Груевски: Државата тргна одлучно да стави крај на кризата

gruevski-press640

Нашата држава тргна одлучно да стави крај на кризата, а тоа започнува на 24 април, премиерот Никола Груевски по средбата со лидерите на коалиционите партнери потврди дека следните парламентарни избори во земјава ќе се одржат на датумот договорен во Пржино.

Груевски посочи дека државата мора да оди напред и дека македонските граѓани предолго беа заложници на деструктивна политика.

Тој додаде дека договорот во Пржино беше постигнат со цел што побрзо да се излезе од кризата, а изборите се најдобриот начин да се постигне тоа. Премиерот потенцираше дека 24 април е избран како оптимален термин кој бил договорен меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на преговорите.

Инаку, денес владејачката партија ги повлече амандманите и забелешки  на методологијата за прочистување на избирачкиот список и со тоа во целост ја прифати методологијата за исполнување на условите. Со ова како што потенцираше Груевски, ДИК и МВР ги имаат сите услови да организираат фер избори.

Лидерот на владејачката партија нагласи дека во иднина македонските граѓани ќе можат да кажат дека на 24 април 2016 година народот даде мандат за просперитет, политичка стабилност, нови работи места…Груевски јасно посочи дека од денес во оваа држава зборува народот и дека со оваа нивна одлука уште еднаш ќе докажат дека најмудрото нешто што може да му се даде на народот е моќ да одлучува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.