-На 20.08.2026 во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионален пат с.Долнени – с.Сенокос се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген шаран“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(37) од с.Браилово и патничко возило „мг“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(46) од с.Долнени, прилепско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „мг“, И.Ј.(84), додека со телесни повреди возачот и другите сопатници В.Ј.(32) и Р.Ј.(71), двете од с.Долнени, констатирани во Медицински центар Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, информираат од МВР.
























