дома блог страница 5378

Прва комшика, прва душманка: Додека плачам како облак, таа му раѓа дете!

zena-prozor

Она што звучи како почеток на една сапуница, всушност е животот на Кетрин Мекги која до неодамна била во среќен брак со својот сопруг.

Секој ден, 37-годишната Кетрин Мекги го гледа својот сопруг Џон низ прозорецот како заминува на работа. Но, не е среќна поради тоа, туку тажна и бесна. Бидејќи не ја бакнува неа на разделбата, туку додека излегува од нивната куќа, ја бакнува сосетката и поранешната најдобра пријателка на Кетрин, која живее точно спроти неа. За приказната да биде уште подраматична, сосетката е бремена со нејзиниот сопруг и двојката го очекува своето прво дете.

Цело време покрај Кетрин била нејзината најдобра пријателка и сосетка Лин.

– Секогаш се сметав за многу среќна личност што ги имав двајцата во својот живот, раскажала Кетрин.

Оваа жена не се посомневала за проблеми во нејзиниот брак до една вечер во февруари во 2014 година, кога сопругот се вратил од работа.

Дојде дома и изгледаше многу загрижено. Помислив дека е болен или дека нешто друго не е во ред. Кога го прашав што се случува, ми рече дека неговите чувства се промениле и дека сака да се отсели. Му реков да ми објасни зошто, но ништо не ми рече”, раскажала Кетрин, која неколку дена подоцна дознала дека е бремена со трето дете.

Бев под ужасен стрес бидејќи Џон не доаѓаше дома. Штом почувствував болка во стомакот, знаев дека бременоста е готова и дека го изгубив детето. Лин притоа беше прекрасна. Доаѓаше секоја вечер кај мене и не можеше да верува како се однесуваше Џон кон мене”, раскажала 37-годишната жена. Но, после неколку недели нејзината најдобра пријателка почнала да ја избегнува.

Подоцна, од други соседи слушнала дека Лин има брачни проблеми, па помислила дека поради тоа не и се јавува. Се додека еден ден не го видела автомобилот на својот сопруг пред нејзината куќа.

– Не ми кажа каде живее, но претпоставив дека е кај некои пријатели. Но, кога видов дека автомобилот со часови стои пред нејзината куќа, не можев да престанам да плачам. Му се јавив на Џон и барав да ми каже што се случува. Ми рече дека се само пријатели. Меѓутоа, неколку недели подоцна, една пријателка ми кажа дека Џон ја одвел Лин на летување во Блекпул, раскажала несреќната жена.

Џон и Лин сега живеат заедно и го очекуваат своето прво дете, а Кетрин вели дека тој всушност ѝ недостасува. И додека Кетрин го лекува своето скршено срце, нејзиниот сопруг Џон вели дека се разделиле, бидејќи таа е алкохоличарка и депресивна, па поради тоа веќе не можел да живее со неа, но таа тоа го негира.

Собранието се распушти, Македонија дефинитивно на 5-ти јуни ќе гласа

98-та седница на ова Собрание беше и последна на овој пратенички состав. Спикерот Трајко Вељаноски некаде 15 минути до 23 часот им се заблагодари на пратениците за досегашната работа.

pratenici

– Собранието на Република Македонија вечерва се распушти согласно одлукта што ја изгласаа пратениците на 23 февруари со цел одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по изјаснувањето на пратениците за точките од дневниот ред на 98. седница вечерва изјави дека со тоа завршува мандатопт на актуелниот парламентарен состав.

– Бидејќи денеска завршува мандатот на овој парламентарен состав, би сакал на сите вас да ви се заблагодарам и да ви посакам во иднина, пред се, среќа и успеси како на личен така и на професионален план. Овој мандатен период и овој парламентарен состав помина низ многу тешки премрежја, но сепак успеавме сите заедно да реализираме и конкретни резултати во остварувањето на нашите стратешки определби, во градење на стабилна сегашност и подобра иднина. Јас лично како претседател на Собранието го изразувам моето задоволство и изразувам искрена надеж дека секој од нас без разлика на политичката припадност и на неговиот иден ангажман ќе продолжи да придонесува за добробит на Република Македонија и на сите нејзини граѓани, рече Вељаноски во кусото излагање.

Праниците на СДСМ не присуствуваа на седницата. И покрај нивното барање не беше свикана итна седница на која би биле контатирани оставките на нивните министри и заменици минстри што претходно во текот на денот ги поднесоа до претседателот на Владата за спроведување на изборите  Емил Димитриев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави прес-конференција за 23 часот на која ќе го соошпшти партискиот став.

