поддржуваат”

Таа вчера во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 прашана дали размислува за формирање политичка партија, одговори потврдно, посочувајќи дека се во процес на нејзино формирање, но не одговори директно дали може да се очекува учество на оваа партија на претстојните парламентарни избори закажани за мај, годинава.

-Toa значи дека сме во постапка да им покажеме на граѓаните дека може поинаку од овие изминати 30 години кога овие две политички елити само си ги менуваат позициите, а остануваат со истите ставови и едвај чекаат да ја зафатат фотелјата и да продолжуваат да го прават истото против кое претходно кажувале дека ќе се борат. Да им укажеме на нашите граѓани дека некој може да дојде и да работи поинаку. Се додека се прават работи за задоволување на индивидуалните потреби на некој од политичарите од оваа корумпирана политичка елита, нема да има напредок. Ако можам јас сама како индивидуалец да покажам дека може поинаку, верувам дека со сите луѓе кои ме поддржуваат, а голема е бројката на тие граѓани, ќе можам да покажам многу повеќе, вели Арсовска.

Таа не кажа дали се гледа себеси како лидер на оваа политичка партија, ниту дали имиња кои претходно биле дел од политичката сцена би биле нејзини членови.

Треба ли и кај нас? Во Србија најава за враќање на задолжителниот воен рок

Министерот за одбарана на Србија, Милош Вучевиќ најави укинување на суспензијата на воениот рок, како и задолжителното служење на истиот.

-Генералштабот на вооружените сили на Србија ќе покрене иницијатива до претседателот на Србија, како врховен командант, а потоа преку поширока дискусија до Народното собрание, да ја укине одлуката за суспензија на задолжителниот воен рок, односно повторно активирање на законските одредби, законот со кој се дефинира задолжителниот воен рок. Со тоа што предлогот на Министерството за одбрана е и за тоа воениот рок да не биде подолг од четири месеци – најави тој.

Како што рече, тоа е работа на стручните служби на Министерството за одбрана.

-Зошто се активира нашата иницијатива? Затоа што е направена безбедносна проценка во земјава. По 13 години имаме потреба од пополнување на резервниот тим. Вооружените сили ги напуштивме 13 генерации, немаше задолжителен воен рок. Нашите безбедносни потреби се да имаме нови регрути кои секогаш се подготвени да ја чуваат земјата. Ги разбираме безбедносните ризици. Тоа не е само потреба карактеристична за Србија, многу европски земји го активираат задолжителниот воен рок, посочува Вучевиќ.

Воениот рок би бил четири месеци.

Денес е голем празник: Се празнува Св. Наум Охридски – Чудотворец

Денеска е Св. Наум Охридски, монах и презвитер. Се упокои на денешен ден во 910 година во манастирот „Свети Наум“, на брегот на Охридското Езеро.

Свети Наум му беше најблизок соработник на божествениот Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Тој е еден од основоположниците на словенската писменост и просвета.

Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија. Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугарија, Плиска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина последните 10 години од животот

Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни. Затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.

Важно известување за Божикниот конкурс кој го организираше храмот Св. Петка

Почитувани учесници на Божикниот награден конкурс при храм „Св. Петка“,
ве известуваме дека прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите ќе биде на 06.01.2024 г., односно в сабота на Бадник со почеток во 11:30 часот во храмот „Св. Петка“ во населбата Точила во Прилеп.

На отворањето на настанот ќе настапи и солистичката група „Reborn of Byzantium“.

Утрото на Бадник ќе биде отворена и уметничката изложба на која ќе бидат претставени ликовните и дел од литературните творби.

Бидејќи организациониот одбор одлучи да не ги открие порано добитниците на наградите, се замолуваат сите учесници да бидат лично присутни на чинот на прогласувањето и доделувањето на наградите заради збогатување на настанот и за да можат наградените да ги примат наградите како и наградата која ќе ја добие секој учесник на Божикниот конкурс.

На настанот ќе присуствуваат и учесниците во Бадниковата поворка!
Доколку, според најавите, дозволат временските услови, настанот ќе се одржи под отворено небо односно на платото пред храмот.

в.д. старешна на храм „Св. Петка“
протоереј Љупче Петрески

(ВИДЕО) Со хеликоптер успешно пронајдена 55-годишна жена во бродско, која била пријавена за исчезната

Полициски службеници од Одделот за воздухопловни единици при МВР денеска во координација со СВР Битола во реонот на с. Требовлје ја пронајдоа и безбедно ја пренесоа В.Н. (55) од с.Косово, Македонски Брод, за која од страна на нејзиниот брат Б.Н.(50) на 01.01.2024 во ОВР Македонски Брод беше пријавено дека се оддалечила од домот, информира МВР.

В.Н. е предадена на медицинскиот персонал во Клинички центар “Мајка Тереза”.

Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето и В.Н. денеска е пронајдена.

БОЖИКНО ПАКЕТЧЕ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ НА БОЖИЌНАТА ЛИТУРГИЈА ВО ХРАМОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – ПАРАКЛИС

Почитувани прилепчани, верници и драги родители, храмот „Св. Кирил и Методиј Параклис“ во Прилеп, ве поканува на божиќните богослужби и со задоволство ве известува дека секое дете кое лично ќе присуствува на Божиќната света Литургија (недела со почеток во 8.00), по завршувањето на богослужбата ќе добие БОЖИЌНО ПАКЕТЧЕ.

Советуваме децата и да се причестат. Во однос на подготовката за причест, според учењето на Црквата се препорачува децата од мали нозе да се учат на пост но, во случајов, барем последните неколку дена пред Божик. Ова не е задолжително за децата до седумгодишна возраст.

Убаво би било но, не мора да постат ниту, пак, некој друг треба да пости за нив. За повозрасните деца се препорачува, поучно, да постат (пост на масло) како што рековме, барем последните два-три дена пред Божик. Утрото пред богослужбата младите треба да бидат гладни и жедни,

“Стентон градба” ќе гради градинка за 250 дечиња во ТИРЗ Прилеп

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) ќе вложи 29 милиони евра во изградба на објекти со кои ќе се подобрат условите за работа во индустриските зони во Скопје, Штип и Прилеп. Според официјалните податоци кои се објавени во договорот со градежната компанија „Стентон градба“ која го добила тендерот, ДТИРЗ ќе гради: објекти за времено сместување, амбуланти, детски градинки и складишта со простор за паркирање во овие слободни економски зони – oбјави “ФАКТОР”

Според достапните податоци од спецификациите и програмата за изградба, кои се дополнителна јавно достапна документација, детските градинки во Прилеп и во Штип ќе може да примаат до 250 дечиња, а градинката во скопската технолошко- индустриска развојна зона ќе може да прими до 600 дечиња.

Целиот текст прочитајте го ТУКА