дома блог страница 5390

Доста беше: Русија веќе нема мирно да следи како САД се мешаат и уништуваат внатрешни работи во другите земји

Веќе нема да пасивен гледач и климач со глава со резолуцијата SB UN. За разлика од порано кога на одредени земји им се овозможуваше да ги менуваат геополитичките работи на одредени делови во светот, сега Москва нема веќе мирно да гледа како САД се меша во внатрешната политика на одредени земји, изјави Марија Захарова.

putin2-640x484

Потпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија додатно го предупреди Вашингтон: “Веќе работите нема да одар како што беше до сега. Нема веќе да се дава мандат за операција со употреба на сила, поготово не без полагање на сметка”.

Ова беше реакцијата на руската дипломатија на пораката на Москва од западот дека Русија веќе не треба да смета на “поранешните односи и на водење на бизнис as usual”.

Захарова уште нагласи: “Русија ја слушна таа порака, ја прифати и примени”.

Да потсетиме: официјален Вашингтон последните месеци во повеќе наврати ги предупреди и другите држави (дури и Јапонија), како и сопствените компании, дека не е време да со Русија се имаат “обични односи”.

А.Г.

MAРКУКУЛЕ АНКЕТА: Дали СДСМ повторно ќе бега од избори?

Изминатиот месец дена преку нашиот портал беше спроведена анкета која класеше: “На која пелагониска туристичка атракција и е потребна дополнителна промоција”?

Понудени одговори беа: Маркови Кули во Прилеп, манастирот Св. Преображение во с. Зрзе, локалитетот Стибера во с. Чепигово и локалитетот Хераклеа во Битола.

Од добиените резултати граѓаните во најголем број сметаат дека ваква дополнителна промоција најмногу е потребна за Марковите Кули во Прилеп. Потоа следуваше манастирот Св. Преображение, па локалитетот Стибера, а граѓаните сметаат дека најмала промоција е потребна за археолошкиот локалитет Хераклеа.

Нашата наредна анкета е поврзана со моменталните политички случувања во Република Македонија и гласи: “ДАЛИ СДСМ ПОВТОРНО ЌЕ БЕГА ОД ИЗБОРИ”?

  1. ДА – бидејќи знаат дека катастрофално ќе изгубат
  2. НЕ – имаат програма за победа
  3. НЕ СУМ СИГУРЕН/НА

[democracy id=”10″]

Нови правила за автошколите и за полагање за возачка дозвола

И покрај протестите на автошколите МВР во правилникот ја остави обврската во возилата да има камери.

avtoskola

Министерство за внатрешни работи подготви правилник со кој се пропишуваат поблиските критериуми, начинот на работа на автошколите, наставниот план и програма за обука, стручниот кадар, опремата со која треба да располагаат, како и евиденциите што треба да ги водат автошколите за оспособување на кандидати за возачи.

И покрај протестите на автошколите МВР во правилникот ја остави обврската во возилата да има камери.

Правилникот ви го пренесуваме во целост:

I. ОПШТА ОДРЕДБА

Член 1

Со овој правилник се пропишуваат поблиските критериуми, начинот на работа на автошколите, наставниот план и програма за обука, стручниот кадар, опремата со која треба да располагаат, како и евиденциите што треба да ги водат автошколите за оспособување на кандидати за возачи.

II. ПОБЛИСКИ КРИТЕРИУМИ, НАЧИН НА РАБОТА НА АВТОШКОЛИТЕ, СТРУЧНИОТ КАДАР И ОПРЕМАТА СО КОЈА ТРЕБА ДА РАСПОЛАГААТ

Член 2

Од страна на автошколата за оспособување на кандидатите за возачи се обезбедува:

1. просторија (училница) од најмалку 20 м2 деловен простор со видео надзор

опремена за изведување на теоретска настава;

2. простор уреден за прием на кандидати за возачи и за работа на стручниот раководител на автошколата, деловен простор од најмалку девет м2;

3. наставни средства, помагала и информатичка опрема за спроведување на наставната програма;

4. сообраќаен автодром (полигон);

5.возила за оспособување на кандидати за возачи и

6. стручен кадар.

1. Просторија (училница) опремена за изведување на теоретска настава

Член 3

(1) Просторијата за изведување на теоретската настава (во натамошниот текст: училницата) е опремена на начин што обезбедува услови за изведување на теоретска настава, непречено учење на кандидатот за возач и спроведување на пробниот тест.

(2) Училницата од ставот (1) на овој член располага со просторна површина од најмалку 1,5 м2 по кандидат за возач, односно најмалку пет м2 за предавачот по наставна програма за сообраќајните правила и прописи (теоретски дел).

(3) Училницата е опремена со видео надзор, една работна маса, една училишна табла и училишен прибор, техничкo – информатичка опрема според нормативот за опремување на училишен кабинет за сообраќајно образование и воспитание со можност за истакнување на цртежи и прикажување на филмови и анимации. Во однос на површината, опременоста, греењето, вентилацијата, осветлувањето и санитарниот чвор, училницата ги исполнува критериумите согласно прописите од областа на образованието и науката.

(4) За обезбедување на видео надзор согласно ставот (3) на овој член, училницата е опремена со камери кои согласно димензиите и карактеристиките на просторијата ќе овозможат квалитетен видео запис од кој може да се препознае кандидатот за возач и предавачот од целокупниот процес на обука по наставен план и програма од теоретскиот дел, со можност за архивирање и документирање на снимениот материјал од спроведеното оспособување на кандидат за возач.

(5) Снимениот материјал од ставот (4) на овој член се чува во просториите на автошколата 30 дена од денот на издадената потврда дека кандидатот поседува потребно знаење од правилата за сообраќајот на патиштата и сообраќајните знаци и потврда за спроведена обука по теоретскиот дел на програмата за оспособување на кандидат за возач, во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

2. Простор за прием на кандидати за возачи и за работа на стручниот раководител на автошколата

Член 4

(1) Просторот за прием на кандидати за возачи и за работа на стручниот раководител на автошколата, е уреден и обезбедува услови за менаџирање со работата на автошколата.

(2) Просторот од ставот (1) на овој член е деловен простор и ги исполнува стандардите согласно прописите за општите мерки за безбедност и здравје при работа за работни и помошни простории и простори.

