дома блог страница 5377

Очекувајте дожд и благ пад на температурите

dozd-prolet-2-650x396

Денес очекувајте дожд и благ пад на температурите. Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува повремено засилен јужен ветер, а повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен на моменти и засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Викендов нестабилно со пороен дожд

Во сабота попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено во југоисточните делови од земјава.

Во недела ќе биде посвежо со дневни температури пониски за околу 10 степени од сегашните. Врнежите во недела ќе бидат позастапени во јужните делови од земјава.

Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето, а од вторник и постојан пораст на дневната температура.

ФОТО: Вака вежба најдобриот задник во Бразил

Сузи Кортез победи на изборот Мис БумБум, каде имаше уште 15 други натпреварувачки, а еве што прави таа за да изгледа совршено.

zadnik7-630x355

„Отсекогаш сум имала голем задник, но со време, со многу вежбање, стануваше се подобар и подобар – заоблен, затегнат”, вели Сузи.

zadnik1-504x630

Оваа Бразилка призна дека тајната е и во нејзиниот начин на исхрана, а таа јаде само намирници на растителна основа.

„Јас сум веганка. Мојата исхрана се базира на зеленчук, овошје и соја”, вели таа.

zadnik-507x630

Ваквата исхрана, најдобриот задник во Бразил ја комбинира со едноставни тренинзи секој ден, на кои најмногу внимание посветува на вежбите за задник, а прави вежби со клекнување додека во рацете држи тек од 200 килограми. Покрај тоа, Сузи се занимава и со танц и редовно трча.

zadnik6-630x627

Победничката на Мис БумБум има совет за сите оние кои би сакале ваков задник.

zadnik5-630x630

„Треба да се консултирате со нутриционист и да вежбате со личен тренер. Јас имам среќа поради добрите гени, но тука е вложено и многу труд”.

Иако нејзината популарност порасна откако беше прогласена за најдобар задник во Бразил, Сузи оваа година нема да учествува на натпреварот.

Стевананџија: Заев ќе оди на избори и оро ќе игра, ако чадорот така реши

stevanandzijaaa-dimitar

Го следев внимателно Заев на пресот. Остави многу простор во изјавите, и не беше воопшто дециден дека одлуката е неотповиклива. Всушност нему му е речено од чадорот дека може да се поинаети јавно уште малку, за да биде користено тоа како притисок за дополнителни барања за остапки кон ВМРО во следните 30 дена, во смисла демек дајте да им ветите тоа и тоа и ние ќе ги убедиме да ја сменат одлуката и ќе дојдат на избори, а тоа е добро за Македонија, а вие треба да чуствувате одговорност за Македонија особено затоа што ќе победите.
Ќе оди на избори Заев, и оро ќе игра, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија ан својот ФБ профил.

-Во наредните денови ќе се гради слика од типот дека меѓународната заедница демек го молат и убедуваат а тој како несака, па ќе му нудат нешто а тој ќе поставува нови барања до нив, а тие истите до ВМРО, со намера нешто да добие, и потоа тоа триумфалистички да се обиде да го прикаже како голем успех, и демек успеал, и оди на избори со одлука во последен момент, и сигурен и насмеан е дека ќе победи… предвидливи циркузи. Патем речено ќе прави секој ден протести, кои всушност ќе му бидат неговата кампања. Ќе пушта и фабрикувани телефонски разговори преку интернет, демек не е од него, кој знае од кој е, како да народот се деца и тој ќе ги лаже а тие ќе му веруваат. Ете со тоа ќе се занимава нашиот црпко. За друго ниту го бива ниту ќе го биде, напиша Стевананџија.

Тој додава дека всушност со пресот само се обидува да си гради (или поточно да му градат) подобра преговарачка позиција за наредните 25-30 дена до денот на поднесување на изборните листи.

-Но, заборава дека со вакво глупирање губи дополнително кај гласачите, и разликата помеѓу ВМРО и сдсм е најмалку за 2 до 3 процентни поени зголемена во корист на ВМРО само после вчерашното однесување од оставките на министрите па до пресот вечерта. Заборава и дека и на голем дел од странците од меѓународната заедница веќе им е преку глава од него и неговите блефови и лаги. Повеќето кои немаат скриени намери, веќе го имаат прочитано, ама им е незгодно брзо да сменат позиции. На раб се да го пуштат низ вода, ако веќе некои од нив и не го пуштија… Да, и ним им е преку глава од неговите блефови и лаги. Брани, брани… не се брани веќе.  Од друга страна Заев знае ако не оди на избори, има кој да оди, и од другите опозициони помали партии но и вакви или онакви листи од неговата партија. Со новите фабрикувани разговори само ќе се дозакопа, ќе доживее фијаско и уште поголем гнев кај народот. Тие нема да имаат ни 5% влијание и слушаност како оние лани, кои и онака имаа мало влијание, што се гледа и од сегашното расположение на јавното мислење. Заев го знае тоа расположение, знае дека ќе изгуби, и тој со задоволство би избегал од избори, но бидеќи си го има дадено задникот под кирија, ќе слуша што ќе му кажат од кај чадорот. Нема избор. Тој е сега силно исплашен за после 5-ти јуни, да не оди во затвор бидеќи има законски прибавени докази против него и неговиот криминал. Единствени на кои се надева да го спасат се странците, на чело со чадорот. Оној чадор со кој Верушевски ги тешеше двата агенти, дека ако загусти има кој да ги штити – чадорот. И навистина му помогнаа, еве го на слобода е, напиша Стевананџија.

