Како да препознаете лажен мед?
Медот е најевтиното здравје што може да се купи и затоа кога го купувате овој продукт не треба да штедите. Во продавниците медот е индустриски, но на пазарите, за жал често може да наидете на лажен мед, па тоа што е поевтин не значи дека ќе заштедите, туку дека само ги фрлате парите, затоа што од него нема никаква здравствена корист.
Фалсификаторите мошне вешто го користат незнаењето на потрошувачите, свесно ги трујат, но и го загрозуваат нивниот стандард. Затоа еве како без лабораториски услови во домот да проверите што сте купиле и никогаш повеќе да не одите на таа тезга.
Во супена лажица ставете малку мед. Држете ја лажицата над пламен од свеќа и постепено загревајте го додека медот не зоврие. Ако не ја менува бојата и мирисот, тогаш е вистински, ако потемне или мириса на шербет, тогаш е фалсификат.
Во сад ставете две супени лажици мед. Додадете шест супени лажици алкохол и постепено загревајте на електричен шпорет 10 минути. Несмее да се загрева на отворен пламен поради можноста алкохолот да се запали. Ако на дното се појави бел талог, тогаш медот е фалсификуван.
Во чаша ставете една супена лажица мес и исто толку дестилирана вода. Добро измешајте и додадете неколку капки јод. Ако добие сина боја, тогаш не е мед, туку е фалсификат во кој е додаван скроб или желатин.
ПРОМЕНА НА ПОКРИВОТ НА ПП ДОМ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ
Денес започна отстранувањето на стариот покрив на објектот во центарот на Кривогаштани во кој се сместени Територијалната противпожарна единица, клубот на пензионери и матичната служба во општината.
Досегашниот покрив беше стар и во лоша состојба кај кој при обилни врнежи доаѓаше до прокиснување и оштетување на објектот и ентериерот.
Општината со инвестиција од сопствени средства од околу 300.000 денари ќе го промени досегашниот покрив со нов лимен покрив со што ќе се заштити објектот и ќе се подобри неговата функционалност.
Ова е само надополнување на досегашните заложби на општината за подобрување на условите за работа на службите кои работат во интерес на граѓаните со што се подобрува нивното функционирање и квалитет.
Ангеловски: Враќањето на Пандев е голем мотив за сите во тимот
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, очекува враќањето на Горан Пандев во националниот тим да ја подигне атмосферата и да го зголеми мотивот кај останатите играчи за постигнување подобри резултати во новиот квалификациски циклус.
– Горан Пандев ќе биде предводник на селекцијата и тоа е најдобрата вест за македонскиот фудбал. Повратници во тимот се Адис Јаховиќ, како и Мартин Богатинов и Јован Костовски. Имаме проблеми со голманите, Давид Митов е повреден, а во составот се Столе Димитриевски и Мартин Богатинов, кој стандардно брани на Кипар. Приоритет е фудбалерите да се стандардни. Сите што се повикани се стандардни, освен Александар Трајковски кој игра во врвна лига, во тимот сменија многу тренери, но очекувам да се наметне. Проблем е и повредата на Мојсов, кој не може да помогне на овие натпревари, вели Ангеловски.
За претстојните пријателски средби со Словенија и Бугарија, Ангеловски смета дека резултатите се битни, иако се работи за контролни мечеви.
– Резултатот е најбитен, иако е пријателски натпревар. Словенија и Бугарија се исклучително квалитетни селекции, ние и понатаму ќе настојуваме да играме со квалитетни противници, се со цел подготвени да бидеме за квалификации.
Македонија на 23 март и гостува на Словенија во Копер, додека на 29 март ја пречекува Бугарија на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Кучиња скитници до смрт изгризале жена во Центар Жупа
Глутница кучиња скитници, претпладне, во селото Баланци, општина Центар Жупа, нападнале и до смрт изгризале жена на околу 58 годишна возраст.
Според жител на селото жената била нападнат додека фрлала отпад, на селска депонија. Веднаш била пренесена во Општата болница во Дебар, каде починала.
