Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска ќе се одржи свеченост по повод Денот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Ќе биде прогласена најдобра единица од составот на бригадата и доделени стимулативни мерки за постигнати резултати на припадници на 1.мпбр. Свеченоста ќе заврши со дефиле на единиците.
Најавено е присуство на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, државниот секретар во МО на РМ Елизабета Чуповска Ристова, заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, командантот на Здружената оперативна команда генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и други претставници од МО и ГШ на АРМ, поранешни команданти на бригадата, пензионирани генерали, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа …
Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување денови на единиците на АРМ, за Ден на 1. мпбр е одреден 2-ри април, датум на кој овааа единица е трансформирана согласно новата организациско-формациска структура на АРМ. Со достигнувањето на оперативната готовност, 1.мпбр ги презеде задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица во АРМ, во чии редови се наоѓаат припадници на АРМ од повеќе родови.
За почеток никогаш немојте да ставате нешто на што никогаш не би сакале да нагазите. Мошне е важно да бидете свесни за нештата што ги ставате под скалите.
Под скалите не треба да се наоѓа било што што е поврзано со нечија маса или работа и никогаш немојте да ставате остава за важни документи или предмети, затоа што секојдневно ќе газите врз нив.
Под скалите не треба да поставите кујнски пулт или собен бар. Иако, ова се некои од начините на кои што најчесто се искористува просторот под скалите. Ако пултот или барот се наоѓаат во близина на скалите тоа е во ред, но ако се под него а имаат и вградена славина, тоа симболизира загуба на богатството на селото семејство, затоа што симболично, се’ се одлева.
Конечно, под скалите никогаш не треба да ставате воден базен или фонтана. Со тоа се нанесува штета на следната генерација во домот и се врши негативно влијание врз нејзината среќа.
Оставите лоцирани под скалите се во ред. Според фенг шуи, сосема е во ред во тие остави да се чува семејната опрема и останати реквизити.
Во извештајот на министерството за одбрана се наведува дека руската војска добила задача да заштите истражувачки брод кој се упатил на Антарктик со мистериозен објект по име “Ковчегот на Габриел”.
Се зборува дека “Ковчегот на Габриел” е од воено-религиска важност, и тоа дека претседателот Путин наредил голем број воени бродови да го испратат од Саудиска Арабија до Антарктик.
Во извештајот се наведува дека мисијата почнала така што претставниците на џамијата во Мека во Саудиска Арабија контактирале со неговата светост патријархот Кирил 25 во септември, по повод мистериозен древен објект откриен под џапијата Masid al Haram, во текот на конзерваторски проект кој започнал во 2014 година.
Претставниците на џамијата се уплашиле од мистериозниот уред откриен на 12 септември од страна на 15 копачи кои настрадале од експлозија, која настанала кога пробувале да го ископаат.
Таа експлозија била толку силна што направила хаос и над површината, соборувајќи градежен кран и усмртувајќи околу стотина луѓе.
Исто така се наведува дека при уште еден обид за ископување на овој уред спроведен на 24 септември, се случила уште една експлозија кога настрадале повеќе од 4.000 луѓе, за што Саудијците рекле дека се случило стампедо.
Бидејќи голем број на луѓе настрадале во обидите да се изваде овој мистериозен уред, претставниците на џамијата контактирале со неговата светост патријархот Кирил, прашувајќи го за прастариот исламски ракопис, кој е во посед на руската православна црква.
Важно е да се спомене и тоа дека, иако многумина не знаат, римокатоличките крстоносци војувале и против исламот и против руската православна црква, што е една од причините зошто руската православна црква ги сочувала и своите и муслиманските религиски ракописи.
Во ракописите се опишани упатствата кои ангелот Габриел му ги дал на Мухамед во Хира, која се наоѓа на планината Џабал ал Нур во близина на Мека, а во кои се наоѓа некаква “кутија/ковчег” со неверојатна моќ која не смее да се користи затоа што припаѓа само на Бог и која треба да се закопа во храм, кој ангелите го користеле за “обожавање” пред да биде креиран човекот, се до денот Javam al Kijamah, што во превод значи “Ден на воскресение”.
