дома блог страница 5478

Пресметал колку вреди работата на неговата сопруга низ дома и го шокира светот со таа сума

Неодамна на еден блог кој го води извесен Стивен, осамна текст, кој деновиве го заобиколи светот. Причината за тоа е што многу луѓе, всушност, се пронаоѓаат во него!

„Размислував, но никако не можам да си дозволам дадилка и домашна помошничка… Мојата жена е принудена да ја остави работата и во целост да се посвети на куќата и детето. Го храни, му менува пелени, го теши кога плаче… но тоа е само почеток!

Да, таа е мајка и природно е да се грижи за своето дете, но размислете колку пари мора да дадат мајките кои, поради работата, не можат!“

Стивен дури и пресметал колку на годишно ниво би чинело се` што неговата сопруга извршува:

Просечна заработка на дадилка – 705 долари неделно, 36.660 годишно.

Чистење на куќата – 50 до 100 долари секој пат, или 5.200 годишно.

Купување намирници – 65 долари секој пат, 4 пати неделно, или 13.520 годишно.

Готвење – 240 долари неделно, 12.480 годишно.

Финансиски помошник (располагање со буџет, плаќање сметки) – 15 долари на час, 5 часа неделно, 3.900 долари годишно.

Организација на собирање на семејството – семејни ручеци и др – 75 долари на час, 4 часа, 3 пати годишно, вкупно – 900 долари годишно.

Перење облека – 25 долари неделно, 1.300 долари годишно.

Вкупната сума годишно изнесува 73.960 долари!

„Чувствувам срам, бидејќи некое време ништо немам купено за неа. Се чувствувам неугодно бидејќи таа цело време мислеше дека премногу троши и сите наши приходи ги фрла залудно“.

„Таа ме сака мене и нашиот син, секако без никаква парична надохнада! Меѓутоа, мораме да замислиме за тоа дека нивната работа објективно вреди многу повеќе.“

„На овој чуден начин, сакав да изразам длабока почит. Таа вреди повеќе од секој скапоцен камен на светот.“

Денеска е најдепресивниот ден во годината

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината. Научниците велат дека токму денеска луѓето се чувствуваат најосамени, финансиска состојба не е баш најдобра по новогодишните празници, а одлуката за новогодишната диета и држењето до зацртаниот режим на исхрана не одат по планот.

 

depresija-640x427

Исто така, студеното време многумина држат затворени во четирите ѕида, новогодишната магија помина, а летото изгледа далеку.

Овој ден во 2005 година го утврдил академикот Клиф Арнели, земајќи го предвид мнозинството фактори кои би можеле да не депримираат , како што што се состојбата на банковната сметка, времето, стапката на развод и слично, пишува хрватски Индекс..

Оттогаш истражувачите следеле милиони објави на Твитер и откриле дека на овој ден бројот на негативните коментари се зголемува за дури пет пати.

Јануари исто така е традиционалното време за разводи.

– Првиот понеделник кога децата се враќаат на училиште инаку е денот кога луѓето најчесто бараат развод на бракот. Најчесто тоа го одложуваат поради Божикните и новогодишните празници, а на почетокот на јануари  се во метеж бидејќи се оптоварени со реализација на новогодишните одлуки, појаснува адвокатот Варнер Гудмен.

Најстудено утрово во Маврово со минус 13 степени и со најмногу снег

Најладно утрово е во Маврово каде во 7:30 часот се измерени – 13 Маврово степени, – 12 се измерени во Лазарополе, – 11 во Пожаране и Крушево, – 10 во Ѓуриште, -9 во Пожаране, – 8 во Тополчани и Претор, – 7 во Дебар, Крива Паланка и Берово, – 6 во Прилеп, – 5 во Охрид, Битола, Тетово и Куманово, – 4 Скопје-Зајчев Рид, Штип и Виница, – 3 во Кавадарци, Струмица, Скопје Петровец, – 2 Дојран и во Демир Капија.

mavrovo-sneg-640x480

Најмногу снег има наврнато во Маврово 46 сантиметри, 33 во Лазарополе, 29 во Пожаране, 25 во Берово, 23 во Крушево, 17 во Ѓуриште, 16 во Тополчани, 15 во Тетово, 11 во Претор, 10 во мерната станица Пожар, Битола, Крива Паланка, 9 во Штип, 5 во Охрид и Струмица и 3 сантиметри во Прилеп и Виница.