3. Наставни средства, помагала и информатичка опрема за спроведување на наставната програма

Член 5

За спроведување на наставната програма, од страна на автошколата се обезбедува:

1. шеми на сообраќајни знаци, ознаки на коловозот и знаци кои во сообраќајот ги дава униформиран полициски службеник;

2. шеми, цртежи, фотографии или други помагала за објаснување на правилата на сообраќајот (престигнување, првенство на минување, промена на правецот на движење, престројување, запирање и паркирање, сопирен пат при разни брзини и сл.), сообраќајни ситуации и елементи на патот, кои може да бидат и во електронска форма;

3. модели или шеми на уредите на моторните возила што се од значење за безбедноста на сообраќајот на патиштата (уреди за управување, уреди за сопирање, уреди за давање светлосни знаци и за осветлување на патот и на возилото и за означување на возилото, пресек на пневматик и сл.), кои може да бидат и во електронска форма;

4. комплет опрема на возилата од соодветната категорија;

5. пресек, модел на дизел мотор или цртеж (со пресек) на дизел мотор за моторни возила од „Ц1“, „Ц“, „Д1“ и „Д“ категории;

6. шеми, цртежи, фотографии, филмови, соодветна информатичка опрема (компјутери, проектор, уреди за видео презентација, телевизор, графоскоп или други технички уреди) за изведување на настава и

7. потребна стручна литература од областа на прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата (закони, правилници, учебници, прирачници, тест-вежби и списанија) за оспособување на кандидати за возачи и за стручно усовршување на возачи-инструктори.

4. Сообраќаен автодром (полигон)

Член 6

(1) За почетното оспособување на кандидати за возачи на моторно возило или трактор, од страна на автошколата се обезбедува сообраќаен автодром (полигон), кој се состои од една или повеќе површини кои претставуваат целина, обележани сообраќајни површини за изведување на дејствија со возило што се предвидени во програмата за почетно оспособување на кандидати за возачи при практично управување со моторно возило или трактор, како и за полагање на возачкиот испит, а не се јавни патишта.

(2) Сообраќајниот автодром (полигон) има соодветен сообраќаен приклучок на јавен пат, а на видно место е истакната табла со димензии 160х100 см, на која е впишан бројот на одобрението за употреба и категориите за кои е издадено од страна на надлежното министерство, називот на правното или физичкото лице кое стопанисува со истиот, како и назив на субјектите кои го користат под закуп.

(3) Сообраќајно техничките елементи на сообраќајниот автодром (полигон) ги исполнуваат стандардите согласно техничките прописи за изградба на патиштата и се обележани и означени со вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација (сообраќајни знаци и ознаки на патот), согласно прописите за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот.

(4) Сообраќајно-техничките елементи на сообраќајните површини од ставот (3) на овој член се определени со Скица која е дадена во Прилог број 1, Прилог број 1.1, Прилог број 1.2 и Прилог број 1.3, кои се составен дел на овој правилник.

5. Возила за оспособување на кандидати за возачи

Член 7

Оспособувањето на кандидатите за возачи се врши со возила и тоа за:

1. „А1“ категорија со моторно возило од „А1“ категорија, мотоцикл без приколка, со зафатнина од најмалку 120 cm3, кој може да постигне брзина од најмалку 90 km/h;

2. „А2“ категорија со моторно возило од „А2“ категорија, мотоцикл без приколка, со зафатнина од најмалку 400 cm³ и моќност на моторот од најмалку 25 kW;

3. „А“ категорија со моторно возило од „А“ категорија, мотоцикл без приколка, со зафатнина од најмалку 600 cm³ и моќност на моторот од најмалку 40 kW;

4. „Б“ категорија со моторно возило од „Б“ категорија, кое може да има и автоматски менувач, возило на четири тркала што може да постигне брзина од најмалку 100 km/h;

5. „БЕ“ категорија со група возила „БЕ“ категорија, комбинација составена од возило од категорија Б и приколка со најголема дозволена маса од најмалку 1000 kg, што може да постигне брзина од најмалку 100 km/h, кое не спаѓа во Б категорија. Товарниот дел од приколката се состои од затворена кутија (постојана или привремена изведба со церада) која е широка и висока најмалку колку што е широко и високо моторното возило, а затворената кутија може да биде помалку широка од моторното возило доколку можноста за гледање преку ретровизор е можна единствено со употреба на надворешни ретровизори на моторното возило, а приколката има најмалку 800 kg реална вкупна маса;

6. „Ц1“ категорија со моторно возило од „Ц1“категорија, возило со најголема дозволена маса од најмалку 4000 kg, должина од најмалку 5 m, што може да постигне брзина од најмалку 80 km/h, опремено со анти-блокирачки сопирачки .Товарниот дел се состои од затворена кутија (постојана или привремена изведба со церада) која е широка и висока најмалку колку и кабината;

7. „Ц1Е“ категорија со група возила од „Ц1Е“ категорија, комбинација составена од возило од категорија Ц1 и приколка со најголема дозволена маса од најмалку 1.250 kg, оваа комбинација е со должина од најмалку 8 m и може да постигне брзина од најмалку 80 km/h. Товарниот дел од приколката се состои од затворена кутија (постојана или привремена изведба со церада) која е широка и висока најмалку колку и кабината, приколката има најмалку 800 kg реална вкупна маса;

8. „Ц“ категорија со моторно возило од „Ц“ категорија, со најголема дозволена маса од најмалку 12 000 kg, должина од најмалку 8 m, ширина од најмалку 2,4 m, што може да постигне брзина од најмалку 80 km/h, опремено со анти-блокирачки сопирачки. Товарниот дел се состои од затворена кутија (постојана или привремена изведба со церада) која е широка и висока најмалку колку и кабината, возилото има најмалку 10 000 kg реална вкупна маса;

9. „ЦЕ“ категорија со група возила од „ЦЕ“ категорија, комбинација од возило од Ц категорија и приколка со должина од најмалку 7,5 m, при што комбинацијата има најголема дозволена маса од најмалку 20 000 kg, должина од најмалку 14 m и ширина од најмалку 2,4 m и може да постигнат брзина од најмалку 80 km/h.Товарниот дел се состои од затворена кутија (постојана или привремена изведба со церада) која најмалку е широка и висока колку и кабината, комбинацијата има најмалку 15 000 kg реална вкупна маса;

10. „Д1“ категорија со моторно возило од „Д1“категорија, возило со најголема дозволена маса од најмалку 4000 kg, со должина од најмалку 5 m, може да постигне брзина од најмалку 80 km/h, опремена со анти-блокирачки сопирачки;

11. „Д1Е“ категорија со група возила од „Д1Е“категорија, комбинација составена од возило од категорија Д1 и приколка со најголема дозволена маса од најмалку 1250 kg и може да постигне брзина од најмалку 80 km/h.Товарниот дел од приколката се состои од затворена кутија (постојана или привремена изведба со церада) која е широка најмалку два метри и висока два метри, приколката има најмалку 800 kg реална вкупна маса;

12. „Д“ категорија со моторно возило од „Д“ категорија, возило со должина од најмалку 10 m и ширина од најмалку 2,4 m што може да постигне брзина од најмалку 80 km/h, опремено со анти-блокирачки сопирачки;

13. „ДЕ“ категорија со група возила од „ДЕ“ категорија, комбинација составена од возило од категорија „Д “ и приколка со најголема дозволена маса од најмалку 1250 kg, ширина од најмалку 2,4 m, може да постигне брзина од најмалку 80 km/h.Товарниот дел од приколката се состои од затворена кутија (постојана или привремена изведба со церада) која е широка два метри и висока два метри, приколката има најмалку 800 kg реална вкупна маса;

14. возачи на трактори, со трактор (со кабина) кој не е со гасеници и приклучно возило со носивост од најмалку 1.500 kg.

