дома блог страница 5477

Го изгубила мобилниот телефон, но пронаоѓачот ја шокирал

Една девојка од Австралија го изгубила мобилниот телефон кога се возела во воз, но момчето кое го пронашло телефонот ја шокирал со својот гест.

Откако го нашол телефонот, тој ја открил нејзината лозинка и веднаш се логирал на Фејсбук, па и напишал статус.

-Здраво Моника! Го пронајдов твојот телефон во возот, навистина би требало да ја промениш шифрата за отклучување, оваа може да ја погоди секој. Убава профил фотографија! Се надевам дека убаво стигна на својата дестинација бидејќи во футролата од телефонот си оставила кредитна картичка и 50 долари. Ќе оставам се како што беше и ќе ја додадам својата визит карта. Го апдејтирав твојот статус за да знаеш дека телефонот ти е на безбедно и во добри раце, а и треба за нешто да се посмееме кога ќе се најдеме на пијалак. Исто така, отидов и на твојот Tinder профил и го додадов Лука, па можеш да го видиш профилот на искреното момче кое го пронајде твојот телефон. Пријатен ден!, напишал тој.

Петар Рупески го фати светиот крст во Охрид

rupeski-ohrid-1

Петар Рупески од Варош го фати светиот крст во Охрид. Светиот празник Богојавление Водици денеска беше одбележан во Охрид, каде огромен број капачи беа во водите на Охридското Езеро во потрага по светиот крст.

Петар Рупески годинава по трет пат беше оној најсреќниот во чии раце заврши светиот крст. Ладното време и ниската температура на водата не ги поколеба верниците. Над 500 лица одлучија да се искапат во осветената вода и се обидат да го фатат светиот крст.

Чествувањата утрово започнаа со света архиерејска василева литургија во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, како и во сите парохиски цркви во Охрид.

За присутните на охридското пристаниште и годинава традиционално се делеше топла ракија и вино.

Православните верници слават Богојавление – Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

 

bogojavlenie-vodici-krst

Традиционално, во реките се фрлаат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Со Водици завршуваат т.н. некрстени денови.

Како и во минатите години, најмасовно се очекува да биде во Скопје и во Охрид. Централната манифестација во Скопје ќе се одржи напладне кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го спушти крстот во Вардар од мостот „Слобода“.

Претходно, од 9 часот, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“.

И во Охрид денеска се очекува масовност за спуштањето на Светиот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро. Оваа година за разлика од минатите, организацијата на настанот ја презедоа Општина Охрид и Дебарско-кичевската епархија на Македонската православна црква.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод одбележување на празникот Богојавление – Водици во Кичево ќе присуствува на богослужбата во Соборниот храм „Св. Петар и Павле“ и на церемонијата на положување на Светиот крст.

Студено низ цела Македонија, во Берово -19 степени

Утринава пониски температури се измерени во повисоките места.

 

vremenska-prognoza-640x371

Најстудено беше во Берово, -19°С.

Падот на температурата низ котлините не беше особено изразен заради ниската облачност која покриваше поголем дел од земјава.

МетеоПро ги објави минималните температури кои УХМР ги забележа утрово.

temperaturi-berovo

 

Skype сега може да ви преведува во реално време

„Skype“ за „Windows“ моментално поддржува инстантен превоз во седум јазици. Корисниците на „Windows“ сега ќе може да разбираат седум различни јазици.

Новата технологија на „Microsoft“ сега е достапна за сите откако ја помина тест фазата. Со оваа опција, може да се преведува говор од јазици додека се зборува.

Апликацијата моментално поддржува преводи во англиски, кинески, француски, германски, италијански, португалски и шпански.

Од платформата велат дека се работи на повеќе јазици и наскоро може да очекуваме преводи од над 50 јазици. Корисниците може да започнат со превод со притискање на едно копче во облик на Земјата во апликацијата.

ФОТО – Бела бајка во Крушево

Последните снежни врнежи го исполнија Крушево со гости од сите краеви на земјата. Во белата бајка уживаат сите. Екипата на маркукуле.мк го посети Крушево изминатиот викенд, со цел да ве потсетиме дека Крушево е секогаш убаво, со далеку поприфатливи цени за храна и престој. Она што многумина го бараат надовр од Македонија, го имаме тука.

