дома блог страница 5389

Џудо Клуб ПРОЛЕТЕР НАЈМАСОВЕН И НАЈДОМИНАНТЕН ВО ПРИЛЕП

12910404_10209362907299294_296547779_n

На 27.03 ( недела) во Прилеп се одржа Државното Првенство за Деца и Кадети во Џудо за 2016 година. Ова беше одлична можност младите натпреварувачи да ја проверат својата форма и кондиција. Сјајната и напорна работа на тренерите и натпреварувачите од клубот,  на дело покажаја како се станува и останува најдобар. Пролетер освои вкупно 26 државни резултати на ова натпреварување, од кои 9 први места, 10 втори места и 7 трети места.

12910118_10209362911739405_1204240551_n

12899777_10209362911779406_880147421_n

12900146_10209362909139340_1158720095_n

РЕЗУЛТАТИ:

Прво место: Теодора Димеска, Томеска Марија, Макеска Александра,Тадеј Галески,Мартин Петрески,Јован Стојаноски, Јордан Ѓеоргиески, Симеон Гешоски, Борче Ангелов.

Второ место: Леонид Гешоски, Христијан Трпкоски, Михаил Богданоски, Христијан Богданоски, Михаил Стојаноски, Себастијан Митрески, Сара Петреска, Дарко Велкоски, Давор Велкоски, Менде Кироски.

Трето место освоија: Марија Самарџиоска, Ана Марија Трајческа, Петар Самарџиоски, Владимир Милчиноски, Андреј Стефановиќ, Давид Спиркоски, Николче Трајкоски.

12900053_10209362911539400_564182494_n

ВИДЕО – Балкански воз поминува со брзина на светлината

121212

После нешто вакво едноставно останавме без коментар. Секоја им чест на јаките момци кои туркаат. Издржливоста на прво место, а и на технологијата ќе и дојде редот.

А.Г.

ПРВОТО МЕСТО РЕЗЕРВИРАНО ЗА ООУ “СТРАШО ПИНЏУР”

image004

Кога станува збор за општинските училишни натпревари во фудбал во женска конкуренција, првото место како да се резервирано за учениците од ООУ “Страшо Пинџур”, oд с. Мало Коњари Прилеп.

image001

На вчерашните натпревари кои се одиграа на теренот со вештачка трева, тие со три победи, заслужено го освоија првото место.

Во првиот натпревар по изведувањето на пеналите, беа подобри од ученичките на ООУ “Круме Волнароски” oд с. Тополчани. Во полуфиналниот натпревар пак со дури 5-0 ги победија девојките од ООУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Финалниот натпревар беше исто така убедливо добиен со конечни 3-0 против екипата на ООУ “Рампо Левката” .

image003

Следно за што ќе се подготвуваат овие девојки е регионалниот натпревар, кој ќе се одржи на 4ти април.

image002

Поучна приказна: Професорот и полна чаша вода!

voda

Професор го започнува предавањето со полна чаша во раката. Веднаш им поставува прашање на своите студенти. Што мислите, колку тежи оваа чаша?

– 50 грама…100 грама… 125 грама нагаѓале студентите.

– Не знаете, но – не знам ни јас. И додека не измериме, нема ни да знаеме, рекол професорот. Но, јас всушност сакав да ве прашам нешто друго. Што ќе се случи ако ја држам вака подигната чашата неколку минути?

– Ништо! – одговориле студентите во еден глас.

– Добро. А, ако ја држам цел час?

– Ќе ве заболи раката, брзо одговорил еден од студентите. Тешко дека би успеале затоа што многу брзо ќе ви се укочат мускулите и ќе ви трне целата рака.

– Многу добро, продолжил смирено професорот. А, додека се случува сето тоа, дали се променила тежината на чашата?

– Не! – одговориле студентите повторно во еден глас.

– Па добро тогаш, што е причината за болката во раката и грчењето на мускулите?

Студентите се збуниле. Личело на загатка на која не го знаат одговорот.

– Што треба да направам за да се ослободам од болката и товарот? – продолжил професорот.