Член 8

(1) Возилата на автошколата за оспособување на кандидати за возачи и за полагање на возачкиот испит покрај задолжителната опрема согласно закон, се опремени и со:

1.внатрешно огледало за возилата од „Б“ категорија;

2. апарат за гаснење на пожар;

3. посебна ознака со натпис „Автошкола“ која ноќе и во услови на намалена видливост е осветлена. Ознаката е со димензии 75х15 cm. и има сопствен извор на светлина. Се поставува на највисокиот дел на возилата од сите категории, освен на возилата од категориите „А1“, „ А2“ и „А“;

4. Сигурносен рефлектирачки елек во жолта боја со впишана латинична

буква „L“ во бела боја со димензии 15х9х3 cm, на сина основа со димензии 25×25 cm. за возилата од категориите „А1“, „ А2“ и „А“;

5. Камера со двострано снимање со сопствен извор на напојување, поставена во внатрешниот дел на возилото на предното ветробранско стакло, освен за возилата од „А1“, „А2“ и „А“ категории и Ф национална категорија каде е поставена во возилото управувано од возачот инструктор кој ја спроведува обуката. Камерата овозможува квалитетен видео запис од кој може да се препознае кандидатот за возач и возачот инструктор, целокупниот процес на спроведената обука по наставниот план и програма од практичен дел со можност за архивирање и документирање на снимените податоци.

6. Уред за воспоставување аудио врска за возилата од категориите „А1“, „ А2“ и „А“.

(2) Посебна таблица со буквата „L“ на возилото со кое се врши практично оспособување на кандидатот за возач се истакнува на предната и задната лева страна од возилото, освен на возилата од категориите „А1“, „ А2“ и „А“, каде што се истакнува само една таблица на задната страна од возилото.

(3) Снимениот материјал од ставот (1) точка 5 на овој член се чува во автошколата, согласно прописите за заштита на личните податоци, во период од 90 дена од денот на издавање на потврдата на кандидатот за возач.

Член 9

(1) Возилата за оспособување на кандидати од категориите „Б“ „ Ц1“ и „Ц“ се опремени со двојни ножни команди, технички исправни и регистрирани во Република Македонија.

(2) Возилата за оспособување на кандидати за возачи од останатите категории треба да се технички исправни и регистрирани.

(3) Возилата од ставот (2) на овој член кои се користат под закуп, може да бидат закупени само од една автошкола, на начин што едно исто возило не се користи за обука во две автошколи.

6. Стручен кадар

Член 10

Стручниот кадар во автошколата го сочинуваат: стручен раководител, најмалку еден предавач по наставна програма за сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) и најмалку двајца возачи-инструктори од категоријата „Б“ за спроведување на наставната програма за управување со возило (практичен дел).

Член 11

(1) Од страна на стручниот раководител од членот (10) од овој правилник се планира и контролира наставниот процес во автошколата, се помага при спроведувањето на обуката со кандидатите за возачи, се води евиденција (освен евиденциите од член 29 став (1) точки 3 и 6 од овој правилник), се врши воведување во работата на новите возачи-инструктори и предавачи согласно наставната програма за сообраќајни правила и прописи (теоретски дел), се следи работата на автошколата, се надгледува работата на вработените, се анализира и следи работата на автошколите согласно законските и подзаконските прописи.

(2) Во случај на објективна попреченост во извршување на своите работни задачи (боледување и годишен одмор) стручниот раководител се заменува од страна на лице кое е вработено во автошколата, кое ги исполнува условите за стручен раководител, но не повеќе од 30 работни дена во текот на една календарска година.

(3) Заради сложеноста и спецификата на работа, стручниот раководител се ангажира од страна на автошколата на определено или неопределено време со полно работно време, согласно закон.

Член 12

(1) Од страна на предавачот по наставна програма за сообраќајни правила и прописи (теоретски дел), покрај спроведувањето на предвидената настава согласно предвидената наставна програма наменета за кандидати за возачи на моторни возила за определени категории, се проверува дали кандидатот за возач поседува потребно знаење од правилата за сообраќајот на патиштата и сообраќајните знаци пред да отпочне со практично оспособување и се водат евиденциите од член 29 став (1) точки 3 и 6 од овој правилник.

(2) Во случај на објективна попреченост во извршување на своите работни задачи (боледување и годишен одмор), предавачот по наставна програма за сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) во автошколата се заменува од страна на лице кое е вработено во автошколата и ги исполнува условите за предавач утврдени со закон, но не повеќе од 30 работни дена во текот на една календарска година.

(3) Заради сложеноста и спецификата на работата, предавачот по наставна програма за сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) се ангажира од страна на автошколата на определено или неопределено работно време со полно или скратено работно време, но не помалку од 20 часа неделно, согласно закон.

(4) Во случај кога автошколата има предавач на определено или неопределено време, со полно работно време согласно закон кој не е ангажиран како стручен раководител во автошколата, истиот може да врши практично оспособување на кандидати за возачи најмногу до 10 наставни часа неделно, согласно закон.

Член 13

(1) Кандидати за возачи од определена категорија на возила се оспособуваат од страна на возач-инструктор за спроведување на наставната програма од делот на управување со возило (практичен дел), согласно дозволата за возач-инструктор и лиценцата за возач-инструктор, на начин и постапка утврдени со закон.

(2) Заради сложеноста и спецификата на работа, возачот-инструктор се ангажира од страна на автошколата на определено или неопределено работно време со полно работно време, согласно закон.

III. НАСТАВЕН ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА ОБУКА

Член 14

(1) Наставниот план и програма за обука на кандидатите за возачи на моторни возила, возачи на мотоцикли и за возачи на трактори се состои од теоретски и практичен дел.

(2) Наставниот план и програма за обука на кандидатите за оспособување на кандидати за возачи за управување со мобилна машина, мотокултиватор, велосипед со помошен мотор, мопед и лесни четирицикли, се состои само од теоретски дел, за што автошколата издава потврда.

1. Теоретски дел

Член 15

(1) Теоретскиот дел на програмата за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила се состои од изучување на сообраќајни знаци, правила и прописи, како и хумано однесување и етика во сообраќајот.

