дома блог страница 831

Фановите сигурно ќе бидат разочарани: Познати детали за шестиот дел на “Пиратите од карибите”

Продуцентот на „Пиратите од Карибите“ Џери Брукхајмер планира да ја рестартира популарната франшиза, но не планира враќање на Џони Деп.

Како што пренесуваат странските медиуми, продуцентот Брукхајмер во интервју изјавил дека нема да се потпира на враќањето на Деп. Откри дека е полесно да се најдат нови луѓе отколку да се чекаат одредени актери.

Брукхајмер претходно изјави дека Деп нема да има поддршка да се врати за шестиот дел од филмот.

По петтиот дел од „Dead Men Tell No Tales“ во 2017 година, Деп беше дел од судење за клевета со неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд. Судењето во 2022 година беше голема медиумска приказна, бидејќи Деп успешно го доби случајот против Херд поради објавувањето на извештајот на Вашингтон пост во кој се тврди дека маж сексуално ја нападнал.

И покрај тоа што победи на судењето во САД, Деп загуби слична тужба за клевета против Амбер Херд во Велика Британија.

Ќе пиеме ракија на суво во кафана: Доматите 135 денари, краставицата 85 – шопската ќе стане изгор?

Не е некоја нова вест дека во пресрет на Велигденските празници цената на свежата салата достигнува неверојатни вредности. Ако ги гледаме цените сега, на нешто повеќе од месец дена пред Велигден, не треба да очекуваме некоја различна ситуација.

Во моментов килограм домат во еден од поголемите ланци на маркети чини 135 денари. Краставиците се 84 денари за килограм а една марула 25 денари. Еден врзоп млад кромид чини 29 денари.

Цените варираат од место на место но разликите не се многу големи.

Тоа што може да не спаси е фактот дека Велигден оваа година се паѓа прилично доцна, на 5 мај а тогаш и домашното раноградинарство има поголемо производство.

Граѓаните се веќе навикнати за најголемиот верски празник кога царуваат свежите салати за нив да плаќаат мало богатство.

Извор: “Пресс24”

Повеќе од 100 видови пиво и секаков пијалок што може да замислите, го има само на едно место во Прилеп

Неодамна во Прилеп со работа започна најголемата продавница за пијалоци.

Лоцирана во дуќанот на домот “Спиро Забрчанец” Liquor Store Prilep , е прва премиум дестинација за секаков тип на пијалоци во Прилеп.

Конечно градот под Марковите Кули доби еден современ продажен салон за пијалоци, каде на едно место може да се најде се’ и сешто и за сечиј вкус.

А кога велиме се’ и сешто, навистина мислиме така. ВО Liquor Store има 100 различни видови на пиво, буквално се’ од жестоки и безалкохолни пијалоци, а љубителите на квалитетни тутунски производи, тука можат да си набават кубански и италијански пури.

За оние кои се’ уште не го посетиле Liquor Store, дел од понудата можат да погледнат на Фејсбук страната: https://www.facebook.com/profile.php?id=61555827827769.

Следете ги, затоа што речиси секој ден имаат разни промоции и намаленија.

ВМРО-ДПМНЕ ги објави целосните пратенички листи за сите 6 изборни единици (ВИДЕО)

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница, а во овие моменти привршува и седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. Ова се победнички листи и се надеваме на мнозинската поддршка од граѓаните на Република Македонија, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– Овие избори се всушност одлука за тоа каква Македонија сакаме. Нивната, таа на власта, затворена, омаловажена, криминализирана, или онаа Македонија каква народот ја сака, и за каква се бориме. Македонија со надеж, иднина и сигурност. Македонија која ќе биде повторно на народот, институциите ќе бидат функционални, системот ќе биде нормализиран.

Народот бара и очекува одговорност, бара и очекува принципи и враќање на вредностите во политиката. Ова се победнички пратенички листи, а при нивното составување се водеше сметка за гласот на народот, нивните барања и потреби. Носителите на овие победнички листи се: Во првата изборна единица е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски каде очекуваме огромна поддршка и огромна победа. Втората изборна е мојот колега и пријател Владо Мисајловски. Третата изборна единица е Драган Ковачки. Четвртата изборна единица е потпретседателот Александар Николоски. Петата изборна единица генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски. И шестата изборна единица каде очекуваме исто така убедлива доминација во однос на СДС е Дафина Стојановска – рече Муцунски.

