дома блог страница 5413

Десет намирници кои секој пушач треба да ги конзумира

gjumbir-voda-768x638

Истражувањето покажало дека една од 10 возрасни личности секоја година умира од рак на белите дробови. Голем број луѓе, особено пушачите или поранешните пушачи би требало да сторат нешто за здравјето на своите бели дробови.

Еве 10 намирници кои би требало секој да ги внесува и кои ќе ви помогнат вашите бели дробови да бидат здрави.

Цитрон

Конзумирањето на еден до четири порции цитрон неделно ја намалува шансата за заболување од рак на респираторните органи.

Бразилски орев

Бразилскиот орев е богат со селен и витамин Е и помага во намалувањето на ризикот од заболување на рак на белите дробови.

Лук

Антиоксидансите присутни во лукот ги чистат белите дробови од токсините предизвикани со пушењето.

Вода

Пијте 8 чаши вода на ден. Ова ќе помогне вашето тело, па и белите дробови правилно да функционираат.

Сок од морков

Испијте 300 милилитри сок од морков за време на појадокот. Ова ќе помогне во алкализирање на вашето тело.

Ѓумбир

Ѓумбирот помага во отстранување на слузта која настанува со внесување на млечните производи, пченицата и сојата. Исто така содржи и антиоксиданси кои ќе ги отстранат токсините предизвикани со пушењето.

Билни чаеви

Билните чаеви ќе ги поттикнат вашите црева да ги елиминираат токсините.

Сок од брусница

Пијте секој ден 400 милилитри сок од брусница пред да легнете. Сокот од брусница се вори со бактериите во белите дробови кои предизвикуваат инфекции.

Сок од ананас

Пијте 300 милилитри цеден сок од ананас бидејќи содржи антиоксиданси кои се корисни за респираторниот систем.

Топла вода и лимон

Исцедете два лимони во топла вода и пијте го овој микс пред појадок.

Гледање на кафе: Што симболизираат броевите?

Кога е во прашање турското кафе, нема жена која барем еднаш во животот не посакала некоја од пријателките да и гледа во филџанот и да и ја предвиди иднината.

tursko-kafe-640x438

Ако сте оние кои секојдневно пијат кафе и сакаат да се забавуваат на овој начин, следи мало објаснување за значењето на броевите.

1-поседувате моќ и знаење да ги промените нештата од корен и успешно да започнете некоја работа

2-мирољубиво решете го проблемот, ќе биде постигнат договор, но без наредување
3 – чувајте се од љубоморни луѓе кои сакаат да ви наштетат

4 –ако го видите овој број радувајте се. Ве очекува успех на работно поле

5 – често симболизира забранета љубов, а по некогаш и прељуба. Ако тоа не е вашиот случај тогаш 5-та е симбол на љубов и страст.

6 – овој број е знак на жртвување. Често превидува убави нешта, но внимавајте некој да не ве измами.

7 – повторно предупредување, овој пат да се чувате од личност во вашата околина која е мошне паметна и склона на правење сплетки

8 –победа над стравовите. Голема борба за она што го сакате и финална победа.

9 – ако ја видите 9-та во филџанот, таа симболизира убав период пред вас.

Внимавајте: „Тивка“ болест се развива со месеци без предупредување!

Се работи за хронична болест која се развива со месеци па дури и години, а пациентите немаат никакви заболувања. Во телото се акумулираат отпадни производи, бидејќи бубрезите не може да ги отстранат.

bubreg

Хроничната болест на бубрезите е позната како „тивка“ болест бидејќи се развива долго време без никакво предупредување. Особено поради отсуство на било какви симптоми оваа болест е проблем кај постарите лица.

Хроничната бубрежна болест настанува кога способноста на бубрезите за отстранување на отпадот е целосно ослабена, објаснува на својата интернет страна Здружението за бубрежни пациенти. Бубрезите се исклучително важни органи, бидејќи го чистат организмот и го регулираат крвниот притисок, ја одржуваат цврстината на коските и го стимулираат производството на црвените крвни клетки кои носат кислород во телото. Нашите бубрези ја чистат целата крв околу 40 пасти на ден. Тоа се вкупно 200 литри крв.

Бубрезите од крвта ги отстрануваат отпадните производи кои се излачуваат преку урината. Нивната намалена функција во крајна линија може да доведе до оштетување на бубрезите и потребата за бубрежна супституциона терапија со дијализа или трансплантација. Се разбира, тоа има влијание врз целокупното здравје и некои други болести кои се појавуваат со возраста. Но, експертите истакнуваат како оштетување на бубрезите може да се открие рано и лесно од пребарување во урината, крвта или преку мерење на крвниот притисок.

Првите симптоми

Експертите велат дека со одредени симптоми можете и сами да ја откриете оваа болест во рана фаза што е клучно нешто за успешно лечење. Ако имате проблем со паметење или концентрација, тоа е индикација дека бубрезите не ви се во ред.

Меѓу првите симптоми кои можете и самите да ги препознаете се сува и осетлива кожа, зголемен крвен притисок, губење на здив, болка во нозете, отоци, ладна треска, губење на апетит, губење на вкус, аверзија кон месо и лош здив, проблеми со мокрењето, гадење, замор и повраќање.

Ова помага

Постојат работи кои може да ги направите за подобра работа на бубрезите. Бидете физички активни, исфрлете ги цигарите, шеќерот и солта. Во исхраната внесете лук, брокула, карфиол, малини, магданос, риба и боровинки.

Посебно внимание треба да посветите на внесувањето на течности во организмот. Всушност од 1,5 до 2 литри вода на ден значително го олеснува чистењето на штетните производи од крвта. Личностите со камењња во бубрезите треба да пијат повеќе.

Битола: Со свеќа предизвикал експлозија во станот

sveki1 (1)

Со свеќа предизвикал експлозија во станот. Инцидентот се случил вчера околу 14,00 часот во Битола, на ул.„Васко Карангелевски“ во станот сопственост на И.Т.

Како што информира МВР, од запалена свеќа која била поставена на машина за перење се запалил држач на кој биле поставени спрејови, дезодоранси, пена за бричење и спрејови за астма, по што дошло до експлозија во купатилото.

Во експлозијата уништени се надворешната врата и вратата од тоалетот, како и сите прозори од дневната соба се искршени.

Повредни лица нема.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола.

Галерија – ШОПИНГ ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ПРЕСТОЈНИОТ ВИКЕНД

906051_930371160339754_6445789974690108005_o

Како шопинг денстинација за престојниот викенд ви го нудиме шопинг центарот Стибера во Прилеп. Сместен на излезот од Прилеп кон Македонски Брод, Стибера е местото каде можете да најдете се за сечиј вкус.

[Best_Wordpress_Gallery id=”170″ gal_title=”Стибера”]

За одличен шопинг во престојниот викенд ви го препорачуваме токму овој маркет за да ги задоволите сите ваши потреби.

Шопинг центарот Стибера се состои од два ката, од кои првиот изобилува со огромен асортиман на производи за домашна потрошувачка. Вториот кат е наречен home centar и нуди секакви производи за домаќинството, порцеланска  програма, пластика, детски играчки и што ли уште не.

Она што ќе ве остави без збор е аптекарската подреденост на производите, љубезниот персонал и одлично уредениот ентериер на објектот, карактеристики кои со сигурност ќе ве натераат да уживате додека купувате.

Маркетот Стибера е вистинска реткост во целиот регион, а ниските дисконтни цени и дел од производите кои можат да се најдат само на ова место, го прават примамлива број еден дестинација за пазарење.

Центарот Стибера располага со голем паркинг простор, како и детско катче, што дополнително ќе ве растовари слободно да купувате.

11223782_930372717006265_2447332859418064586_o

Ние останавме без зборови, а вие?!