Во поголемиот дел од земјава претпладнево преовладува облачно и студено време, а во југозападните и југоисточните делови со умерена облачност. Дува умерен до засилен северозападен ветер, особено во Скопската котлина и Штип, каде ветерот на моменти достигнува брзина од 45 до 60 км/час. Во западните планински предели има сеуште провејување на снег.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и источните делови. Претпладнево во западните планинските предели со провејување на снег. Дневната температура ќе се движи во интервалот од – 6 до 1 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно студено и со умерен повремено засилен северозападен ветер. Највисоката температура ќе достигне до – 3 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и студено време, особено во вторник и среда кога утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени. Постепен пораст на дневните температури се очекува од среда.

БИЗАРНИ КАЗНИ:Кој ќе згази полжав – 1.200, а убивање мравка – 40.000 динари

prikazna-veselata-mravka-

Секоја држава во светот има свои правила кои граѓаните слободно ги нарекуваат бизарни. За газење врз полжав ќе платите 1.200 динари во Србија, а во Италија е забрането љубење во автомобил и правење кули од песок.

polzav

Секоја држава во светот има свои правила кои граѓаните слободно ги нарекуваат бизарни.

Казниво во Србија е возење велосипед без раце, како и хранење животни на улица. Па така, 10.000 динари е казната за фрлање храна на гулаби. Ако се возите на велосипед и слушате музика- казната е 3.000 динари.

На листата бизарни, односно бессмилсени прописи се вбројува и Правилникот за утврдување надокнада при забранет лов на строго заштитени диви видови, кој забранува лов и држење во заложништво цела низа животни.

За газење врз полжав ќе платите 1.200 динари, за убивање кртови 100.000 динари, за убивање полско глувче 10.000, за врапче 25.000 динари, за газење шумска смеѓа мравка 40.000, за шумска желка 15.900, а за зелена жаба 1.200 динари.

mecka

За убиство на мечка, волк, видра, дабар, краткоклуна гуска, голем лебед, бел штрк, обична кукавица, орел, шарка, барска желка, еж или гавран- ќе ви истера од џебот од 10.000 до 1.000.000 динари!

Овие закони носат и бенефит за заштита и продолжување на некои загрозени видови, безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, или сигурноста на граѓаните кога околу нив не се шетаат гладни волци.

Постојат и уште по безсмислени прописи, во Италија на пример, каде со закон е забрането љубење во автомобил, како и градење кули од песок на плажа.

pesok

Јувентус повторно меле, 10та победа во низа

12507432_986519478089093_120381736923096279_n

Ако после почетните неколку кола од италијанската Сериа А, сите се потсмеваа на резултатите на шампионот, сега сите гледаат со неверување кон победничката низа на Јуве.

Десетата последователна победа, тимот на Масимилиано Алегри ја забележа против тимот на Удинезе со 4:0 уште во првото полувреме. Стрелци на головите беа фантастичното младо момче Паоло Дибала во два наврати, Сами Кедира и Алекс Сандро по еднаш, при што и за другите два гола асистираше двојниот стрелец Дибала.

Шампионот се врати на старите патеки, и ита кон петтата последователна титула во Сериа А.

Иако на почетокот од сезоната се одрази заминувањето на Артуро Видал, Андреа Пирло и Карлос Тевез, сега тимот е добро усогласен и ги користи придобивките од подмладувањето на тимот, како и силната карактеристична за Јуве одбрана.

Јуве е на 2 бода од врвот, каде и понатаму се наоѓа тимот на Наполи.

Во наредното коло на Јувентус Арената гостува Римската Волчица, при што со ваква игра можна е одмазда за поразот на Јуве во Рим, во претходната полусезона.

ФОТО: Кога ќе видите на што се „пали“ момчето на Цеца ќе останете без зборови

ceca (1)

Момчето на Цеца, Александар Јововиќ на својот Инстаграм профил најчесто објавува селфи слики, по што може да се заклучи дека е заљубен во себе.

Меѓутоа, преку фотографиите, тој открива и што го привлекува најмногу. Александар се „пали“ на јахти.

Погледнете:

jahta

Љубовен хороскоп за 2016-тата година

horoskop-ljuboven

Прочитајте како ви се наклонети ѕвездите во 2016 година, кога станува збор за љубовта.

Овен

Ако сте сингл: Вие сте многу фокусирани и насочени кон постигнување на целите. Ако имате симпатии за некоја личност, постојат големи шанси вашиот однос да се развие во врска.

