дома блог страница 5387

Груевски: „Амфенол“ ќе отвори нова, трета по ред фабрика во Кочани- бројот на вработени ќе достигне 1.300

amfenol-640x324

-Поволната бизнис клима, ниските даноци, владината поддршка на бизнисот, отворениот пристап на владата кон сите инвеститори, реформите кои се спроведуваат, влијаеше за градење на позитивни искуства од функционирањето на првите две фабрики на Амфенол во кои веќе работат три дивизии, или околу 750 работници. Затоа компанијата Амфенол се одлучи за нова, трета, фабрика која e гринфилд инвестиција и која ќе вработи нови 550 луѓе до крајот на оваа 2016-та година. Вкупниот број на вработени ќе достигне 1 300, заклучно со декември 2016-та, што ќе значи егзистенција, сигурна плата секој месец, можност за планирање и градење на сигурна иднина за 1 300 семејства од Кочани и околните населени места, напиша Груевски.

За таа цел покрај тоа што компанијата функционира во објекти кои што се браунфилд инвестиција на површина од околу 6000 м2, во индустриската зона во Кочани, тие веќе градат нова зграда што e гринфилд инвестиција од дополнителни 5 000 м2, која би требало да биде готова до јуни/јули оваа година.

-Новата фабрика ќе биде наменета за производство на сигнални кабли кои наоѓаат примена во автомобилската индустрија. Инаку се работи за глобална корпорација која е меѓу 500 Fortune најголеми компании во светот со широка палета на производи пред се од областа на автомобилската и телекомуникациската индустрија со годишен обрт од неколку милијарди долари, напиша Груевски.

Тоа што компанијата гради нова, трета фабрика, Груевски потенцира дека е најдобар демант за сите критики, но и показател за успешноста на политиката на привлекување на нови странски инвестиции.

-Менаџментот на Амфенол веќе искусил и има позитивни впечатоци од своите две фабрики кои веќе функционираат во Македонија и се одлучил за нова трета фабрика.
Овој успех не е можен без силен ангажман и исклучителна посветеност на владиниот економски тим. Со таквата работа отворивме досега над 150 илјади работни места, овозможуваме услови и покрај големите светска економска и европска должничка криза, развој на нашата економија. Тоа е нашиот ангажман и нашиот најсилен фокус. Ваквите дела ги решаваат проблемите на граѓаните и ние со несмален интензитет ќе продолжиме да работиме за доброто за граѓаните, за работите кои ќе значат и ќе донесат најголема корист за нив, заклучи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

СООПШТЕНИЕ – ЈКП Водовод и канализација Прилеп ги известува граѓаните

1380024_535817179845495_795581617_n
ЈКП „Водовод и Канализација“ ги известува своите потрошувачи дека ќе врши редовно читање на водомерите со цел точно да биде фактурирана потрошената вода во изминатиот период. Бидејќи во зимскиот период Вашите водомери беа заштитени и недостапни за отчитување, Ве молиме истите да бидат чисти и отворени како би можеле да отчитаме и ја фактурираме потрошената вода.
ВАШ ИНТЕРЕС Е ВОДОМЕРОТ ДА БИДЕ ТОЧНО ПРОЧИТАН!
Доколку не сме во состојба да го прочитаме водомерот согласно со Одлуката на Советот на Општина Прилеп, ќе бидеме приморани да Ви фактурираме паушален износ од 10м3 за секој член на Вашето семејство!
Состојбата на Вашиот водомер можете и самите да ја прочитате и да ја доставите во просториите на ЈКП „Водовод и Канализација“.
Соработувајте со нас за да овозможите подобро да Ве услужиме!
Со почит,
ЈКП „Водовод и Канализација“ Прилеп

Изложба на дела од колонијата ,,Михајлово,, од Кавадарци

2

Во петок, 1 април 2016 во 19.00 часот во ЦК ,,Марко Цепенков”, ќе биде отворена изложбата на дела од колонијата ,,Михајлово,, од Кавадарци

3

Една од најстарите ликовни колонии во Македонија, што се одржува во Кавадарци, насловена е како “Михајлово”, по областа која се наоѓа во пазувите на планината Кожув, каде е и едно од најпознатите планински одморалишта во Македонија.

Во 2015 се одржа јубилејното 20 издание на колонијата со учество на над 45 ликовни уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Словенија, Косово, Албанија, Турција и Грција. Oвојпат во прекрасниот амбиент на Хотелот “Уни палас 2“ Кавадарци, каде уметниците твореа инспирирани од околината и пејсажите на Кавадарци и Тиквешијата.

1

Организатор на Ликовната колонија “Михајлово“ е Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, со подршка на Локалната самоуправа на општина Кавадарци и Министерството за култура на РМ.

Делата кои ѓе бидат изложени во Прилеп, се само дел од бројните кои настанаа на последното издание на колонијата, која традиционално се одржува од 20ти до 30ти август.

4

Одбележано завршувањето на реконструкцијата на основното училиште „Кирил и Методиј“ во населено место Канатларци

1

Преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, заедно со општина Прилеп, денеска беше одбележано завршувањето на реконструкција на училници, тоалети и адаптација на објект во читална во основното училиште „Кирил и Методиј“ во населено место Канатларци. Реконструкцијата беше финансирана од Владата на САД преку Европската команда на САД, во рамките на учеството на училиштето во проектот на УСАИД. Целосна санација се состоеше од: две училници, помошна просторија, ходник, санитарни јазли во централното училиште на ООУ „Кирил и Методиј“ во Кантларци во вредност од околу 1.400 000,00денари од кои околу 1.200 000,00 денари од УСАИД и 200.000,00 денари од ЕЛС Прилеп.

Во своето обраќање, Координаторот за операции во Канцеларијата на аташето за одбрана при Амбасадата на САД во Скопје, Главен наредник Дејвид Кокс, истакна дека:

„Постои и една позитивна приказна којашто се случува во училиштата низ Македонија, а којашто е поврзана со младите луѓе тука и нивната иднина. Тоа е приказна за етничка хармонија меѓу учениците, нивните родители, наставници и соседи, а ние треба да осигуриме дека и оваа приказна ќе биде прераскажана”.

„Во тек е постапката за набавка на нова опрема за училниците во вредност од повеќе од 350.000,00 денари средства од ЕЛС Прилеп. Ова е четврт успешно реализиран проект во соработка помеѓу УСАИД и општина Прилеп, од кои два проекти во ООУ „Блаже Конески“ и реконструкција на училиштето во н.м Беровци“, посочи градоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.

Градоначалникот Ристески како наредни проекти во основното училиште во н.м Канатларци ги посочи:
-ново повеќенаменско игралиште и
-реконструкција на санитарните јазли.

[Best_Wordpress_Gallery id=”195″ gal_title=”Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието”]

Импровизирана акција за спасување лица при пожар на висококатница во Битола

Регионалната дирекција за заштита и спасување во соработка со територијалната против-пожарна единица, службата за итна медицинска помош, Црвен крст и претставници на општина Битола денеска изведоа заедничка превентивна акција за спасување лица од висококатница од објект на ЗК „Пелагонија“.

222

Спасувањето од висококатници е посебно опасна и храбра интервенција, но, благодарение на обученоста на лицата кои ги активираме, интервенцијата е успешна и ефикасна, истакна Слободан Вуковиќ, раководител на одделението за обука во Регионална дирекција за заштита и спасување, кој ја координираше денешната превентивна акција во Битола.

-Досега сме организирале околу 180 обуки низ кои се сертифицирани околу 7.000 лица кои работаат во различни фирми, компании и служби и кои умеат веднаш да интервенираат во случај на пожар и други непогоди. Секоја обука триумфира со нова оспособеност на учесниците и важно е да се одржуваат вакви обуки бидејќи за жал се случува многу луѓе да не знаат да употребат и против-пожарен апарат, истакна Вуковиќ.

SAMSUNG

Денешната импровизирана акција за спасување лица во висококатница ја следеше и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, кој потврди дека локалната самоуправа има посебна програма за интервенции во ситуација на елементарни непогоди.

-Освен стручните лица кои се вклучуваат во акциите за заштита и спасување, при интервенции треба да помагаат и други вработени лица во соодветна фирма или институции. Општина Битола ќе го поддржува обучувањето лица кои треба да се вклучат при елементарна непогода или други неприлики. Важно е првата средба со несреќата да не биде панична туку присебна со правилен начин на справување, а за тоа значајни се обуките и ние тоа ќе го направиме со сите институции од надлежност на локалната самоуправа, нагласи Талески.

ВИДЕО – Убавата страна на рагбито: Понежната половина лудува на терен

asas

Ова со сигурност е поубавата страна на рагбито или популарно наречениот американски фудбал. Девојкиве се згодни, надарени, но и жестоки рагби играчи. Едноставно со ваков аутфит го прават овој спорт привлечен и се поинтересен за нас не толку упатените во рагби.

Погледнете го видеото !

А.Г.

Далеку е Австралија, но љубовта кон родното огниште е секогаш посилна

site_197_Macedonian_481971

“Ми недостигаат твоите прекрасни езерски плажи, твоите историски манастири, од југ па најдалеку до север, ми недостигаат твоите шумски патеки, твоето ветре развигорче, твоите расцветани овошни дрвја во пролет, твоите гостопримливи луѓе.Но, не се грижи моја мила и убава мајчинска земјо, јас те гледам од далеку,поточно од 15,570 километри. И без разлика каде и да сум и со кого и да сум, тебе Македонијо мила, секогаш те носам во моето срце”, вели Сара Неделкоска во нејзината порака за родната Македонија.

Ова нека служи како пример за оние кои сакаат да им ги ускратат правата на нашинците кои се наоѓаат ширум светот. Тие се наши Македонци кои носат силна љубов во срцата кон родното огниште, затоа треба да ги уживаат сите права како и ние кои живееме тука. Секоја чест за девојката за нејзината патриотска и од срце пренесена порака.

Извор: www.sbs.com.au

Страшна несреќа: Прилепчанец се бори за живот на Ургентен

policija-520x279

Во текот на вчерашниот ден, во 13 часот во Рудникот „Сивец“ во Прилеп се случила страшна несреќа. 54-годишниот С.Д. паднал од скеле и се здобил со повреди во пределот на главата и телото. За жал, работникот се бори за живот на Ургентниот во Скопје.

Полицијата работи на случајот.

Денеска е Свети Алексиј човек Божји: Посветете им го денов на блиските, а никако не правете го ова

sveti-aleksije

Различни се патиштата по коишто Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот закон. Во времето на царот Хонориј во Рим живееше високиот царски достоинственик Ефтимијан, многу угледен и многу богат. И тој и жена му Аглаида животот го минуваа богоугодно.

Иако беше богат, Ефтимијан само еднаш дневно седнуваше на трпеза, и тоа по залезот на сонцето. Имаа син единец, овој Алексиј, кој кога порасна го принудија да се ожени. Но ноќта по свадбата тој не само што ги остави жената и домот на својот татко туку седна на кораб и отиде во градот Едеса во Месопотамија, каде што беше прочуениот неракотворен лик на Господ Исус, испратен од Него Самиот за царот Авгар. Откако му се поклони на овој лик Алексиј се облече во руво на просјак и како таков живееше во тој град полни седумнаесет години, непрестајно молејќи Го Бога во припратата на црквата на Пресвета Богородица.

Кога таму се прочу како богоугодник, се уплаши од човечката слава и замина оттаму, седна на кораб што оди за Лаодикија, но по Божја Промисла коработ беше носен и доплови дури до Рим. Сметајќи го ова за прст Божји, Алексиј смисли да отиде во домот на својот татко и таму како непознат да го продолжи својот подвиг. Татко му не го препозна, а од милосрдие му дозволи да живее во една визба во неговиот двор. Овде Алексиј помина уште седумнаесет години, живеејќи само на леб и вода. Слугите го малтретираа на разни начини, но тој претрпе сѐ . А кога му се приближи крајот, напиша една хартија, ја стегна во рацете, легна и издивна, на 17 март 411 година. Тогаш во црквата на Светите апостоли стана во присуство на царот и на патријархот откровение во вид на глас кој рече: „Побарајте го човекот Божји“.

