дома блог страница 5386

Дневен центар Обршани – Општина Кривогаштани

11

Во присуство на заменик министерот Диме Спасов и градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски свечено беше пуштен дневниот центар за ран детски развој во Обршани.
Во општина Кривогаштани веќе година дена успешно функционира градинката Весело Штркче, а Ценатор за ран детски развој е втора вакава институција во општината која ќе ги згрижи и едуцира најмалите на предшколска возраст со што во голема мера ќе им помогне на родителите во социјализацијата на своите деца. Задоволството и интересот на родителите се огромни од отворањето на овај центар.

Центарот за ран детски развој за деца од предшколска возраст кој ќе функционира во кругот на ОУ Јонче Смугрески во Обршани, а ќе ги опфаќа населените места Обршани, Воѓани, Бела Црква, Пашино Рувци и Боротино започнува со своето функционирање. Центарот ќе работи во неколку смени во зависност од бројот на пријавени деца. Возраста на децата кои ќе го посетуваат ценатарот треба да биде од 3 до 6 години а дневниот престој ќе трае најмногу 3 часа за што надоместокот изнесува 400 денари месечно.

Владата на Република Македонија во изминатите 10 години отвори над 45 детски градинки и исто така 27 центри за ран детски развој. Овој проект значи многу за жителите на ова населено место и верувам дека тука нема да застанеме. Веќе денес разговаравме за нов Центар за ран детски развој во уште едно населено место во оваа општина.

18 12 13 14 15 16 17

УХМР предупредува: Подгответе се за пеколно лето

vremegorestina600x400

Управата за хидрометеоролошки работи од минатата година, воведе сез­он­ските изгледи за времето, како новина во својата оперативна пракса. Поради брановата природа на атмосферските процеси и нивната нели­неарност-сезонските инфор­мации за времето претставуваат само изгле­ди, т.е. свое­видна проекција за можниот развој на времето. Затоа истите би тре­бало да се сфаќаат со помала доверливост, како можна временска рамка или ориентациона информација за одликите на времето во претстојната сезона пролет-лето 2016 г.

Во изработката на сезонскиот преглед користени се основните алатки, пода­тоци и продукти од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето (ECMWF) во Рединг, Вир­ту­ел­ниот Центар за Кли­мат­ски Промени за југоисточна Европа (SEEVCCC). Националната Океанско Ат­мо­сферска Администрација (НОАА), Нацио­налниот центар за атмо­сферски прогнози (NCEP), Mетеоролошкиот сервис на Велика Британија (UK-Met.Office) и други светски истражувачки цен­три. Допол­нително, e направена анализа  на климатски индекси, како што се Ел Нињо Јужна Осцилација (ENSO) и Северо-Атланската Осци­лација (NAO), како кли­матски варијабилности, кои се јавуваат како резул­тат на реакцијата на атмо­сферата на промените на температурите на површината на мо­ри­њата, влажноста на почвата, снегот и ледената об­вивка. Според теков­ните предвидувања феноменот Ел-Нињо како пери­одично отстапување на температурите на површината на океанските води во екваторскиот дел на Пацификот продолжува да слабее, но троп­ските температури на океанските води во Пацификот се уште ќе бидат повисоки од просечните. Транзицијата кон неутрален ENSO, најверојатно ќе се случи  од поче­токот на летото 2016 година, со голема веројатност во почетокот на есен, веќе да се развие Ла Ниња, како ладна фаза, во која океанските тем­ператури во екваторскиот сел на Пацификот ќе бидат пониски од про­сечните. Иако феноменот Ел Нињо има влијание на глобалната океанско-атмо­сферска циркулација и оттаму на системите со низок и висок воздушен притисок, млазните струи, фронтовите, вет­ро­вите и врнежите во претстојната сезона не се очекува поголемо влијание на времето во Европа и Македонија. Според сегашниот статус на NAO, која влијае на силината и правецот на западните ветрови и патеките на олуите во северниот Атлантик и Европскиот континент, постои слабо изразена позитивна фаза на оваа осцилација, со постепено слабеење, која ќе услови намалување на силината и динамиката на системите и западните ветрови кои воглавно носат влага од Атланскиот океан.

