Прилеп, место за собир на качувачите на карпи – БОЛДЕРИНГ

Oд денска, па до 10 –ти Април Прилеп е домаќин на болдеристите од цел свет. 100- тина болдеринг мајстори од целиот свет ќе земат учество на болдеринг собирот кој ќе се одржи на прилепските локалитети Маркови кули, Камена баба и кај манастирот  Трескавец.  Во последниве неколку години Прилеп стана светска хит–дестинација за развој на болдерингот (качување по карпи ), бидејќи  има погодна конфигурација на теренот, „целиот регион околу градот изобилува со  вулкански карпи кои ги нема на друго место во Европа. Со тоа Прилеп се сврстува во 10 најдобри болдеринг дестинации во светот“ –  велат болдеристите

IMG_1172

Прилеп, од денска   до 10-ти април, по 6-ти пат,  е домќин на „Krali Marko bolder festival 2016 “, оваа година  насловен како „Krali Marko clean up and climb marathon“. За фестивалот ќе се  користат неколкуте прилепски локалитети : Марковите Кули,  Камена баба и  Трескавец , а на собирот ќе земат учество повеќе од  100 учесници  од целиот свет: од  Србија, Грција, Македонија, Србија, Бугарија,  Словенија, ,Турција Германија, Словачка….

Годинава на „Krali Marko Boulder Maraton 2016“ за прв пат ќе биде претставена и новата дисциплина насловена како „Highline Meeting“ или одење по трака на одредена висина, дисциплина  која го подига адреналинот и создава чувство на баланс, за кое е потребно 50% физичка  и 50 % психчка подговеност,  кај спортисите, но и голема вештина која се стекнува со години на тренинг  –  вели Христо Белокапоски, инструктор  и тренер за спортско качување од планинарското друштово „Златоврв“ , кои заедно со локалната власт се организатори на собирот на „Крали Марко Болдеринг фестивалот 2016 „  во Прилеп.

IMG_1190

Кај манастирот  Трескавец на делот наречен „Црвени Стени“, каде праглајдеристите од градот полетуваат, има камени столбови, високи по 30-50 метри,  Болдеристите, кои истовремено се хајлајнери кои трагаат по големи височини, беа восхитени од нив и посакаа покрај болдерингот,  да постават неколку линии и за оваа екстремна дисциплина. Така дојдовме  до идејата годинава, во рамките на Krali Marko Boulder Maraton 2016“, да се вклучи и дициплината „Highline Meeting“, со помош на нашите пријатели од Словенија . “Ова е нешто ново во Македонија и затоа, в четврток ќе направиме рабтилници за пормоција на оваа дициплина кај Градскиот Саат во Прилеп.  Со цел „хајлајн движењето“, да го  доближиме до младите, па оние кои тоа ќе го набљудуваат, тој ден  ќе имаат можности и да пробаат, како е да се оди по лента на одредена висина”, вели Белокапоски.

Зошто токму Прилеп е местото на интересирањето на болдеринг спортистите од целиот свет ? Што и колку  прави локлната власт за промовирање и афирмирање на овој екстремен спорт ? Имате ли логистичка поддршка од градот?

        Погодната конфигурација на  теренот, вулкански карпи кои  ретко ги има на  друго место во Европа,  со коi е опкружен градот,  овозможи Прилеп да се етаблира на светската карта  за екстремни спортови, особено  за  љубителите на болдерингот.  Прилеп веќе станува неодминлива  дестинација, каде болдеристите кои еднаш штом ќе дојдат редовно се навраќаат на ова место. Но, перспективите за развој на овој спорт зависат и од самиот град, односно од интересот на локалната власт. Соработката со неа и со градоначлникот се одвива одлично, и со оглед на тоа што овој собир на болдеринг се организира по 6-ти пат,  говори дека  градот е заинтересиран за афирмирање и пормовирање на болдерингот како спорт и како туристичка атракција .