Пратеникот додава дека на чадорот не му одговара ниту ВМРО-ДПМНЕ со 80 пратеници, ниту наместо сдсм со црепко на чело, да дојде некоја нова партија и лидер со интегритет и да го завземат местото на сдсм и црепко.

-Им треба ваков тип и такво раководство за да имаат контрола. Полн со кривични зад кои има сериозни валидни докази, исплашен дека може „да го јаде“ ако не го слуша чадорот, и спремен на секакви чекори, за да ги реализира целите на чадорот независно што е свесен дека никогаш нема да биде премиер. Шефот на македонската опозиција е еден обичен заложник во рацете на надворешна сила која му обезбедува заштита се додека тој е во функција на нивните цели. И што е најстрашно, тој не може да излези од оваа кожа во друга. Тој сирот, бореќи се за гола кожа, сега е спремен се да прави за да не го налути чадорот од кого единствено се надева на заштита. Така што Заев ќе оди на избори, и оро ќе игра ако чадорот така реши, а логично е да реши така, напиша Стевананџија.

Претседателот на Совет Никола Димески, за Благовец во Селце

IMG_0404

Благовец е денот кога пчеларите се молат на Господ Исус Христос за успешна и бериќетна година. Пчеларите од Прилеп како секоја година така и оваа традиционално присуствуваа на Светата Литургија која се оддржа во манастирот Св. Димитрија во Селце. Целта на настанот е да се продолжи со традицијата која што на нашите простори датира многу оддамна – посочија организаторите.

Учесниците на оваа манифестација ги поздрави и Претседателот на Совет Никола Димески кој истакна дека огранизацијата на овој настан е значајна за Прилеп и за производителите на мед од нашата општина.

IMG_0411

IMG_0511

ГАЛЕРИЈА – Прилепските здравствени работници го одбележаа Светскиот ден на здравјето

Денеска е 7-ми Април, Светскиот ден на здравјето, кога се одбележува основањето на Светската здравствена организација (СЗО).

DSCN0624 Markukule.mk

Празнувањето на овој ден датира од 1948 година, кога Светската здравствена организација одреди 7-ми април да биде Светски ден на здравјето.

И здравствените институции во градот под Марковите Кули на достоинствен начин го одбележа овој ден и се приклучија кон празнувањето на своите колеги ширум државата и светот.

[Best_Wordpress_Gallery id=”204″ gal_title=”Денназдравјето”]

По повод светскиот ден на здравјето 7ми Април, синдикатите на ЈЗУ Општа болница ”Борка Талески” – Прилеп и ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп, секоја година организираат прослава на која што им доделуваат благодарници и скромни награди на своите вработени кои што слават јубилејна 25 годишнина од работниот стаж, а не остануваат заборавени ниту вработените кои што оваа година стануваат пензионери. Така и оваа година прославата беше организирана во ресторан „Центар“. Претседателот на синдикатот на ЈЗУ Општа Болница Борка Талески – Прилеп, Јане Стојчески го кажа мотото: “Здравиот човек има има илјада желби, болниот само една: Да оздрави”, со кое ги поздрави сите присутни.

А.Г.

Утринска литургија во црквата „Св. Благовештение“ по повод празникот Благовец

IMG_0080

По повод верскиот празник Блоговец денот на радосната вест и пролетната убавина, пратениците Ане Лашкоска и Димитар Стевананџија присуствуваа на утринската литургија во црквата „Св. Благовештение“ со која чиноначалствуваше Г.Г Стефан.

IMG_0114

IMG_0201 - Copy

IMG_0351

Прилепчани ја почитуваат долгогодишната традиција и со сите верски обреди го одбележаа овој голем христијански празник. Пратениците користејќи ја оваа пригода на сите православни граѓани им го честита светиот ден Благовец посакувајќи им благосостојба и добро здравје.