(2) Теоретскиот дел на програмата за оспособување на кандидати за возачи на трактори, мобилни машини, мотокултиватори и велосипед со помошен мотор и мопед ги опфаќа само прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата што се однесуваат на правилата на сообраќајот на патиштата, сообраќајните знаци и нивното значење и знаците што ги даваат униформирани полициски службеници при вршење на контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата, како и опасностите и последиците кои настануваат поради неправилно преземање на дејствија во сообраќајот и основите на функционирањето на уредите на возилата на моторен погон значајни за безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Член 16

(1) За изведување на теоретскиот дел од програмата за оспособување на кандидати за возачи на возила на моторен погон (моторни возила, мотоцикли, трактори и мобилни машини) за следниве категории и национални категории на возила се предвидуваат:

– за „АМ“ категорија – 12 наставни часа;

– за „А1“ категорија – 16 наставни часа;

– за „А2’ категорија – 16 наставни часа;

– за „А“ категорија – 16 наставни часа;

– за „Б“ категорија – 20 наставни часа;

– за „БЕ“ категорија – четири наставни часа;

– за „Ц1“ категорија – десет наставни часа;

– за „Ц1Е“ категорија – четири наставни часа;

– за „Ц“ категорија – десет наставни часа;

– за „ЦЕ“ категорија – четири наставни часа;

– за „Д1“ категорија – десет наставни часа;

– за „Д1Е“ категорија – четири наставни часа;

– за „Д“ категорија – десет наставни часа;

– за „ДЕ“ категорија – четири наставни часа;

– за „Ф“ национална категорија -12 наставни часа;

– за „Г“ национална категорија -12 наставни часа.

(2) На возачот на кого му е издадена возачка дозвола од „А1“, „А2“ и „А“ за оспособување за „Б“ категоријa се предвидуваат четири наставни часа.

(3) На возачот на кого му е издадена возачка дозвола од категорија „АМ“ и националните категории „Ф“ и „Г“ за оспособување за „Б“ категорија се предвидуваат осум наставни часа.

(4) На возачот на кого му е издадена возачка дозвола од „Б“ категорија,за оспособување за категориите „А1“, „ А2“ и „А“ се предвидуваат четири наставни часа.

(5) На возачот на кого му е издадена возачка дозвола од категориите „Ц1“, „Д1“, „Ц1Е“, „Д1Е“ категории, за оспособување за „Ц“, „Д“,„ЦЕ“ и „ДЕ“ категории се предвидуваат четири наставни часа.

Член 17

(1) За изведената обука од членот 16 од овој правилник автошколата издава потврда за спроведена обука по теоретскиот дел на програмата за оспособување на кандидат за возач, освен за кандидатите за возачи за категориите А1, А2, А, Б и национална категорија Ф.

(2) Потврдата од ставот (1) на овој член, ги содржи следните податоци:

– податоци за автошколата (правно лице);

– број од матична книга;

– име, име на еден од родителите и презиме на кандидатот за возач;

– година на раѓање;

– адреса на живеење/ престојувалиште;

– времетраење на наставата;

– категорија на моторно возило;

– број на наставни часови;

– име и презиме на предавачот;

– потпис на стручниот раководител и

– печат на автошколата.

(3) Образецот на потврдата од ставот (1) на овој член е даден во Прилог број 2, кој е составен дел на овој правилник.

Член 18

Наставниот час од теоретскиот дел на програмата трае 45 минути и во еден ден кандидатот за возач може да реализира најмногу четири наставни часа.

Член 19

(1) Проверката на кандидатите за возачи од познавањето на правилата на сообраќајот на патиштата и сообраќајните знаци се врши со писмено тестирање на претходно изготвен пробен тест.

(2) По спроведената проверка на потребните знаења од ставот (1) на овој член, автошколата издава потврда дека кандидатот поседува потребни знаења од правилата на сообраќајот на патиштата и сообраќајните знаци.

(3) Тестирањето од ставот (1) на овој член го спроведува предавач вработен во автошколата по претходно одржана теоретска настава.

(4) Пробниот тест за проверка на знаењата содржи прашања кои се вреднуваат со бодови во зависност од содржината на прашањето.

(5) Кандидатот за возач го поседува потребното знаење ако во одговорот на пробниот тест постигне најмалку 85% од вкупниот број бодови.

(6) Содржината на тестот од ставот (3) на овој член не може да биде идентична со содржината на тестот за полагање на возачки испит.

(7) Тестовите со кои е извршена проверката се чуваат во автошколата најмалку две години од денот на тестирањето.

(8) Образецот на Потврдата од ставот (2) на овој член е даден во Прилог број 3, кој е составен дел на овој правилник.

2. Практичен дел

Член 20

(1) Практичниот дел на програмата за оспособување на кандидатите за возачи на моторни возила, мотоцикли и трактори се однесува на изведување на дејствија со моторно возило, мотоцикл или трактор што се од значење за успешно и безбедно управување во согласност со правилата на сообраќајот и условите на патот и во сообраќајот, како и за совладување на техниката и вештината за управување со возилото.

(2) На секој кандидат за возач, по спороведената обука од ставот (1) на овој член автошколата му издава потврда за оспособеност на кандидат за возач на моторно возило.

(3) Потврдата од ставот (2) на овој член ги содржи следните податоци:

– податоци за автошколата (правно лице);

– број од матичната книга;

– име, име на еден од родителите и презиме на кандидатот за возач;

– година на раѓање;

– адреса на живеење/престојувалиште;

– времетраење на наставата;

– категорија на моторно возило;

– број на наставни часови;

– име и презиме на возачот-инструктор;

– потпис на стручниот раководител и

– печат на автошколата.

(4) Образецот на потврдата од ставот (2) на овој член е даден во Прилог број 4 и Прилог број 4.1, кои се составен дел на овој правилник.

Член 21

Наставниот час за практично оспособување трае 45 минути и во текот на еден ден кандидатот може да се оспособува најмногу два наставни часа.

Член 22

(1) Изведувањето на наставата од практичниот дел на програмата за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила, мотоцикли и за возачи на трактори се врши со почетно оспособување на сообраќаен автодром (полигон), а потоа оспособувањето продолжува на јавен пат надвор од населено место и на јавен пат во населено место, во денски и ноќни услови.

