дома блог страница 5373

ФОТО: Еве какви флаери им се делат на мигрантите на Идомени

1

Грчката полиција не ја извести Македонија дека флаери со ваква содржина им се делат на мигрантите во Грција кои чекаат во надеж да влезат и минат низ Македонија. Флаерите им ги делат странски невладини организации на мигрантите.

2

Грчките медиуми известуваат дека немирите на Грчко – македонската граница почнале откако се појавила брошура на арапски јазик во која се повикувале мигрантите да се соберат на границата и да се обидат да ја преминат.

Грција, пак, продолжува со неодговорниот пристап. Како што пишува „Курир“ грчката полиција не ја известила македонската страна за ваквите пораки кои утрово се повлечени.

Света Архиерејска литургија во храмoт Св.Петка во Точила

IMG_1392

Денеска по повод празникот „Недела на Св. Јован Лествичник“, во храмот Св.Петка во Точила во присутво на грдоначалникот Марјан Ристески, председателот на Советот на Општина Прилеп Никола Димески и пред голем број на верници, се одржа Света Архиерејска литиргија. Со литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско–Пелагонсики  г.Петар, кој пред верниците ја истакна големата улога на православната црква и православните врници, бидејќи „верата е духот на овој народ“, посочи Владиката Петар.

IMG_1436

IMG_1372

IMG_1398

IMG_1403

Светата архиерејска литурија беше поддржана со пеење на хорот Св.Петка, кои пееја “Божествена Литургија” на Атанас Бадев.

IMG_1541

IMG_1470

IMG_1484

IMG_1512

ФОТО: Тензично кај Идомени- мигрантите дивеат, неколкумина повредени

Идомени се претвори во бојно поле. Бегалците од утрово се обидуваат нелегално да ја преминат границата и да влезат во Македонија на нелегален начин.

solzavec-idomeni-640x360

Расте бројот на обезбедувањето, мигрантите револтирани поради затворената граница фрлаат со камења, а целиот регион мириса на солзавец.

idomeni-solzavec

Лекарите од болницата во Гевгелија направиле 13 интервенции на повредени, а едно лице е задржано на опсервација.

Македонската полиција реагирала со солзавец и шок бомби со цел да го спречи нелегалниот обид за влез во земјава на мигранти од Грција.

Како што дознава ТВ Нова, тензиите нема да престанат ни во текот на ноќта.

Лестер ита кон шампионската круна во Премиер Лигата

151215081726-leicester-social-tease-super-169

Нова победа и нови три бода за сензацијата во Премиер Лигата годинава, Лестер Сити. Лисиците ја забележаја 5-тата последователна победа денеска на гости против Сандерленд.

Лестер нема примено гол во претходните 5 натпревари и му недостигаат уште 9 бодови до крајот на сезоната со што со сигурност ќе ја обезбеди титулата, без разлика како ќе одигра Тотенхем или Арсенал во нивните натпревари.

Стрелец на двата голови беше Џејми Варди кој го заврши постотот на непостигнат гол во претходните 5 мечеви.

A.Г.

Ноќен живот Крушево – 09.04.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”209″ gal_title=”KrusevoNoken09042016″]

E oва е вистинска држава: Унгарија ги уништува отровните ГМО посеви

GMO-Hungary

Контролорите во Унгарија пронашле генетско модифицирано семе и посеви со тоа семе. Веднаш според законот се отпочнало со уништување, пред ова семе да почне неконтролирано да се шири низ државата.

Слободното движење на стока во внатрешноста на ЕУ значи дека властите нема да можат во потполност да истражат како ова семе стигнало во Унгарија, но ќе истражуваат каде се таа стока ја има на Унгарскиот пазар.

Регионалното радио известило дека можно е со ова семе да се посеани неколку илјади хектари на две водечки меѓународни компании.

А.Г.

Ноќен живот Прилеп – Club Calypso & Art Caffe – 09.04.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”207″ gal_title=”NokenzivotPrilep_09042016″]

ВИДЕО: Телепортацијата стана возможна

Microsoft му ја претстави телепортацијата на светот, а оваа технологија се нарекува holoportation.

teleportacija

Се разбира, за ова требаат VR наочарите HoloLens и 3D камери.

На видеото се гледа како луѓето во две различни простории се опкружени со 3D камери, а потоа им се дадени HoloLens наочари, со цел да можат да ја видат другата личност реално, како да постои навистина пред нив во природна големина.

Корисниците можат да се поздравуваат и да разговараат меѓусебно, иако се наоѓаат во различни простории.

Microsoft HoloLens VR наочарите во моментов се најнапредни, затоа што станува збор за мешавина од виртуелна реалност и вистинска стварност.

Системот ги пренесува виртуелните објекти во реален простор околу личноста што носи HoloLens.

65 рок песни од 60-тите во 5-минутно видео – ИМПРЕСИВНО!

21212

Тројца музичари направиле импресивно видео со преработка на 65 рок класици од 60-тите години , со што ја дефинираја историјата на рок музиката во само 5 минути.

Ќе уживате…

А.Г.

Лежел 33 години затвор за убиство и силување, а не бил виновен

zatvor-640x441

Поранешен американски морнар е ослободен од затвор после 33 години, затоа што благодарение на ДНК анализа е утврдено дека не е виновен за силување на жена и убиство на нејзиниот сопруг во 1982 година.

Врховниот суд во Вирџинија објавува дека Кит Харвард бил осуден врз основа на сведочење на експерти, дека трагата од угризот на жената се вклопува со угризот на осомничениот.

Харвард (59) бил осуден на доживотна робија.

Жената била силувана и нејзиниот маж е убиен во куќата додека трите нивни деца спиеле. После 30 години, ДНК анализа покажала дека за злочинот е одговорен друг морнар што умрел во затворот, кој извршувал казна за друго злодело.

Минатите години се ослободени 149 луѓе, кои биле осудени, а невини. Секој од нив поминал по 14,5 години во затвор.