На 31.03.2024 во 07.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во казино на ул.„11 Октомври“ во Прилеп, едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Со најстариот Стефан Спиркоски, роден 1999 година и голманот Антонио Столевски, кој е роден 2002година, сите останати играчи на прилепска Победа се многу млади деца, генерација 2004, 2005, 2006…
И покај тоа, но и покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓа клубот, овие дечки сега се непоразени во четири последователни натпревари и жилаво се борат клубот да опстане во Втора лига.
Три нерешени со Осогово, Беласица и Новаци, па победа над Саса од Македонска Каменица е билансот во последните кола на некогашниот освојувач на македонската лига и Купот на Македонија.
Црвено-белите сега се наоѓаат на 12-то место на табелата, и се на само 2 бода плус од опасната зона.
Следува тешко гостување кај третопласираниот Детонит, а борбата ќе биде тешка до самиот крај. Прилепчани се молат да не се случи повторно клубот да го видат во Трета лига, а за тоа да не се случи, се чини дека финансиската помош треба да пристигне час поскоро, прво за обезбедување на опстанокот, а потоа и за консолидирање на клубот и враќање на старите славни патеки.
„Јас одам во четвртата изборна единица затоа што јас и во моментов сум пратеник во четвртата изборна единица. Имено, 2020-та година исто така бев носител во четвртата изборна единица. Мислам дека е фер кога ќе добиете мандат од луѓето да отидете и после и на реизбор и да ги прашате луѓето што мислат за вас“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија.
Тој посочи дека е чесно да се појави во четвртата изборна единица и да биде носител на таа изборна единица.
„Денес имам најлесен противник, во 2020-та година можеби имав најтежок тогаш беше Зоран Заев. А, сега мислам дека имам најлесен противник од сите шест носители на СДСМ. Затоа што се работи за политички потрошена личност. И навистина се чудам зошто реши да се кандидира. Има една теза која што често ја слушам и сум ја кометирал дека се работи за лидерска битка внатре во СДСМ помеѓу него и носителот на втората изборна единица, Оливер Спасовски. И дека тоа е причината што се кандидира“, нагласи Николоски.
Тој укажа дека Филипче должи многу одговори во јавноста. Должи одговор на јавноста зошто Македонија имаше најголема смртност во корона кризата. Должи и одговор за модуларната болница во Тетово, која што се запали и загинаа 14 луѓе. Должи одговор како стерализацијата во Македонија отиде на приватен партнер истиот кој што го има во Албанија. Должи одговор за тоа дали убедувал една приватна болница во Македонија да се продаде на еден албански бизнисмен итн.
Николоски додаде дека другата страна злоупотребува пациенти за ПР кампања. Носителот на СДСМ во четвртата изборна единица ја злоупотребува својата професија.
Дизелот и eкстра лесното масло за домаќинството од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1 денар по литар, додека цената на бензинот од 98 октани се зголемува за половина денар по литар, а цената на бензинот од 95 октани останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,1%, велат од РКЕ.
Новата малопродажна цена на „еуродизел“ ќе изнесува 76 денари за литар, а на маслото за домаќинство 75 денари. Бензинот „еуросупер – 98“, од полноќ се се продава за 87,5 денари за литар, додека цената на „еуросупер- 95“ и натаму ќе остане 85 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,683 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,459 денари.
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (29/30/31.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола изречени се вкупно 354 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 251 санкции, 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 43 мерки за непрописно паркирање, 10 мерки за зборување на мобилен телефон…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од СВР Битола.
На 30.03.2024 во 16.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески” М.И.(28) од Прилеп го нарушувал јавниот ред и мир со карање и викање по чл.4 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Прилеп.
Хрватската пејачка Северина синоќа во Скопје докажа зошто е на врвот на листата на пејачи во регионот. Атрактивната Далматинка направи музички земјотрес во „Арената Борис Трајковски“ со својот препознатлив перформанс и хитовите кои повеќеилјадната публика ги пееше буквално од почеток до крај.
Очекувано, на радост на целата публика, Северина двочасовниот концерт го започна со големиот хит „Бред Пит“, а го заврши со „Италијана“.
Облечена во мини фустан во облик на корсет, згодна и одлично расположена, неуморно скокајќи и обраќајќи ѝ се на публиката, не дозволи никој да седне ниту да застане за момент.
Кралица на сцената, како што ја нарекуваат, од калибар на светските ѕвезди. Северина е Северина!
Во еден момент ја понесоа силни емоции, па се расплака на сцената, пеејќи ја песната „Родено мое“, посветена на синот Александар.
На одушевување на публиката, Северина ги допре срцата изведувајќи ги песните „Македонско девојче“ и „Јовано, Јованке“, како и „Македонија“ од Дадо Топиќ.
Северина на крајот остави силна порака за Македонија:
– На крајот, имам само една желба, чувајте ја Македонија! Многу ве сакам!
Со отворени над 90 отсто од гласачките кутии низ Турција, ЦХП води со 37,3 отсто од гласовите, додека АКП, партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, следи со 35,78 отсто.
Големи делови од западниот, јужниот и северниот дел на земјата се под контрола на ЦХП, а прокурдската партија Дем доби контрола на дел од југоистокот.
Партијата на Ердоган сè уште доминира во централна Турција и има поголем успех во областите уништени од земјотресот во февруари 2023 година. Ова ги вклучува градовите како Кахраманмарас и Газиантеп.
За време на предизборната кампања, Ердоган истакна дека ова ќе му биде последна, бидејќи претседателскиот мандат завршува во 2028 година.
Озгур Озел, претседател на ЦХП, ги пофали гласачите, велејќи дека „сакаат да ја отворат вратата за нова политичка клима во Турција“.
Турската демократија ја докажа својата зрелост. Денешните избори за нас се пресвртница, а не крај. Секој гласач победи, без разлика дали гласал за нас или не, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по дебаклот на АКП на локалните избори во Турција.
Тој изјави дека не очекувале такви резултати, но дека во се има добро.
Ќе ја послушаме волјата на народот, како и во минатото. Народот ги кажа последните зборови. Ќе работиме со градоначалниците кои победија на изборите. Ќе се самокритикуваме. Имавме неуспеси, истакна тој.
Тој нагласи дека неговата влада има уште четири години да ги исправи своите грешки.
Немаме избор во следните четири години. Ќе ги обновиме подрачјата погодени од земјотресот, ќе ја поправиме економијата, рече Ердоган.
Во втората недела од светиот и велик пост посветена на Свети Григориј Палама, во храмот Св. Кирил и Методиј-Параклис во Прилеп, се служеше света архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше неговото високопреосвештенство митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, а, сослужуваше неговото преосвештенство епископот Велички Никола, протоереј Дејан Секулоски, протоереј Веле Спиркоски, протоѓакон Драган Ѓорѓиевски, ѓакон Димитар Поп Атанасив и монахот Јоаким кој беше ракоположен во ѓаконски чин, сега ероѓакон Јоаким.
„Свештен и божествен органу на Премудроста, светла трубо на богословието, согласно те воспеваме, Григорие Богопроповедниче; но, како ум којшто стоиш пред првиот Ум, кон Него упати го и нашиот ум, за да викаме: Радувај се, проповедниче на благодатта“ (кондак на свети Григориј Палама).