(2) Вкупниот број на наставни часови за практично оспособување на кандидати за возачи, изнесува:

– за „А1“ категорија – 16 наставни часа;

– за „А2“ категорија – 16 наставни часа;

– за „А“ категорија – 16 наставни часа;

– за „Б“ категорија – 36 наставни часа;

– за „БЕ“ категорија – осум наставни часа;

– за „Ц1“ категорија – 20 наставни часа;

– за „Ц1Е“ категорија – осум наставни часа;

– за „Ц“ категорија – 20 наставни часа;

– за „ЦЕ“ категорија – осум наставни часа;

– за „Д1“ категорија – 16 наставни часа;

– за „Д1Е“ категорија – осум наставни часа;

– за „Д“ категорија – 16 наставни часа;

– за „ДЕ“ категорија – осум наставни часа и

– за „Ф“ национална категорија – 12 наставни часа.

(3) Во случаите од ставот (2) на овој член, бројот на наставните часови на возачот на кого му е издадена возачка дозвола за следниве категории, изнесува:

– „Ц1“ категорија и се оспособува за „Ц“ категорија -четири наставни часа;

-„Ц1Е“категорија и се оспособува за „ЦЕ“ категорија – четири наставни часа;

– „Д1Е“категорија и се оспособува за „ДЕ“ категорија – четири наставни часа

– „Д1“категорија и се оспособува за „Д“ категорија – четири наставни часа;

– „Ф“ национална категорија и се оспособува за „Б“ категорија – 24 наставни часа.

Член 23

Почетното оспособување на сообраќајниот автодром (полигон) изнесува за:
– „А1“ категорија – четири наставни часа;

-„А2“ категорија- четири наставни часа;

– „А“ категорија – четири наставни часа;

– „Б“ категорија – шест наставни часа;

– „Ц1“ категорија – четири наставни часа;

– „Ц“ категорија – четири наставни часа;

– „Д1“категорија – четири наставни часа;

– „Д“ категорија – четири наставни часа;

– „Ф“ национална категорија – два наставни часа.

(2) Почетното оспособување на сообраќајниот автодром (полигон) за „Б“ категорија доколку кандидатот поседува „Ф“ национална категорија изнесува четири наставни часа.

Член 24

(1) Бројот на наставните часови од практичниот дел од програмата за оспособување на јавен пат надвор од населено место и во населено место, дење, за следниве категории и национални категории, изнесува:

– „А1“ категорија – десет наставни часа;

– „А2“ категорија- десет наставни часа;

– „А“ категорија – десет наставни часа;

– „Б“ категорија – 28 наставни часа;

– „БЕ“ категорија – шест наставни часа;

– „Ц1“ категорија – 14 наставни часа;

– „Ц1Е“ категорија – шест наставни часа;

– „Ц“ категорија – 14 наставни часа;

– „ЦЕ“ категорија – шест наставни часа;

– „Д1“ категорија – десет наставни часа;

– „Д1Е“ категорија – шест наставни часа;

– „Д“ категорија – десет наставни часа;

– „ДЕ“ категорија – шест наставни часа и

– „Ф“ национална категорија – осум наставни часа.

(2) Во случаите од ставот (1) на овој член, бројот на наставните часови на возачот на кого му е издадена возачка дозвола за следниве категории и националната „Ф“ категорија, изнесува:

– „Ц1“ категорија и се оспособува за „Ц“ категорија – четири наставни часа;

– „Ц1Е“ категорија и се оспособува за „ЦЕ“ категорија – четири наставни часа;

– „Д1“ категорија и се оспособува за „Д“ категорија – четири наставни часа;

– „Д1Е“ категорија и се оспособува за „ДЕ“ категорија – четири наставни часа и

– „Ф“ национална категорија и се оспособува за „Б“ категорија – 20 наставни часа.

Член 25

Бројот на наставните часови од практичниот дел од програмата за оспособување на јавен пат надвор од населено место и во населено место, ноќе, за сите категории изнесува два наставни часа.

Член 26

Наставниот план и програма за оспособување на кандидати за возачи на мотоцикли, за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила од сите категории и за оспособување на кандидати за возачи на трактор и за возачи на мобилни машини, мотокултиватор и велосипед со помошен мотор и мопед се дадени во Прилог број 5 и Прилог број 5.1 кои се составен дел на овој правилник.

IV. ЕВИДЕНЦИИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ВОДАТ АВТОШКОЛИТЕ ЗА ОСПОСОБУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВОЗАЧИ

Член 27

(1) Во автошколата се води евиденција за организирањето и спроведувањето на обуката со кандидати за возачи.

(2) Евиденцијата од ставот (1) на овој член се води рачно и електронски, со исклучок на евиденциите од членот 29 став (1) точки 3,4,5 и 7 од овој правилник кои се водат исклучиво рачно.

Член 28

(1) За водење на евиденциите од членот 29 точки 1, 2 и 6 од овој правилник кои се водат на електронски начин, автошколата поседува информатичка опрема и софтверска веб апликација со заштита, која овозможува воспоставување и водење на единствена база на податоци за спроведување на обуката со кандидати за возачи.

(2) За водење на евиденциите од ставот (1) на овој член автошколата применува соодветни технички и организациски мерки, согласно прописите за заштита на личните податоци.

Член 29

(1) За оспособување на кандидатите за возачи во автошколата се водат следните евиденции:

1. Матична книга за евидентирање на кандидати за оспособување на возачи во кои се запишува: реден број, лично име и име на еден од родителите и презиме, датум и место на раѓање, живеалиште односно престојувалиште, адреса на станот, категорија за која се оспособува, број, место и датум на издавање на уверение за здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило, делот од програмата за кој се врши оспособувањето (теоретски и практичен), број и датум на потврда за спроведена обука по теоретски дел, број на одржани наставни часови, време за кое кандидатот е оспособен, број и датум на издадена потврда за извршена проверка од познавање на правилата на сообраќајот на патиштата и сообраќајните знаци (пробен тест), датум на издадена потврда за оспособување, податоци за успехот на кандидатот на возачкиот испит, име и презиме на инструкторот што го оспособува и забелешка;

2. Евиденција за дополнително оспособување на кандидати за возачи од практичен дел во кој се запишува: реден број, лично име, име на еден од родителите и презиме, датум и место на раѓање, живеалиште, односно престојувалиште, адреса на станот, категорија за која се оспособува, делот од програмата за која се врши оспособувањето, број на одржани наставни часови, време за кое се одржани часовите, име и презиме на инструкторот и забелешка;

3. Дневник за евидентирање на изведениот теоретски дел на програмата за оспособување на кандидатите за возачи во кој се запишува: број под кој кандидатот е запишан во матичната книга, датум и час на одржаната настава, категорија за која се оспособува, наставен предмет што се предава и наставната единица, потпис на наставникот и име и презиме на кандидатите што ја посетувале наставата со своерачен потпис и забелешка;

