дома блог страница 829

Пронајдена Македонката која беше исчезната, соопшти Тошковски

Во врска со настанот кој ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје ќе се изврши разговор со лицето во врска со причините за исчезнувањето, соопшти техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

https://www.facebook.com/share/p/Q4gGTeSn2khkx3od/?mibextid=oFDknk

Српски медиуми пренесуваат: Исчезнатото девојче видено во Виена?

Во Виена е видено двегодишното девојче Данка придружувана од две Романки, дознава Телеграф.рс. Полицијата синоќа стапила во контакт со австриските колеги и му ги испратила на Европол сите податоци и видеото, пренесува Прес24.

Како што дознава Телеграф.рс, интензивно се работи на идентификување и лоцирање на девојчето.

За потсетување, потрагата по Данка Илиќ (2) влезе во шестиот ден. Ниту вчерашната потрага не заврши славно и покрај повеќечасовните напори на сите членови на МУП.

Данка Илиќ последен пат е видена во вторник околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле. Во моментот на исчезнувањето таа носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и косата врзана во опавче.

Девојките од БК “7-ми Мај” Прилеп ја покорија Бугарија: Тамара се враќа со шампионски пехар, Анабела со бронза (ФОТО)

Прилепските борачи и борачки од “7-ми Мај” имаа напорен натпреварувачки викенд на два фронта. Училишен натпревар во Кочани, како и тежок Меѓународен натпревар во Стара Загора, Бугарија.

Анабела Стојаноска, Ангела Трајкоска, Јована Тодороска и Тамара Цветкоска предводени од тренерите Стојанче Тушески и Филип Јованоски, во Прилеп од Бугарија се враќаат со два медали, еден златен и еден бронзен.

Тамара Цветкоска беше прогласена за најдобар странски борач помеѓу борачки од: Бугарија, Македонија, Косово, Турција, Молдавија и Романија, и сосема заслужено дома се враќа со победничкиот пехар во својата категорија.

Одлична беше и Анабела Стојаноска, која освои бронзен медал во категорија до 46 кг.

Честитки за девојките и нивните тренери и желби за уште поголеми успеси во иднина!

Прилепчани ја решија првата пречка! Падна МЗТ во “ДОБРЕ”, ако ги победат и “романтичарите”, се насмевнува плеј-оф

Прилепската екипа Мега Баскет синоќа забележа убедлив триумф над вториот тим на МЗТ Скопје и ги задржа шансите за пласман во плеј-оф разигрувањето во Втората кошаркарска лига.

Во спортската сала во “ДОБРЕ”, скопјани беа поразени со 72 -61, а голема заслуга за тоа има мотивираноста на момците да направат резултат во клучни моменти, како и поддршката на прилепската спортска јавност, која верува дека Прилеп е подготвен после долги години да довие прволигаш.

Стевананџија постигна 16 поедни, Велески 19, а одлични беа и Јованоски со 14, како и Настески со 12 поени.

Во последното коло од регуларниот дел од сезоната, Мега Баскет игра со вториот тим на Работнички, екипа која е далеку послабо рангирана од прилепчани, па реално е да се очекува уште еден триумф, и пласман во плеј-оф разигрувањето.

Прилеп непоразен! Тандемот Бикоски – Велески страв и трепет за цела лига

РК Прилеп е непрепознатлив и воопшто не наликува на тимот во регуларниот дел од сезоната на ракометната Супер лига.

Синоќа прилепчани запишаа нов триумф над Вардар Неготино (27-22), и сигурно чекорат кон сигурен опстанок во најелитниот ракометен ранг и идната сезона.

Прилепчани во првиот дел одиграа одлична одбрана, го контролираа резултатот во најголемиот дел од натпреварот и не дозовлија гостинот да има премногу шанси да дојде во позиција за гол.

На полувремето прилепчани имаа огромна предност од 17:9, а гостите од Неготино се консолидираа во вториот дел, па во еден момент стигнаа до 3 гола негатива 22:19.

Тоа беше аларм за момците на Божидар Мојсов, кои одново го најдоа својот ритам и стигнаа до заслужениот триумф на крајот.

Прилеп останува непоразен со 5 победи и 1 нерешен резултат, а во наредното коло следува гостувањето кај вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Зголемен рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски: Разликата со СДСМ речиси тројна

Сè поголем е бројот на граѓаните кои се незадоволни од работата на оваа влада, се зголемува и процентот на определените гласачи кои би излегле на гласање, расте рејтингот и на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 15 до 24 март, по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

На прашањата за тоа во кој политичар веруваат и во кој лидер на политичките партии имаат најголема доверба, според одговорите на испитаниците на двете листи на прво место е Христијан Мицкоски (25,1 % и 16,6 %). На овие прашања интересен е резултатот на Максим Димитриевски, претседателот на ЗНАМ, кој покажува поголема популарност и од Стево Пендаровски.

