Потег за почит! Општина Битола ќе плаќа членарина за деца од ранливи категории да спортуваат

Денес, Комисијата за спорт при Советот на Општина Битола, согласно јавниот повик донесе едногласна одлука за субвенционирање на спортски клубови во кои членуваат деца од ранливи категории.

Согласно јавниот повик, Општина Битола целосно ќе ја покрива членарината за децата од ранливи категории кои се дел од спортски клубови.

Со оваа мерка, како што вели претседателот на Советот Бојан Бојкоски, Општина Битола го поттикнува активното учество во спорт, дава поддршка на семејствата на кои им е најпотребна и овозможува еднаков развој и здрави навики кај децата.

Продолжуваме со конкретни мерки за поддршка на младите и развој на спортот во Општина Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.