4. Картон за евидентирање за оспособување на кандидатите за возачи од практичниот дел на програмата за оспособување на кандидатите за возачи во кој се запишува: називот на автошколата, име и презиме на кандидатот датум и место на раѓање, адреса на живеалиште/престојувалиште, телефонски број, број на лекарско уверение, име и презиме на инструкторот, бројот под кој кандидатот е запишан во матичната книга, категорија за која се оспособува, тип, марката и регистарскиот број на возилото и сопственост, податоци за траењето на оспособувањето на кандидатот (датум, опис на работата, време на способување, број на наставен час, потпис на кандидатот, потпис на инструкторот, со опис на работата и своерачен потпис на возачот инструктор и кандидатот за возач како и мислење на возачот инструктор за подготвеноста на кандидатот за возач со забелешка: е подготвен, не е подготвен и потребно е дополнително оспособување од одредена наставна содржина, место и датум, потпис на стручниот раководител и место за печат;

5. Картон за евидентирање за дополнително оспособување на кандидати за возачи од практичен дел кој ги содржи истите податоци предвидени во точка 4 на овој член;

6. Евиденција за извршена проверка на знаењето на кандидатот за возач од областа на познавање на правилата во сообраќајот на патиштата и сообраќајните знаци, во кој се запишува: реден број, лично име , име на еден од родителите и презиме, датум и место на раѓање, живеалиште односно престојувалиште, адреса на станот, категорија за која се оспособува („А1“ категорија, „А2“, А категорија, „Б“ категорија и „Ф“ национална категорија), датум на извршена проверка, број на пробниот тест, по кој пат полага кандидатот, успех на кандидатот и име и презиме на лицето кое ја извршило проверката и забелешка;

7. Дневник за евиденција за работа на возачите инструктори со евиденција за посебните таблици за означување на возилото за оспособување на кандидати за возачи, во која се запишува: реден број, датум и време на оспособување, име и презиме на кандидатот за возач и број под кој е запишан во матичната книга со категорија за која се оспособува, број на „L“ табличките, датум и време на задолжување и враќање на табличките во автошколата, име и презиме на одговорно лице во автошколата кое ги издава и потпис, име и презиме на возачот инструктор кој е задолжен со истите таблички и потпис (според евиденцијата на надлежното министерство) и забелешка.

(2) Во случаите кога практичниот дел од наставата се изведува во попладневните часови или обуката се врши во ноќни услови и во случај на отсуство на стручниот раководител, возачот-инструктор сам ги задолжува и раздолжува таблиците во автошколата, по претходно одобрување од стручниот раководител и евидентирање на потребните податоци во евиденцијата од ставот (1) точка 7 на овој член.

(3) Формата и содржината на образецот за водење на евиденциите од ставот (1) точки, 1,2,3,4,5 и 6 , се дадени во Прилог број 6, Прилог број 6.1, Прилог број 6.2, Прилог број 6.3, Прилог број 6.4, Прилог број 6.5, и Прилог број 6.6 , кои се составен дел на овој правилник.

Член 30

(1) Во периодот на времетраење на забраната за вршење за оспособување на кандидати за возачи како и по престанокот на работа на автошколата, евиденцијата од членот 29 став (1) точка 1 од овој правилник се предава во Министерството за внатрешни работи за што се издава потврда.

(2) Евиденцијата од ставот (1) точка 1 на овој член, се чува како документ од трајна вредност, во писмена и електронска форма, согласно прописите за канцелариско и архивско работење.

(3) Евиденциите од членот 29 став (1) точки 2, 3, 4, 5, 6 и 7 од овој правилник, се чуваат две години во писмена и електронска форма и по истекот на овој временски период се ништат согласно прописите за канцелариско и архивско работење.

(4) Во периодот на времетраење на забраната за вршење за оспособување на кандидати за возачи, како и по престанокот на работата на автошколата, посебните таблички за означување на возилото за оспособување на кандидати за возачи од членот 8 став (2) од овој правилник се предаваат во Министерството за внатрешни работи, за што се издава потврда.

V. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 31

(1) Одредбите од членовите 7 став (1) точки 1, 2 и 3, 22 став (2) алинеја 2, 23 став (1) алинеја 2 и 24 став (1) алинеја 2 ќе отпочнат да се применуваат од 8 април 2017 година.

(2) Одредбите од членот 7 став (1) точките 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и 14 од овој правилник ќе отпочнат да се применуваат од 8 ноември 2016 година.

Член 32

Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за критериумите, начинот на работа на автошколите, наставниот план и програма за обука, стручниот кадар, опремата со која треба да располагаат, како и евиденциите што треба да ги водат автошколите за оспособување на кандидати за возачи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 90/13) освен одредбите од членот 7 став (1) точки 1 и 2 кои ќе престанат да важат со отпочнување на примената на членот 7 став (1) точки 1, 2 и 3 од овој правилник.

Член 33

Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“

Интервју со Илија Пајмакоски, млад атлетичар кој со леснотија го пробива маратонскиот ветер

12910530_10207992489442743_1065414631_n

Илија Пајмакоски е нашиот прилепски фуриозен атлетичар. Тој е момчето на кое маратонските напорни трки му се опсесија, кој созрева од ден во ден и кој е спортист со блескава спортска иднина пред себе. Трпеливо и напорно гради спортско име кое веруваме дека за многу брзо ќе се споменува како државна гордост и ќе бидеме горди што го имаме за наш сограѓанин. Во себе носи многу ведрина, носи силен дух, карактер, издржливост. Денес го имаме за наш гостин на маркукуле.мк. Проследете го целото интервју, Иле навистина има што да кажи и да покажи.

Илија добредојде на маркукуле.мк !

Oд каде љубовта кон атлетиката и кога започна да се занимаваш со овoj спорт?

Со спорт се замимавам од мал, со атлетика почнав сосем случајно на 18-годишна возраст, откако го истрчав Скопскиот полумаратон со одлично време, но атлетиката од секогаш бил спорт кој сум му се воодушевувал поради комплетноста – издржливоста, брзината, психичката подготовка….

Постојат ли клубови за атлетско трчање во нашиот град и дали си дел од некој клуб?

Да постои атлетски клуб во Прилеп, атлетскиот клуб се вика АК ‘’Џамбазовски”, тренер е Ѓоргија Гешоски кој е повеќе од 55 години во атлетиката, од оваа година член сум и јас во тој клуб, откако преминав од атлетскиот клуб “Делта” од Скопје.

12910495_10207992489522745_324376264_n

Што е потребно за една добра физичка спремност да се истрча еден долг и напорен маратон?

Трчањето во Македонија е во голем подем, па така многу реакреатвци  се решаваат да трчаат полумаратони и маратони, па со 3-4 пати неделно трчање од по 10тина километри може да се истрча еден полумаратон/маратон, најпрвин треба да се знаат кои се приоритeтите односно целите за кое време да се истрча маратонот .