ИЕ 1
1. Христијан Мицкоски
2. Гордана Кочовска Димитриевска
3. Коалиција
4. Синиша Стојановски
5. Бети Стаменковска
6. Тони Јаревски
7. Иван Живковски
8. Љупчо Пренџов
9. Марија Митева
10. Иванка Василевска
11. Коалиција
12. Велика Стојкова Серафимовска
13. Сергеј Попов
14. Јане Мицески
15. Бисера Златеска
16. Катерина Димитровска
17. Игор Никовски
18. Мартин Стојановски
19. Александра Николовска
20. Тодор Коневски

ИЕ 2
1. Владо Мисајловски
2. Жаклина Пешевска
3. Коалиција
4. Бобан Николовски
5. Бојан Стојановски
6. Каролина Насковска
7. Зоран Коцевски
8. Бране Петрушевски
9. Дијана Илиевска
10. Емилија Ангелова
11. Коалиција
12. Ерџан Демири
13. Весна Додевска
14. Зоран Бајовски
15. Ивица Димковски
16. Дени Милевски
17. Габи Калкова
18. Никола Стојковски
19. Мартина Ристовска
20. Валентина Петровска

ИЕ 3
1. Драган Ковачки
2. Никола Мицевски
3. Рашела Мизрахи
4. Игор Здравковски
5. Коалиција
6. Благица Ласовска
7. Миле Лефков
8. Даниела Христова
9. Марија Петрушевска
10. Душко Иванов
11. Александар Јамалов
12. Драгана Бојковска
13. Емил Спасовски
14. Драгана Арсова
15. Столе Кракутовски
16. Љупчо Спиров
17. Гордана Барбашка
18. Јорданчо Костадинов
19. Мартин Ефремовски
20. Анкица Анакиева

ИЕ 4
1. Александар Николоски
2. Антонијо Милошоски
3. Ели Панова
4. Дејан Проданоски
5. Зоран Јованчев
6. Ангелинка Петкова
7. Петар Ристески
8. Златко Пенков
9. Моника Ристеска
10. Јулија Тушева
11. Жан Дрвошанов
12. Петар Марков
13. Билјана Кузмановска
14. Весна Ѓорѓиева
15. Мито Андонов
16. Јадранка Поцкова
17. Наталија Димитриева
18. Гоце Дединец
19. Сашо Граороски
20. Никола Златески

ИЕ5
1. Ѓорѓија Сајкоски
2.Олга Лозановска
3.Сашо Донев
4. Пеце Милевски
5. Јован Јаулески
6. Лидија Петковска
7. Мевмед Џафери
8.Кире Божиновски
9. Силвана Ангелевска
10. Грација Бакрачевска
11. Лазе Јакимовски
12. Ѓорѓи Влајкиновски
13. Благица Крстеска
14. Никола Дранговски
15. Леон Мерсовски
16. Менче Марковска Андреева
17. Билјана Стефановска
18. Жанета Петреска
19. Мартин Иваноски
20. Ѓорѓи Шопоски

ИЕ 6
1. Дафина Стојаноска
2. Александар Велјановски
3. Валентина Марчевска
4. Коалиција
5. Верица Апостоловска
6. Ванчо Милевски
7. Алишериф Синани
8. Анета Ќироска
9. Анита Бошкоска Јованоска
10. Мишо Маринковски
11. Бране Стојчевски
12. Верица Тофиловска
13. Ивана Савеска
14. Даниела Апостоловска
15. Деан Трпески
16. Марина Петровска
17. Горан Зафировски
18. Тања Сибиновска
19. Лилјана Спиревска
20. Александра Спироска

Николоски: Лице блиско до градоначалникот од СДСМ им ги исекло гумите на активистите од ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Додека граѓани и активисти на ВМРО-ДПМНЕ одржувале состанок во Општинскиот комитет на партијата во Росоман, некој им ги исекол гумите на автомобилите. Како што пренесува потпретседателот на партијта Александар Николоски, станува збор за лице блиско до градоначалникот од СДСМ и дека веќе било повикано во полиција.

-Претпоставувам дека тоа е начин на кој сакаат да нè заплашат, можеби сметаат дека ќе се спасат од одговорност за криминалите што ги прават. Ние не се плашиме и на сите ќе им порачам дека ќе одговараат од прв до последен, порача Николоски пред присутните.

Tрамадоли и бупренорфин пронајдени при претрес на возило во кое се превезувале двајца млади прилепчани

На 27.03.2024 во 20.15 часот на ул.„Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.А.(21) и Д.А.(19), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај нив и на патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.А.(21), а Д.А.(19) бил сопатник, биле пронајдени повеќе апчиња „бупренорфин“ и капсули „трамадол“ без соодветна документација.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Бог да чува! 18-годишник од Кавадарци ограбил црква

На 27.03.2024 во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.

Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети.

Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези во петок доаѓа во Прилеп

На 29. Март 2024 / петок/ од 13.00 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе биде отворена изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези „Јапонскиот лебдечки свет-UKIYOE“, што го отсликува светот од 17 и 18 век.

