дома блог страница 5379

Битна вест за Прилеп!

remenski

Вкупно 76 семејства неможат да добијат социјален стан заради блокадите на Ременски. Техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски уште еднаш покажа дека функцијата ја користи за ништо друго освен за блокирање на проектите што носат благодет за граѓаните и се од огромна помош за социјалните категории на граѓани, објави НетПрес.

Како што дознава Нетпрес од извори од Министерството за труд и социјална политика, овој пат техничката министерка Ременски директно го кочи доделувањето на 76 станови за социјалните лица во Прилеп.

Фросина Ременски директно преку Комисијата за распределба на социјални станови, лобира социјален стан да добие лице од Прилеп кое е во блиски односи со високи претставници во структурата на СДСМ.

Техничката министерка Ременски преку вработени од Министертвото за труд и социјална политика кои се дел од Комисијата за распределба на социјалните станови во Прилеп ја уценува целата Комисија, доколку тоа лице не добие социјален стан, нејзините членови нема да ја потпишат конечната листа на добитници на социјални станови а со тоа практично е закончена комплетно целата распределба за сите 76 лица кои добија социјален стан.

Имено при распределбата на социјалните станови во Прилеп, лицето за кое техничката министерка Ременски лобира да добие социјален стан се најде на прелиминарната листа на потенцијални добитници на станови, но при увидот на лице место во куќата во која посоченото лице пријавила дека живее, Комисијата констатирала дека тоа лице куќата ја користи само за да го исполни условот за добивање на социјален стан.

Со тоа лицето за кое Ременски категорчно бара да добие социјaлен стан не ги исполнува условите согласно Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење изградени по „Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија“.

Дополнителни сомнежи се отворија кога членовите од Комисјата кои се предложени од Министерството за труд и социјална политика излегоа со став дека доколку посоченото лице не добие социјален стан, тие нема да ја потпишат конечната листа и записникот, со што се стопира распределбата на 76 социјални станови во Прилеп.

За да се откочи целата постапка и да се распределат сите социјални станови на лицата на кои им се неопходни за живеење, Министерството за транспорт и врски испрати допис до техничката министерка Фросина Ременски да се произнесе за веродостојноста на пријавеното живеалиште за посоченото лице и да се надмине целата ситуација.

Овој однос на техничката министерка Ременски покажува колку таа и нејзината матична партија СДСМ не водат грижа за лицата од социјалните категории и тоа колку функциите ги злоупотребуваат само за партиски цели за нивни блиски членови.

ФОТО: На 55 години стана мајка на тројка!

seron-kats

Шерон Катс има 55 години и стана мајка на тројка, откако помина третман за вештачко оплодување.

 

Таа и нејзиното 40-годишно момче Стјуард заминале во Кипар за процедурата, бидејќи според законите во Велика Британија, таа е престара за вештачко оплодување.

Со ова таа стана најстарата мајка на тројка во Велика Британија.

Шерон веќе има четири возрасни деца, но сепак сакала уште еднаш да стане мајка и да има заедничко дете со Стјуард.

Мејсон. Рајан и Лили се родени со царски рез на 21 март во Нотингем.

Важни вести за возачите: За два месеци овие возила нема да смеете да ги возите!

avtomobili

Се ближи рокот кога ќе биде забрането увоз на стари возила со еколошки стандарди еуро 3, кој ќе биде дозволен само со еуро 4 и над овој стандард. Нивниот увоз годинава е двојно зголемен во однос на лани.

Според владината одлука од 1 јуни годинава во Македонија нема да биде дозволено внесување на возила со стандардот еуро 3, тоа значи дека веќе нема да можат од странство да се набавуваат коли постари од 2004 година.

Зголемување има и кај увозот на товарни употребувани возила, увозниците на употребувани возила велат дека овој значаен пораст на внесувањето половни автомобили во првите месеци се должи токму на заострувањето на еколошките критериуми, кое ќе важи од почетокот на јуни оваа година.

Од 1 јуни во земјава ќе биде возможен увоз само на возила со датум на производство од 2004 година, па нагоре.

