Го изгубила мобилниот телефон, но пронаоѓачот ја шокирал

Една девојка од Австралија го изгубила мобилниот телефон кога се возела во воз, но момчето кое го пронашло телефонот ја шокирал со својот гест.

Откако го нашол телефонот, тој ја открил нејзината лозинка и веднаш се логирал на Фејсбук, па и напишал статус.

-Здраво Моника! Го пронајдов твојот телефон во возот, навистина би требало да ја промениш шифрата за отклучување, оваа може да ја погоди секој. Убава профил фотографија! Се надевам дека убаво стигна на својата дестинација бидејќи во футролата од телефонот си оставила кредитна картичка и 50 долари. Ќе оставам се како што беше и ќе ја додадам својата визит карта. Го апдејтирав твојот статус за да знаеш дека телефонот ти е на безбедно и во добри раце, а и треба за нешто да се посмееме кога ќе се најдеме на пијалак. Исто така, отидов и на твојот Tinder профил и го додадов Лука, па можеш да го видиш профилот на искреното момче кое го пронајде твојот телефон. Пријатен ден!, напишал тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.