На местото на настанот се врши увид, а телото ќе биде дадено на Судска медицина заради обдукција. Од Секторот за внатрешни работи најавија детали за подоцна.
Жителите на ова и другите села се жалат на масовно присуство на кучиња скитници.
Инаку, во инфективното одделение при Општата болница во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, во просек годишно евидентирани се до 80 каснувања од куче, но ова е прв ваков случај.
Отварајте четири очи кога плаќате за ова во Македонија!
Државниот пазарен инспекторат минатата година спровел 5.016 надзори врз основа на Законот за заштита на правата на потрошувачите, од кои над 1.000 биле врз основа на пријави од потрошувачи.
Граѓaните најчесто се жалат за купена неквалиттена бела техника, мобилни телефони и компјутери, има претставки и за одредени кабелски оператори, фиксна мобилна телефонија, интернет, комунални услуги, дистрибуција на електрична и топлинска енергија, за храна со поминат рок, но и за случаи со неточни цени кои се ставени пред производите во маркетите.
Погрешна цена на гондола – Не ме засега, ќе платам онолку колку што пишува!
Потрошувачите треба да знаат дека според Законот, важечка е онаа цена која што е објавена на гондолата, а не таа што ја имаат во евиденцијат на компјутерот пред каса. Во Законот за заштита на потрошувачите, јасно пишува дека:
„Трговецот мора на јасен, видлив, читлив и недвосмислен начин да ја истакне продажната цена на производите и услугите, односно на продажното место на кое се изложени производите, на производите во рефусна состојба, на услугите кои ги дава и на резервните делови кои ги продава“
Продажната цена мора да биде напишана на производот, односно амбалажата, на продажното место на производите, како и на производот во излогот. На производот, освен цената од ставот 4 на овој член, не смее да се истакнува друга цена. Цената за единица мерка за претходно спакуваниот производ се истакнува на продажното место на производот. Трговецот мора да се придржува на истакнатите продажни цени и условите за продажба“.
Веројатно, на секому му се случило во некоја продвница да прочита дека купената стока не се враќа и не се заменува. Спротивно на ова, во Законот за заштита на потрошувачите стои дека „Потрошувачот има право кај трговецот кај кој е купен производот да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини“.
Ова право може да се оствари во рок од 15 дена од денот кога е купен производот, секако, доколку производот не е употребуван.
Според информациите од Организацијата на потрошувачи, граѓани се пожалиле и на квалитетот на одредени делови за автомобилите, а најчесто се работело за неквалитетни акумулатори кои пројавувале недостаток во гарантен рок. Од производите за лична употреба најчесто потрошувачите имаат проблем со чевлите кои им се оштетиле за само неколку дена, а потоа следи неквалитетната облека која, исто така многу брзо се оштетувала или избледувала.
Во делот на услугите, потрошувачите најчесто се жалат на туристичките аранжмани, најчесто во летниот период за време на годишните одмори, а поплаките се однесувале на неисполнување на дел од понудите и целосно откажување на аранжман.
Во сето ова, добро е што е свеста на потрошувачите за своите права е зголемена, а надлежните постојано апелираат секој проблем поврзан со кршењето на нивните права да го пријават во Организцијата на потрошувачи и Државниот пазарен инспекторат.
ФОТО: Каролина Гочева во врска со синот на позната дизајнерка?!
Македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева е во врска со скопјанецот Михаил, синот на дизајнерката Лиле Корубин, пишува Либертас.
Извори за порталот велат дека Каролина веќе два месеци ја крие врската со Михаил од јавноста и дека е многу заљубена.
Таа и Михаил се запознале на една забава и од тогаш се неразделни.
Македонско знаме гордо се виореше синоќа на Алиенц Арената
Прилепчанецот Дејан Стојаноски, синоќа не го исплаши ниту цела армија навивачи на Баерн Минхен, сам со развиорено македонско знаме навиваше за својот омилен клуб Јувентус.
Сам патувал до стадионот во автобус полн со навивачи на Баерн, а на стадионот речиси до крајот на натпреварот бучно и жестоко си навивал за Јуве.