12884553_10207992489162736_2093079015_n

Кои се најголемите подвизи што ги остварил Илија Пајмакоски?

Учесник на многу светски, европски, балкански трки на стаза, крос кантри и планинско трчање, многу меѓународни митинзи како и неколку полумаратони. Минатата година заедно со репрезентацијата на Македонија учествував и на првите европски олимписки игри кои се одржаа во Баку, каде што настапив во дисциплините на 1500 метри и 3000 метри со пречки.

12884399_10207992489282739_638883441_n

Си трчал ли и на кратки патеки од 100, 400 метри или од секогаш маратонските долги трки биле предизвик за тебе кога се зборува за трките со натпреварувачки карактер?

Да сум трчал, но само еднаш на 400 метри, минатата година на Универзијадата во Ниш, каде што го освоив првото место, бидејки таа дисциплина беше најдолга. Но се пронаоѓам и во тие дисциплини.

Кои се најголемите успеси на Илија Пајмакоски?

Две години Државен првак и најдобро време на 1500 метри во сениорска конкуренција, како и државен првак во крос-кантри трките до 23години.

12884331_10207992489482744_76500980_n

Што е твојот сон, дали е тоа настап на некој голем реномиран маратон или нешто друго?

Сон ми е Олимпијадата во Токио 2020, но долг е патот до таму.

Како Илија се подготвува за престојна трка?

Кај нас атлетичарите на средни и долги патеки зимскиот период е период на ‘’база’’ основата на тренажниот процес, тоа значи дека се билда километража, затоа што веќе во крајот на април почнуваат трките на стаза и полумаратоните/маратоните. Неделно, изминатава зима трчав од 70-90 километри. Три пати неделно тренирам должина (longrun) од 10-16 километри, три пати различни интервали на стаза или темпо(tempo run) и еден ден во неделата работам на техниката, додека вторите тренинзи се лесни истрчувања од 6-8 километри, или во теретана каде што работам вежби за зацврстување на телото  и вежби за експлозивност и сила .

12516562_10207992489202737_2049054203_n

Постои ли некое бодување во нашата држава и општо на европско и светско ниво кога се работи за вас атлетичарите?

Ка нас во Македонија резултатот во секоја дисциплина од 100метри до 42 километри  на секој атлетичар се бодува по IAAF таблица, и потоа атлетската федерација одлучува кој ќе иде на олимпијада или на некое светско, европско или балканско првенство, независно .

Дали македонските маратонци и атлетиката добро напредуваат и дали можеме да очекуваме расцут на оваа дисциплина во иднина во нашата држава?

Конкретно во маратонот, го имаме нашиот најдобар маратонец и мој тренинг партнер, Александар Кираџиев, кој и покрај сите општествени пречки, фамилијарни и работни обврски, полно работно време од 40 работни часа неделно …, покажува како тоа се прави. Влегува со резултат 2ч 38мин на маратон, резултат што не е истрчан во нашата земја повеќе од една декада, резултат кој го дели близу 15 минути од вториот најдобар маратонец во државава. Без апсолутно никаква помош како и за мене, неговиот напредок е евидентен, од сезона во сезона. И јас и тој имаме огромен потенцијал за напредок, кој доколку надлежните институции го искористат и не поттурнат, ќе биде валоризиран со успех од многу поголем размер, надвор од државава.

12919138_10207992489322740_121526324_n

Сметаш ли дека е потребна поглема поддршка од надлежните и со што конкретно може да се помогне овој спорт?

Секако дека надлежните се одговорни за напредокот на спортистите. Она што зависи од нас и што го правиме индивидуално, е тоа што најискрено и безусловно се вложуваме во овој спорт, тренираме вредно и напредуваме. Нo без подршка од надлежните, ние ќе стигнеме до одредено ниво и ќе стагнираме. И потоа луѓето ќе се чудат зошто не сме конкурентни на балканско, европско или светско ниво. Надлежните институции  потребно е  да имаат стручен тим, кој го познава КОНКРЕТНО трчањето, тим кој ќе ги идентификува вистинските атлетичари, кои напредуваат и ќе вложува финансии во нив. Само финансиска помош, може да ги помести коцките напред. Браво, аплауз и пофалници, не го носат резултатот кај атлетичарите. Со ‘браво’, атлетичарот не може да си купи храна, за да тренира силно и да напредува.

Освен со многу трчање што друго прави Илија Пајмакоски во својот живот, во секојдневието, што друго те исполнува?

Освен со трчањето, втора година студент сум на Факултетот за физичка култура и здравје во  Скопје, другото слободно време кое го има малку, го поминувам за  дружење со пријателите.

12421796_10207992523083584_1264805550_n

Илија ти благодариме за овој интервју разговор и секако ти посакуваме блескава спортска кариера, направине горди и како град и како нација.

Подготви: А.Г.

Стопанска комора: Македонија не прифаќа замена на тутунот со друга земјоделска култура

Македонија нема да прифати замена на тутунот со друга земјоделска култура ако претходно научно и практично не се докаже дека нејзиното одгледување би било исто толку исплатливо, профитабилно, но и соодветно од аспект на специфичните климатски, почвени и агро услови.

tutun-640x294

Македонија нема да прифати замена на тутунот со друга земјоделска култура ако претходно научно и практично не се докаже дека нејзиното одгледување би било исто толку исплатливо, профитабилно, но и соодветно од аспект на специфичните климатски, почвени и агро услови.

Како што беше речено денеска во Стопанската комора на Македонија, државата останува на овој, непроменет став во однос на барањата на Светската здравствена организација (СЗО) и повторно ќе го изнесе на претстојниот состанок на работните групи во Индија.

Според оценките на Комората, активностите на СЗО ќе имаат делумно влијание во малку подолг период, но засега очекувањата за македонската тутунска индустрија се стабилизирано производство со помали осцилации зависно од барањата на откупните компании, подобар квалитет и ист број производители кои ќе бидат во можност да го зголемат производството.

– Македонија нема да прифати замена со друга земјоделска култура според предложените методологии и пилот проекти зашто тие во целост не можат да гарантираат егзистенција на околу 40.000 семејства како што моментно овозможува одгледувањето на тутунот. И натаму инсистираме на неприфаќање на која било методолгоија што не гарантира сигурност и профитабилност за фармерите. Исто така, пред да бидат дефинирани условите и методологијата за замена на тутунот со друга култура, треба да се земат предвид климатските услови во различните области во кои тутунот се одгледува. Зависно од климатските и агро условите, не е можно одгледување иста култура, истакна Васко Ристовски од Комората.

Во Македонија од тутунот моментно егзистираат околу 40.000 семејства. На некои тоа им е основен, а на други дополнителен приход. Трошоците за садење се ниски, а откупот и субвенциите се гарантирани. Затоа, подвлече Ристовски, секоја замена на тутунот со друга култура треба да се разгледува од економски аспект, во однос на порастот на трошоците за садење, исплатливоста, профитабилноста.

