Напредокот во кошарката не доаѓа само од повеќе тренинзи, туку од правилен начин на работа.
Овој мај во Прилеп, младите кошаркари имаат можност да тренираат по метод кој веќе покажа резултати низ Македонија.
На 16-ти и 17-ти мај ќе се одржи проектот Basket Grow Zone – викенд камп за индивидуален развој наменет за деца од 7 до 15 години.
Кампот е дел од национален проект на тренерот Саша Димитријевиќ, кој веќе неколку месеци се реализира низ Македонија. По Богданци, Велес, Кочани, Струмица и Штип, каде салите беа исполнети и интересот голем, концептот продолжува во Прилеп.
Саша Димитријевиќ е тренер со долгогодишно искуство во работа со млади категории, познат по својот пристап кон индивидуален развој на играчите. За пошироката јавност е познат и како татко на Ненад Димитријевиќ – во моментов еден од најдобрите македонски кошаркари, репрезентативец, МВП на ВТБ лигата и играч на Баерн Минхен во Евролигата. Дел од тој систем на работа и размислување се пренесува и на овој камп.
Во Прилеп, кампот се реализира во соработка со Стефан Стевананџија – дипломиран професор по спорт и кошаркарски тренер кој работи со млади категории и е активно вклучен во развојот на кошарката во градот. Неговата улога е да го поврзе овој проект со локалната кошаркарска средина и да обезбеди континуитет во работата со децата.
Проектот е поставен како развоен процес, а не како класичен тренинг. Се работи во групи, со акцент на:
– индивидуална техника и контрола на топка
– дриблинг и правилно додавање
– 1 на 1 ситуации
– правилна техника на шут
– моторика и координација
Покрај тренингот во сала, ќе има и кратки едукативни сесии за децата, како и разговори со родители за нивната улога во развојот на младите спортисти.
📅 Датум: 16 –17 мај (сабота и недела)
📍 Локација: Прилеп
Бројот на учесници е ограничен, со цел да се задржи квалитетот на работа и вниманието кон секое дете!
Пријавување и дополнителни информации: 📞 076 744 788 – Стефан
Ако вашето дете тренира кошарка и сакате да добие поинакво искуство од вообичаеното, не чекајте и не ја пропуштајте оваа шанса!
Пријавете се бидејќи местата се ограничени.
