Ние како клуб „Златоврв“ правиме сè за развој на спортскиот дел, за изработка на водичи, пречекување на гостите и организаирање  на овие болдеринг собири, преку  изнајдување на локации и карпи.. Еве оваа година спортистите ќе ги сместиме во капмп, во  близина на карпите, поблиску до природата, во подножјето на манстирот „Трескавец“. Тука во сабота ќе се одвиваат и дел од активностите. Екстремните спротови се дел и од една поширока програма на општината, со што постојат услови и за промовирање и афирмирање, не само на болдерингот туку и на хајлајнот, параглајдингот, планинскиот велосипедизам, планинското трчање,  а тоа е  можност за   туристичка валоризација ….

prva slika

Што најмногу ги привлекува учесниците кога е во прашње болдерингот за да наврајќаат во Прилеп, да доаѓаат во Македонија и да ги посетуваат локалитетите со кои раполага Прилеп?

Во основа Прилеп е чудесно место каде природата ни дала толку многу убавини и несекојдневна структура на карпи,  кои со својот состав и форми привлекуваат големо внимание кај качувачите на карпи,  што всушност и го  овозможуваат одвивањето на овој спорт. Тоа го откријаа пред дестеина години првите странски качувачи.  Мора да признаме дека тоа за нас пред 10 години сеуште беше непознат спорт, ниту пак имавме сознание  за богатството и за можностите  на карпи со кои сме опкружени.

По првите сознанија за болдерингот,  ние како локална качувачка заедница во Прилеп бевме исправени пред еден предизвик. Почнаа да доаѓаат луѓе кои се интересираат за качувањето по карпи, а ние требаше да изнајдеме начин тоа да го организираме, канализираме и да го популаризираме, се со цел,  тие места со кои располага Прилеп и неговата околина да станат атракција  и да се продаваат како еден пакет на туристичката берза. И, донекаде успеавме. Оттогаш наваму се обидуваме, заедно со градот, да го популаризираме овој екстремен спорт  .

Најдобрите временски услови за болдериногот во Прилеп се пролет и есен, бидејќи летата се многу жешки, па самите карпи се загреваат и е невозможно квалитетно качување во тој период на годината. Бидејќи, овде кај нас постои море на карпи, најприн се обидуваме содржината на собирите да биде насочена кон  најдобро чистење на болдер и негово искачување. Со тоа ја зголемувавме линијата на би рекол чисти болдери за искачување, што е многу важно за гостите кои доаѓаат да можат да се искачуваат по нив. После ваквите активности и изработката на водич, специјалната книга за болдерите во Прилеп, која го олеснува дижењето на болдеристите, започнавме да правиме мали натпревари и веќе преминавме на болдеринг маратон, кој го организираме денес, со поддршкана градоначлникот на Прилеп и  локалната самоуправа.

IMG_7203

Освен овие кои ќе бидат понудени на качувачите за време на “Крали Марко Болдеринг фестивалот 2016 “ Има ли Прилеп и други локалитети кои се интересни за странците?

Првиот сектор за качување се Марковите Кули. Меѓутоа овој локалитет се покажа како мал и многу топол, па затоа веднаш се префрливме на „Камена Баба“ и нејзината околина, која што е многу поголем реон, а тука се направија уште пет нови сектори за качување.. Но, тука не застанавме со нашето откривање на поквалитетни и поголеми карпи. Па сега имаме нови локалитети, интересни и квалитетни, во с. Дабница, с. Штавица и с. Манастир во Мариово. Оваа година предвидено е есента да имаме уште еден ваков собир,  кој најверојатно ќе се одвива токму во с.Манастир. Но , иако Прилеп е млада дестинација за болдеринг во Европа и во светот, можам да кажам дека според тоа што го следиме на интернет, сме доста етаблирана дестинација за болдеринг во светски рамки и стануваме сè поатрактивни. Прилеп веќе е препознатлив бренд на мапата за качување по крпи. Се сврстува во 10 најбарани дестинации во светот за овој спорт, а тоа го потврдуваат качувачите, кои сите без оглед на нивната класа, сакаат да дојдат во Прилеп.

