Горан 4 жени ги држел на ланци и ги продавал за 500 денари – живееле во измет

zeni (1)

Четири жени биле малтретирани, продавани, силувани и мачени од страна на 52-годишниот Горан М. од Србија. Монструмот од Смедерево ги оставал жените заклучени со синџири и ланци, ги ранел со живо месо и ги продавал за 1.000 динари.

Тој ја користел нивната тешка финансиска состојба, за да се изживува над нив. Тие биле зависни од дрога и алкохол, па тој ја користел и нивната зависност за да ги продава за само 1000 динари или околу 500 денари. Во куќата во која ги чувал биле врзани со ланци. Тука вршеле нужда, тука јаделе живо месо и замрзнат зеленчук, и биле целите со модринки по телото.

Жените биле на возрасо од 20 до 40 години.

– Едната од нив која била најубава ја земал за себе, не сакал да се проституира за разлика од другите. Ги возел во село близу Смедерево, чекал да заврши сексуалниот чин и ги враќал. Жестоко ги тепал и ги казнувал. Биле врзани живееле во смрдеа и измет, велат за српскиот Курир извори на истрагата.

Инаку, овој настан бил откриен сосема случајно откако Горан бил фатен за друго кривично дело.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.