[Best_Wordpress_Gallery id=”125″ gal_title=”Krusevo_18012016″]

За мирен сон – Сок против рчење

rcenje-650x396

Овој пијалак помага да се елиминира вишокот на секрет, што е еден од главните причинители на оваа непријатана појава. Р’чењето може да биде мошне непријатен проблем, а една од главните причини што го предизвикуваат е вишокот на секрет.

Овој пијалак помага да се елиминира вишокот на секрет, што е еден од главните причинители на оваа непријатана појава. Р’чењето може да биде мошне непријатен проблем, а една од главните причини што го предизвикуваат е вишокот на секрет.

Значи, намалувањето на количината на секрет ги ослободува дишните патишта, а вие или вашиот партнер ќе бидете во состојба да го намалите или да го спречите р’чењето.

Наједноставен начин за да го остварите тоа е да го конзумирате пијалакот од органско овошје и зеленчук кога и да можете, затоа што не содржи хемиска контаминација со пестициди, како што имаат другите производи.

Овој сок ќе ви помогне да го намалите вишокот секрет.

Состојки:

¼ лимон, парче ѓумбир, 2 јаболки и 2 моркови;

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер, малку измиксирајте и вашиот природен сок против р’чење е подготвен!

Сокот треба да го испиете неколку часа пред спиење. Освен тоа мора да имате на ум дека покрај конзумирањето на сокови и сирупи од овој вид, исто така морате да избегнувате одредена храна, затоа што таа само ќе ја влоши состојбата.

Треба да избегнувате да конзумирате преработена храна, премногу алкохол, премногу пржена храна, храна што тешко се вари и премногу чоколада.

Значи, со отстранувањето на оваа храна или барем со нејзиното сведување на минимум, и со конзумирање на свеже подготвени сокови од природни сосотојки ќе успеете да го ублажите р’чењето, така што помалку ќе ги оптоварувате дишните патишта.

ФОТО: Иванов го врачи мандатот за состав на Влада на Димитриев

emil Претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на приврементиот премиер за организирање на изборите, Емил Димитриев.

212121212121

1212121

213131413

 

Почетоци на тутунската индустрија во Прилеп

Sušenje_duvana_u_Prilepu_2

Значаен дел во историјата на Прилеп и Прилепско зазема одгледувањето и обработката на тутун, како главна стопанска дејност не само за Прилеп и Прилепчани туку за цела Република Македонија. Како индустриска гранка која е еден од главните основи на приход кај многу домаќинства, тутунот е секојдневие за Прилепчани од месец мај до месец декември . Тутунот или жолтото злато, одлично се надополнува со поволната клима и почва кои го красат Прилеп, како и многуте сончеви денови во годината кои го прават ова подневје еден од најголемите центри за производство на суперквалитетен ориентален и полуориентален тутун.

proizvodstco_1

prilep42014-vi

Макотрпна и тешка работа ја одликува оваа индустриска билка, проткаена со многу пот и напор, со мирисот на скелињата за сушење во месец август и со почеток на денот во раните утрински часови, добро позната летна сезона за Прилепчани.

Точниот датум за тоа кога за прв пат тутунот ја поминал нашата граница не е познат. Според извесни извори се тврди дека тој бил донесен пред повеќе од 400 години од Османлиите кои се до средината на 19век биле главни одгледувачи на истиот, а подноцна и останатото население.

427260_553919471294673_266820956_n

Првиот магацин за тутун изграден во Прилеп во 1873 година.

Сепак како момент на раѓање на тутунската индустрија во Прилеп се смета 1873 година кога е изграден првиот магацин за тутун во Прилеп, од страна на Отоманската управа на монополот. Од тогаш па се до денес оваа стопанска дејност доживеала големи промени, воздигнувања и падови, но никогаш не се избришала од работните навики на Прилепчани и нивните семејства.

Од раните почетоци на производство првиот значаен подем на оваа индустриска гранка е забележан за време на Младотурската револуција (1908-1912) кога за прв пат претставува најсилна страна на прилепското земјоделие. Подоцна за време на кралството на СХС е воведен монополски режим во производството на тутун.

Во 1920 година за прв пат се забележани поголеми површини засадени со тутун кога во Прилеп биле засадени 3 500 до 4 000 хектари, а произведени биле над 3,5 милиони кг тутун. Со оглед на тоа дека бившиот магацин изгорел, во 1922 година почнало ѕидањето на нов магацин со капацитет од 700 000 кг, додека пак во 1925 година е поправен магацинот на бившата режија и во него е сместена Тутунската опитна станица која подоцна во 1936 година прераснува во Институт за тутун, институција која до ден денес работи на истражувачки проекти за алтернативно искористување на тутунот како и за помагање на производството на тутун со стручни експертизи и обезбедување со семенски материјали на земјоделците.