Малку по ова се откри дека тој човек Божји е во куќата на Ефтимијан и по долго распрашување дознаа дека станува збор за оној просјак. Кога влегоа го најдоа мртов во неговата визба, а во лицето блескаше како сонце. Од онаа хартија неговите родители дознаа дека е тоа нивниот син Алексиј, а невестата којашто триесет и четири години живееше без него го виде нејзиниот маж, па сите ги обзеде неизмерна тага. По ова сепак се утешија, гледајќи дека Бог го прослави Својот угодник. Од допирот на неговото тело се лечеа многубројни болни и од него потече благоухано миро. Го погребаа во ковчег од мермер и смарагд. Главата се наоѓа во Светата Лавра на Пелопонез.

Тој се смета за заштитник на питачите, патниците, болничарите и дадилките. Народот вели дека „Човекот Божји“ се грижи за сите несреќни и наказени луѓе и затоа на денешен ден никако не е добро да избрката просјак доколку ви дојде на врата или да одбиете милостина, бидејќи така ќе го навредите светителот.

Победашите не се откажуваат од прволигашкиот сон, победа во Ѓорче Петров со 1-3

12936594_10209079976820549_2066948262219695794_n

Вчера во последниот натпревар од 19-то коло (прво од третиот круг) на првенството на Втората лига, фудбалерите на Победа ја совладаа домашната Македонија на стадионот во Ѓ.Петров со 1-3. Во извонредно значајниот натпревар победашите одиграа со срце на терен, максимално ангажирано од првиот свиреж на штипскиот судија Стојанов. Агресивната игра од самиот старт резултираше со два брзи гола-во 4-та минута, силниот и максимално прецизен волеј на Гешоски за 0-1 и милимиетарски прецизниот и за Георгиевски неодбранливиот удар на Шаркоски. Двајцата наши стрелци  по неколку месечен пост се запишаа во листата на стрелците. Во 17-та минута Македонија намали на 1-2, со голот на Јанчевски, по сигнализација на победашите на нерегуларен начин, ја примил топката со рака пред да ја затресе мрежата на Манчевски. До крајот на првиот дел Победа преку Мирчески имаше извонредна шанса да зголеми на 1-3, но одбрани Георгиевски, како и рекламирање на игра со рака на еден од домашните играчи пред својот гол, а Македонија се обидуваше главно по досудени прекршоци од слободни удари и нафрлени топки да стигне до израмнување.

12670875_10209079982860700_91201051357576979_n

12919915_10209079984700746_8872404344671200872_n

Во вториот дел одново полна контрола на теренот имаа фудбалерите во црвено-бели дресови, кои максимално ги затворија сите пристапи кон својот гол, а на противничката половина се закануваа од брзи акции, по кои две полушанси имаа Мирчески(неговиот млак удар го одбрани Георгиевски) и Дунимаглоски, кој биеше со глава неколку снатиметри покрај дирекот.  Во друг обид неговиот шут домашниот голман го одбрани, исфрлајќи во корнер. По неколку минутниот прекин, за кој заедно со измените, судијата Стојанов натпреварот го продолжи за 7 минути, Мирчески стави точка на натпреварот зголемувајќи за на 1-3 и со тоа рехабилитирајќи се за неискористената шанса во првиот дел. Се на се заслужена победа на нашите фудбалери кои во сите елемнти на фудбалската игра го надиграа домаќинот и покажаа дека се подобар тим од Македонија, која се спаси пред 17 дена само благодарение на нашите неискористени шанси, извлече бод играјќи 0-0.

12932721_10209079984140732_7248451153025758291_n

12512399_10209079987300811_3549772466815851206_n

Македонија: Георгиевски, Џангаровски, Божиновски, Костовски(од 61 мин Љама), Фетахи(од 46 мин Николовски), Јанчевски, Здравковски, Мишовски(од 61 мин Никанчевски), Иваноски, Рамадан и Стојкоски.

ПОБЕДА: Котевски(од 1 мин Манчевски), отески, Мегленски, Ристевски, Колевски, Гешоски, Шаркоски(од 58 мин Здравески), Дунимаглоски, Димитриоски, Мирчески и Наумоски(од 66 мин Петрески).

Во следното 20-тто коло Победа е домаќин на Тетекс.