Деталната анализата на податоците од климатките модели, упатува на сосема мали разлики во однос на отстапувањата на температурите и врнежите за претстојната сезона пролет-лето во однос на просечните.   Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето издава и прогнози со продолжен опсег, во форма на месечни прогнози за времето фокусирајки се на седмодневните аномалии (отстапувања)  на темпе­ра­ту­рите и врнежите во однос на 20 годишен климатски просек. Така според овој систем, се превидуваат позитивни отста­пувања на тем­пе­ратурите на воздухот на 2 м висина во границите од 1-3 °C, до 5 °C  во периодот од 4 до 10 април, што значи дека во овој период времето веројатно ќе биде потопло од просечното за овој период. Според просечните аномалии на врнежите за перидот од 28 март то 3 април, се очекува 10-30 мм помала сума на врне­жи, во однос на 20 год­ишниот моделски климат­ски просек. Овие отстапувања ќе бидат помали во средината на месецот, а во втората поло­вина се очекува врнежите да бидат во рамките на прос­еч­­ните, со искучок на запад­ните делови на Македонија, каде се предвидува 0-10 мм поголема сума на врнежи.

Според сезонските прогнози на Европскиот центар, отста­пувањата на просечните тем­ператури во приземниот слој на атмосферата и на  плани­ните, во пре­стојната сезона пролет-лето би биле повисоки за околу 0.5-1.0 . Во првиот три-ме­се­чен период април-мај-јуни нема отста­пување во однос на врнежите, додека во јули-август-септември се очекува околу 50 мм помала, вкупна сума на врнежи во однос на просечните за овој период. Во однос на про­сеч­ниот притисок сведен на морско ниво, нема позна­чи­тел­ни про­мени, додека прити­сокот 500 мб се предвидува во двата циклуси да има пози­тивно от­стапување,  што значи дека би постеле усло­ви за по­топло и по­мал­ку нес­та­билно лето. Кога ќе се земат во пред­вид сезон­ските информа­ции на Нацио­нал­­ниот Центар за Атмо­с­фер­ски Прогнози на САД (NCEP), до­биени со помош на атмос­фер­ско-океански модел, ситуа­ци­јата за можните изгледи на времето во сезо­ната пролет-лето сосема малку се менува. Така на пример се очекува отстапувањата на  тем­пературите во месец Април,  да бидат за 0.5-1  повисоки од просеч­ните. Во ме­сец мај ситуацијата е малку пои­наква, каде се пред­ви­дува сосема мало негативно отстапување на тем­пе­ратурите. Во наредните месеци од јуни-септември истите би се движеле во рамките на кли­матскиот просек. Во однос на врнежите, не се пред­видуваат отста­пу­вања, додека во текот на месец мај се можен е  благ по­раст на ано­ма­ли­јата на врнежите од климат­скиот просек. Месец јуни се очекува да биде посув, со дефицит на врнежи и отстапувања во грани­ците од 0.2-0.6 мм. Сличен тренд како во јуни се пред­видува и во јули додека додека август и септември би биле во грани­ците на про­сеч­ниот.  До­пол­нително, за подготовка на сезонскиот преглед  се ко­рис­тени про­дукти од Вир­туел­ниот Центар за Климат­ски Промени за југоисточна Европа (SEEVCCC). Овој центар од јуни 2009 г. оперативно изготвува 7 месечни сезонски прогнози за времето во југоисточна Европа како и климатски сценарија, со примена на современ регионален атмосферско-океански модел (RCM-SEEVCCC). Резултатите од овој модел, на извесен начин ја потврдуваат конзистентноста на сезонските предвидувања на Европскиот центар и Националниот цнентар за прогноза на САД. Имено во однос на режимот на температурите се очекува позитивно отста­пу­ва­ње во интервалот од 1-2

во месеците април и мај, додека овој центар предвидува и повисоки температури во однос на климатрскиот про­сек за 2-3  во текот на
летото во месеците јуни и јули. Според истиот извор, август ќе биде топол  но со поблаго пози­тивно отстапување на темпе­ра­турите, додека септември во рамките на просекот. Во поглед на ано­малијата на врнежите изразена во проценти овде има поголема вари­ја­бил­ност, така што во пролет­ните ме­се­ци пос­ебно во источните области на земјата пос­то­јат изгледи за поз­и­тивна ано­ма­лија на врне­жите изра­зена во про­центи од 0-25 %. Слична ситу­ација се очекува и во месеците јуни и јули, но веќе во на­редните месеци август и септември се пред­виду­ва негативно процен­ту­ал­но от­ста­пување на месеч­ната сума на врнежи во однос на кли­мат­скиот про­сек.