Според рејтингот на политичките партии, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство – 27,2 %. Коалиција предводена од СДСМ би освоиле 10,7 отсто од гласачите, ДУИ – 8,7%, коалицијата Вреди 7,7%, ЗНАМ 5,5%, Левица 5,3%…

Анкетирањето беше спроведено од 15 до 24 март со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 99%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Зеленски: Ќе бидеме принудени да се повлечеме доколку американската воена помош не пристигне наскоро

Украинските сили ќе мора да ѝ отстапат поголема територија на Русија доколку американската воена помош не пристигне наскоро, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот најнов и најсериозен апел до Конгресот на САД да усвои пакет воена помош од повеќе милијарди долари.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден се обидува да протурка во Претставничкиот дом пакет за меѓународна помош од 95 милијарди долари, кој вклучува 60 милијарди долари за Украина. Во Претставничкиот дом републиканците го блокираат овој пакет-помош повеќе од еден месец откако беше усвоен во Сенатот.

Зеленски предупреди дека недостигот на помош е драматичен и може да ги загрози големите украински градови.

Ако нема американска поддршка, тоа значи дека немаме противвоздушна одбрана, ракети Патриот, уреди за попречување на електронското војување, артилериски гранати од 155 милиметри – изјави тој за Вашингтон пост за време на интервјуто објавено викендов. „Тоа значи дека ќе се вратиме, ќе се повлекуваме, чекор по чекор, со мали чекори“, додаде Зеленски.

Тој оцени дека Киев ќе биде принуден да направи помалку во војната и да ги зачува ресурсите, што може да има сериозни последици.

– Ако ви требаат 8.000 куршуми дневно за да ја одбраните линијата на фронтот, а имате само, на пример, 2.000 гранати, немате друг избор освен да работите помалку – објасни тој, велејќи дека решението може да биде скратување на линијата на фронтот.

– Ако пукне, Русите би можеле да ги нападнат големите градови, предупреди Зеленски. Голем дел од источна Украина беше под руска воена контрола откако Москва ја започна својата инвазија пред повеќе од две години.

Минатиот месец Киев објави дека се повлекува од Авдијивка, еден од најголемите градови на источниот фронт, кој со месеци беше под руска опсада и е целосно уништен.

(Фото галерија) Среде бел ден, возач на “БЕ-ЕМ-ВЕ” удри во три автомобили и турна електричен столб во Прилеп

Teшка сообраќајка се случи попладнево на булеварот “Александар Македонски” во Прилеп, кај егејските згради. Неофицијално, возач на “Бе-Ем-Ве” изгубил контрола и удрил во три други возила, а турнал и еден електричен столб.

Според информациите од очевидци, има и повредени, а полицијата во моментов работи на утврдување на точните причини за настанатата незгода.

На местото на незгодата има голем број насобрани граѓани, кои се вознемирени и велат дека секојдневно бесно се вози по оваа сообраќајница, па ваквите незгоди воопшто не се изненадување.

Николоски: На овие избори потребна е референдумска излезност, ДУИ и СДС да мора да одат во опозиција затоа што се извор на криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ не се бори за победа, ВМРО-ДПМНЕ на овие парламентарни избори се бори за поголема разлика се брои за 61 пратеник за да имаме стабилна влада која ќе ја врати гордоста на македонскиот народ и која ќе ја врати Македонија на едни нормални патеки до кои е извадена сега, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија Алфа во емисијата „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“.

„За чист мандат потребна ни е референдумска излезност, ни треба стабилно мнозинство. Не е идејата да правиме влада со некои актуелни партии. СДС и ДУИ мора да одат во опозиција тие се причината зошто македонскиот народ е понижен, зошто е газен и понижуван, тие се причина зошто се смени името. Тие се изворот на сите зла, тие се извор и на криминалот и корупцијата. Затоа во Македонија е потребна радикална промена“, изјави Николоски.

Николоски вели дека за изборните листи на СДС и СДС како партија немаат поддршка.

„Една ПР агенција нуди по 100 евра портал за да се објави промотивен текст за мојот против кандидат. Тука е прашањето од кај им се толку пари. Значи освен Изреалецот и оваа агенција не можам да видам кој го поддржува СДС. Но, можам да видам многу кеш и нечисти пари кај СДС, а за тоа ќе има одговорност по избори“, вели Николоски кој укажа дека се што е објавувано за криминал и корупција е поткрепено со аргументи и докази.

Оттука, додаде Николоски, после избори ќе има одговорност за сите кои правеле криминал.

„За сите за кои ќе има докази или ќе се обезбедат докази ќе одговараат по изборите“, кажа Николоски.

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот: Почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето почнува од 02:00 часот по полноќ, кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час понапред и времето ќе се смета како 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.