Навивачката група Мајмуни ги повикува своите членови и фанови на ФК Победа

12920922_10207595847668690_550336146_n (1)

Навивачката група Мајмуни ги повикува своите членови и фанови на ФК Победа Прилеп да дадат поддршка на натпреварот од втората фудбалска лига против Тетекс, утре сабота 02.04.2016 година.

Натпреварот ќе се одигра во Турново со почеток од 16:00 часот, а организиран е превоз од пред Реклами во 13:00 часот.

Фудбалерите на Победа минатиот викенд ги вратија шансите за пласман во Првата фудбалска лига, со победата над Македонија Ѓорче Петров на гостински терен, со резултат    1-3.

Натпреварот со Тетекс е можеби најголемиот тест за Победа, бидејќи е против еден од главните фаворити и лидер на табелата во втората лига.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.