Топла и влажна пролет-и релативно потопло лето 

Според анализата, кон крајот на март и почетокот на април се очекува повеќе сонце и потопло време со помалку облаци и ветер-и налик на пролет. Овој тренд на постепено зголемување на температурите на воздухот ќе продолжи и текот на целиот месец, но и понатаму ќе има периоди со променливи временски услови,  вообичаени за април. Снеж­ната покривка во западните планински области во Македонија и темпе­ратур­ни­те контрасти, не ја исклучуваат можноста за повремени локални влијанија на времето со појава на облаци, ветер и врнежи. Затоплу­вањето во почетокот на овој месец во комбинација со топењето на снегот и евентуалните врнежи можат да предизвикаат и локални излевања на реките во западна Македонија. Од крајот на април кон мај, ќе продолжи трендот на пораст на дневните температури, т.е. сонце во комбинација со можна попладневна атмосферска нестабилност и влажни процеси во атмо­сферата посебно во текот на мај.

Во првата половина на летото се предвидува поголемо влијание на субтропскиот појас на висок притисок, и циклуси со поин­тензивна топ­лина во јужна Италија и во јужниот дел на Балканот. Распоредот и динамиката на воздушните маси од Средоземното Море, ќе влијаат на создавање на фронтални и олујни системи со грмотевици, од јужна Франција преку северниот дел на Италија во северниот дел на Бал­канскиот Полуостров. При тоа загре­аниот и влажен Медитеран, ќе соз­даде поволни услови за иницирање и развој на грмотевични облаци, кои ќе бидат проследени со силен ветер, појава на молњи, град и локални поплави. И на крајот за пошироката јавност, предвидувањата во тек­стуална и сим­болична форма се следни:

Април

 

Иако во првата декада потопло и релативно посуво, во основа температурите и врнежите во рамките на просекот, но сепак не се исклу­чуваат и периоди  со промен­ливо време, воо­би­чаено за април.

 

Мај

 

Малку потопол, и за нијанса повлажен мај, со повремени, попладневни циклуси со врнежи и грмежи, карактеристични за мај.

 

Јуни

 

Почеток на лето со повисоки температури од просечните и врнежи во рамките на просекот.
Јули

 

Продолжува вистинското лето. Потопол и малку посув Јули. Не се исклучува и појава на топли бранови.
Август Потопол август, просечно влажен, не се исклу­чуваат повремени локални деста­били­зи­рања на атмосферата, со развој на грмотевични облаци.

 

Септември Просечен септември со сонце, топлина преку денот, и релативно свежи утра и ноќи.

 

Прилеп наскоро добива нов плоштад

IMG_8834

Пешачката зона во центарот на Прилеп се зголемува со уредување на третата фаза  на површина од 1.000 м2 која се однесува на улиците „Републиканска“ и Кеј „1-ви Мај“. На овој потег моментално се работи на средување со бехатон плочки, а потоа ќе следи поставување на подземна инфраструктура, осветлување, урбана инфраструктура, како канделабри, канти за отпадоци, клупи и друг инвентар. Овој инфраструктурен зафат чини два милиони денари, средства обезбедени од Локалната самоуправа. Со него ќе се заокружи целата чаршија како пешачка зона која воедно ќе добие и плоштад посветен на „Пере Тошев“.

IMG_9013

IMG_9025

IMG_9030

IMG_8833

IMG_8835

IMG_8837

IMG_8871

ПРИЛЕПЧАНИ ПАМЕТАТ ДЕКА СДСМ ГИ УНИШТИ НИВНИТЕ ЖИВОТИ И НАДЕЖОТ ЗА ПОДОБРО УТРЕ!!!

prilep3JPG600x400

Во пресрет на посететата на техничката министерска за труд и социјална политика на Прилеп Фросина Ременски, бившиот потпретседател на Светски македонски конгрес, која не го осуди нападот на доскорешниот колега Тодор Петров, Прилепчани упатија порака преку транспарент во центарот на градот до СДСМ.