Како да престанете да ги апсорбирате туѓите негативни емоции?
Како да престанете да ги апсорбирате туѓите негативни емоции? Лошото расположение и песимизмот се „заразни“. Како да научите да им се спротивставите? Емоциите, особено стресот, гневот, разочарувањето, шокот – тоа се енергии. И вие можете да ја „фатите“ таа негативна енергија што ја емитуваат другите луѓе, а дури не сте ни свесни за тоа.
Сите луѓе се емотивни сунѓери, но степенот на „впивање“ е различен кај сите. Некои можат слободно да пливаат во куп и маса од негативност, без да чувствуваат многу непријатност. А кај некои овие фрустрации може да доведат и до самоубиство. Она за што говориме се вика емпатија.
Некои луѓе со своите напади на паника не „заразуваат“ ни го уништуваат животот, а вие никогаш за тоа сериозно не сте размислиле.
Од енергетската точка на гледиштата, негативните емоции може да ги имаат следните последици:
Можете да ја почувствувате туѓата болка како своја.
„Општите“ проблеми стануваат ваши лични проблеми.
Во овие случаи, емпатијата, особено во комбинација со немоќта може да биде причина за сериозна депресија. Еве неколку совети како да го сопрете апсорбирањето на емоциите на другите луѓе:
-
Одредeте колку силно врз вас влијае емпатијата
Еве неколку типични знаци дека сте емпатична личност.
-Луѓето ве викаат „хиперсензитивна личност“ или „премногу чувствителна“. Тие не знаат дека ова не е комплимент и дека не е решение.
-Го чувствувате стравот, неспокојството и стресот што ви ги пренесуваат другите луѓе. Вие буквално физички ги чувствувате.
Сама по себе таа способност не е лоша, но морате да го минимизирате влијанието на другите луѓе што не ви се допаѓаат или ги познавате. Разговарајте само со пријателите, колегите и членовите на семејството.
-Мошне брзо се заморувате кога сте помеѓу толпа луѓе. Само по неколку часа вечерна забава вие се чувствувате исцрпено, несреќно и истрошено.
-Шумовите, постојаниот непријатен мирис и неопходноста од постојани разговори, сериозно ги подриваат вашите нерви.
-За да се наполните со енергија, мора да бидете во состојба на потполен одмор.
-Постојано размислувате за тоа што го проживувате.
Обидете се да го сфатите било кое искуство, да ја анализирате секоја ситуација до најситните детали. Лесно може да ги повредат вашите чувства, но вие избегнувате конфликти.
-Вие сте „великодушен“ соговорник и добар слушател.
-Вие постојано се трудите некаде нешто да поврзете или нешто да однесете.
-Интимата понекогаш може да ве уплаши толку многу што ќе чувствувате напад на гушење и губење на самиот себе си.
-
Побарајте го изворот на неспокојството (повеќе за ова на следната страна)
Запрашајте се што чувствувате вие – дали тоа се ваши емоции или туѓи? Од каде дошла таа емоција? Стравот и гневот речиси никогаш не се раѓаат во главите на емпатичните личности, но тие добро ги прифаќаат. Обидете се одредите каде и во кого се наоѓа генераторот на вашето неспокосјтво. Можеби за ова добро ја одработиле својата работа електронските медиуми.
-Штотуку сте погледнале некоја комедија во кино и сте во одлично расположение. Наеднаш сте се сретнале со некои од пријателите или членовите на семејството – и целото нерасположение исчезнува. Дали тоа ви се случувало? И дали тоа може да ви се случи?
Тоа истото го чувствувате кога ќе одите во некој трговски центар или на концерт. Местата исполнети со луѓе ве задушуваат? Можеби сето тоа е така затоа што апсорбирате негативни емоции од другите во толпата.
-
Избегнувајте го изворот на неспокојство, по секоја цена
Обидете се на почетокот да поразговарате со оние личности што ви се непријатни со поголема оддалеченост од вообичаено. Зачекорете наназад, застанете подалеку. Овој трик навистина делува.