Инаку, претседателот на Парламентот Вељаноски во телевизиско интервју пред два дена изјави дека денеска законодавниот дом ќе работи нормално, оти на 7 април Собранието ќе биде распуштено и, согласно неговите надлежности, тој ќе распише избори за 5 јуни.

– Како претседател на Собранието на Република Македонија, условно, можам да тактизирам наместо на седми април до петнаесети април да го потпишам решението за распишување и оддржување на изборите на петти јуни, за да и дадам можност на ДИК за продолжување, условно, на некои работи доколку евентуално не се завршени. Тоа се однесува околу делот на Избирачкиот список, бидејќи многу активности во ДИК за време на спроведувањето на изборите зависат од денот на потпишување на решението за распишување на избори од страна на претседателот на Собранието. Поради тоа јас по распуштањето на Собранието ќе разговарам со претседателот на ДИК и ќе му ја дадам таа опција за да може да имаат уште повеќе време за да ги дозавршат работите што би требало, рече Вељаноски.

ВИДЕО – И ДРАКОНСКИ казни се малку за вакви постапки!

2121

Kратко траеше сјајот на новите возови. Вака извести денес Канал 5 телевизија. Причина уништувањето на новите возови, што од неодамна се пуштени во сообраќај. Возовите кои граѓаните ги дочекаја со воодушевување, најверојатно на поединци им сметаат и наместо да уживаат во комфорот, удобноста и поголемата брзина во возењето, тие размислуваат како да направат штета и наоѓаат задоволство во уништувањето на она што е национално добро и купено и со нивни пари.

Дури и ДРАКОНСКИ казни би биле премалку за ваквите сторители. Едноставно запрепастува фактот каков однос имаме кон нешто што вреди, што е ново и што пред се е од значење за целата држава. После огромен временски период се вложија милионски суми за обновување на железницата и нејзино осовременување, но залудно.

Време е да се свестиме дека кога една Влада прави нешто од интерес на сите граѓани, не треба да ја гледаме политичката определба на луѓето на власт. Таквите заложби и остварени дела треба да се негуваат и да се чуваат за наредни генерации.

Македонија е мала земја и финансиски не е моќна да купува нови возови секоја година, тоа треба да им биде јасно посебно на ваквите ситни хулигани кои лечат комплекси преку оштетен прозор, врата, седиште…..

Повикуваме на откривање на сторителите и изрекување на заслужените казни !

А.Г.

Извор: Канал 5 телевизија

Ве боли главата? Овој еликсир ќе ви помогне побрзо од лекови!

60864937-650x396

Доколку го направите овој еликсир, тој многу ќе ви помогне, а во исто време и поволно ќе влијае на целиот организам, за разлика од апчињата.

Состојки кои ви се потребни:
– 500 гр мед
– 10 чешниња лук
– неколку зрна бибер
6-660x300
Излупете го лукот и секое чешне исечете го на половина. Ставете ги чешнињата лук во чиста тегла, додадете го медот и на крај зрната бибер. Затворете ја теглата и оставете ја така да отстои пет дена пред да започнете со консумација.
Кога ќе ве заболи главата консумирајте по една лажица од овој еликсир, но потрудете се секој пат да изедете и едно зрно бибер и едно парче лук од смесата.
Овој еликсир можете да го консумирате иако немате главоболки. Земајте по една лажица наутро и навечер на празен стомак за да го поправите имунитетот, да ги елминирате бактериите, да го поттикнете варењето, да го регулирате шеќерот и крвниот притисок.

ВИДЕО – Фуриозно фиќо лета како стрела

121212

Ново видео на неверојатниот модел на Фиат. Кај нас познатото фиќо, секогаш го привлекува вниманието кога ќе се појави некое вакво видео. Погледнете како ова кутивче од автомобил ита со огромна брзина.

А.Г.

Утре е Благовец, погледнете што се прави на овој ден

Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник. некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“.

blagoec

Според народните верувања овој ден е благ, и раната не боли, па токму затоа на малите деца им ги дупнуваат ушите за обетки.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

УЖАС ВО БИТОЛА: Киднапирал и силувал дете среде бел ден

Untitled (1)

25 годишниот А.А. од Битола си заработи кривична поради силување.

Пријавениот на први месецов околу 14 часот во Битола, пред основно училиште, со тргање го ставил тринаесетгодишно девојче во своето возило, по што го однел во непознат правец.