Прилеп се сеќава на погубните политики на СДСМ за прилепското стопанство, на уништувањето на големи гиганти и бркањето на 15 000 луѓе од работа. Таа црна дамка од криминално спроведентата транзиција на СДСМ Прилеп ја чувствува и денес.

Да потсетиме кој доаѓа во Прилеп. Доаѓа министерката која од првиот ден од нејзиното поставување единствено нешто што направи е партизирање на центрите за социјални работи, министер со секојдневни гафови и министер кој предизвика бројни реакции во јавноста како резултат на тие неконтролирани изјави.

Оваа порака на Прилепчани боди како шило, ова е порака од грлата на илјадници гладни усти и затворени куќи кои ги остави СДСМ за време на нивното владеење во Прилеп.
Заради сето ова ваквите политичари се непожелни во градот херој Прилеп.

prilep1JPG600x400

Црногорка направила 200 лажни профили на Фејсбук, нејзината цел ќе ве шокира

facebook-oko-640x420

Полицијата во Подгорица поднела кривична пријава против Ј.Д. (34) од Подгорица, поради основан сомнеж дека на Фејсбук направила преку 200 профили на кои се наоѓале фотографии од нејзина сограѓанка М.Л. е соопштено од Управата на полицијата во Црна Гора.

Ј.Д. со име и презиме на оштетената М.Л. на профилите на оваа социјална мрежа, користејќи го нејзиниот мобилен телефон и интернет, воглавно пишувала навредливи коментари и епитети со кои сакала да и го наруши угледот.

-Против неа е поднесена кривична пријава поради сомнеж дека направила кривично дело “неовластено собирање и објавување на лични податоци”, соопштено е од Управата на полицијата.

Службеницте од делот за борба против организиран криминал и корупција, во соработка со тим од Министерството за информатичко општество и телекомуникација од Фејсбук ги отстраниле сите лажни профили.

Објавен Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови

mon

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2016/2017 година. Предвидени се вкупно 2.550 слободни места во сите ученички домови.

Приоритет при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во прва, втора, трета или четврта година во државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови на Република Македонија.

Учениците потребно е да ги исполнуваат следните услови-да се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2016/2017 година, да се државјани на Република Македонија, да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно Град Скопје каде ученикот има постојано место на живеење. Училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз, училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.

Учениците кои се запишани во Спортската академија во Скопје, треба да ги исполнуваат следните услови-да се запишани како редовни ученици во Спортската академија во Скопје во учебната 2016/2017 година, да се државјани на Република Македонија, да се со место на живеење различно од местото во кое е Спортската академија и ако во местото во кое ученикот живее не се реализира наставен план за спорт за кои ученикот е запишан.

Комплетната документација, учениците кои конкурираат во првиот уписен рок треба да ја достават од 29 јуни до 8 јули годинава во домот каде бараат сместување. Оние кои конкурираат во вториот уписен рок, документите ги доставуваат од 22 до 30 август во домот каде има слободни места по првиот уписен рок. Учениците кои претходната учебна година престојувале во ученички дом, комплетната документација треба да ја достават најдоцна до 6 јули до соодветниот дом.

Резултатите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2016/2017 година по првиот уписен рок ќе се објават на огласната табла на домот најдоцна до 22 јули годинава. За вториот уписен рок, резултатите ќе се објават на огласната табла на домот најдоцна до 31 август 2016 година.

Вселувањето на примените ученици почнува од 31 август 2016 година.

Мурињо има 300 милиони на располагање, 60 ќе потроши на…

349890_640

Јунајтед ќе троши немилосрдно, а фудбалски тинејџер би можел да биде и најскапото појачување!

Жозе Мурињо според пишувањето на англиските медиуми ќе добие неверојатни 300 милиони евра за прелазниот рок.

Тој може да се ослободи дури од петмина стартери, а големиот трансфер буџет да го искористи за додатно да ја подмалди екипата.

Заради тоа не е ни чудно што Јунајтед е спремен да плати околу 60 милиони евра за Реанато Санчез, најталентираниот португалски фудбалер.

Момчето кое веќе игра за првиот тим на Бенфика е на мета на”Ѓаволите” последните година дена, и одигра 22 меча за Бенфика, на кои постигна 2 гола.

Место во екипата би можело да му отстапи Депај. Мурињо често беше обвинуван да носи негови фудбалери, да се сетиме на Кварезма во Интер, Коентрао и Ди Марија во Реал, да го спомнеме и Фалкао кого минатото лето го донесе во Челзи….

А.Г.

Трагична исповед: Имам милиони во банка, но не можам да купам здравје да си го спасам животот

 “Никогаш не било доволно. Имам 78 години и верувам дека не ми останало уште многу време. Имам милиони долари во банка, но не можам да купам здравје, да го спасам својот живот. Имам семејство и милиони фанови ширум светот, но сега сум сосем сам. Го живеев својот живот на погрешен начин и не сакам тоа да ви се случи и вам, ја започнува приказната Морган Фримен.

htrzt54g-640x475

“Послушајте ме и преземете нешто ако сакате да ја промените вашата иднина.

Би сакал мене додека бев млад, некој да ми го раскажел она што ќе ви го кажам вам.

Парите сами по себе не се зло. Тоа е само хартија со проценета вредност кои ни овозможуваат да дојдеме до други работи кои ги сметаме за вредни. Ако парите не се зло, што се? Злото е несвесна,  опсесивна и морална страст.

Злото е бездушна опсесивно-компулсивна потрага по чупот полн со злато, кој не постои. Злото е кога имаме етикета на срце и душа кои ги менуваме за финансиски успех по секоја цена. Зло е кога пробуваме да купиме среќа и одново, да не бидеме свесни дека тоа е само илузија која еден ден ќе ја снема.

Замислете дека имате се, а потоа сето тоа го изгубите. Замислете дека сте шворц. Немате ни ронка пари. Единственото решение за ва е да набавите уште пари. Нема ништо што создава лажна среќа. Кои сте вие сега?

Каде се сега сите оние луѓе кои сте ги сметале за пријатели додека сте имале пари?

Оние кои не биле со вас заради пари, веќе одамна сигурно ве напуштиле, мислејќи да сте егоцентричен кретен.

Можете да се промените веќе денес доколку ја редефинирате вашата верзија за успехот. Можете да ги трансформирате вашите оштетени  чувства, односи и да заработите пари. Можете да си опростите себе си и на оние кои ве повредиле. Можете да станете лидер кој ќе им помага на другите.

Можете да ги избалансирате приоритетите во животот. Можете го исцелите својот брак и да створите посилна љубов отколку што сте мислеле дека е возможно. Можете да станете најдобри родители на светот, но немојте да чекате да дојдете во моите години. Секогаш можете да заработите уште пари, но никогаш нема да можете да го вратите времето.

Сите ќе умреме еден ден. По што сакате да се сеќаваат на вас? Што можете да направите да би го направиле светот поубаво место? Која е вашата цел?

Сите умираме, но само мал број од нас навистина живеат.

Можете да излезете од сенка на светлост. Створени сте за големи работи”.

A.Г.

За нив никогаш не би претпоставиле дека отпаднале од прва лига

ibrahimovic-malmo486332020160323183356Петнаесет фудбалери, мајстори на оваа игра. Сите тие испаѓале од највисокиот ранг во нивната земја со клубовите во кои настапувале.

“The sport bible” не потсетува на некои занимливи случувања кога е фудбалот во прашање. Се работи за великани од светскиот фудбал кои испаѓале со своите клубови во пониски рангови на натпреварување.

Ги има премногу, тие направиле селекција од 15 најпознати.

Знаете ли вие уште некој?

А.Г.

ВИДЕО – Еве што значи да се има искусен пилот, неверојатно слетување во тешки услови

asas

Патнички авион Аirbus A380 слетува во неверојатно тешки временски услови на аеродромот во Манчестер. Носен од силен ветер, пилотот успева да го одржи авионот во точниот правец и да го исконтролира слетувањето. Искусните пилоти се вистински херои кои спасуваат стотици животи при вакви услови.

А.Г.