Ако сте во врска: Ова дефинитивно ќе биде ваша година. Вие сте толку независни што вам не ви треба некој – но сега, кога ја најдовте таа посебна личност, ова ќе биде една од најдобрите години досега.

Бик

Ако сте сингл: Потребна ви е конзистентност и не може да толерирате непредвидливи луѓе. Во потрага сте по некој што држи до својот збор. А ако запознаете некој посебен, вие нема да сакате веднаш да влетате во врска. Претпазливост е вашето средно име, а вие сакате да бидете 100 проценти сигурни дека тоа чувствата ќе ви бидат возвратени.

Ако сте во врска: Вашата тврдоглавост понекогаш може да ве доведе во неволја. Инсистирањето на тоа дека вие сте секогаш во право, може да доведе до кавги, па затоа направете напор следната година да посветите поголемо внимание на ставовите на вашиот партнер.

Близнаци

Ако сте сингл: Додека другите не можат да го тргант погледот од вашата симпатија, вие нема да имате проблем да останете со студена глава. Но, во 2016 година, немојте да го игнорирате импулсот за разговор со вашиот симпатија. Верувајте им на вашите инстинкти и можеби наскоро ќе го имате првиот заеднички состанок.

Ако сте во врска: Новата Година кај вас ќе ги разбуди конфликтните чувства. Дали се уште сакате да бидете во врска или би сакале да бидете соло. Размислете дали вашиот партнер сеуште ве возбудува и изненадува, ако не, тогаш можеби тој не е вистинската личност за вас.

Рак

Ако сте сингл: Ви треба време за да бидете отворени со луѓето, но 2016-тата година е годината кога конечно, ќе соберете храброст и ќе и кажете на симпатијата што точно чувствувате за неа.

Ако сте во врска: Вашите инстинкти се беспрекорни. Дали чувствувате дека сте ја запонзале совршената личност? Тогаш тоа со сигурно е така. Но, ако сметате дека нешто не е во ред, направете чекор назад и размислете дали навистина сте среќни во вашата врска.

Лав

Ако сте сингл: Сметате дека вашата симпатија не знае дека вие воопшто постоите? Размислете повторно. Благодарение на вашата голема самодоверба, дефинитивно сте и паднале во очи.

Ако сте во врска: Многу сериозно ги сфаќате врските и секогаш сте полни со разбирање за партнерот. Сепак, можеби би требало да се запрашате дали таа врска, е вредна за вашиот напор и труд, а потоа да одлучите дека не е.

Девица

Ако сте сингл: Вие сте многу пребирливи во однос на луѓето со кои го поминувате времето. Следната година ќе бидете позафатени од било кога и ќе имате време да се фокусира само на лицата (и симпатиите), што се најважни за вас. А потоа некој конечно ќе ви падне во очи.

Ако сте во врска: Обожавате постојано да му посветувате внимание на партнерот, но гледајте во 2016-та година да одвоите малку време и за себе.

Вага

Ако сте сингл:  Можеби во моментов не сте вљубени, но љубовта ќе ве изненади кога најмалку очекувате. Имате тенденција постојано да се преиспитувате, но во 2016 година ќе покажете многу повеќе самодоверба. Ако сакате на симпатијата да и кажете се, слободно направете го тоа!

Ако сте во врска: Цела година правевете компромиси и работевте против своја волја, сепак, сето тоа ќе се промени во 2016-та година и вашиот глас заслужува да се слушне!

Скорпија

Ако сте сингл: Многу тешко стекнувате доверба во луѓето, особено ако во претходната врска сте имале лошо искуство. Тоа ќе се промени бидејќи ќе сфатите дека секоја личност нема намера да ве повреди.

Ако сте во врска: Одлични сте кога станува збор за запазување на нештата. Ако забележите дека партнерот се однесува сомнително, не плашете се да му го свртите внимание на однесувањето и на очигледните лаги. Најверојатно ќе бидете во право.

Стрелец

Ако сте сингл: Вие сте многу импулсивни, што значи дека многу често го говорите она што тој прво ќе ви падне на ум. Ова ве доведува до незгодни моменти кога се обидувате да ја импресионирате симпатијата. Но, не мора да се грижите, бидејќи таа ја цени вашата искреност, а до крајот на 2016 година, сигурно ќе бидете во врска.

Ако сте во врска: Вашата врска ќе биде посилна од било кога благодарение на довербата што ќе ја покажете кон партнерот. Знаете дека сте нашле неверојатна личност!