– Па, да ја спуштите чашата! – се чул одговор од едниот крај на училницата.

– Даааа, тоа е тоа! Тоа е точниот одговор! – извикал професорот среќен.

Истото се случува и со нашите проблеми, со нашите тешки мисли. Да размислувате за нив неколку минути е нормално, и во тоа нема ништо неисправно или погрешно.

Но, ако ги задржиме во мислите подолго време, ќе почувствуваме болка. А, ако го правиме тоа премногу долго, ќе почувствуваме блокада и нема да бидеме во состојба да правиме било што друго.

Секако, многу е важно да размислувате за одредени случувања, или доживувања и така да извлекувате вистински заклучоци. Но, важно е и да знаеме како да се ослободиме од тие проблеми на крајот на денот… како да ги пуштиме да паднат во вода пред да потонеме во сон.

Така ќе се заштитите од голем стрес и напор, и секое утро ќе се будите свежи, ведри и одморени. Ќе бидете исполнети и лесно ќе се издигнете над сите животни предизвици.

И затоа имајте секогаш на ум:

На крајот од денот – пуштете ја чашата!

ВИДЕО: Настап на швајцарско талент шоу стана хит на интернет

111-1

Дека трпеливоста навистина е доблест, можеа да се уверат судиите во швајцарското талент шоу „Шперталент“, кои не покажаа голема трпеливост за „настапот“ на уметничката Кони.

Таа сакала во шоуто да го покаже својот талент за цртање, но нејзиниот настап не тргнал онака како што замислувала.

Имено, четворицата судии не покажаа ниту желба, ниту трпеливост Кони да го заврши цртањето со креда на табла и и дадоа четири „не“, што автоматски значеше нејзина елиминација.

Но, Кони не запре со својата изведба и го заврши делото, по што судиите зажалија за својата одлука, па решија да го променат мислењето и да ја пуштат таленираната уметница во следниот круг.

Снимката од нејзиниот настап набрзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика воодушевување, но и гнев кон судиите кои немаа трпеливост да видат што се крие на нејзиниот цртеж.

Службите на општина Прилеп со продолжено работно време за примање барања за легализација

1-1

Поради истекот на продолжениот рок за поднесување на Барања за легализација на бесправно изградени објекти, на 29 и 30 март, службите на општина Прилеп барањата ќе ги примаат до 20 часот, додека на 31 март барањата ќе ги примаат до 24 часот.
Потребната документација граѓаните можат да ја достават во едношалтерскиот систем, сместен во даночното одделение.
Во општина Прилеп во првиот рок беа поднесени вкупно 15.367 барања за легализација на бесправно изградени објекти, позитивно решени се 7.649.
До денеска во продолжениот рок, поднесени се 2.108 барања.
Рокот за поднесување на геодетски елаборати е 31декември 2016 – за старите, односно 31 декември 2017 година за новоподнесените барања.
Градот Прилеп и понатаму останува на првото место на ниво на држава како по легализирани објекти, така и според изработката на деталните урбанистички планови.

1-2

Пилешко во сос од пиперка

pilesko-1

Потребни состојки:

Пиле

Сол, бибер

кромид

2 чешниња лук

30 гр путер

40 гр доматно пире

2 лажици слатка црвена пиперка

Лажица брашно

250 мл пилешка супа

Пиперка

100 гр павлака

Подготовка

Пилешкото измијте го, исушете го, (ако користите цело пиле, поделете го на делови). Посолете, потоа кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Пилешкото испржете го додека не добие златно кафена боја.

Лукот и кромидот издинстајте ги на масло, потоа додајте ги доматното пире, црвената пиперка и брашното, повремено налевајте од супата. Ставете го пилешкото внатре и на тивок оган динстајте околу 25 до 30 минути.

Пиперката исечкајте ја. По 15 минути додајте го пилешкото и заедно нека се динстаат. Извадете го пилешкото и оставете го на топло. Киселата павлака додајте ја во сосот, како и магдоносот, па се’ зачинете.

Какаото го забавува стареењето

kakao

Какаото може да го забави стареењето и да ве подмлади, барем кога се работи за вашето помнење, тврдат новите истражувања.