– Ниту една друга култура не може без дополнителни трошоци да обезбеди егзистенција за овие семејства. Тутунот се сади главно во сушни региони што е дополнителен проблем, односно сериозна инвестиција ако се замени со друга култура. Алтернативните култури бараат доплнителни средства и за маркетинг, промоција, како и за едуцирана работна сила. Која било методологија или предлог за замена на тутунот, мора да бидат научно и практично потврдени како исплатливи, да гарантираат сигурен профит за фармерите, објасни Ристовски.

Годинава, тутунот постигна извонредно висока откупна цена, 185 денари за килограм, или 58 отсто повеќе во однос на ланската од 117 денари. Квалитетот беше одличен, но реколтата отстапи за 25 до 30 проценти во однос на очекувањата на компаниите чии проекции беа 24.000 тони. Откупени се 19.000 тони или 24 отсто помалку од претходната реколта. Беа склучени и 6.000 договори помалку од лани поради намалената побарувачка.

– Насеани беа вкупно 14.127 хектари, но од нив се добија 18.950 тони тутун наместо очекуваните 25.700 тони или 24 проценти помалку од претходната година, а се склучија 24.854 договори со десет откупни компании. Сепак, производството се стабилизира во однос на количина, цена, површина, договори и во наредниот период веројатно ќе изнесува 20.000 до 25.000 тони. Очекуваме и бројот на договори да остане на ова ниво, како и да не се промени бројот на производители, а производството да се зголеми, рече Ристовски, додавајќи дека за успешно завршување на оваа реколта се потребни околу 76 милиони евра, 57 милиони за откуп на тутунот и уште 19 милиони евра субвенции.

Во 2015 година македонскиот извоз на ферментуиран тутун и цигари беше 23.971 тон или четири отсто помалку од 2014 година при што беа остварени 106,7 милиони долари или 28 отсто помалку од 2014-та.

Гимназијалците од “Мирче Ацев” во македонското Собрание

1Ученици од неколку гимназии од Македонија, придружувани од нивните наставници, зедоа учество на еднодневен семинар на тема „Демократијата и Собранието”, кој се одржа на 11 март 2016 година, во Едукативниот центар на Парламентарниот институт.

2Од гимназијата “Мирче Ацев” – Прилеп присуствуваа учениците: Надица Бунеска, Јошеска Ангела, Ивона Крстеска, Христина Ангелеска и Сандра Спировска предводени од професорката по социологија, Снежана Тодорческа.

3

Целта на семинарот е приближување на работата на Собранието на Република Македонија до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата.

Раководителот на Парламентарниот институт, м-р Златко Атанасов, на присутните ученици и наставници им додели сертфикат за учество на семинарот.

4Преку организирана обиколка учениците имаа можност да го разгледаат свечениот дел на Собранието, да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно одбележје на македонската државност.

 

ВИДЕО: Кога руски милијардер жени син – нема да верувате на очите

rusin (1)

Рускиот милијардер Михаил Гуцериев издвои цело богатство за венчавката на својот син и неговата снаа, која има само 19 години.

Сопственикот на нафтена компанија, направи свадба за синот која ќе се памети долго. Џенифер Лопез, Стинг, Енрике Инглезиас, Бијонсе…се само дел од имињата кои пееја на свадбата на векот.

невестинскиот фустан бил со дијаманти, тежок 25 килограми.

Десет намирници кои секој пушач треба да ги консумира

Истражувањето покажало дека една од 10 возрасни личности секоја година умира од рак на белите дробови. Голем број луѓе, особено пушачите или поранешните пушачи би требало да сторат нешто за здравјето на своите бели дробови.

gumbir

Еве 10 намирници кои би требало секој да ги внесува и кои ќе ви помогнат вашите бели дробови да бидат здрави.

Цитрон

Конзумирањето на еден до четири порции цитрон неделно ја намалува шансата за заболување од рак на респираторните органи.

Бразилски орев

Бразилскиот орев е богат со селен и витамин Е и помага во намалувањето на ризикот од заболување на рак на белите дробови.

Лук

Антиоксидансите присутни во лукот ги чистат белите дробови од токсините предизвикани со пушењето.

Вода

Пијте 8 чаши вода на ден. Ова ќе помогне вашето тело, па и белите дробови правилно да функционираат.

Сок од морков

Испијте 300 милилитри сок од морков за време на појадокот. Ова ќе помогне во алкализирање на вашето тело.

Ѓумбир

Ѓумбирот помага во отстранување на слузта која настанува со внесување на млечните производи, пченицата и сојата. Исто така содржи и антиоксиданси кои ќе ги отстранат токсините предизвикани со пушењето.

Билни чаеви

Билните чаеви ќе ги поттикнат вашите црева да ги елиминираат токсините.

Сок од брусница

Пијте секој ден 400 милилитри сок од брусница пред да легнете. Сокот од брусница се вори со бактериите во белите дробови кои предизвикуваат инфекции.

Сок од ананас

Пијте 300 милилитри цеден сок од ананас бидејќи содржи антиоксиданси кои се корисни за респираторниот систем.

Топла вода и лимон

Исцедете два лимони во топла вода и пијте го овој микс пред појадок.

На врвот на бокс офисот – „Batman V Superman: Dawn of Justice“ заработи над 420 милиони долари

„Batman V Superman: Dawn of Justice“ доминираше на бокс-офисот, со одлична заработка од 424 милиони долари на интернационално ниво, а само во САД заработката во кино благајните беше 170 милиони долари.

betmen-supermen-640x384

И покрај тоа што критичарите велеа дека филмот нема да доживее голем успех, публиката покажа дека филмот вреди и треба да се погледне.

Ова е листата на најгледани филмови:

  1. Batman v Superman: Dawn of Justice – 170,1 милион долари
  2. Zootopia – 23,1
  3. My Big Fat Greek Wedding 2 – 18,1
  4. Miracles from Heaven – 9,5
  5. The Divergent Series: Allegiant – 9,5
  6. 10 Cloverfield Lane – 6
  7. Deadpool – 5
  8. London Has Fallen – 2,9
  9. Hello, My Name is Doris – 1,7
  10. Eye in the Sky – 1 милион долари.

Репертоар на театарот ,,Војдан Чернодрински,, Прилеп

bure barut 3

Среда, 30.03. 2016 – со почеток од: 19.30 часот 

,,БУРЕ БАРУТ„ во режија на Наташа Поплавска

od kol na kol 1

Сабота 02.04. 2016 – со почеток од 19.30 часот

,,Од кол на кол,,  во режија на Коле Ангеловски