дома блог страница 772

Николоски шеф на дипломатијата, Муцунски за одбрана, Таравари во здравство… – МКД.МК го открива составот на новата Влада

Според упатени во преговори кои брифираат за МКД.мк, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ постигнале согласност Движењето за наша Македонија да го добие Mинистерството за правда, како и уште едно министерство кое уште не е дефинирано.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое досега го раководеа кадри од ДУИ, oдносно Албанци, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ѝ го довери на Демократската партија на Србите во Македонија, односно министер ќе биде лидерот Иван Стоилковиќ.

Министер за внатрешни работи останува Панче Тошковски кој во изминатите речиси четири месеци ја извршува функцијата технички министер во ова министерство. Министер за надворешни работи, според досегашниот тек на преговорите, ќе биде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Министер за одбрана е дефинирано да биде Тимчо Муцунски кој поради тоа ќе се збогува од градоначалничката функција во Аеродром. Министерството за транспорт и врски ќе го раководи функционерот на идната владејачка партија Владо Мисајловски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16 % во однос на одлуката од 20.5.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,492%, кај дизелот има зголемување за 0,845%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,513% и кај мазутот намалувањето е за 0,164%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,333%

Од 28.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 42,453 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,176 ден/кг и сега изнесува 42,453 ден/кг.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Приведен домар во бугарско училиште – ги повикувал децата да скандираат „Да живее Македонија“ (Видео)

Бугарските медиуми информираат дека „за антибугарски скандирања и коментари“ бил приведен домар од средното училиште „Никола Војводов“ во бугарскиот град Враца.

Како што објавува тамошната „BTV“, на видеото кое кружи на социјалните мрежи, се гледа како лицето Данаил Петков ги снимало учениците и ги повикувало да скандираат „Да живее Македонија“. Кога едно од деца ќе му возвратело „Да живее Бугарија“, домарот му одговорал со зборовите „Ќе те претепам“.

Според објавеното, домарот се снимал во живо на ТикТок, фотографирајќи ги учениците, како и училишниот персонал. Од „BTV“ известуваат дека лицето користело квалификации како „турко-монголци“ и „бугарофашисти“.

Богат шаховски викенд во Прилеп – три турнири и три шампиони (ФОТО)

Изминатиот викенд во Прилеп се одржаа три шаховски турнири, на кој учество зедоја трите прилепски шаховски клубови: ШК Прилеп, ШК Пелагон и ЖШК Прилеп.

На пионерското првенство учествуваа 14 деца од сите основни училишта од Прилеп, каде победи Андреј Печијарески, пред Дорјан Темелкоски и Давид Долгоски, кои имаа половина поен помалку.

На четвртиот аматерски турнир, најуспешен беше Стефан Јакопетрески, пред Никола Павлески и Михаил Маркушески.

Додека пак, на најсилниот “ГРАНД ПРИ ПРИЛЕП” играа 27 шахисти, при што ИМ Тони Кироски го освои победничкиот трофеј, пред клубските другари Дејан Ѓорѓиески и Мартин Николовски со половина поен помалку.

Награди освоија и Никола Павлески од ЖШК Прилеп-од младинците, Андреј Неделкоски oд Битола и Симон Пазевски-во сениори.

Дури 197 казни изминатиот викенд на подрачјето на СВР Битола: Се возело брзо, под дејство на алкохол и без возачки дозволи

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (24/25/26.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 29 мерки за возење без возачка дозвола, изречени 15 мерки за непрописно паркирани возила, 27 мерки за непрописно престигнување.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Познат идентитетот на пејачот кој беше убиен во Скопје, имаше само 29 години

29-годишниот Амар Исмани од Скопје популарен пејач е жртвата по синоќешното пукање на Пластичарска улица, дознава ТВ21.

Првично избувнала тепачка меѓу неколкумина млади луѓе, а потоа дошло до пукање.

Амар Исмани беше пејач со многу популарни видеа, поставени на видео-платформата јутуб.

Инцидентот започнал со расправии, па прераснал во физичка пресметка со употреба на огнено оружје. Вкупно три лица биле хоспирализирани.