Научниците веруваат дека флаванолите, антиоксиданти кои се наоѓаат во какаото, можат на луѓето над 60 години да им дадат помнење какво што имаат луѓето со 30 и 40 години.

Медицинскиот центар на Универзитетот Колумбија во Њујорк ја спроведе оваа студија со цел да се проучи влијанието на какаото врз слабеењето на помнењето. Постарите луѓе често забораваат ситни нешта, но тоа по се’ изгледа може да се реши со одредени промени во исхраната.

Во оваа студија учествувале 37 волонтери на возраст од 50 до 69 години. Тие биле поделени во две групи, една група која пиела пијалоци со високо количество на флаваноли (900 милиграма), додека другата група пиела мало количество (10 милиграма).

После три месеца, групата која внесувала поголемо количество на флаваноли имала далеку подобра визуелна меморија и општо подобро помнење.

Учесниците кои на почетокот на оваа студија имале помнење кое е типично за 60-тите години на животот, на крајот на студијата имале помнење кое е карактеристично за личности на возраст помеѓу 30 и 40 години. Токму затоа, стручните лица им препорачуваат на луѓето да пијат доста какао, со цел да ја подобрат својата меморија. Сепак, оваа студија не се занимавала со влијанието на какаото вез деменцијата.

– Оваа студија покажува како флаванолите од какаото влијаат врз помнењето во текот на краток временски период, но секако би требало дополнително да се испита нивното долгорочно дејство. Тогаш со сигурност ќе може да се знае дали може храната која е богата со флаваноли значајно да го подобри помнењето во староста – вели доктор Сајмон Ридли од британското Здружение за истражување на Алцхајмерова болест.

Kаква грешка: Дали можете да верувате дека Здравко Чолич го одби овој огромен хит?

colic_screen_28032016

Здравко Чолич еден од најпознатите пејачи на Балканот со чии хитови пораснаја многу генерации, но еден огромен хит го одбил.

Kaко што јавува српската телевизија Прва ТВ, Момчило Бајагич Бајага на Чолич во 1983 година му понудил три песни кои ги напишал со Милош Алексич, од кои Чолич две од нив, “Tvoje oci” и “Afrika” ги ставил на својот албум “Sta mi radis”.

Tретата песна, “Kad hodas”, Чолич ја одбил. Токму таа песна подоцна стана еден од најголемите хитови и една од најубавите балади на овие простори.

А.Г.

Дали е ова тимот на Јувентус за наредната сезона?!

tutosport486587020160327141857

Многумина веруваат дека приказната за оваа година ќе биде иста, прајаки за Италија, но не и за Лига на шампиони. Дали тоа ќе се промени, ако тимот биде ваков?

Првите две мети се Иско и Кавани, тоа не е тајна. Шпанецот го сакаа од минатото лето, спремни се да го сменат за Мората, везистата е опсесија на тренерот Алегри и луѓето од клубот.

Како што пишува “Tutosport” Погба ќе остани ако нема понуда поголема од 100 милиони евра, а прва мета во прелазниот рок е Кавани. Уругваецот истакна дека ќе го напушти Париз, и дека со задоволство би се вратил во Италија. Дури и неговиот татко разговараше за можноста да добија долг договор како би ја смалил платата која ја зема во редовите на ПСЖ.

Од сегашниот тим од важните играчи можно е заминување на Мората, додека во никој случај на продажба нема да биде Бонучи.

Со Кавани и Иско, но и со Берарди како алтернатива во нападот, спрема мислењето на италијанските медиуми, Јуве би бил доволно добар да се бори за Лигата на шампиони.

Вака би изледал идеалниот тим,

Буфон,
Лихштајнер, Бонучи, Киелини, Алекс Сандро,
Погба, Маркисио, Кедира,
Иско
Дибала, Кавани

На хартија изгледа импресивно, Јуве има пари за две големи појачувања, но ќе видиме дали ПСЖ и Реал Мадрид ќе се согласат да ги продадат споменатите играчи.

А.Г.