Од полцијата информираат дека за жал, тој го силувал детето.

Страшна сообраќајка на патот Градско-Прилеп

policijalenta20146 (1)

Едно лице е повредено во сообраќајка што се случи денеска на магистралниот пат Градско – Прилеп, информира денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

– Во 12 часот и 10 минути во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци била пријавена сообраќајка после бензинската станица кај росоманското село Сирково. Во сообраќајката учествувале товарно моторно возило и патнички автомобил. Според првичните сонзанија од терен, возачот на товарното моторно возило е повреден и пренесен до кавадаречката општа болница, соопшти Стојковска.

Увидот на местото на нсреќата е во тек.

Да се придонесува во унапредување на меѓуетничките односи е благородна работа – Интервју со Влатко Кузманоски

IMG_9602

Oд неодамна блесна новиот сјај на основното општинско училиште Св. Кирил и Методиј во с. Канатларци.

Прилепско Канатларци е пример за соживот и толеранција помеѓу македонското и турското население. Голем придонес кон тоа дава и директорот на училиштето Влатко Кузманоски, кој максимално се вложува дечињата од различните националности да бидат еднакво третирани, да ги добијат сите потребни услови, за едно современо образование. 

Во интервју разговорот со директорот дознаваме повеќе за наредните активности на училиштето, наредните проекти и планови.

Колку време основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј” го имате под свое раководење, кои беа првичните впечатоци кога започнавте со работа?

Основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј” го имам под свое раководење во последниве 6 месеци. На почетокот наидов на многу нови работи во врска со раководењето на училиштето и морав да вложувам големи напори за да успеам да одговорам на сите предизвици, како и да ги сработувам новите работни задачи како директор на училиште.

Како е да се биде директор на училиште во една рурална средина како Канатларци?

Да се биде директор на училиште во една рурална средина е мошне голем, но и благороден предизвик. Наидувам на голема соработка од населението во Канатларци. Ние како училиште имаме одлична соработка како со месната заедница од селото така и со родителите на учениците и заеднички придонесуваме за решавање на проблемите во училиштето.

Училиштето од неодамна е во ново руво. За каква инвестиција се работи и што добија учениците и вработените со ова реновирање?

Се работи за инвестиција од страна на УСАИД и американската војска во соработка со Локалната самоуправа на општина Прилеп. Така, како резултат на проектот за меѓуетнична интеграција, со помош на УСАИД и локалната самоуправа, се реконструираа две училници, тоалетите, ходниците, а опожарената помошна просторија се адаптира во библиотека и читална. Проектот е во вредност од околу 1,4 милиони денари, од кои 1,2 милиони денари се учество на УСАИД, и 200 илјади денари на општината за набавка на  инвентар.

Кои се идните планови, зацртани проекти за во наредниот период, што наредно е приоритет за ова училиште?

Во иднина најголеми напори ќе вложуваме во уредување на училишниот двор со поставување на клупи, корпи за отпадоци, изградба на патеки и мини шумичка. Во тек е комплетно реновирање со замена на дограмата, промена на подовите и комплетна санација на ѕидовите во ходниците и во училниците во подрачното училиште во с. Подмол.  Исто така  за летниот распуст планирани ни се неколку проекти. Поставување на полици за монитори на ѕидовите од училниците, изградба на тераса, комплетно варосување и санирање на ѕидовите во училиштето и санација на постоечкиот кров и јолуците.

120

Постои ли добар соживот, почитување меѓу луѓето во населеното место Канатларци?

Населеното место Канатларци е симбол за соживот на населението. Луѓето во голема мера се почитуваат помеѓу себе, си помагаат во секојдневните активности и обврски без разлика на која вера и националност припаѓаат. Исто така и училиштето е вклучено во голем број на проекти, како што е Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, кои придонесуваат учениците да  го негуваат тој соживот од мали нозе.

Колку ученици посетуваат настава во училиштето и какви ученици се според успехот?

Во централното училиште во с.Канатларци, заедно со подрачните училишта во с. Ерековци, с. Подмол и с. Бонче вкупно посетуваат настава 206 ученици. Наставата се изведува на Македонски и Турски наставен јазик. Средниот успех на годишно ниво  кај учениците од прво до деветто одделение се движи од добар до многу добар успех.

Што е предизвик за вас како млад раководител, што сакате да постигнете со работата во оваа средина?