IMG_0364

IMG_0059

6120-utrinska-liturgija-vo-crkvata-sv.-blagoveshtenie-po-povod-praznikot-blagovec-960x600-8

6120-utrinska-liturgija-vo-crkvata-sv.-blagoveshtenie-po-povod-praznikot-blagovec-960x600-11

6120-utrinska-liturgija-vo-crkvata-sv.-blagoveshtenie-po-povod-praznikot-blagovec-960x600-5

Хеликоптер го надлетува Прилеп, се слушаат и полициски сирени

12968683_10207644124835589_1527325716_n

Полициски хеликоптери деновиве надлетуваат се почесто над Прилеп. Денес повторно кружеше хеликоптер на полицијата, а се слушаја и сирени на полициски возила.

Причина ново судење на 29 -мината во случајот “Диво Насеље” обвинети за тероризам.

Судскиот процес кој започна од 9ти февруари продолжува. Кривичниот суд во Скопје повика дури 40 заштитени сведоци на денешното судење.

divo-naselje.jpg2_

Така наречената Кумановска група се товари за тероризам и терористичка организација за настаните во Дива Населба во Куманово на 9-ти и 10-ти мај ланската година.

Одбележани 114 години од загинувањето на Методија Патчев

DSCI0032

По повод 114 години од загинувањето на македонскиот револуционер Методија Патчев делегација од Локалната самоуправа предводена од Советникот за образование Марјан Матракоски положи свежо цвеќе. По тој повод учениците од подрачното училиште „Страшо Пинџур“ од Кадино Село приредија културна програма на која беа прочитани рецитали и песни за животот на војводата Методија Патчев. Методија Патчев е роден во Охрид 1876 година, а загинал во 1902 година во Кадино Село, заедно со уште седум комити кои ја бранеле Македонија од турското ропство.

Три американски компании го тужат „Фолксваген“

1111

Три компании, кои ги продаваат автомобилите на „Фолксваген“ во САД, поднесоа тужба во Окружниот суд во Чикаго.

Тие тврдат дека автомобилскиот концер ги измамил, инсталирајќи направа во автомобилите со дизел мотори, која ги манипулира податоците за издувните гасови.

Компаниите тврдат дека овие активности на „Фолксваген“ довеле до „погубен удар на нивната заработувачка“ и пад на вредноста на нивните франшизи. Тие додаваат дека имаат складирано голем број дизел автомобили, кои не можат да ги продадат.

ВИДЕО: Параноја во Грција од темата за македонското малцинство и децата бегалци

MAKEDONEC

Пред вистината молчат боговите, но не и Грците. Темата за македонското малцинство и децата бегалци и натаму предизвикува параноја во грчката јавност, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Денешната проекција на филмот “Македонец” во Европскиот парламент, преку кој се раскажува приказната за голготата на децата бегалци од граѓанската војна во Грција, за грчките политичари претставува нова провокација од Македонија, продолжување со наводните територијални претензии и злоупотреба на грчката историја. Во писмо упатено до претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, група грчки европратеници го изразија своето незадоволство поради проекцијата на филмот за како што велат “непризнаено малцинство” во Грција.

“Ова е филм кој што претставува уште една алка во синџирот на провокации на Скопје насочени против Грција, со оглед на тоа што во него се зборува за наводно Македонско малцинство во Грција, а го доведува во прашање очигледниот и вистински грчки карактер на регионот. Скопје, за жал продолжува да им се посветува на иредентистичките аспирации кон грчката Македонија и да прави заговори против грчките суверени права. Ја злоупотребуваат грчката историја и ги присвојуваат грчко-македонските кралеви Филип и Александар Велики, иако знаат дека тие се појавија во регионот девет века подоцна”, се вели во писмото на четворица европратеници од редовите на опозициската Нова Демократија.


Проекцијата на филмот е во организација на Европската слободна алијанса од Брисел чиј член е и партијата на Македонците во Грција “Виножито”, а во соработка со европратениците Марија Терикабрас и Марек Плура од Европската народна партија.

“Ова е трагичната приказна за македонските деца бегалци кои што избегаа од Грција за време на граѓанската војна од 1946 до 1949 и беа распрскани низ неколку држави од поранешниот Источен блок. Околу 35 000 деца ја напуштија Грција, а 3000 од нив засолниште пронајдоа во Силесија и за нив се грижеше локалното население. На овие деца им беше дозволено да се вратат во своите родни места само ако се изјаснат дека се Грци, нешто што повеќето од нив одбија да го сторат, со што останаа во постојан егзил”, се вели во соопштението на Европската слободна алијанса.

Од таму информираат дека по проекцијата на филмот следува дебата на која што освен нивен претставник, учествуваат и претставници на Виножито, како и режисерот на филмот Петро Алексовски.

Грчките власти пред само неколку денови повторно одбија влез на неколкумина Македонци, кои што беа упатени на прославата на роденденот на македонскиот весник Нова Зора во Воден. Грчките власти со декади водат расистичка политика, преку ставање на црните листи како на децата бегалци, така и на други Македонци од странство кои што ги бранат правата на Македонското малцинство во Грција, велат од Европската слободна алијанса, нагласувајќи дека ова срам за Европската Унија кој што мора веднаш да запре.