Koга претседателот Путин слушнал за озбилноста на ситуацијата на 27 септември, тој одма наредил да се спроведе мисија на носење на ковчегот на Антарктикот, но и три дена подоцна на 30 септември, наредил на воздушните сили да почнат со бомбардирање на терористите од Исламска држава во Сирија.
Не е познато за што тој мистериозен уред служи, ниту зошто го преместиле на Антарктик.
Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва одлучило да ги повлече сите сегашни претставници на партијата во извршната власт на Република Македонија, потврди за НОВА портпаролот на ДУИ – Артан Груби.
Одлуката е донесена вечерва во седиштитето на партијата во Тетово, а претседателството на ДУИисто така ги потврдило ставовите оти лидерот Али Ахмети има потполно овластување во донесувањето на одлуки за понатамошните чекори за партијата.
Засега не се познати причините за ваквата одлука, а од ДУИ велат дека партијата ќе ја преиспита својата политика во текот на наредните денови.
Видовитиот Пастор Рикардо Салазар предвидува дека Кина и Русија ќе започнат војна против САД три месеци откако Европа, поради наезда на бегалци, ќе ги затвори своите граници…
Затворањето на границите, на некој начин, т.е. ограничувањето на преминот на бегалците веќе се случи пред нецел месец, што значи дека големиот глобален судир би можело да се случи веќе летово.
– Освен што ќе избие војна, Земјата ќе ја погоди астероид на 16 мај, кој ќе предизвика многу потреси и смрт на милијарда луѓе – вели Салазар во Јутјуб видеото, но најавува и Христово доаѓање.
Салазар е перуански правник кој живее во Јапонија, а има план да го изгради најголемиот христијански храм на светот. Вели дека во соништата и предвидувањата му се јавил Бог и му рекол дека всушност тој е канал за пренесување на предвидувањата.
Лудо или не, еве што се предвидува:
1. Април 2016: На небото ќе се појави ѕвезда која од ноќ во ноќ ќе станува се поголема. Русите ќе потврдат дека станува збор за астероид кој ќе се судри со Земјата.
2. 16 мај 2016: Астероидот ќе ја погоди Земјата и ќе падне кај брегот на Порто Рико. Тоа ќе предизвика земјотреси и цунами. Ќе се активираат вулкани, а Калифорнија ќе исчезне.
3. 16 јуни 2016: Ќе започне трета светска војна меѓу САД од едната страна и Русија и Кина од другата. Ќе се користат и атомски бомби кои ќе се уништат градови во САД и Јапонија.
4. 25 октомври 2016: Војната ќе заврши. Ќе победат Русија и Кина, зашто Америка ќе биде ослабена.
5. Март 2017: Кинескиот јуан ќе стане првата глобална валута
6. Крај на 2018 до средина на 2019: Русија ќе го нападне Израел
7. 2020: Ќе се појави Антихрист кој ќе седне на столицата во Божјиот храм во Ерусалим. Ќе започне отворен прогон на христијаните.
Рабеснето горило се обиде да нападне посетител во зоолошка градина. Од нигде никаде големиот мајмун се појави и веднаш поита да го нападне човекот. За среќа заштитното стакло на кафезот било доволно дебело за да го одбие овој напад. Сепак гледајќи го видеото изгледа опасно и страшно.
Канцерот е голем страв кај луѓето ширум светот. Постојат голем број на облици во кои се јавува, но засега една темна сенка преовладува во мислите на луѓето ширум Европа.
Болеста од која Британците се плашат дури и повеќеод ракот е деменција.
Ракот е застрашувачка болест, но медицината успеала да се помрдне во тој поглед, сега изгледите за преживување на заболените во голем број случаи се зголемени. Достапни се операции и третмани, развиена е терапијата со зрачење. Кај деменција тоа не е случај. прогресијат варира, а последиците се многу потресни и за болниот и за неговите најблиски.
Деменција воглавно се рзвива од 65 година, а на оваа болестнајчесто влијае стилот на животот, исхраната, физичката активност, како и генетскиот фактор. Може да настапи и по оштетување на главата или мозочен удар.
