Интервју со Илија Пајмакоски, млад атлетичар кој со леснотија го пробива маратонскиот ветер

12910530_10207992489442743_1065414631_n

Илија Пајмакоски е нашиот прилепски фуриозен атлетичар. Тој е момчето на кое маратонските напорни трки му се опсесија, кој созрева од ден во ден и кој е спортист со блескава спортска иднина пред себе. Трпеливо и напорно гради спортско име кое веруваме дека за многу брзо ќе се споменува како државна гордост и ќе бидеме горди што го имаме за наш сограѓанин. Во себе носи многу ведрина, носи силен дух, карактер, издржливост. Денес го имаме за наш гостин на маркукуле.мк. Проследете го целото интервју, Иле навистина има што да кажи и да покажи.

Илија добредојде на маркукуле.мк !

Oд каде љубовта кон атлетиката и кога започна да се занимаваш со овoj спорт?

Со спорт се замимавам од мал, со атлетика почнав сосем случајно на 18-годишна возраст, откако го истрчав Скопскиот полумаратон со одлично време, но атлетиката од секогаш бил спорт кој сум му се воодушевувал поради комплетноста – издржливоста, брзината, психичката подготовка….

Постојат ли клубови за атлетско трчање во нашиот град и дали си дел од некој клуб?

Да постои атлетски клуб во Прилеп, атлетскиот клуб се вика АК ‘’Џамбазовски”, тренер е Ѓоргија Гешоски кој е повеќе од 55 години во атлетиката, од оваа година член сум и јас во тој клуб, откако преминав од атлетскиот клуб “Делта” од Скопје.

12910495_10207992489522745_324376264_n

Што е потребно за една добра физичка спремност да се истрча еден долг и напорен маратон?

Трчањето во Македонија е во голем подем, па така многу реакреатвци  се решаваат да трчаат полумаратони и маратони, па со 3-4 пати неделно трчање од по 10тина километри може да се истрча еден полумаратон/маратон, најпрвин треба да се знаат кои се приоритeтите односно целите за кое време да се истрча маратонот .

12884553_10207992489162736_2093079015_n

Кои се најголемите подвизи што ги остварил Илија Пајмакоски?

Учесник на многу светски, европски, балкански трки на стаза, крос кантри и планинско трчање, многу меѓународни митинзи како и неколку полумаратони. Минатата година заедно со репрезентацијата на Македонија учествував и на првите европски олимписки игри кои се одржаа во Баку, каде што настапив во дисциплините на 1500 метри и 3000 метри со пречки.

12884399_10207992489282739_638883441_n

Си трчал ли и на кратки патеки од 100, 400 метри или од секогаш маратонските долги трки биле предизвик за тебе кога се зборува за трките со натпреварувачки карактер?

Да сум трчал, но само еднаш на 400 метри, минатата година на Универзијадата во Ниш, каде што го освоив првото место, бидејки таа дисциплина беше најдолга. Но се пронаоѓам и во тие дисциплини.

Кои се најголемите успеси на Илија Пајмакоски?

Две години Државен првак и најдобро време на 1500 метри во сениорска конкуренција, како и државен првак во крос-кантри трките до 23години.

12884331_10207992489482744_76500980_n

Што е твојот сон, дали е тоа настап на некој голем реномиран маратон или нешто друго?

Сон ми е Олимпијадата во Токио 2020, но долг е патот до таму.

Како Илија се подготвува за престојна трка?

Кај нас атлетичарите на средни и долги патеки зимскиот период е период на ‘’база’’ основата на тренажниот процес, тоа значи дека се билда километража, затоа што веќе во крајот на април почнуваат трките на стаза и полумаратоните/маратоните. Неделно, изминатава зима трчав од 70-90 километри. Три пати неделно тренирам должина (longrun) од 10-16 километри, три пати различни интервали на стаза или темпо(tempo run) и еден ден во неделата работам на техниката, додека вторите тренинзи се лесни истрчувања од 6-8 километри, или во теретана каде што работам вежби за зацврстување на телото  и вежби за експлозивност и сила .

12516562_10207992489202737_2049054203_n

Постои ли некое бодување во нашата држава и општо на европско и светско ниво кога се работи за вас атлетичарите?

Ка нас во Македонија резултатот во секоја дисциплина од 100метри до 42 километри  на секој атлетичар се бодува по IAAF таблица, и потоа атлетската федерација одлучува кој ќе иде на олимпијада или на некое светско, европско или балканско првенство, независно .

Дали македонските маратонци и атлетиката добро напредуваат и дали можеме да очекуваме расцут на оваа дисциплина во иднина во нашата држава?

Конкретно во маратонот, го имаме нашиот најдобар маратонец и мој тренинг партнер, Александар Кираџиев, кој и покрај сите општествени пречки, фамилијарни и работни обврски, полно работно време од 40 работни часа неделно …, покажува како тоа се прави. Влегува со резултат 2ч 38мин на маратон, резултат што не е истрчан во нашата земја повеќе од една декада, резултат кој го дели близу 15 минути од вториот најдобар маратонец во државава. Без апсолутно никаква помош како и за мене, неговиот напредок е евидентен, од сезона во сезона. И јас и тој имаме огромен потенцијал за напредок, кој доколку надлежните институции го искористат и не поттурнат, ќе биде валоризиран со успех од многу поголем размер, надвор од државава.

12919138_10207992489322740_121526324_n

Сметаш ли дека е потребна поглема поддршка од надлежните и со што конкретно може да се помогне овој спорт?

Секако дека надлежните се одговорни за напредокот на спортистите. Она што зависи од нас и што го правиме индивидуално, е тоа што најискрено и безусловно се вложуваме во овој спорт, тренираме вредно и напредуваме. Нo без подршка од надлежните, ние ќе стигнеме до одредено ниво и ќе стагнираме. И потоа луѓето ќе се чудат зошто не сме конкурентни на балканско, европско или светско ниво. Надлежните институции  потребно е  да имаат стручен тим, кој го познава КОНКРЕТНО трчањето, тим кој ќе ги идентификува вистинските атлетичари, кои напредуваат и ќе вложува финансии во нив. Само финансиска помош, може да ги помести коцките напред. Браво, аплауз и пофалници, не го носат резултатот кај атлетичарите. Со ‘браво’, атлетичарот не може да си купи храна, за да тренира силно и да напредува.

Освен со многу трчање што друго прави Илија Пајмакоски во својот живот, во секојдневието, што друго те исполнува?

Освен со трчањето, втора година студент сум на Факултетот за физичка култура и здравје во  Скопје, другото слободно време кое го има малку, го поминувам за  дружење со пријателите.

12421796_10207992523083584_1264805550_n

Илија ти благодариме за овој интервју разговор и секако ти посакуваме блескава спортска кариера, направине горди и како град и како нација.

Подготви: А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.