Јарец

Ако сте сингл: Иако многумина се плашат да ја повикаат симпатијата на состанок, вие сте навистина бестрашни да го направите тоа.

Ако сте во врска: Можеби ќе наидете на проблеми, но ќе ги надминете, поради чувствата што ги имате едни за други. Всушност, сите проблеми што ќе се појават во 2016-та година само ќе ве направат уште посилна двојка.

Водолија

Ако сте сингл: Имате проблеми со изразување на сопствените мисли, особено пред симпатијата. Сето ова ќе се смени оваа година, бидејќи ќе добиете напад на самодоверба која ќе ве натера да се изразувате како вистински поет.

Ако сте во врска: Секогаш сте имале силна врска со вашиот партнер, лесно можете да едни со други да си ги завршувате речениците. Оваа врска во 2016 година ќе стане уште посилна затоа што ќе ги изразувате своите чувства уште погласно и појасно отколку во 2015 година, и можно е понуда за брак.

Риба

Ако сте сингл: Следната година конечно ќе ги надминете сите ваши стравови и на симпатијата ќе и каже сè што ви лежи на душа.

Ако сте во врска: Вие сте неверојатни во врската затоа што вашиот партнер секогаш на прво место, но запомнете – вие не заслужувате секогаш да бидете во позадина. Во 2016 година конечно ќе се процените дали партнерот во врската носи толку многу страст, енергија и напор како и вие.

СКАНДАЛ ВО СПЦ: Свештеник нудел елитни проститутки

1

Српската полиција дошла до сознанија дека на самиот врв на елитната проституција во Србија е духовно лице од Српската Православна Црква (СПЦ), а меѓу неговите штитенички се две сестри и поранешна членка на денс група од 90-тите години, пишува српски Курир.

Во опсежната акција што полицијата ја спроведува со намера да се разбие синџирот на елитна проституција се дошло до сознанија дека еден од макроата е и свештеник на СПЦ од Република Српска.

Информациите добиени на терен се уште се проверуваат, а како што наведува добро известен извор за српски „Курир“ тие јасно упатуваат на тоа дека попот подведувал одредени личности од естрадата.

Така постојат основани сомненија дека негови штитенички се две сестри што прилично и се добро познати на јавноста, а со нив во пакет е и една фолк пејачка чија што кариера ја следат скандали, а која зема големи хонорари за пеење на црковни прослави.

На списокот на свештеникот е и една членка на денс група од 90-тите како и една мисица која од време навреме се појавува во српските медиуми.

Истиот овој свештеник во минатото бил осомничен за продажба на наркотици, но и за подведување на малолетници за едно високо свештено лице од СПЦ. Истражните органи веруваат дека тој е на самиот врв на елитната проституција.

Ноќен живот Прилеп : Art Caffe Aporea – 16.01.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”124″ gal_title=”NokenZivot_16012016″]

Со неверојатни 51 минута игра против Франција, можеме ли да се надеваме против Полска?

kire-lazarov-768x529-650x396

Македонија стартуваше со пораз на Европското првенство во Полска, но нашите лавови покажаја дека не за џабе го носат приматот нај искусна репрезентација на ова Европско, и не за џабе се асови на клубовите во кои настапуваат.

Секогаш расположениот Кире Лазаров, неговата мотивација и глад за победа, ги прави сите играчи во репрезентацијата да играат 2 до 3 пати подобро, од тоа што го знаат да го одиграат.

Следен противник е Полска, бронзената на Светското првенство во Катар, суперквалитетната и исто како нас борбена репрезентација. Меѓутоа и покрај тоа што на првиот натпревар против Србија имаа ветер во грб од 15 000 своја публика, Пољаците не беа ни малку супериорни и не ја оправдаја фаворитската улога. Напротив се мачеа се до последниот свиреж и на крајот стигнаја до пирова победа со гол разлика (29-28).

Имајќи го во предвид притисокот со кој се соочуваат репрезентативците на Полска, и играта со Србија, а тука би го вклучиле и негативниот биланс со нас на големите натпреварувања, Македонија може да се надева на позитивен биланс од овој натпревар.

Оваа репрезентација ќе направи нешто на ова натпреварување, бидете сигурни во тоа. Секој кој го познава ракометот може да воочи дека имаме страшна репрезентација, и дека не треба да не плаши ама баш никој противник.

СО ЦЕЛО СРЦЕ ВЕЧЕРВА, НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА !