дома блог страница 5405

Здружението „РОМА ПЕРСПЕКТИВ“ и ООУ „ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ“ – ПРИЛЕП со нов заеднички проект

12516409_10207413125420748_213540917_n (1)

Продолжуваат заедничките активности на Здружението “Рома Перспектив” Прилеп и ООУ “Добре Јованоски” oд Прилеп. До сега заедно имаат организирано повеќе активности во делот на образованието и вклученоста на децата роми во образовниот процес, како и во делот на медијацијата со родителите на учениците, туторство на децата со понизок успех и зголемувањето на редовноста со цел да се подобри степенот на заинтересираност кај родителите и децата во областа на образованието. Еден од таквите чекори кои се преземаат беше и денешната активност насловена како: ОБРАЗОВАНИЕТО МОЈА ИДНИНА, СПОРТОТ МОЈ НАЧИН НА ЖИВОТ.

Главна тема на оваа активност беше: Презентација на законот за задолжително основно образование.

Здружението “Рома Перспектив” e eдно од најактивните здруженија во Прилеп кое се залага за подобрување на животот кај ромското население, како и за доближување на образованието кај младите роми, а ООУ “Добре Јованоски” како училиште каде се образуваат голем број деца роми, секогаш е активен партнер во спроведувањето на ваквите активности.

12833201_10207413137821058_1823429379_n

12064387_10207413125580752_720071334_n

12442751_10207413135140991_1914452646_n

12443129_10207413136141016_1826340407_n

12516328_10207413135701005_1166976908_n

12516409_10207413125420748_213540917_n

12595924_10207413125380747_540970792_n

12596339_10207413097780057_1432819853_n

A.Г.

Дипломи за учесниците, добитниците на награди и институциите на меѓународниот карневал „Прочка 2016“

 

[Best_Wordpress_Gallery id=”180″ gal_title=”NagradenimaskiProcka”]

Денеска во просториите на општина Прилеп беа доделени дипломите на учесниците, добитниците на награди и на институциите кои дадоа огромен придонес за успешна реализација на јубилејниот Меѓународен карневал „Прочка 2016“.

НАГРАДЕНИ:

Нај Маска

„Последното Исусово Искушение“ – Танц студио „Зодијак“

Традиционални групни маски – возрасни

1 место – „Весели тутунари“ – Прилеп

2 место – „Вила Зора“ -Велес

3 место – „Животот во Куратица“ – Куратица

Современи групни маски – возрасни

1 место – „Ангелмен“ –ООУ „Климент Охридски“

2 место – „Ѕвер“ – СОУ„ Ѓорче Петров“

3 место – „Вистински во Рио“ – Злетово

Самостојна маски

1 место – „Змеј“ – СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“

Детска маска – Јуниор

1 место – „Велигденски јајциња“ – ООУ  „Гоце Делчев“

2 место – „Афричко племе“- Детска градинка „Наша Иднина“

3 место – „Возот на среќата“ – ООУ  „Гоце Делчев“

 Детска маска – Сениор

1 место –„Пехарите“ – ООУ „Кочо Рацин“

2 место – „Каменковци“ – ООУ „Рампо Левката“

3 место – „Алиса“ –ООУ „Климент Охридски “

 

Истекува продолжениот рок за легализација на дивоградбите, прочитајте до кога можете да поднесете барање !

-520x372

Истекува продолжениот рок за легализација на дивоградбите. Имено на 11.11.2015, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, истакна дека претходниот рок се продолжува со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните.

Сите граѓани кои не поднеле барање за легализација на дивоградба, тоа можат да го сторат најдоцна до крајот на месецот, односно заклучно со 31.03.2016год. Притоа услов е објектот кој е предмет на легализација да е изграден заклучно со 3 март 2011 година.

Исто така за оние граѓани кои имаат поднесено барање за легализација, геодетските елаборати можат да ги достават до 31 декември 2016 година. Претходниот рок за поднесување на елаборатите беше до 31 декември 2015година. Оваа измена е направена со цел на граѓаните да им се остави простор да имаат време за достава на елаборатите кои се клучен документ во процесот на легализација, а на геодетските фирми  им се овозможи полесно да ја вршат работата бидејќи со минатиот рок немаа доволно време да ги изработат сите поднесени барања.

А.Г.

Преку лотарија до награда, убав начин да се мотивираат вработените

12814790_977828812307860_3544447820550641502_n

Текстилната компанија Комфи Ангел од Прилеп на интересен начин успева да ги мотивира своите работници. Од минатиот месец во компанијата еднаш месечно се одржува лотарија, преку која се наградува по еден работник со значителна сума на пари.

Притоа во лотаријата партиципираат сите вработени во компанијата. Ова е уникатен начин на комуникација со вработените,  кој ретко каде го има во другите компании.

Секоја чест до менаџерскиот тим на Комфи Ангел, со ова по којзнае кој пат докажуваат дека оваа компанија во многу се разликува од другите текстилни компании.

12832301_977828748974533_7728656906910150151_n

1924113_977828742307867_8056277559480785996_n

12823338_977828745641200_6255140055006888369_o

А.Г.

Бесплатни претстави по повод Светскиот ден на театарот за деца

 

Kako se stanuva car

Театарот,,Војдан Чернодрински,, во недела 20.3.2016 ќе ја израдува најмладата публикa во Прилеп. Бесплатно ќе бидат прикажи две претстави за деца по повод Светскиот ден на театарот за деца. Од 12 часот децата ќе можат да ја проследат претставата,, Како се станува цар,, во режија на Кирил Петрески. Станува збор за приказна сместена во малиот свет на инсектите на царот Дувниветре, преку која се пренесува потребата од човечки вредности – љубов, другарство, дарежливост, искреност. Во претставата играат: Најдо Тодески, Виолета Чакарова, Зоран Иваноски, Марија Спиркоска – Илијоска, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Димитар Георгиевски и Михајло Миленкоски.

Volsebnikot od Oz pred najmladite

Од 17 часот во недела најмладите ќе можат да уживаат во,,Волшебникот од Оз,,, интересната бајка во која се говори за другарството. Претставата е мултимедијална, работена во современ стил, со многу музика, кореографија и актерска  игра. Во претставата играат Марија С.Илијеска, Александар Тодески, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Димитар Вандески, Илија Волчески, Михајло Миленкоски…

Кое е најчестото презиме во Македонија?

Чешкиот лингвист, математичар и уметник Јакуб Маријан изработи карта на која се претстави најпопуларните презимиња во Европа по држави.

preziminja-mapa

Покрај мапата со оригиналните презимиња, Маријан изработи уште една на која се прикажани значењата на тие презимиња.

Така, според картата на Маријан, најпопуларно презиме во Македонија е Стојановски.

Презимето Новак, пак, е најпопуларно во Хрватска, Словенија, Полска и Чешка, додека Иванов е најчесто во Бугарија, Белорусија и Естонија.

– Поминав голем број часови гуглајќи, обидувајќи се да пронајдам податоци на некој од јазиците кои ги зборувам. Секако не ги зборувам сите јазици на државите кои се на мапата, па ги преведував со помош на речник. Почетната точка ми беше напис на Википедија, но за голем број податоци во него немаше наведен извор или едноставно беа целосно неточни, така што секогаш барав примарен извор, изјави Маријан за порталот „Инди100“.

Откако ги пронашол најчестите презимиња во секоја земја, Маријан за секое од нив нашол и соодветен превод со помош на етимолошки и генеалошки речници.

Прилепските музичари во чест на Toni Busterot

image001

Во четврток 31.03.2016, третa година по ред, прилепските музичари ќе се соберат на Jam Session и ќе отсвират во чест на нивниот починат другар, музичар, Тоni Busterot.  Придонес кон музичката програма ќе дадат: Crossroad Blues Band, Ben Hur, Rock Blues Band, Banda Band, High Start, Џоџо и Емил, Жарко Точакот, Зоки Увцето, Шабанот, Пеце Гаврил Бенд, а поканети се и сите дурги добронамерници кои сакаат да отсвират нешто или сакаат да се дружат.

Горан 4 жени ги држел на ланци и ги продавал за 500 денари – живееле во измет

zeni (1)

Четири жени биле малтретирани, продавани, силувани и мачени од страна на 52-годишниот Горан М. од Србија. Монструмот од Смедерево ги оставал жените заклучени со синџири и ланци, ги ранел со живо месо и ги продавал за 1.000 динари.

Тој ја користел нивната тешка финансиска состојба, за да се изживува над нив. Тие биле зависни од дрога и алкохол, па тој ја користел и нивната зависност за да ги продава за само 1000 динари или околу 500 денари. Во куќата во која ги чувал биле врзани со ланци. Тука вршеле нужда, тука јаделе живо месо и замрзнат зеленчук, и биле целите со модринки по телото.

Жените биле на возрасо од 20 до 40 години.

– Едната од нив која била најубава ја земал за себе, не сакал да се проституира за разлика од другите. Ги возел во село близу Смедерево, чекал да заврши сексуалниот чин и ги враќал. Жестоко ги тепал и ги казнувал. Биле врзани живееле во смрдеа и измет, велат за српскиот Курир извори на истрагата.

Инаку, овој настан бил откриен сосема случајно откако Горан бил фатен за друго кривично дело.

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Пресврт со времето

vreme1 (1)

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападниот дел од земјава ќе има зголемена облачност и краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Весна го грабна задникот на Жаре во Еден на Еден!

Screenshot_1

Следува уште една одлична епизода од Еден на Еден, оваа сабота во 19:15 часот на Телма.

Весна Петрушевска ќе биде гостинка, а од неа како и секогаш очекуваме многу скокотливи теми, многу хумор и позитивна енергија.

Ако тоа не е доволно, за оваа сабота Жаре и екипата подготвиле како што најавуваат “епска рап битка меѓу Груевски и Заев”!

После урнебесниот рап на новинарите Васко Ефтов и Чомовски во Еден на Еден, очигледно дојде ред и на политичарите.

Не ја пропуштајте Еден на Еден во сабота, 19:15 часот на Телма.