дома блог страница 5384

ВИДЕО – Парада на годината итоа со глава !

21212

Jordan Archer голманот на Милвол ја направи можеби најсјаната одбрана на фудбалските терени оваа година. Во натпреварот против Петерборо, Archer одбрани силен шут со глава. Како му било после една ваква одбрана не знаеме, но очигледно е дека погледот не му е наместо.

A.Г.

Рецепт: Посна мусака

musaka-1-650x396

Ова традиционално јадење можете да го подготвите и за време на постот ако го подготвувате вака.

Состојки:

3 главици кромид

2 моркови

2 чешниња лук

250 грама соини трошки

Сушени растителни зачини

Сол, бибер

100 грама доматно пире

Пире од 500 грама комири

Подготовка:

  1. сварете ги трошките од соја и исцедете ја водата. Пропржете го кромидот, морковот, па додадете ги соините трошки и зачини. Можете да додадете и две до три капки бело вино. На крај ставете и доматно пире.
  2. Направете пире од компири, а потоа поделете го на два еднакви дела. Во плех ставете половина од подготвеното пире, па ставете фил и на крајот остатокот од пирето.
  3. Печете во рерна на 200 степени околу 20 минути. Јадењето може да го служите и ладно.

Навивачката група Мајмуни ги повикува своите членови и фанови на ФК Победа

12920922_10207595847668690_550336146_n (1)

Навивачката група Мајмуни ги повикува своите членови и фанови на ФК Победа Прилеп да дадат поддршка на натпреварот од втората фудбалска лига против Тетекс, утре сабота 02.04.2016 година.

Натпреварот ќе се одигра во Турново со почеток од 16:00 часот, а организиран е превоз од пред Реклами во 13:00 часот.

Фудбалерите на Победа минатиот викенд ги вратија шансите за пласман во Првата фудбалска лига, со победата над Македонија Ѓорче Петров на гостински терен, со резултат    1-3.

Натпреварот со Тетекс е можеби најголемиот тест за Победа, бидејќи е против еден од главните фаворити и лидер на табелата во втората лига.

А.Г.

Во тек е Меѓународниот конкурс за пишување писмо на Агенцијата за пошти

poster_konkurs2016 (1)

Во тек е конкурсот на Aгенцијата за пошти на Република Македонија за пишување на писмо. Конкурсот кој е активен од 15ти март трае до 15ти април 2016 година, а повод за тоа е пред се негувањето на пишување писма и поттикнувањето на комуникацијата со писма.

Текстовите потребно е да бидат напишани со своерачен ракопис и во форма на писмо да се испратат на следната адреса: Агенција за пошти, П.Фах. 160, 1000 Скопје. Писмата треба да бидат ограничени на 800 зборови.

На конкурсот можат да учествуваат деца на возраст од 9 до 15 години.

За најдобрите три писма Агенцијата ќе обезбеди награди, а за првото место ќе биде доделено летување, како и можност да учество на Меѓународниот конкурс за пишување писмо во организација на Светскиот поштенски сојуз.

Оваа година писмата за натпреварот се на тема: Напиши писмо до самиот себе на    45– годишна воздраст”, со цел да се одбележи 45тата годишнина од интернационалниот натпревар.

Историјата на овој Меѓународен конкурс за пишување писмо од Светскиот поштенски сојуз датира од 1969 година, а прв пат се објавил во 1971 година.

A.Г.

Koристејќи го овој трик ќе добиете бели заби за 180 секунди. Потполно природно

Дали пушите? Пиете ли многу кафе или чај? Тогаш вам овие проблеми ви се познати! Ви предлагаме едноставен рецепт, со помош на кој вашата насмевка ќе сјае дури и во ноќта.

Потребно ви е следното:

  1. Сода бикарбона
  2. Лимон

limun-pixabay

3. Помешајте ги овие две состојки и нанесете на забите. После 180 секунди, веќе се гледа резултатот!

А.Г.

