Пробите за новата комедија „Девојките на Марко“ во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ се одвиваат со засилено темпо и голема посветеност од целиот тим. Актерите и креативната екипа интензивно работат на градење на сценскиот израз, носејќи свежа енергија и хумор на сцената.
Претставата е во режија на Синиша Ефтимов, со сценографија и костимографија на Илина Ангеловска. Улогите ги толкуваат Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска и Лора Штарго.
Премиерата на „Девојките на Марко“ се очекува кон крајот на мај, кога прилепската публика ќе има можност да ужива во ова ново комично остварување.



























