дома блог страница 5391

20 медали за Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп од Државно првенство

12910078_10209240403915864_1274638506_n

На 27.03.2016 во Прилеп во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо Клубот „Сеишин“-Прилеп се одржаа Државно Првенство за возрасните категории Кадети-ки и Деца. На овие првенства настапија околу 190 натпреварувачи од вкупно 16 клубови од Р. Македонија.

Државните првенства во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп ги проследија околу 700 љубители на спортот со преполни трибини. Борбите се одвиваа на 3 борилишта (џудо татами) и беспрекорна- одлична техничка организација која доликува за  еден ваков настан.

IMG_9454

Првенството го отвори Генералниот Секретар на Џудо Федерацијата на Македонија а воедно и Претседател на Џудо Клуб СЕИШИН – Прилеп Г-ин Дејан Ширкоски а подоцна на присутните им се обрати и Градоначалникот на општина Прилеп Г-ин Марјан Ристески.

IMG_9486

IMG_9435

IMG_9437

Посебно светло на овој настан даде свеченето доделување на Благодарници на Џудо Ветраните (пионерите на џудото во град Прилеп), на иницијатива на Иницијативниот одбор на Џудо Ветерани по повод 50 годишнината од започнувањето на практицирањето на џудо спортот во Прилеп. Иницијативниот одбор го претставуваше 65 годишниот моментално активен Џудист во клубот СЕИШИН, Г-ин Киро Здравески, а присутни беа околу 35 џудо ветерани-ки.

12903899_1138337282851120_2024687005_o

12910654_10209240402275823_1058814018_n

12910678_10209240400595781_2014791996_n

Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп зеде учество со вкупно 23 натпреварувачи (11 во кадетска и 12 во  конкуренција деца) а освоени се вкупно 20  медали (4 златни, 4 сребрени и 12 бронзени).

Поединечно резултати:

Деца-момчиња

-22кг. Борис Џагадуроски 2 место

-34кг. Никола Магдески 1 место

 -42кг. Дино Рошкоски 3 место

-42кг. Леонид Митрески 3 место –

46кг. Стефан Станкоски 3 место

 -46кг. Александар Николоски 3 место

-50кг. Димитри Џокоски 1 место

+50 кг. Андреј Сотироски 3 место

12887429_1138337442851104_670937305_o

12896270_1138339966184185_825139022_o

Деца-девојчиња

-21кг. Теа Настоска 2 место

-21кг Теона Настоска 3 место

-36кг. Теодора Тасеска 1 место

Кадети

-66 кг Марио Тошески 3 место

-81кг Михаел Конески 3 место

+90 кг Марио Цинцароски 2 место

 +90 кг Јован Најдоски 3 место

Кадетки

-48кг. Михаела Ржаникоска 3 место

-63 кг. Михаела Пешталеска 2 место

 -63 кг Христина Ковилоска 3 место

 +70 Александра Најдоска 1 место

+70 Стефани Петреска 3 место

IMG_9404

IMG_9497

IMG_9387

Веќе во Петок на 01.04.2016 во Кавадарци во Организација на Федерацијата на училишен спорт и Џудо Федерацијата на Македонија, следува Државното првенство во џудо за учениците во Основните Училишта.

ХАОС ВО ГРЦИЈА: Мигрантите палат православни икони и бараат забрана за црковните ѕвона

Калавритски митрополит Амвросије упати итно обраќање по повод ситуацијата во Грција, пренесува AgionOros.ru.

manasti-u-grckoj_800

“Од ден во ден станува се поочигледно дека мигрантите и илегалците ја освојуваат Грција”. – вели во своето обраќање митрополитот Амвросије за овој портал.

“Од своја страна, политичкиот систем ги прифаќа, ги штити и им создрава поволни услови! Никој за ништо не се грижи…

Еден министер од владеачката партија СИРИЗА завчера кажа отворена глупост: “Со помош на имигрантите ќе се реши демографскиот проблем на Грција”. Како што гледаме, Владата ги брани освојувачите на нашата земја.

Меѓутоа, освојувачите веќе започнаја со своето разорно делување.

Ги тргаат иконите од ѕидовите на храмовите и капелите и ги фрлаат во оган за да се згрејат.

Од митрополитот Серафим во Пиреј бараја да го тргнат православниот крст.

Во градот Кавала нелегалните имигранти муслимани ја тргнаја иконата на Богородица во едно училиште и бараја да не ѕвонат црковните ѕвона….!

Вчера во Солунскиот регион муслиманите делеја брошури на грчки со следната содржина: “Грци, поверувајте во зборовите на пророкот Мухамед за да се спасите. Војната е дојдена во вашата земја. Крвта на неверниците ќе течи како река. Потпис: војниците на Алах”.

На државната грчка телевизија веќе се прикажува издание на дневникот на арапски јазик!

Разбудете се ! Станете од сонот!

Погледајте што се случува наоколу! Грција пропаѓа!

Полека умираме. Го снемува нашиот православен и црковен идентитет! Зарем сакате да се предадете без битка? Размислете!”.

A.Г.

Комплетно реновирана средната читална во градската библиотека “Борка Талески”

IMG_8697

Средната читалана која е во склоп на градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп е комплетно реновирана. Станува збор за промена на покривот, поставување на нови електрични светилки, нови бироа, маси за компјутери. Во средишниот дел е поставена бонсаи градина која претставува вистинско освежување.

IMG_8688

IMG_8695

IMG_8696

„Со ботаничката градина се облагороди просторот во читалната. Оваа инвестиција чини 550.000 илјади денари средства обезбедени од  Локалната самоуправа“, посочи во својата изјава Петар Петрески,  директор на библиотеката.