Еден од нејзините облици е Алцхајмеровата болест, иако се манифестира на различни начини, кои ги има преку 100. Човекот кој ќе ја добие оваа болест станува изгубен, заборава да зборува, го заборава идентитетот, како и некои научени физички работи, па дури и одење во тоалет.
Дури една од шест лица во староста заболува од деменција.
Тоа што луѓето посебно ги плаши е што модерната медицина може само да го успори напредувањето на оваа болест, но лицето со ваква болест го чекаа страшно исуство.
Учениците од посебните паралелки при ООУ „Климент Охридски“, со градското вовче денеска направија обиколка низ градот и ја посетија Могилата на непобедените.
Рајската градина која се наоѓа на Могилата на непобедените беше крајната дестинација од оваа мини екскурзија, која им ја овозможи Локалната самоуправа во соработка со училиштето.
„На иницијатива на Локалната Самоуправа и во соработка со ООУ „Климент Охридски“, децата од паралелките со посебни потреби, денеска направија една кратка екскурзија, посетувајќи ги знаменитостите на градот. За нивната радост да биде уште поголема, прошетката ја направија со атрактивното туристичко вовче, а воедно ја посетија и рајската градина, каде покрај веќе познатите пони коњчиња ламите и другите рајски птици, најмноги му се израдуваа на бамби срнчето“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Локалната самоуправа редовно се грижи за потребите на овие дечиња и за сите други, обезбедувајќи им подобри услови за следење на наставниот процес и редовно уредување на ова прекрасно катче на могилата на непобедените, на кое најмногу му се радуваат најмалите генерации.
Инаку, Локалната самоуправа во иднина ќе обезбеди и посебно опремена просторија во ова училиште за потребите на децата со аутизам, со што ќе им се овозможи подобар третман за време на престојот во оваа образовна институција.
Во пресрет на предвремените парламентарни избори Министерството за информатичко општество и амдинистрација (МИОА) денеска воспостави посебен телефонски број и електронска адреса на кои секој вработен во институциите на јавниот сектор ќе може да пријави каков било притисок, злоупотреба или друго нарушување на правата поради политички притисок.
Евентуални пристисоци може да се пријават на телефонските броеви 02/3200 899 и 072 228683, или на е-маил адресата [email protected].
Целта, според ресорната министерка Марта Арсовска Томовска, е да се спречат какви било евентуални притисоци и злоупотреби кон вработените во институциите на јавниот сектор.
Арсовска Томовска најави дека од утре ќе биде формирана работна група со претставници од МИОА и од Државниот управен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, која ќе ги разгледува сите пријави по однос на ова прашање и во рамки на законските надлежности ќе преземат мерки за да се спречи каква било злоупотреба.
– Најстрого го осудувам секој оној кој евентуално би вршел или врши притисок врз секој еден вработен во администрацијата. Ги повикувам вработените во администрацијата да го штитат угледот и честа на јавните институции, да се однесуваат совесно и одговорно и да бидат пример за однесување на сите граѓани во Република Македонија…, рече на прес-конференција Арсовска Томовска.
Согласно членот 26-а став (1) алинеи 8 и 9 од Законот за организација и работа на органите на државната управа, Министерството за информатичко општество и администрација е надлежно за надзорот и обезбедувањето на единствена примена на прописите што се однесуваат на државните и јавните службеници и развивањето на политиката поврзана со правата, обврските, одговорностите и оценувањето на државните и јавните службеници.
МИОА ги воспостави телефонскиот број и електронската адреса како надлежно за надзор на примената над законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници во однос на кодексите за административни службеници и за фер и демократски избори, како и согласно членот 8-в став 2 од Изборниот законик согласно кој сите учесници во изборниот процес не смеат да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во државната и јавната администрација.
Бегалците почнаа насилно да се пресметуваат со грчката полиција на Идомени, откако таа почна да ги враќа кон внатрешноста. Тие насилно сакаат да влезат во Македонија, па полицијата била принудена да употребува сила и солзавец за да ги растера.Погледнете го видеото и видете како Идомени почна да личи на вистинско бојно поле.