Инаку, старите возила се сметаат како еден од главните причинители за загаденоста на воздухот, која во земјава е особено изразена во зимските месеци од годинава.

Импортерите на нови возила, кога беа најавени овие мерки на заострување на еколошките критериуми, изјавија дека мерката е добра, но многу задоцнета, бидејќи, како што рекоа, „земјава веќе се наполнила со огромни количини на употребувани возила“.

Еве каде ќе врне денес

dozd-prolet-650x396

Иако се очекува денес времето во Македонија да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, сепак според прогнозите на некои места ќе врне.

Каде ќе врне денес?

Според информациите од УХМР, попладне во северозападните подрачја ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 25 до 28 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Од петок променливо облачно време и пад на температурите

До четврток ќе се задржи многу топло време за овој период од годината. Од петок до недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а ќе има и услови за појава на грмежи особено во сабота. Во петок ќе дува засилен јужен, а во недела западен ветер.

Потврдено: Путин ги испраќа специјалците СПЕЦНАЗ во Република Српска

Неговата порака е јасна- ако вие не сакате да најдете спогодба за центарот во Ниш, ние нема да правиме гужва, ќе почекаме да поминат изборите во Србија, но ќе направиме една подобра соработка со Република Српска и нејзината полиција.

rusija-fsb-tajna-sluzba-specnaz1-640x425Веста за доаѓањето на руските специјалци доаѓа во моментот кога радикалните исламисти со пораки му се закануваат на светот со војна против христијаните во Република Српска и повикуваат на граѓанска војна во Србија и БИХ.

Московската полиција ќе и помогне на полицијата на Република Српска во обучување на специјалците.

Продолжувањето на соработката на руската и полицијата на РС не ја исклучува можност да Русија и во РС постави Центар за вонредни ситуации и брза интервенција како оној во Србија, оценува аналитичарот од Бања Лука Срџан Шушница.

rusija-fsb-tajna-sluzba-specnaz2-640x426

Министерот за внатрешни работи на РС Драган Лукач после состанокот со руските колеги изјави дека ова е само продолжување на минатогодишните разговори, кога е потпишан протокол за соработка со Москва.

А.Г.

Дивата ја раздрма Русија: Калиопи со импресивен настап на московскиот гала концерт

kaliopi-640x426-640x396

Најавена на сцената како поп дива од прекрасната Македонија чиј фан клуб ја очекува во публиката, Калиопи со своите импресивни вокални способности и енергија на сцената, го забележа, според добиените коментари, најмоќниот настап вечерта.

Kaliopi-avtogram-sesija-650x488

Концертот се одржа во прекрасната сала Известиа, пред околу илјада гости, а истата вечер настапија и евровизиските претставници на Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Израел, Малта, Молдавија, Шпанија, Швајцарија, Кипар и домаќинот Русија.

Televizija-Rusija-I-2-650x488

Следена на секој чекор од своите фанови, коишто ја паметат по нејзиниот настап од Баку, во 2012-та година, Калиопи подели бројни автограми на специјално организирана средба со својот фан клуб од Москва, а беше дел и од официјална пресконференција, посетена од голем број новинари и телевизиски екипи.

Kaliopi-i-fanovi-3-488x650

„Пресреќна сум што сум во Русија, земја со прекрасен народ и богата историја, а за мојата прекрасна земја Македонија на Евровизија ќе се потрудам да донесам песна и настап коишто ќе се паметат многу долго. Евровизискита фанови ме вратија на Евровизија и со голема среќа ја прифатив поканата од Македонската телевизија, бидејќи повторно ја добивам можноста да направам нешто за мојата земја, но и за нив, моите евровизиски фанови“, изјави Калиопи на пресконференцијата.

Intervju-za-Picolo-magazin-i-web-portal-2-650x488

Меѓу медиумите коишто со задоволство очекуваа повторно да ја видат Калиопи беа не само специјализираните евровизиски портали, туку и националните телевизии на Азербејџан, Русија, Белорусија и Украина.

Следниот промотивен настан е Eurovision in concert закажан за 9-ти април, во Амстердам. Станува збор за најголемиот промотивен евровизиски концерт, каде што годинава учество ќе земат 25 земји.

20-433x650

Чупе на денот – Leanna Banana

4

1

2

3

ФОТО – Ова е изгледот на новите банкноти кои влегуваат во оптек кон крајот на годината

Со новите банкноти од 200 и 2.000 денари ќе се плаќа кон крајот на годинава или евентуално на почетокот на 2017-та, соопштуваат од Народната Банка.

banknoti-novi

Подготовките за издавање на парите се уште се во тек, а одлука за официјално пуштање во промет треба да донесе Советот на Народната Банка. Се уште не се знае кога ова прашање ќе биде ставено на дневен ред. Од Народната Банка велат дека веќе избрале компанија која е задолжена за печатење на парите, пренесе Алфа телевизија.

„Избрана е печатарска компанија со која веќе е потпишан договор. Планирано е да се произведат по 10 милиони парчиња од секој апоен. Согласно досегашната динамика, се очекува новите банкноти да бидат пуштени во оптек кон крајот на 2016 година или почетокот на 2017 година, после донесувањето на соодветна одлука за пуштање во оптек“ – велат од НБРМ.

200denari-novi2

200denari-novi

Банкнотите ќе бидат соодветно заштитени. Ќе се печатат на специјална хартија во бела боја, со вграден воден печат, заштитна испрекината нитка со впишан текст НБРМ, видливи и невидливи влакна кои рефлектираат во жолта, сина и зелена боја под дејство на ултравиолетови зраци, како и зајакнати рабови против физички оштетувања.

Одлуката за печатење на книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари беше оценета како правилна, направена со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, ако се знае дека тие многу ретко ја користат 5.000-ката.

2000denari-2novo

2000denari-novo

На крајот на 2014-та беше познат и ликот на банкнотите. 200-ката ќе ја красат мотиви од релјеф од виничките теракотни икони, како и елементи од челната фасада на „Шарената џамија“ во Тетово. На предната страна, пак, на банкнотата од 2 илјади денари, ќе има македонска невестинска носија од Прилепско Поле, а на задната,  декорација од внатрешна страна на позлатен сад.

Откупени 20.000 тони тутун: Досега исплатени 10 милиони евра за тутунопроизводителите, субвенциите продолжуваат

Силните владини заложби за помош и поддршка на земјоделците покажуваат одлични резултати.

tutn-proizvodstvo

Целиот произведен тутун беше откупен, па во моментов се откупени  околу 20.000 тони.

Просечната цена на задоволство на тутунопроизводителите е 186 денари, а тие добиваат и дополнителни 60 денари државни субвенции за секој откупен килограм. Збирно, тутунарите во Македонија добиваат по 4 евра за килограм тутун.

Експертите во оваа област велат дека тоа е добар стимул кој ги задоволува потребите и барањата на тутунарите. Сметаат дека ова е одлична цена која драстично се разликува од периодот пред 10 години кога имаше редовен проблем со откупот, а тутунопроизводителите не земаа ниту денар субвенција.

Во периодот што следува, според најавите, ќе се продолжи со исплата на субвенциите.

Досега се исплатени 10 милиони евра за произведувачите на тутун кои го предадоа истиот до 15-ти јануари годинава. Сега следува исплата на уште 500 милиони денари субнеции за тутунопроизводителите кои својот род го предадоа до крајот на откупот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при вчерашната посетана  Ресен истакна дека земјоделците од преспанскиот регион имаат добиено девет милиони евра субвенции.

Тој додаде дека само за овоштарите се исплатени 7,3 милиони евра, а од декември лани до денес на овоштарите во земјава им се исплатени 4,3 милиони евра.

– Покрај исплатата за лица кои имаат овошни насади, веќе оваа недела се очекува во трезорот на Министерството за финансии да пристигнат исплатите за тутунот, што е предаден после 16-ти јануари. При крајот на оваа недела и на почетокот од следната ќе започне исплата на 500 милиони денари за тутунарите за нивниот род, односно предадениот тутун по 16-ти јануари, најави Груевски.