20 медали за Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп од Државно првенство

12910078_10209240403915864_1274638506_n

На 27.03.2016 во Прилеп во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо Клубот „Сеишин“-Прилеп се одржаа Државно Првенство за возрасните категории Кадети-ки и Деца. На овие првенства настапија околу 190 натпреварувачи од вкупно 16 клубови од Р. Македонија.

Државните првенства во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп ги проследија околу 700 љубители на спортот со преполни трибини. Борбите се одвиваа на 3 борилишта (џудо татами) и беспрекорна- одлична техничка организација која доликува за  еден ваков настан.

IMG_9454

Првенството го отвори Генералниот Секретар на Џудо Федерацијата на Македонија а воедно и Претседател на Џудо Клуб СЕИШИН – Прилеп Г-ин Дејан Ширкоски а подоцна на присутните им се обрати и Градоначалникот на општина Прилеп Г-ин Марјан Ристески.

IMG_9486

IMG_9435

IMG_9437

Посебно светло на овој настан даде свеченето доделување на Благодарници на Џудо Ветраните (пионерите на џудото во град Прилеп), на иницијатива на Иницијативниот одбор на Џудо Ветерани по повод 50 годишнината од започнувањето на практицирањето на џудо спортот во Прилеп. Иницијативниот одбор го претставуваше 65 годишниот моментално активен Џудист во клубот СЕИШИН, Г-ин Киро Здравески, а присутни беа околу 35 џудо ветерани-ки.

12903899_1138337282851120_2024687005_o

12910654_10209240402275823_1058814018_n

12910678_10209240400595781_2014791996_n

Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп зеде учество со вкупно 23 натпреварувачи (11 во кадетска и 12 во  конкуренција деца) а освоени се вкупно 20  медали (4 златни, 4 сребрени и 12 бронзени).

Поединечно резултати:

Деца-момчиња

-22кг. Борис Џагадуроски 2 место

-34кг. Никола Магдески 1 место

 -42кг. Дино Рошкоски 3 место

-42кг. Леонид Митрески 3 место –

46кг. Стефан Станкоски 3 место

 -46кг. Александар Николоски 3 место

-50кг. Димитри Џокоски 1 место

+50 кг. Андреј Сотироски 3 место

12887429_1138337442851104_670937305_o

12896270_1138339966184185_825139022_o

Деца-девојчиња

-21кг. Теа Настоска 2 место

-21кг Теона Настоска 3 место

-36кг. Теодора Тасеска 1 место

Кадети

-66 кг Марио Тошески 3 место

-81кг Михаел Конески 3 место

+90 кг Марио Цинцароски 2 место

 +90 кг Јован Најдоски 3 место

Кадетки

-48кг. Михаела Ржаникоска 3 место

-63 кг. Михаела Пешталеска 2 место

 -63 кг Христина Ковилоска 3 место

 +70 Александра Најдоска 1 место

+70 Стефани Петреска 3 место

IMG_9404

IMG_9497

IMG_9387

Веќе во Петок на 01.04.2016 во Кавадарци во Организација на Федерацијата на училишен спорт и Џудо Федерацијата на Македонија, следува Државното првенство во џудо за учениците во Основните Училишта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.