Лишени од слобода двајца дрвокрадци од долненско Црнилиште – со моторна пила нападнале полицаец

-На 29.04.2026 во 21:30 часот во с. Црнилиште, општина Долнени, полициски службеници од ПО Ропотово ги лишија од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од с.Црнилиште.

Претходно, истиот ден околу 12:30 часот, во атар на с.Стровија, општина Долнени, од страна на полициски службеници од Шумска полиција Прилеп биле затекнати двајцата како бесправно сечат огревни дрва, при што агресивно се однесувале кон полициските службеници, а Џ.Т. со моторна пила нападнал еден од полициските службеници, по што се дале во бегство.

По преземени мерки, Т.Т. и Џ.Т. се лишени од слобода и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.