Немојте да се грижите дека некого ќе повредите. Немојте да одите на друго место во автобус, ако до вас седи некоја личност што ви мириса непријатно. Ако до вас во близина седат тажни луѓе тогаш преместете се. Станете и заминете.
-
Во секоја нејасна ситуација – сконцентрирајте се на дишењето
Дишењето – тоа е она што го поврзува вашиот мозок со вашата ситуација. Сконцентрирајте се на неколку минути на дишењето. Вдишете спокојство, а издишете ја негативноста. Ова ќе ви помогне да се почувствувате себе си во времето и во просторот и да ја исчистите главата од стравот и другите тешки емоции.
Замислете ја негативноста како сива магла која излегува од вашето тело. Но при вдишувањето замислете дека врз вас паѓа зрак од слатна светлина. Ова е едноставна практика која може да ви даде брзи резултати.
-
Користете штит
Може да се користи за нас замислен пригоден облик на заштита. Секој пат кога сте во друштво на тешки и непријатни луѓе, мисловно замислете се себе си дека висите во воздух во бел пакет. Бојата, во принцип може да биде било која – само треба да чувствувате дека ви дава сила. Мислете за овој пакет како за штит што ја одбива целата негативност и нелагодност. Дозволете си себе си од окружувањето да го земате само позитивното.
-
Управувајте со емоционалните преоптоварувања (повеќе на следната страница)
Научете да ги препознавате луѓето што ја цицаат енергијата од другите и избегнувајте ги. Во масата на непознати луѓе завземајте ги маргиналните места. Избегнувајте комуникација со „емоционални вампири“.
И ако е возможно, јадете. Штетните производи, што се богати со шеќер, може да ви помогнат да се соберете и да се опуштите.
Уверете се себи си, дека во било кое друштво не зависите од другите луѓе. Секогаш со вас треба да имате пари за такси, за да не бидете врзани за никого. Уверете се дека во секој миг можете на тој начин да стасате дома. Тоа ќе ви даде самодоверба.
Исто така, потребно е да имате свое место во домот и тоа место каде што можете да бидете сами. Ова може да биде агол за читање или маса со компјутер.
-
Барајте позитивни луѓе и позитивни ситуации
Повикајте некој пријател со кого уживате да го поминувате времето. Одете во бар со некој колега, со кого ви е интересно да разговарате за време на паузите. Апсорбирајте ја нивната позитивност и самодоверба.
Надежта исто така е заразна и таа само по себе го крева расположението. Бидете сочуствителни не само кон другите, туку и кон себе си. Останете чувствителни, но избегнувајте ги стресните ситуации.
-
Одете во природа – дури и кога сте сами
Морате да имате свои омилени места каде што ќе се храните со позитивна енергија. Подобро е ако тие се во природа. Да знаете, каде треба да одите на еден час или два за да се одморите и да ги наполните батериите. Тоа може да биде некое шеталиште, парк, шума надвор од градот или некое езеро.
Дома на работната маса, добро е на мониторот да имате пејсажи од некоја бујна шума, водопади, диви плажи.
Понекогаш наутро обидете се да одите во шумата на периферијата. Почувствувајте ја маглата, росата, мирисите.
Практикувајте јога или други техники на дишење. Мора да имате некој емотивен центар каде би побегнале за време на олујата.
Во прекин обиколницата Битола- Ресен
Општинскиот пат Долни Полог-Облешево, пред Кочанска река, е во прекин поради прекопан коловоз, односно направен е канал за одводнување на атмосферската вода од дождовите.
Поради свлечиште на патниот правец А-три, обиколница Битола-Ресен, патот е се уште во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку Битола, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Општинскиот пат Долни Полог-Облешево, пред Кочанска река, е во прекин поради прекопан коловоз, односно направен е канал за одводнување на атмосферската вода од дождовите.
На патниот правец Марвинци–Балинци–Брајковци, под надвозникот кај клучката Марвинци, поради излевање на каналите има вода на коловозот. Се препорачува користење на алтернативниот патен правец Удово–Валандово–Гевгелија и обратно.







