Најголем предизвик како раководител ми е подигнување на свеста на учениците, да стекнат љубов кон образованието, да стекнат работни навики и во целост да ги научат своите одговорности за да можат во иднина да се изградат како комплетни личности. Друг предизвик, секако, ми е подобрувањето на просторните услови во училниците, ходниците и секако училишните дворови. За таа цел имам изработено развојна програма и акционен план кои треба да ги реализираме и имплементираме во текот на моето раководење со училиштето.

Опремено ли е училиштето со компијутери за спроведување на интерактивна настава и за полагање на екстерните тестови?

Училиштето е комплетно опремено со компјутери и лаптопчиња за секое дете, со пристап до интернет, смарт табла и проектори за спроведување на интерктивната настава и спроведување на процесот на екстерното тестирање.

Директоре ви благодариме на одвоеното време, ви посакуваме да ги реализирате вашите планови, визија и да продолжите со себевложување кон унапредување на оваа рурална средина.

А.Г.

Прилеп, место за собир на качувачите на карпи – БОЛДЕРИНГ

Oд денска, па до 10 –ти Април Прилеп е домаќин на болдеристите од цел свет. 100- тина болдеринг мајстори од целиот свет ќе земат учество на болдеринг собирот кој ќе се одржи на прилепските локалитети Маркови кули, Камена баба и кај манастирот  Трескавец.  Во последниве неколку години Прилеп стана светска хит–дестинација за развој на болдерингот (качување по карпи ), бидејќи  има погодна конфигурација на теренот, „целиот регион околу градот изобилува со  вулкански карпи кои ги нема на друго место во Европа. Со тоа Прилеп се сврстува во 10 најдобри болдеринг дестинации во светот“ –  велат болдеристите

IMG_1172

Прилеп, од денска   до 10-ти април, по 6-ти пат,  е домќин на „Krali Marko bolder festival 2016 “, оваа година  насловен како „Krali Marko clean up and climb marathon“. За фестивалот ќе се  користат неколкуте прилепски локалитети : Марковите Кули,  Камена баба и  Трескавец , а на собирот ќе земат учество повеќе од  100 учесници  од целиот свет: од  Србија, Грција, Македонија, Србија, Бугарија,  Словенија, ,Турција Германија, Словачка….

Годинава на „Krali Marko Boulder Maraton 2016“ за прв пат ќе биде претставена и новата дисциплина насловена како „Highline Meeting“ или одење по трака на одредена висина, дисциплина  која го подига адреналинот и создава чувство на баланс, за кое е потребно 50% физичка  и 50 % психчка подговеност,  кај спортисите, но и голема вештина која се стекнува со години на тренинг  –  вели Христо Белокапоски, инструктор  и тренер за спортско качување од планинарското друштово „Златоврв“ , кои заедно со локалната власт се организатори на собирот на „Крали Марко Болдеринг фестивалот 2016 „  во Прилеп.

IMG_1190

Кај манастирот  Трескавец на делот наречен „Црвени Стени“, каде праглајдеристите од градот полетуваат, има камени столбови, високи по 30-50 метри,  Болдеристите, кои истовремено се хајлајнери кои трагаат по големи височини, беа восхитени од нив и посакаа покрај болдерингот,  да постават неколку линии и за оваа екстремна дисциплина. Така дојдовме  до идејата годинава, во рамките на Krali Marko Boulder Maraton 2016“, да се вклучи и дициплината „Highline Meeting“, со помош на нашите пријатели од Словенија . “Ова е нешто ново во Македонија и затоа, в четврток ќе направиме рабтилници за пормоција на оваа дициплина кај Градскиот Саат во Прилеп.  Со цел „хајлајн движењето“, да го  доближиме до младите, па оние кои тоа ќе го набљудуваат, тој ден  ќе имаат можности и да пробаат, како е да се оди по лента на одредена висина”, вели Белокапоски.

Зошто токму Прилеп е местото на интересирањето на болдеринг спортистите од целиот свет ? Што и колку  прави локлната власт за промовирање и афирмирање на овој екстремен спорт ? Имате ли логистичка поддршка од градот?

        Погодната конфигурација на  теренот, вулкански карпи кои  ретко ги има на  друго место во Европа,  со коi е опкружен градот,  овозможи Прилеп да се етаблира на светската карта  за екстремни спортови, особено  за  љубителите на болдерингот.  Прилеп веќе станува неодминлива  дестинација, каде болдеристите кои еднаш штом ќе дојдат редовно се навраќаат на ова место. Но, перспективите за развој на овој спорт зависат и од самиот град, односно од интересот на локалната власт. Соработката со неа и со градоначлникот се одвива одлично, и со оглед на тоа што овој собир на болдеринг се организира по 6-ти пат,  говори дека  градот е заинтересиран за афирмирање и пормовирање на болдерингот како спорт и како туристичка атракција .