Изложбата насловена „Јапонскиот лебдечки свет-UKIYOE“-пред публиката ќе биде претставена во рамки на проектот за соработка помеѓу ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, Амбасадата на Јапонија во Македонија, Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“-Скопје,  Музеј на град Скопје и неформалната мрежа на музеи МузеумЛинк-раководена од Јасминка Намичева,кустос советник. Изложбата е по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу  Јапонија и Македонија. Ќе биде организирана и цртачка работилница за ученици,  од кои по завршувањето на циклусот патувачки изложби, ќе биде организирана изложба од ученичките цртежи.

Преку 30 копии-принтови од цртежи од најпознатите јапонски мајстори на дрворези од 17 и 18 век, до публиката, ќе допре шармот на „светот кој лебди“ кој е всушност отслик на подемот на трговската класа во градот Едо(денешно Токио) во периодот од раниот 17 век, и нивната  хедонистичка филозофијата која ги подржува моментните задоволства на животот, при тоа славејки ја убавината на природата преку претставите на месечината, снегот, црешовиот цвет или јаворовиот лист. Раскошните квартови во Едо, во кои самураите и граѓаните ја сочинувале новата градска класа, која се натпреварува во елеганцијата и рафинираниот вкус, стануваат неисцрпна тема на дрворезите на ukiyoe мајсторите.

На изложбата се претставени најзначајните мајстори на  ukiyoe,-Хишикава Кишибеи наречен Моронобу, кој во раниот 17ти век, бил првиот сликар кој започнал со ukiyoe дрворези на кои портретирал енергични жени од Едо, полни со живот, наспроти дотогашните портрети на неприродни и кршливи ликови. По големиот успех на неговите  цртежи тој е првиот илустратор кој се  потпишува на своите дела. Хишикава школото привлекло голем број следбеници, со што била започната популаризацијата на новиот уметнички стил-укијое.

Златното доба на оваа графичка практика, од доцниот 17-ти и 18-тиот век, е претставено на изложбата, преку делата на Тори Кијонага и Китагава Утамаро, како и преку неколку дела на прочуениот  Шараку, кој ги портретирал актерите од кабуки театарот. Неговите оригинални дела се прогласени за културно наследство на Јапонија од исклучителен интерес.

Иако монохроматски, првите принтови на укијое мајсторите, биле рачно колорирани за специјални намени, додека кон крајот на 17тиот век, техниката на боење со мултиплицирани дрворези-по еден за секоја одделна боја, била усовршена. Така печатењето на цртежите врз префинета хартија со дебели слоеви боја, наликувало на најквалитетната кинеска брокатна свила, по што и овие цртежи биле нарекувани-nishiki-е  или „брокатни слики“. Можноста за мултиплицирање на принтовите, доведува и до комерцијализација на овие цртежи, така што биле изработувани за најразлични намени.

Вниманието на Европа кон укијое уметноста било за прв пат свртено со претставувањето на јапонски принтови во 1867 год на Интернационалната изложба во Париз, по што особено големо влијание остава врз раните Импресионисти – Мане, Моне, Дега, Тулуз – Лотрек.

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер – Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ, објави Канал 5 телевизија.

Каков претседател и на треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции? – ќе се дебатира во овој дуел.

IQOS караванот ја посетува Битола

Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата локација на IQOS караванот, моментно поставен во Битола. Караванот е лоциран на главното шеталиште пред офицерскиот дом во Битола, а работното време е од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот.

На оваа привремена локација, сите полнолетни пушачи ќе можат да се запознаат со IQOS уредите и да дознаат повеќе за нив и за напредната технологија на загревање на тутунот, купување додатоци, замена на стар уред за нов, корисничка поддршка и друго.

IQOS ILUMA семејството вклучува три модели на уреди, кои се засновани на иста технологија. Сите уреди го загреваат, а не го согоруваат тутунот, со што се намалува нивото и количината на штетни материи во просек и до 95 проценти во споредба со чадот од цигарите. Иако содржи никотин кој предизвикува зависност, претставува подобар избор, поедноставен и технолошки напреден производ за возрасните, кои инаку би продолжиле да пушат.

На глобално ниво, производите без чад на ФМИ се продаваат на 84 пазари. Денес, повеќе од 28,6 милиони возрасни пушачи ширум светот се корисници на IQOS, од кои 73% целосно се откажале од пушењето. ФМИ има ангажирано повеќе од 1.180 научници, инженери, техничари и помошен персонал, секој од нив работи во различни, сложени области и има инвестирано над 12,5 милијарди американски долари во истражување, развој на производи и научна поткрепеност на производите без чад на компанијата. Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.

Кај нас, освен во Битола, овој уред е достапен и кај продажните партнери во повеќе градови во земјата. Во главниот град Скопје има два IQOS бутика во трговските центри Ист Гејт Мол и Дајмонд Мол и IQOS зони моментно сместени во трговските центри Скопје Сити Мол и Капитол Мол, Веро Тафталиџе и Палма Мол во Тетово. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку IQOS веб-страницата.