дома блог страница 69

Тука се градат најубавите спомени: ТЕРАСА ве кани на уште еден распеан викенд

Нашата ТЕРАСА… како што најголем број од прилепчани со гордост знаат да кажат – нивна, наша, место кое речиси една година е повеќе од обичен локал. Место каде се создаваат спомени, се слават убави моменти, се среќаваат пријатели и каде секоја вечер носи своја приказна.

И овој викенд, ТЕРАСА ве кани на незаборавно дружење, две вечери, две музички приказни и двојно уживање со добра атмосфера и музика во живо.

Во петок, 3 јули

Ќе ве забавуваат дечките од МЕТРОПОЛИС БЕНД – жива музика со енергија и репертоар кој гарантира одлична забава.

Во сабота, 4 јули

Продолжуваме со БОБИ И НИКОЛА, вечер со акустичен звук, познати хитови и опуштена атмосфера за уживање со пријателите.

Понесете го доброто расположение, а за останатото се грижи ТЕРАСА.

📞 Резервации: 070 304 967

БРАВО! Неуморните волонтери од “МОЈ ПРИЛЕП” донираа нешто од огромна важност за јавниот превоз

Прилеп добива уште едно современо решение благодарение на ентузијазмот, идеите и посветеноста на младите луѓе кои стојат зад граѓанската иницијатива „Мој Прилеп“.

Овојпат, во соработка со ЈП за ПУП, започнат е проект за следење на автобускиот превоз во живо, со кој граѓаните отсега ќе можат во реално време да проверуваат каде се наоѓа нивниот автобус и полесно да го организираат своето време.

Системот моментално е во тест-период, а од иницијативата ги повикуваат сите прилепчани да помогнат со свои забелешки, критики и предлози, со цел услугата да биде што покорисна и пофункционална за сите корисници.

За реализација на проектот голема поддршка дадоа и локални компании кои препознаа вредност во идејата. Благодарение на Karadzoski Dental Office и Onyx Bar Cafe, кои донираа GPS уреди за автобусите, проектот можеше да се реализира и да направи уште еден чекор кон помодерен и подобар Прилеп.

Но, ова е само еден дел од визијата на „Мој Прилеп“. Во завршна фаза е и нивната веб-страница, преку која граѓаните ќе можат да се информираат, да се вклучат, да споделуваат идеи и заеднички да предлагаат решенија за подобрување на секојдневието во градот.

Иницијативата покажува дека промените не мора секогаш да започнат од големи институции – понекогаш започнуваат од група граѓани кои имаат идеја, волја и желба да направат нешто подобро за својата заедница.

Сите прилепчани кои имаат идеи, знаење, време или можност да помогнат се добредојдени да бидат дел од оваа приказна.

Погледнете го следењето на автобусите и ѕирнете ја страницата на овој линк: https://www.mojprilep.mk/prevoz

„Disco Night“ утре на Камена бина во Прилеп: Вечер исполнета со безвременски диско хитови во рамки на „Од 0 до КултурА“

Проектот „Од 0 до КултурА“ продолжува со ново музичко доживување за прилепчани, а овојпат публиката ќе има можност да ужива во вистинска „Disco Night“, специјално подготвен концепт за оваа летна културна програма.

Овој четврток, 2 јули, на сцената на Камена бина ќе настапат Алекс & пријателите, кои ќе приредат уникатно патување низ ерата на диско музиката, со безвременски хитови од легендарни имиња како Дона Самер, Мадона и многу други.

Бендот е добро познат по своите настапи низ Македонија, но оваа вечер е посебно креирана за проектот „Од 0 до КултурА“, со цел публиката да доживее поинаква музичка атмосфера исполнета со ритам, енергија и добро расположение.

На сцената ќе настапат:

🎤 Александра Трајческа – вокал
🎸 Александар Ристески – гитара
🥁 Анастасија Ристовска – тапани
🎸 Мартин Стојанов – бас гитара
🎹 Лашко Атанасов – клавијатури

Настанот започнува во 21 часот, а организаторите ги повикуваат сите љубители на добра музика да го понесат своето расположение и да бидат дел од диско вечерта под отворено небо.

🕺✨ Четврток, 2 јули – време е за диско ритам во Прилеп!

Битола горда на Искра Нечаковска: Сребрен медал на Европската олимпијада по физика во Шведска (ФОТО)

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за младата битолчанка Искра Нечаковска, ученичка во гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, која освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика што се одржа во Шведска.

На средбата присуствуваа и нејзиниот професор и ментор Каранфил Алачев, како и директорката на гимназијата Лидија Споа. Градоначалникот упати честитки за извонредниот успех, истакнувајќи дека достигнувањето на Искра претставува гордост за неа, нејзиното семејство, училиштето, менторот, но и за Битола и Македонија.

„Нејзиниот успех е доказ дека вложениот труд, знаењето и посветеноста носат големи резултати. Ова е пример и инспирација за сите млади кои се стремат кон успех“, беше истакнато на средбата.

Коњановски посочи дека Битола е горда на постигнувањето на младата физичарка, посакувајќи ѝ уште многу успеси во понатамошното образование и научниот развој.

Искра Нечаковска своето образование ќе го продолжи во областа на физиката и математиката, откако е примена на престижен факултет во Париз, Франција, каде ќе студира со целосна стипендија која ќе ги покрие трошоците за целокупното високо образование.

Нејзиниот успех е уште еден пример дека младите таленти од Македонија имаат знаење и потенцијал да се натпреваруваат и да постигнуваат врвни резултати на меѓународна сцена.

Полицијата во Прилеп уапси пет лица, меѓу кои еден малолетник – се испотепале кај железничката

-На 30.06.2026 во 22:15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Леце Котески” во Прилеп ги лишија од слобода Ц.М.(33), А.И.(30), Т.И.(30) , С.К.(44) и 15-годишен малолетник сите од с.Баница, струмичко бидејќи го нарушувале јавниот ред и мир со физичка пресметка. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од СВР Битола.

25 НОВИ МИЛИОНЕРИ ВО ЈУНИ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИСПЛАТИ СКОРО МИЛИОН ЕВРА ЗА ВЛТ ЏЕКПОТ ДОБИВКИ

Јуни донесе нова серија добивки и дури 25 нови милионери на ВЛТ терминалите од Видеолотарија Касинос Австрија. Благодарение на кампањата „Секој ден нов милионер“, секојдневно се создаваа нови причини за славење и незаборавни моменти за играчите ширум Македонија.

Во периодот од 1 до 30 јуни 2026 година, за ВЛТ џекпот добивки беа исплатени вкупно 58.356.737 денари, потврдувајќи дека и овој месец носи нови добитници и нови успешни приказни.

Во текот на јуни беа освоени:

· 3 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добивки, со вкупно исплатени 19.365.196 денари


· 22 МИЛИОНЕР џекпот добивки, со вкупно исплатени 32.855.892 денари, како и


· МИНИ џекпот добивки, преку кои играчите заедно освоија 6.135.649 денари


25 милионерски џекпот добивки за само еден месец, се уште една потврда за возбудата што ја носат ВЛТ терминалите на Видеолотарија Касинос Австрија и ова лето.

Нова одлука во Долнени: Koј нема да плати, нема да му се собира ѓубрето

Јавното комунално претпријатие „Долнени“ информира дека започнува со нова мерка за поефикасно одржување на хигиената и подобро управување со комуналниот отпад.

Согласно известувањето, контејнерите со специјална налепница ќе бидат наменети за домаќинствата кои редовно ги подмируваат сметките за комунални услуги.

Од ЈКП Долнени посочуваат дека оваа мерка е воведена по барање на редовните плаќачи, како и на вработените во претпријатието, со цел подобрување на условите за одржување на јавната чистота.

Контејнерите без налепница нема да бидат празнети сè додека не се регулираат заостанатите обврски.

Од претпријатието упатуваат апел до граѓаните за разбирање и соработка, со цел заеднички придонес кон почиста и поуредна средина.

Ротари клубот Прилеп со вредна донација за Здружението на слепи лица: Обезбеден професионален уред за подобар квалитет на живот

Ротари клубот Прилеп денеска на Здружението на слепи лица на град Прилеп му донираше професионален апарат – електронска лупа (дигитална видео лупа), уред кој значително ќе им помогне на лицата со оштетен вид во секојдневното функционирање.

Станува збор за современ уред со камера и екран, кој им овозможува на слабовидните лица полесно да читаат и да забележуваат детали преку висок контраст и можност за зголемување на сликата (зум). Оваа технологија ќе им овозможи на членовите на здружението полесен пристап до информации, подобри услови за учење и поголема самостојност во секојдневието.

Донацијата е обезбедена благодарение на партнерскиот Ротари клуб Кочани-Виница, за што од Ротари клубот Прилеп упатија благодарност за поддршката и хуманоста.

Здружението на слепи лица на град Прилеп брои 185 членови, а ваквите иницијативи претставуваат важен чекор кон создавање поинклузивна средина и подобрување на квалитетот на живот на лицата со оштетен вид.

„Продолжуваме да правиме промени!“ – порачаа од Ротари клубот Прилеп.

„Крушево Будно 2026“: Осум дена музика, култура, театар и младинска енергија во највисокиот град на Балканот

Крушево ова лето повторно ќе биде центар на младинските случувања, културата и забавата. Од 11 до 18 јули ќе се одржи фестивалот „Крушево Будно 2026“, кој низ осум фестивалски денови ќе понуди богата програма исполнета со музички настапи, театар, работилници, адреналински активности и дружење во единствената атмосфера што ја нуди највисокиот град на Балканот.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во театарската претстава „Нирвана“, работилница за влашка култура и јазик, адреналински парк, Sunset Party, како и настапи на DJ Galoski, Lockdown Band, Invictus Band и повеќе домашни и регионални диџеи.

Покрај забавната и културната програма, фестивалот има за цел да создаде простор за нови пријателства, размена на идеи и активно вклучување на младите во општествениот и културниот живот.

За сите заинтересирани е обезбеден фестивалски пакет по цена од 1.000 денари, кој важи за сите фестивалски денови и вклучува ланч пакет за 16 јули, фестивалска маичка и подароци од спонзорите.

Организаторите најавуваат уште многу изненадувања и дополнителни содржини кои ќе бидат објавени во пресрет на фестивалот.

„Крушево Будно 2026“ претставува значаен настан за промоција на младинската култура, туризмот и локалната заедница, а неговата реализација е поддржана од Европската Унија.

Со богата програма, прекрасна природа и препознатливата крушевска гостопримливост, фестивалот ветува незаборавно летно доживување за сите генерации.

Oд денеска треба да се исплаќа К-15 – Еве колку изнесува минималната сума годинава

Компаниите во приватниот сектор од денеска веќе можат да го исплаќаат регресот за годишен одмор (К-15). законски обврската за исплата на регресот трае до 31 декември во годината.

Во земјава пресметката на К-15 не е фиксна сума, туку се менува во зависност од тоа кога работодавачот ќе донесе одлука за исплата. Основицата секогаш е: просечната месечна нето-плата по работник во РСМ исплатена во последните три месеци пред денот на исплатата. Законот пропишува дека регресот може да изнесува најмалку 40%, а најмногу 100% од просечната исплатена нето-плата во земјата, но има и исклучоци.

Според тоа, доколку работодавецот од приватен сектор овој месец донел одлука да исплати К-15, тогаш минималниот износ би изнесувал 19.116 денари, а највисокиот износ 47.790 денари.

Сумата е пресметана врз основа на просечните нето-плати за февруари, март и април 2026 година, кои изнесуваат 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Просечната вредност е околу 47.790 денари, а согласно колективниот договор минималниот К-15 изнесува 40% од таа основица.

За јавниот сектор износот на К-15 е фиксен и изнесува 30% од просечната плата во претходната година. Таа за 2025 година изнесува 45.566 денари. Што значи износот на К-15 за годинава во јавниот сектор за годинава е 13.670 денари.