Комплетно реновирана средната читална во градската библиотека “Борка Талески”

IMG_8697

Средната читалана која е во склоп на градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп е комплетно реновирана. Станува збор за промена на покривот, поставување на нови електрични светилки, нови бироа, маси за компјутери. Во средишниот дел е поставена бонсаи градина која претставува вистинско освежување.

IMG_8688

IMG_8695

IMG_8696

„Со ботаничката градина се облагороди просторот во читалната. Оваа инвестиција чини 550.000 илјади денари средства обезбедени од  Локалната самоуправа“, посочи во својата изјава Петар Петрески,  директор на библиотеката.

Токму во овој дел што се користи како читална и интернет клуб, ќе бидат набавени и 10 нови компјутери, а во одделеот за деца треба да биде обновен интериерот, приоритет на кој ќе се посвети директорот и вработените во библиотеката „Борка Талески“.

IMG_8699

IMG_8680

IMG_8693

IMG_8698




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.