Токму во овој дел што се користи како читална и интернет клуб, ќе бидат набавени и 10 нови компјутери, а во одделеот за деца треба да биде обновен интериерот, приоритет на кој ќе се посвети директорот и вработените во библиотеката „Борка Талески“.

IMG_8699

IMG_8680

IMG_8693

IMG_8698

Постот ја прочистува душата, но ја подмладува кожата и ја зајакнува крвта

Постењето освен што ја прочистува душата, исто така го прочистува и телото.

post-640x320

Имено, постот претставува еден вид на внатрешна операција на организмот, го задржува внатре она што е здраво, а го остранува она што е нездраво. За време на постењето се намалува телесната тежина, а оние кои се анемични се препорачува да постат затоа што на тој начин се зголемуваат белите крвни зрнца.

Постот исто така ја подмладува кожата, ја подобрува структурата на ткивата и и` дава сјај.

Ако овој хороскопски знак ви каже „Те сакам“, да знаете дека ве лаже

 

ljubov (1)

Ако ви кажат дека ве сакаат можеби би требало таа изјава да ја заверат на нотар. Станува збор за родените во знакот Близнаци.

За нив зборовите „Те Сакам“ се исто како „Добар ден“ и немаат никакво значење. Доколку ги потсетите дека ви ги изговорил овие зборови што би требало да ги сфатите сериозно, тој ќе се прави наудрен.

Доколку се сети дека ви изјавил љубов, ќе каже дека само се шегувал. На Близнаците им треба многу време за да се врзат, но најмногу и над се, најмногу се сакаат себе си. Она што е сигурно – со нив во врска неможе да ви биде здодевно. Знаат да бидат духовити, забавни, авантуристи, но врзувањето и бракот тешко им одат од рака.

Ако се вљубите во близнак бидете внимателни, затоа што секогаш ви се заканува опасност да ви го скрши срцето. Дури и кога тоа го прави на своја штета. Може да страда затоа што не сте заедно, да му биде тешко, но тоа нема да го признае ниту под тортура.

ДИК стартува со теренската проверка

Државната изборна комисија денеска треба да ја започне теренската проверка на 89.383 спорни записи во Избирачкиот список.

dik-1-1

Материјалите за анкетирање на гласачите, како што информира вчера претседателот на ДИК Александар Чилаковски, веќе се доставени до подрачните одделенија на Комисијата. Теренската проверка ќе ја вршат анкетари на ДИК за кои беше спроведена обука.

Тие ќе ги посетуваат граѓаните на домашна адреса. Доколку не бидат пронајдени дома, анкетарите ќе ги посетат уште еднаш, а доколку и тогаш не бидат најдени, на граѓаните ќе им биде доставено известување за да дојдат во подрачното одделение на ДИК.

ШОКАНТНО: Никогаш нема да пробате од овие сокови кога ќе ги погледнете овие фотографии!

Секојдневно конзумираме производи купени од маркети или од други места, но никогаш не можеме да бидеме сигурни во производот кој ни е понуден.

sok1

Едно е сигурно, откако ќе ги погледнете овие шокантни фотографии, за тоа во какви услови се произведуваат некои пијалаци, никогаш нема да ви текне повеќе да конзумирате од нив.

1 2 3 4 5

ВИДЕО – Набавете го ова и нема да се грижите за украсување на јајцата за Велигден

asasa

Оваа декоративна машина за јајца е направена со користење на LEGO материјали. Може да испринта 7 различни шари на јајце. Навистина одлично би им дошла на домаќинките при украсувањето на јајцата за Велигден.

А.Г.

Ќе се менува системот во фудбалската Лига на шампиони

wip_070815_ucl2015_logo_sting3486425020160324204118Многу е извесно, веќе од сезоната 2018-19 форматот на Лигата на шампиони да биде поинаков

Доста во последниве неколку месеци се споменуваше можноста да се организира Суперлига на Европа каде најдобрите клубови би играле лигашко натпреварување, а сега по прв пат се споменува и промена на форматот на Лигата на шампиони.

Наводно, веќе од 2018 година можно е да се случи Лигата на шампиони ќе се скрати на 16 клубови. Целта е исклучување на клубовите кои не се толку квалитетни веќе во раната фаза, во квалификациите, како и повеќе мечеви во кои ќе има голема неизвесност. Да видиме меѓу редови, и повеќе пари.

Промената ќе биде обелоденета веќе во септември оваа година, а ќе биде имплементирана во сезоната 2018-19.

Оваа трансформација на Лигата на шампиони со само 16 клубови подразбира дека ќе има уште една квалификациона рунда за влез во тоа натпреварување, со самото тоа и потежок пат кон елитата на Европа за помалите клубови.

Сеуште не е донесена конечна одлука, но од УЕФА истакнуваат дека се во преговори со клубовите и постојан контакт со нив, но и останатите интересни групи, како што се спонзорите и дека тие одат во позитивна насока.

Ова би можело да значи и чекор поблиску кон споменатата Суперлига на Европа во која би се играло лигашко натпреварување помеѓу најреномираните клубови од стариот континент.

А.Г.

ВИДЕО: Стави Nokia 3310 под хидраулична преса – дали телефонот е навистина неуништлив?

telefon (1)

Nokia 3310 е еден од најпопуларните мобилни телефони на сите времиња, а кај луѓето овој модел е познат како неуништлив. Сепак, дали овој легендарен уред ќе успее да ја преживее силата на хидраулична преса, ќе дознаете подолу…