87780b4915fd7cb36c13a5d777aefb63

Оваа институција од 1996 година својата дејност ја врши како јавна научна установа од ваков карактер и е членка на Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола.

По почетниот подем и постојаното зголемување на производството во првите години и покрај можноста за уште поголемо производство и уште поголеми приливи за домаќинствата и за Југословенската федерација, поради интересите на монополот, тутунот се садел во ограничени количевства , а Југославија увезувала тутун. Па така во 1923 година, Југославија увезила тутун за 200 000 000 динари. Во тоа време Грција произвела 5,5 пати повеќе, Турција 6 пати повеќе, а Бугарија 2 пати повеќе тутун од Југославија иако тамошните услови не биле во ништо подобри од оние во Прилеп и Прилепско.

vand-seminte-tutun_1

Како и денес така и порано за населението во Прилеп тутунот имал големо економско значење, бидејќи со неговото производство до максимум се искористувале природните услови. Оваа индустриска култура била можност да се засадат големи земјоделски површини кои не можеле да се засадат со други култури. Сепак најголема економска корист имала државата , бидејќи таа преку монополот и репресивниот финансиски систем во тоа време остварувала далеку поголеми приходи од оние на земјоделците.  За илустрација на тоа ќе ви претставиме еден пример:

1924/25 година

  1. Вкупни државни приходи ………………………….. 10 838 448 358,67 дин.
  2. Приходи од сите државни монополи …………… 2 363 340 962,41 дин.
  3. Приходи на монополот од тутун …………………. 1 608 936 421,49 дин.

Ваква била положбата со приходи за сите години на бивша Југославија што говори за еден нехуман третман кон тутунопроизводителите кои секогаш биле потценувани и третирани како обични индивидуални земјоделци иако тутунот требало да го продадат на монополот до последен лист по однапред утврдени цени. Тутунопроизводителите иако и создавале огромни приходи на државата, таа не водела грижа за нив, ниту за нивното обезбедување со средства за работа, со станови, социјално и здравствено обезбедување, давање помош и слично.

tutun-otkup1-640x427

tutunnn-640x344

Во денешни услови оваа индустрија е во подем во Прилеп и Прилепско. Комбинатот ги преброди долговите стекнати низ транзицискиот период и недомаќинското работење, државата ги помага индивидуалните земјоделци со субвенции од 60 денари за предаден килограм тутун, а договорот скулучен помеѓу Тутунскиот Комбинат од Прилеп и мега гигантот во тутунската индустрија Филип Морис за стратешко партнерство ќе значи осовременување на оваа индустрија во Прилеп во иднина како и наново окрупнување на производството.

Подготви: Александар Георгиоски

Груевски: Државата тргна одлучно да стави крај на кризата

gruevski-press640

Нашата држава тргна одлучно да стави крај на кризата, а тоа започнува на 24 април, премиерот Никола Груевски по средбата со лидерите на коалиционите партнери потврди дека следните парламентарни избори во земјава ќе се одржат на датумот договорен во Пржино.

Груевски посочи дека државата мора да оди напред и дека македонските граѓани предолго беа заложници на деструктивна политика.

Тој додаде дека договорот во Пржино беше постигнат со цел што побрзо да се излезе од кризата, а изборите се најдобриот начин да се постигне тоа. Премиерот потенцираше дека 24 април е избран како оптимален термин кој бил договорен меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на преговорите.

Инаку, денес владејачката партија ги повлече амандманите и забелешки  на методологијата за прочистување на избирачкиот список и со тоа во целост ја прифати методологијата за исполнување на условите. Со ова како што потенцираше Груевски, ДИК и МВР ги имаат сите услови да организираат фер избори.

Лидерот на владејачката партија нагласи дека во иднина македонските граѓани ќе можат да кажат дека на 24 април 2016 година народот даде мандат за просперитет, политичка стабилност, нови работи места…Груевски јасно посочи дека од денес во оваа држава зборува народот и дека со оваа нивна одлука уште еднаш ќе докажат дека најмудрото нешто што може да му се даде на народот е моќ да одлучува.