Ние како клуб „Златоврв“ правиме сè за развој на спортскиот дел, за изработка на водичи, пречекување на гостите и организаирање  на овие болдеринг собири, преку  изнајдување на локации и карпи.. Еве оваа година спортистите ќе ги сместиме во капмп, во  близина на карпите, поблиску до природата, во подножјето на манстирот „Трескавец“. Тука во сабота ќе се одвиваат и дел од активностите. Екстремните спротови се дел и од една поширока програма на општината, со што постојат услови и за промовирање и афирмирање, не само на болдерингот туку и на хајлајнот, параглајдингот, планинскиот велосипедизам, планинското трчање,  а тоа е  можност за   туристичка валоризација ….

prva slika

Што најмногу ги привлекува учесниците кога е во прашње болдерингот за да наврајќаат во Прилеп, да доаѓаат во Македонија и да ги посетуваат локалитетите со кои раполага Прилеп?

Во основа Прилеп е чудесно место каде природата ни дала толку многу убавини и несекојдневна структура на карпи,  кои со својот состав и форми привлекуваат големо внимание кај качувачите на карпи,  што всушност и го  овозможуваат одвивањето на овој спорт. Тоа го откријаа пред дестеина години првите странски качувачи.  Мора да признаме дека тоа за нас пред 10 години сеуште беше непознат спорт, ниту пак имавме сознание  за богатството и за можностите  на карпи со кои сме опкружени.

По првите сознанија за болдерингот,  ние како локална качувачка заедница во Прилеп бевме исправени пред еден предизвик. Почнаа да доаѓаат луѓе кои се интересираат за качувањето по карпи, а ние требаше да изнајдеме начин тоа да го организираме, канализираме и да го популаризираме, се со цел,  тие места со кои располага Прилеп и неговата околина да станат атракција  и да се продаваат како еден пакет на туристичката берза. И, донекаде успеавме. Оттогаш наваму се обидуваме, заедно со градот, да го популаризираме овој екстремен спорт  .

Најдобрите временски услови за болдериногот во Прилеп се пролет и есен, бидејќи летата се многу жешки, па самите карпи се загреваат и е невозможно квалитетно качување во тој период на годината. Бидејќи, овде кај нас постои море на карпи, најприн се обидуваме содржината на собирите да биде насочена кон  најдобро чистење на болдер и негово искачување. Со тоа ја зголемувавме линијата на би рекол чисти болдери за искачување, што е многу важно за гостите кои доаѓаат да можат да се искачуваат по нив. После ваквите активности и изработката на водич, специјалната книга за болдерите во Прилеп, која го олеснува дижењето на болдеристите, започнавме да правиме мали натпревари и веќе преминавме на болдеринг маратон, кој го организираме денес, со поддршкана градоначлникот на Прилеп и  локалната самоуправа.

IMG_7203

Освен овие кои ќе бидат понудени на качувачите за време на “Крали Марко Болдеринг фестивалот 2016 “ Има ли Прилеп и други локалитети кои се интересни за странците?

Првиот сектор за качување се Марковите Кули. Меѓутоа овој локалитет се покажа како мал и многу топол, па затоа веднаш се префрливме на „Камена Баба“ и нејзината околина, која што е многу поголем реон, а тука се направија уште пет нови сектори за качување.. Но, тука не застанавме со нашето откривање на поквалитетни и поголеми карпи. Па сега имаме нови локалитети, интересни и квалитетни, во с. Дабница, с. Штавица и с. Манастир во Мариово. Оваа година предвидено е есента да имаме уште еден ваков собир,  кој најверојатно ќе се одвива токму во с.Манастир. Но , иако Прилеп е млада дестинација за болдеринг во Европа и во светот, можам да кажам дека според тоа што го следиме на интернет, сме доста етаблирана дестинација за болдеринг во светски рамки и стануваме сè поатрактивни. Прилеп веќе е препознатлив бренд на мапата за качување по крпи. Се сврстува во 10 најбарани дестинации во светот за овој спорт, а тоа го потврдуваат качувачите, кои сите без оглед на нивната класа, сакаат да дојдат во Прилеп.