 

Реновирање на потпорни ѕидови на неколку улици во Прилеп

IMG_8890

Одделението за комунални работи при Локалната Самоуправа покрај изведбата на водоводна и канализациона мрежа и асфалтирање на поголем дел од улиците во нашиот град работи и на реновирање на потпорните ѕидови на улиците: „Илија Игески“, „Преспанска“, „Лазо Филипоски“,  и на улицата „Благоја Крстески“. Санацијата на потпорните ѕидови е со цел да се спречи можноста од лизгање на земјиштето кое може да предизвика материјални штети, кај жителите кои живеат во нивна близина.

IMG_8913

IMG_8875

IMG_8880

IMG_8908

Инфраструктурните зафати од ваков тип ја чинат општината 3.686.320 денари.

IMG_8936

IMG_8882

IMG_8888

ДУИ: Изразуваме револт за прислушкувањето, продажбата и дистрибуцијата на аудио материјалите

На вчерашната седница на Претседателството на Демократската Унија за Интеграција се донесе едногласна одлука сите Министри и Заменици-министри на ДУИ во Владата на Република Македонија, да поднесат неотповикливи оставки денес.

dui-rakovodstvo

По тој повод од ДУИ денеска излегоа со писмено соопштение до јавноста во кое што се напоменува дека од почетокот на политичката криза во земјата, Демократската Унија за Интеграција одигра конструктивна улога во насока на постигнување решение и даде клучен придонес за постигнување на договор во Скопје, со цел да се врати стабилноста и безбедноста во земјата.

-ДУИ исто така работеше со голема посветеност во спроведувањето на структурните реформи што произлегуваат од Договорот, при што меѓу другото, се основа и институцијата на специјалниот обвинител со јасно дефиниран мандат за гонење на делата кои произлегуваат од прислушкуваните материјали и се инсталира широка Влада за имплементација на вонредни избори во земјата. ДУИ има инвестирано и дадено значителен придонес во овој процес, често и речиси секогаш на сопствена штета, но постојано за доброто на државата и општеството, затоа што веруваше со посветеност во процесот на реформирање на менталитетот и на институциите. Но, со жалење констатираме дека овој процес веќе е компромитиран, како последица на масовното нелегално прилушкување како и поради нивната понатамошна дистрибуција во рацете на криминалци со цел да се злоупотребат во разни „Фабрики за афери”, велат од ДУИ.

Понатаму потенцираат дека процесот бил компромитиран како резултат на институционална парализа и пасивноста на надлежните служби за да се спречи девалвацијата на сите напори за да се воспостави заеднички систем за контрола и институционално истражување на содржината на прислушкувањата и ноесењето на одговорноста за злоупотреби.

-Овој наш чекор е продолжение на нашите енергични напори за демократија и еден реформиран општествен и политички систем, со што изразуваме и револт за прислушкувањето, продажбата и дистрибуцијата на аудио материјалите кои се произведуваат и монтираат дополнително со тенденција да ги оштетат и уриваат напорите за системски реформи. Од почетокот на откривањето на незаконските прислушкувања од страна на македонската опозиција Демократската Унија за Интеграција побара да се објавуваат сите автентични нелегални разговори што имаат врска со криминалот и злоупотреба на функцијата, но во невожмосност да се најдат такви материјали кои индицираат на корупција и криминал од страна на членовите на ДУИ, центрите кои се борат против ДУИ од 2002 година, произведуваат монтирани прислушкувани разговори кои апсолутно се неприфатливи и претставуваат низок и нечовечки метод на политички и лични напади. Од основањето на ДУИ и немоќта да ја ослабат абсолутната поддршка на граѓаните Албанци за Али Ахмети и ДУИ, одредени кругови произвeдуваат последователни афери и фалсификати, вклучувајќи фабрикувани досиеа, непостоечки коруптивни афери и монтирани разговори како последно средство за да ја срушат непоколебливата доверба на Албанците кон Али Ахмети и ДУИ и за да ослабне албанскиот политички фактор во Македонија, велат од партијата.