Дополнително, со водичот кој го издадовме во 2014 година, кој е изработен изработен на едно виоско ниво,  на македонски и англиски јазик, со одлични фотографии и опис на насоките и местата со GPRS коoрдинати, (каде  се прикажани 400 места за движење и спортувaње), Прилеп станува  препознатлива качувачка-дестинација,  и во него веќе доаѓааат качувачи кои немаат потреба некого да бараат, туку се им е достапно и познато за потребите на овој спорт. Тоа е голем напредок зашто информацијата на дланка е битна за интересот на  туристите спортисти. Затоа и остануваат минимум седум дена, бидејќи толку најмалку им е потребно на качувачите,  што е голем бенефит за еден град како што е Прилеп, за развој на туризмот. Така да во текот на годината сметам дека околу 500 луѓе, од западна Европа, доаѓаат токму во Прилеп, да го посетат  и да уживаат во можностите и магиченот амбиент, кој ги прават вулканските карпи, што ја опкружуваат прилепската  околина.

IMG_7199

Колку е важна добрата патна инфрастурктура, за развој на екстремените  спортови како што е бодерингот? Има ли Прилеп инфрастурктура за квалитетно спортување?   

Комуникацијата е многу важна во остварување на  целите.  Асфалтниот пат до манастирскиот комплекс Трескавец и до другите болдеринг локации, пример во мариовскиот дел, секако дека придонесуваат за  достапност до секторите и го олсенува движењето на болдеристите. Но, морам да потенцирам дека  во тие предели изградени се и голем број, светилишта, цркви, манастири и на сето тоа треба да му се даде една форма, да се изгради инфраструктура до сите тие места и тие да им се нудат на странските туристи како алтернативна  туристичка понуда. Ние како локални качувачи ќе останеме со овој спорт, не само заради туризмот, туку и поради потребата да се биде дел од  природата, да се потикнуваа  разовојот на  младиот човек, физички и психички, да откриваваме нови болдеринг локации во околината на Прилеп и да го чуваме богатството кое ни го дала мајката природата.

IMG_1223

ПРИЛЕП МЕКА ЗА БОЛДЕРИНГ

Болдерингот е качување на помали карпи без никаква опрема, каде се користат само физичките и психичките капацитети на спортистот. Тоа е доста адреналински спорт. Во Прилеп има доста потенцијал за овој спорт. Прилеп во последниве неколку години стана светска хит–дестинација за развој на овој спорт затоа што целиот регион околу градот изобилува со вулкански карпи, потребни за овој спорт, кои ги нема на друго место во Европа,  велат македонските болдеристите.

                         ДЕТАЛИ ОД ПРОГРАМАТА

Во Прилеп ќе се одржат и неколку работилници, од кои едната е в четврток, во центарот на градот од 17 часот, каде  словенските интрукторите во дициплината   „Highline Meeting“ ќе има демонстрации. На младите и на заинтересираните ќе им ги објаснат привлечностите и деталите на овој атрактивен екстремен спорт, одење по лента на одредена висина. Дел од настаните ќе се одржат в петок, околу месноста „Камена Баба“ за да се разгледа теренот. Во сабота од 11 часот, е болдеринг маратонот на карпите кај Трескавец. По завршувањето на собирот  ќе се направиме видеозаписи со кои ќе го популаризираме Болдерингот, Прилеп и Македонија на светската мапа на овие екстремни спортови, велат организаторите, планинарското друштво „Златоврв“

ХАЈЛАЈН ДВИЖЕЊЕТО НОВИНА ВО МАКЕДОНИЈА

Со задоволство пристигнавме на собирот во Прилеп. Ние сме  „хајлајн“ иструктори. Ќе се движиме врзани за јаже на ленти кои се широки 2,5 сантиметри и пставени на одредена висина. Тоа е посебна дисциплина. „Хајлајн движењето“ се одвива паралелно со искачувањето. Сигурно е,  не е опасно, поребна е физчка, но пред се психчка подготвеност , вели Миха Зупанц од Словенија, инструктор по „хајлајн движењето“.

ПОДДРШКА ОД ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ

Локалната самоуправа го поддржува овој екстремен спорт, а Прилеп има идеални услови за вавки атрактивни спортови и со  големо задоволство можам да потврдам дека Прилеп  секоја година прераснува во една светска дестинација за екстремни спортови, за  параглајдингот, планинскиот велосипедизам, планинското трчање, мото-крос .., а со тоа постојат и огрмони  потенцијали  за развој на спортскиот туризам. Горд сум што Прилеп веќе како атрактивна дестинација е поставен на светската мапа на болдерингот”, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.