Дополнително, со водичот кој го издадовме во 2014 година, кој е изработен изработен на едно виоско ниво,  на македонски и англиски јазик, со одлични фотографии и опис на насоките и местата со GPRS коoрдинати, (каде  се прикажани 400 места за движење и спортувaње), Прилеп станува  препознатлива качувачка-дестинација,  и во него веќе доаѓааат качувачи кои немаат потреба некого да бараат, туку се им е достапно и познато за потребите на овој спорт. Тоа е голем напредок зашто информацијата на дланка е битна за интересот на  туристите спортисти. Затоа и остануваат минимум седум дена, бидејќи толку најмалку им е потребно на качувачите,  што е голем бенефит за еден град како што е Прилеп, за развој на туризмот. Така да во текот на годината сметам дека околу 500 луѓе, од западна Европа, доаѓаат токму во Прилеп, да го посетат  и да уживаат во можностите и магиченот амбиент, кој ги прават вулканските карпи, што ја опкружуваат прилепската  околина.

IMG_7199

Колку е важна добрата патна инфрастурктура, за развој на екстремените  спортови како што е бодерингот? Има ли Прилеп инфрастурктура за квалитетно спортување?   

Комуникацијата е многу важна во остварување на  целите.  Асфалтниот пат до манастирскиот комплекс Трескавец и до другите болдеринг локации, пример во мариовскиот дел, секако дека придонесуваат за  достапност до секторите и го олсенува движењето на болдеристите. Но, морам да потенцирам дека  во тие предели изградени се и голем број, светилишта, цркви, манастири и на сето тоа треба да му се даде една форма, да се изгради инфраструктура до сите тие места и тие да им се нудат на странските туристи како алтернативна  туристичка понуда. Ние како локални качувачи ќе останеме со овој спорт, не само заради туризмот, туку и поради потребата да се биде дел од  природата, да се потикнуваа  разовојот на  младиот човек, физички и психички, да откриваваме нови болдеринг локации во околината на Прилеп и да го чуваме богатството кое ни го дала мајката природата.

IMG_1223

ПРИЛЕП МЕКА ЗА БОЛДЕРИНГ

Болдерингот е качување на помали карпи без никаква опрема, каде се користат само физичките и психичките капацитети на спортистот. Тоа е доста адреналински спорт. Во Прилеп има доста потенцијал за овој спорт. Прилеп во последниве неколку години стана светска хит–дестинација за развој на овој спорт затоа што целиот регион околу градот изобилува со вулкански карпи, потребни за овој спорт, кои ги нема на друго место во Европа,  велат македонските болдеристите.

                         ДЕТАЛИ ОД ПРОГРАМАТА

Во Прилеп ќе се одржат и неколку работилници, од кои едната е в четврток, во центарот на градот од 17 часот, каде  словенските интрукторите во дициплината   „Highline Meeting“ ќе има демонстрации. На младите и на заинтересираните ќе им ги објаснат привлечностите и деталите на овој атрактивен екстремен спорт, одење по лента на одредена висина. Дел од настаните ќе се одржат в петок, околу месноста „Камена Баба“ за да се разгледа теренот. Во сабота од 11 часот, е болдеринг маратонот на карпите кај Трескавец. По завршувањето на собирот  ќе се направиме видеозаписи со кои ќе го популаризираме Болдерингот, Прилеп и Македонија на светската мапа на овие екстремни спортови, велат организаторите, планинарското друштво „Златоврв“

ХАЈЛАЈН ДВИЖЕЊЕТО НОВИНА ВО МАКЕДОНИЈА

Со задоволство пристигнавме на собирот во Прилеп. Ние сме  „хајлајн“ иструктори. Ќе се движиме врзани за јаже на ленти кои се широки 2,5 сантиметри и пставени на одредена висина. Тоа е посебна дисциплина. „Хајлајн движењето“ се одвива паралелно со искачувањето. Сигурно е,  не е опасно, поребна е физчка, но пред се психчка подготвеност , вели Миха Зупанц од Словенија, инструктор по „хајлајн движењето“.

ПОДДРШКА ОД ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ

Локалната самоуправа го поддржува овој екстремен спорт, а Прилеп има идеални услови за вавки атрактивни спортови и со  големо задоволство можам да потврдам дека Прилеп  секоја година прераснува во една светска дестинација за екстремни спортови, за  параглајдингот, планинскиот велосипедизам, планинското трчање, мото-крос .., а со тоа постојат и огрмони  потенцијали  за развој на спортскиот туризам. Горд сум што Прилеп веќе како атрактивна дестинација е поставен на светската мапа на болдерингот”, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп