Детали за сообраќајката на патот Прилеп – Битола, познат идентитетот на повредените

Осум лица, од кои шестмина тешко, се повредени во сообраќајната несреќа која вчера утрото се случи на патот Прилеп-Битола.

Како што информира денеска МВР, во несреќата учествувале четири возила, а меѓу повредените има и четворица српски државјани.

-На 05.08.2026 во 08:57 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Прилеп -Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен” со српски национални ознаки, управувано од В.К.(35) од Србија, патничко возило „сеат” со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од С.М.(41) од Пробиштип, товарно возило „фиат” со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(57) од Охрид и патничко возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(32) од Битола.

Во несреќата, возачите В.К., С.М. и М.К., како и М.М.(34), С.Ж.(36), М.З.(35), сите од Србија, сопатници од возилото „цитроен“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Додека, возачот В.П. и Д.А.(35) од Пробиштип, сопатник во возилото „сеат“, се здобиле со телесни повреди, констатирани, исто така, во Клиничка болница Битола, информира МВР.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.