дома блог страница 5388

ВИДЕО: Феноменална инструментална преработка на „Тажна љубов“ од Тамара Тодеска

beleski

Мaкедонскиот музичар и продуцент, Васко Белески направи феноменална инструментална преработка на хитот „Тажна љубов“ од нашата популарна пејачка Тамара Тодеска.

Со ваквата преработка Белески направи едно парче уметност, што претставува вистински мелем душа, во комбинација со исечоци од познати холивудски филмови и со тоа превејќи го овој кавер нешто неверојатно и одлично за слушање и гледање.

Mакедонскиот музичар и продуцент моментално работи на нов проект за кој е предвиден и видео запис, за што има потреба од еден пар кој добро танцува и добро ја владее салсата.

Слушнете ја одличната мелодија и уживајте во неколкуте минути во ова инструментална верзија на македонскиот хит „Тажна љубов“ во преработка на Васко Белески.

Инаку, автор на оргиналната верзија е Роберт Билбило, а во изведба на нашата популарна пејачка Тамара Тодеска.

Челзи со богата понуда за италијански голман

celzi-

Лондонски Челзи е подготвен да понуди 38 милиони евра за чуварот на мрежата на фудбалскиот клуб Милан Џанлуиџи Донарума.

Од Челзи наредната сезона би можел да се пресели голманот Тибо Куртоа, додека во клубот истакнуваат дека Асмир Беговиќ, можел да се претстави и подобро.

Одлично за преселбата би можело да биде што Антонио Конте, Италијанецот кој што ќе го предводи Челзи, е во добри односи со Мино Раиола, застапникот на 17 годишниот чувар на мрежата на Милан.

Донарума оваа сезона е одличен и се истакна меѓу стативите на клубот на Синиша Михајловиќ, со што е подобар од Диего Лопез.

За услугите на италијанскиот голман е заинтересиран и англиски Манчестер Јунајтед.

Изведба на нови тротоари и пешачки патеки

11

Градот под Марковите кули, деновиве интензивно работи на поставување на нови тротоари и пешачки патеки. Станува збор за улиците: „ Самоилова“ и „Трајко Николоски“.
„Со овој инфраструктурен зафат започнавме и ќе продолжиме и понатаму. Во текот на оваа година е предвидена изградба на нови тротоари, на повеќе улици низ градот“, посочи Илија Карески раководител на секторот за урбанизам во општина Прилеп.
Со поставувањето на бехатон плочки и средувањето на тротоарите на овие фрекфентни сообраќајници значително ќе се олесни движењето на пешаците. Ваквиот тип на инвестиција чини 2.639.617,оо денари, средства обезбедени од локалната самоуправа.

12 13 1415

Стигна нова опција на Фејсбук

facebook-2-640x420iul78o78o87 (1)

Ако една слика вреди 1000 зборови, тогаш замислете колку вреди видео од 7 секунди, 7000 зборови или малку повеќе.

Всушност, Фејсбук понуди опција од својата профилна фотографија да направите профилно видео, јавува N1.

Опцијата за гиф сликичка е достапна веќе долго време, но сега – вистинско видео може да послужи како ваш прв идентификатор на најпопуларната друштвена мрежа во светот.

РУСКИ ХЕРОЈ од кого треба да учи целиот свет: Им нареди на своите да го гранатираат откако беше обиколен од терористи

 

 

 

Рускиот офицер припадник на Специјалните сили кој беше убиен за време на ослободувањето на Палмира од терористите на ИСИС, е 25 годишниот Александар Прокоренко, кој им нареди на воздушните сили да ја гранатираат неговата позиција откако беше откриен од терористите.
1037164904

Тој беше наречен “Рускиот Рамбо” од страна на интернационалните медиуми за својот акт на хероизам во Сирија.

На 24ти март беше обелоденето дека Руски офицер бил убиен од воздушен напад откако им издал наредби на воздушните сили и им ги кажал координатите за напад на терористите во Палмира, во провинцијата Хомс во Сирија.

Тој им нареди на своите соборци да ги исфрлат ракетите на неговата позиција откако беше откриен и заобиколен од терористите на ИСИС.

CeuPOMRXEAAyvY2

Александар Прокоренко беше од селото Gorodkj во Оrenburg регионот во Русија.

“Од неговата фамилија излегоја многу војници, а тој од секогаш сонуваше да служи во воените сили”, раскажува другар на Александар за весникот Komsomolskaya Pravda

Александар имаше жена која  ја остави бремена во Русија.

Вистински херој за кого треба да се учи во историјата!

А.Г.

Зошто телефонот треба да се чисти секој ден?

cistenje-telefon-650x396

Луѓето во просек го допираат телефонот околу 150 пати дневно, а една американска студија покажа дека на него просек има околу 7.000 видови бактерии.

Иако поголемиот дел од нив се безопасни, некои сепак не се, а загревањето на телефонот создава идеални услови на влажност и топлина што овозможуваат бактериите да се размножуваат. Тие се пренесуваат на рацете и на лицето, а потоа ги внесуваме во устата.

На телефонот често се наоѓа и бактеријата enterococcus која што вообичаено ја има во фекалиите. Таа може да предизвика голем број инфекции.

Затоа телефонот треба да се чисти со антибактериските шамичиња секој ден.

Чупе на денот – Allira Cohrs

Bb1tMR7IAAA8LdJ

BKiYM4JCYAAb8QE

A6NgBfdCYAElQQe

allira-cohrs

Allira-Cohrs-picdesk

ВИДЕО – Оваа девојка го изведе најневеројатниот аут во историјата на фудбалот

1212

Оваа Бразилка изведе неверојатно уфрлање од аут, какво што до сега не сте виделе. Вистинска уметност и умешност, што потоа ќе се покаже дека е и гол асистенција. Погледнете го видеото ќе ве остави без зборови.

А.Г.

Советник целосно полуде на говорницата: Општината финансирала организации на хомосексуалци

2121

Да, општините треба да ги финансираат невладините организации и здруженија на граѓани, но само кога се работи за такви организации кои работат за поширок круг на интереси на граѓаните. Дали е тоа пример со општината Трстеник во соседна Србија одлучете сами. Имено општината финансирала ЛГБТ организации со граѓански пари. Еден од советниците на опозиционата партија жестоко го осуди тоа, едноставно полуде на говорницата и со крстење ја прокоментира и обелодени таа одлука на општината.

Погледнете го видеото !

А.Г.

Блокада на патот Прилеп-Ресен – сообраќајот пренасочен преку Битола

avtopat (1)

Сообраќајот на магистралниот пат бр:А-3, Прилеп – Ресен, од 18:40 часот попладнево е пренасочен преку Битола.

Како што соопшти АМСМ, пренасочувањето е поради протест на месно население на местото „Баир“ во Битола.