Започна целосната реконструкција на Блок А од студентскиот дом „Гоце Делчев“

2121

Започна целосната реконструкција на Блок А од студентскиот дом “Гоце Делчев“, со што се продолжуваат инвестициите во насока на подобрување на условите на студентите кои што живеат во овој студентски дом.Министерот и заменик министерот за образование и наука, Адеми и Ристовски, денеска извршија увид на градежните работи кои што започнаа де се одвиваат во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Вредноста е околу 1,5 милиони евра а рок за изведба е 6 месеци, појасни Адеми.Започната е и постапка за снабдување на студентските домови со нови лифтови, вкупно 8 од кои за студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ 2 за „Никола Карев“ во Охрид еден лифт а за студентскиот дом „Хоце Делечв“ еден лифт и за „Пелагонија“ 4 лифтови.Покрај тоа, ќе биде набавен и мебел за сите студентски домови во Република Македонија.

Доделени наградите за ликовната изложба за наубав цртеж – маска

1

Денеска со доделување на наградите за „Најубав цртеж маска“ која се оддржа во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп започна Меѓународниот карневал – Прочка 2016. На ликовната изложба свои цртежи имаа учениците од сите основни и средни училишта во градот и населените места. Оваа изложба традиционално се оддржува секоја година по повод Меѓународниот карневал Прочка.

Прво наградени:

1. Мирчески Филип – СОУ Ѓорче Петров –ПРВО МЕСТО
2. Реџепоски Ерден – ООУ Кирил и Методиј-Канатларци -ПРВО МЕСТО
3. Рујаноска Леонора – СОУ Кузман Јосифоски Питу -ПРВО МЕСТО

Второ наградени:

1. Гравулоска Леа – ООУ Кире Гаврилоски Јане – ВТОРО МЕСТО
2. Кироска Тамара – ООУ Блаже Конески– ВТОРО МЕСТО
3. Мерипушкоски Симеон – СОУ Гим. Мирче Ацев– ВТОРО МЕСТО

Трето наградени:

1. Мирческа Теодора – ООУ Добре Јованоски-ТРЕТО МЕСТО
2. Кулески Дарко – ООУ Рампо Левката -ТРЕТО МЕСТО
3. Иваноска Елена– СОУ Гим. Мирче Ацев -ТРЕТО МЕСТО

[Best_Wordpress_Gallery id=”169″ gal_title=”Доделени наградите за ликовната изложба за наубав цртеж – маска”]

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА: Србија прогласи вонредна состојба – невремето доаѓа во Македонија

grom (1)

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Локално ќе има услови за слаб дожд.

Утринската температура ќе се движи од два до пет, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во сабота попладне и во недела под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни. Локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Температурата ќе биде без поголеми промени, во сабота во интервал од девет до 14, додека во недела од шест до 12 степени.

Американските муслимани бараат извинување од Трамп

Водечката муслиманска невладина организација во САД побара од фаворитот на Републиканската партија за номинација за претседателски кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп да се извини поради изјавата дека „Исламот го мрази Западот“.

donald-tramp-1-640x427

– Антимуслиманската реторика на Доналд Трамп не е одраз на лидерство, туку начин на размислување полн со предрасуди, кој само доведува до поделби на нашиот народ и на светот, наведе во соопштение Нихад Авад, директор на Советот на американско-исламските односи.

Трамп во средата вечерта во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека смета оти Исламот го мрази Западот.

– Мислам дека Исламот не мрази. Во прашање е невидена омраза, рече Трамп.

На прашањето на водителите дали смета дека постои војна меѓу Западот и радикалниот Ислам или војна меѓу западнот и самиот Ислам Трамп одговори: „Тоа е радикален пристап и мошне е тешко да се одреди и одвои, бидејќи не се знае кој е кој“.

За време на синоќешната дебата на прашањето дали со оваа изјава мисли на сите муслимани Трамп одговори: „Мислам на повеќето од нив“.

Трамп додаде дека постои голема омраза кон Американците од страна на муслиманите, потсетувајќи на нападот од 11 септември 2001 година.