Бурен викенд за полицијата во Прилеп: Физички напади, тепачки, закана со оружје

Низа настани со физички напади го обележаа изминатиот викенд во Прилеп и прилепско

-На 25.05.2024 во 04.00 часот во ОВР Прилеп, Ф.И.(52) од Прилеп, пријавил дека во неговиот дом на ул.„Доранска“ во Прилеп, додека пријавителот бил заедно со неговиот син, истите биле физички нападнати од С.Џ.од Прилеп кој за цело време им упатувал закани со закана од огнено оружје.

-На 24.05.2024 во 08.40 часот во СВР Битола-ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, З.З.(44) и Н.Ј.(43), двајцата од Прилеп го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка при што си нанеле повреди.

-На 25.05.2024 во ОВР Прилеп Г.Т. од с.Канатларци пријавил дека, додека бил заедно со негови пријатели на бензиска пумпа во с.Тополчани, бил физички нападнат од В.З.

Од СВР Битола информираат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи.

Магијата со “ножички” на 17-годишниот Димитар Шаркоски, што го забетонира триумфот на Победа над Куманово и опстанокот во Втора лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Победа обезбедија опстанок во Втората фудбалска лига, откако вчера на стадионот во “Ѓорче Петров” го совладаа Куманово со 2:1.

Иако се работи за опстанок во Втора лига, ова е огромна радост за младата екипа на црвено-белите, како и за фудбалските вљубеници во Прилеп.

Триумфот за прилепчани го донесоа Давид Дебрешлиоски во 62-та и Димитар Шаркоски во 71-та минута. Куманово успеа да намали само на 2:1 во 73-та минута преку Дарио Десниќ.

Токму погодокот на 17-годишниот Шаркоски е нешто за што денеска зборуваат сите фудбалски вљубеници во Прилеп. По еден центаршут од левата страна играчот погоди на атрактивен начин, со „ножички“, и донесе огромна радост кај бројната навивачка група “Мајмуни”, кои верно ги следеа црвено-белите од трибините.

ВИДЕО: ГОЛ.МК

Македонка со фустан со сонцето од Кутлеш и „Јовано Јованке“ направи шоу на „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)

Кандидатката од Македонија Андријана Петрушовска во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ успеа да се пласира во следниот круг од ова шоу.

Иако таа за време на дуелот освои помалку бодови од својата противкандидатка и се влезе во таканаречениот дел од емисијата „бараж“, уметничкиот директор на Гранд, Саша Поповиќ одлучи сите кандидати кои се пласираа во „бараж“ да бидат дел од полуфиналето на Гранд.

Настапот на Андријана е од 58-та минута во видеото во продолжение:

Андријана Петрушовска имаше впечатлив изглед, a ја изведе македонската изворна песна „Јовано Јованке“. Таа беше облечена во црвен кус фустан, на кој имаше наметка со старото знаме на државата.

„Горда сум што можам на македонски јазик и во македонски ритам да ја претставувам мојата Македонија! Одговорност, чест и неопислива среќа е да можам преку музика да говорам за македонската традиција безвременските песни од кои при првиот такт заигрува македонското срце! Ви благодарам на поддршката!!!“, напиша Андријана на Инстаграм.

“Прилеп, 2024год, стари гробишта, арно што плаќаме за одржување на гробните места, замислете ако не плаќавме како ќе беше?!” (ФОТО)

Деновиве на социјалните мрежи граѓани постојано се жалат, за тоа во каква состојба се старите и новите градски гробишта во Прилеп.

Неискосени тревници, канти полни со отпадоци, расфрлан отпад наоколу…. една навистина грда слика која треба час поскоро да се промени.

-Прилеп, 2024 година, стари градски гробишта. Добро е што плаќаме за одржување на гробиштата и на гробните места. Замислете да не плаќавме како ќе беше!? – пишува во реакциите на социјалните мрежи.

Граѓаните го повикуваат Јавното комунално претпријатие “Комуналец” на одговорност за овој неред и срам. Велат дека во изминатите денови не биле воопшто во можност да ги посетат гробните места на своите починати ближни.