дома блог страница 5476

Се будиме на минус 15: Наредните денови промена на температурите

studeno (1)

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 15 до минус четири, а дневната од минус еден до пет степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус девет, а дневната ќе се искачи до три степени.

И во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под минус 10 степени, а дневните до четврток ќе бележат тенденција на благ пораст.

Миркуловски: „За кого? За МАКЕДОНИЈА“

Организаторот на играта на македонската ракометна репрезентација Филип Миркуловски по пласманот во следната рунда од Европското првенство во Полска, преку социјалните мрежи на фотографија од соблекувалната упати порака со паролата на репрезентативците  „За кого? За МАКЕДОНИЈА“.

 

makedonija-640x294

Јунакот на мечот со Србија Дејан Манасков, кој постигна 10 голови не го криеше задоволството од обезбеденото учество во втората групна фаза.

– Мислам дека денешниот натпревар беше најтежок од оваа фаза. Се водеше вистинска „војна“. Резултатот беше изедначен. Во некои моменти бевме и посреќни. Првата цел ја остваривме, ќе имаме време да се подготвиме за новите три натпревари, истакна Манасков.

Репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман во следната рунда на ЕП во Полска, откако одигра нерешено 27:27 со Србија, со голот на Манасков постигнат во последните секунди.

Тест за вид: Ако не ја пронајдете буквата C веднаш посетете лекар

Новиот тест за проверка на видот на Фејсбук стана вистинска сензација. Експертите велат дека ако за помалку од десет минути не ја пронајдете буквата „C“, веднаш мора да се обратите кај вашиот лекар.

 

test (1)

ДРАМАТИЧНО, но со лавовска борба до втората фаза

kire-lazarov640

Македонија е во следната фаза на Европското првенство во Полска. Преку драматичен натпревар во текот на сите 60 минути, а преку уште подраматичен завршеток во последните 10 секунди, нашата репрезентација успеа преку Дејан Манасков да стигне до 27:27 и да се пласира во втората рунда.

Оваа репрезентација докажа дека ќе води лавовски битки со секој противник, а тоа влева уште поголема убеденост во овие момци и во наредната фаза.

Ако го поминавме ова, веруваме сите дека во наредната фаза каде вкрстуваме со групата Б, нашите противници Норвешка, Хрватска и Исланд, ќе се плашат од огнот кој го носат со себе МАКЕДОНЦИТЕ.

СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА !

„Св. Петка“ за црквата „Св. Петка“

На 187 страни составена од неколку делови, а секој дел содржи по неколку поглавја е напишана новата книга посветена на црквата „Св. Петка“, а насловена како „Св. Петка“.

 

„По предлог на членовите на Иницијативниот Одбор за изградба на црквата „Св.Петка“, уште на самиот почеток од работата на одборот и градењето на црквата, донесена беше одлука да се изработи една публикација во која ќе бидат забележани сите настани и активности, а кои ќе се одвиваат околу и напоредно со изградбата на црквата“, посочи Наде Караџоска автор на книгата.

Во книгата се застапени сите градежни активности, донаторски конференции, хуманитарни концерти, натпревари, забави и слично, кои биле организирани за црквата.Ова дело составено од неколку дела, ќе остави вечен спомен на корените и историјата на црквата која по 100 години се изгради во Прилеп.

[Best_Wordpress_Gallery id=”126″ gal_title=”Kniga_SvPetka”]

Водици во Русија: Верниците се фрлаат во замрзнатите води

sadadfafafafaf

Големиот христијански празник Богојавление – Водици се облежува и во светот. Најмасовно овој празник се прославува во Русија.

1111111111111111

Во Санкт Петерсбург, православните верници скокнаа по светиот крст на -20 степени Целзиусови.

„Попе, немој во длабокото“: Фрлање на светиот крст во прилепско (ВИДЕО)

pop-prilepsko-vodici-640x335

„Попе, немој во длабокото“! Со овие зборови му се обратија дел од насобраните луѓе на попот кој го фрлаше светиот крст во прилепското село Селце.

 

Филип Стојаноски го фати светиот крст во Прилеп

Дваесет и тригодишниот Филип Стојаноски го фати светиот крст од водите на базенот при хотелот „Сонце“ Прилеп.

 

krst-vodici-2-1

Стојаноски беше најсреќен од 80-те учесници при положувањето на крстот на Богојавление-Водици, меѓу кои беа и пет девојки, а учесниците на возраст од 11 до 35 години. Стојаноски четврти пат учествува, но првпат годинава стигна до светиот крст.

– Многу сум среќен и на сите им го честитам големиот празник. Учествувам четири пати и прв пат го фатив крстот. Очекувам дека среќата ќе ме следи цела година, мене и моето семејство, рече среќниот Стојаноски.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески во име на локалната самоуправа на најсреќниот прилепчанец му даде златен крст и други подароци.

– Традицијата е длабоко вкоренета во опстојувањето на нашиот народ, во неговата вера и овој голем празник и годинава го славиме достојно, особено што имаше и огромен број учесници, рече Ристески, посакувајќи им среќа и здравје и на среќниот Филип Стојаноски и на сите учесници.

Во хотелот „Сонце“ беше промовира книгата „Света Петка“ од прилепчанката Наде Караџоска, која низ фотографии и текст го следи градењето на црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила низ сите седум години, колку што траеше изградбата.

Огромен чекор напред во медицината – направено прво пресадување на глава

Меѓународниот колектив од биолози под раководство на Серџо Канаверо направи голем чекор кон пресадување на глава со успешно сраснување на пресечен ‘рбетен мозок кај стаорец и со проверка на дел од методиката врз мајмуни, се вели во серијата статии прифатени за објавување во списанијата Surgery и CNS Neuroscience & Therapeutics.

На крајот на февруари 2015 година италијанскиот хирург Серџо Канаверо го објави почетокот на амбициозниот проект HEAVEN/AHBR во чии рамки планира да пресади глава на доброволец на тело на донатор со соединување на ‘рбетниот мозок со мозокот со помош на посебна процедура која тој ја нарекува „Протокол GEMINI“.

Денеска Канаверо и неговите колеги соопштија дека успеале да ја реализираат клучната етапа од таа операција – сраснување на мозочното стебло и ‘рбетниот мозок – во експерименти врз стаорци.

Според зборовите на научниците, околу еден месец по повредата на ‘рбетот и неговото сраснување според методот на Канаверо, нервните влакна во ‘рбетот сраснале и животните одново се здобиле со подвижност на екстремитетите. Сите овие операции биле извршени на територијата на Кина каде нема рестрикции за вакви експерименти.

Според зборовите на авторите на публикациите, првите експерименти на човечки тела веќе почнале во Кина и во најскоро време спектарот на истражувања ќе биде забележително проширен.

Првата трансплантација ќе биде направена во декември 2017 година,пренесува РИА „Новости“.