Од ДУИ овие објавувања ги оценија како целосно невистинити, монтирани и ги повикаа граѓаните да не станат жртви на, како што велат, криминалци и традиционално антиалбански центри кои уценуваат луѓе на јавниот живот, бизнисмени, политичари и други со создадени монтажи од разни Фабрики на Афери и кои преку овие бескрупулозни злосторства се обидуваат да го уништат процесот на демократизација од кој имаат корист сите граѓани.

-ДУИ бара од локалните институции, особено Министерството за Внатрешни Работи и Јавното Обвинителство да преземат итни мерки за да ги уапси фалсификаторите, дистрибутерите и издавачите на монтираните материјали, а во исто време, како последица на институционалната слабост и политичките манипулации, ДУИ веќе не превзема никаква одговорност за излагањето на ситуацијата од институционална контрола и можноста за индивидуално спроведување на судот и правдата. ДУИ го повикува и Специјалниот Обвинител веднаш да се вклучат во истрагата на овој сериозен криминал, кој има за цел да ги загрози јавните личности и да влијае на работата на оваа институција, која има законска одговорност за прислушуваните разговори, кои веќе се пласираат и се обработуваат на црниот пазар насекаде во регионот. Но, за доброто на општеството, процесот на системско реформирање ќе го спроведеме до крај бидејќи само спроведувањето на реформите ја прават оваа земја оддржлива и да не стане заложник на фабрикатори и инсталирање на подземјето во политиката, велат од партијата.

Прилепчани ќе добијат нов мост

IMG_9950

Со поставување на камен темелник, денеска започнаа градежните активности за добивање на нов пешачки мост во урбанава зедница „Ѓордере“,  поточно во близина на ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“. Мостот ќе биде со челична конструкција во должина од 22 метри. Изградбата на мостот токму на овој дел, кој е најфрекфентен ќе даде ново и урбано лице на градот Прилеп. Градот Прилеп ќе добие уште два нови моста и тоа кај ООУМ „Ордан Михајлоски – Оцка“ и кај Дабнички канал. Целата оваа инвестиција чини 1.600.000 денари средства обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа.

IMG_9958

IMG_9981

IMG_0001

IMG_0002

IMG_9940

IMG_9943

Урнебесната комедија “Од кол на кол” по 106 пат пред публиката

od kol na kol 1

Заради големиот интерес кај театарската публика  за гледање на претставата ,,Од кол на кол”во режија на Коле Ангеловски театарот,,Војдан Чернодрински,, утревечер сабота од 19.30 часот најгледаната комедија во последните години ќе ја прикаже по 106 пат.

Од театарот,,Војдан Чернодрински,, велат дека заради големата побарувачка за гледање на претставата таа повторно е на репертоарот. Веќе осум години ,,Од кол на кол,, ја полни салата на театарот. Посетителите уживаат гледајќи ја, се расположуваат и се смеат на интересните згоди и незгоди поврзани со животот на еден таксист, пренесени од актерите Трајче Иваноски, Виолета Чакарова, Цветанка Чавлеска, Андон Јованоски, Најдо Тодески, Марјан Чакмаксоки, Димитар  Вандески и Гоце Наумоски. Повторно влезниците се по популарна цена од 50 денари.

ФОТО: Првоаприлски шеги со кои денес ќе ги измамите пријателите

Првото правило на први април гласи – не прифаќајте храна од никој.

prvi-april

Буквално од никој, дури ниту од родителите, а особено игнорирајте ги колегите, затоа што денес е денот кога луѓето се обидуваат да направат нај малициозни измами.

Сапун подгреан во микробранова изгледа како леб

sapun-fotoreddit-1459423826-876269-520x351

Житарици од мраз

1

Прокељ прелиен со чоколадо за десерт

2

Лажни јајца направени од јаболко, јогурт и праска

4

Кромид прелиен со карамел 

6

Зеленчук во колачи

7

Колачиња со паста за заби 

9