дома блог страница 5374

Саботно кафе Прилеп – 09.04.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”208″ gal_title=”SabotnokafePrilep09042016″]

ФОТО: Македонската убавина ја краси насловната на „Национална Географија“

nacional (1)

Македонија на насловната страна на списанието „Национална Географија“. На насловната страна се најде градот Охрид, поточно „Свети Јован Богослов Канео“ — една од најпознатите цркви во Охрид, на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот.

Прекрасната фотографија го промовира западен Балкан и неговите убавини во туристичка дестинација која мора да се посети.

Фотографијата од Канео се најде на насловната страна на изданието насловено како „100 места кои ќе ви го променат животот“.

Tрет последователен триумф, патот кон Првата лига трасиран, треба да се издржи !

12986714_10209185593780907_326659035_o

Вчера попладне на Градскиот стадион со вештачка трева во Велес, фудбалерите на Победа ја забележаа 5-тата гостинска победа во првнството на Втората лига, совладувајќи го домаќинот Еуромилк со 1-2(0-1). До 19-ттиот гостински бод избраниците на тренерот Крстески стигнаа со организирана и беспоштедна борба против мотивираниот и сезонава незгоден противник, Еуромилк. Прилепчани офанзивно и агресивно го започнаа натпреварот. Веќе во 3-тата минута во шанса беше Гешоски, но неговиот удар со глава заврши малку крај голот на Мустафа. Потоа следеше една спорна ситуација во која Гешоски беше во налет, но беше фаулиран од Ристов (како последен играч од домашната одбрана), кој го спречи да избие сам пред голот на Мустафа, но наместо црвен тој доби само жолт картон. Во 12-тата минута во шанса беше Шаркоски, но неговиот удар со глава заврши покрај стативата, за минута подоцна истиот играч упати удар од 40-метри кој неспретниот Мустафа, со крајни сили успеa да го одбрани. Во 25-тата минута нова голема шанса за Победа, Шаркоски бие сам од аголот од петерецот, право во Мустафа. Во 29-тата минута шанса и за Карчески, по повратната на Шаркоски, но и 11-ката на Победа е непрецизен, неговиот шут заврши високо над пречката. И конечно во 44-тата минута при една мешаница пред голот на Мустафа, најприсебен беше Гешоски, кој со прецизен удар го најде патот на топката до десниот агол на домашниот гол, за огромна радост и меѓу приврзаниците на Победа и на гостинската клупа.

12970100_10209185596820983_1285701768_o

12980770_10209185595380947_1715043827_o

На одмор се отиде со водство на Победа, но несфатливо на почетокот на вториот дел победашите заиграа опуштено и се повлекоа, при што домаќинот брзо казни, со вистински евро-гол на Аломеровиќ од преку 20 метри, успеа да израмни на 1-1, казнувајќи ги сите претходни промашувања на победашите, кои можеја да имаат неколку голови предност. За среќа по израмнувачкиот гол, прилепчани  тргнаа и одново ја заиграа својата препознатлива игра. Но повторно неефикасноста и неснаодливоста пред противничкиот гол се покажа како рак-рана. Најпрвин Гешоски во 60-ттата минута премногу чекаше и беше себичен, беше изблокиран наместо да проигра со Дунимаглоски, а минута подоцна и Шаркоски непотребно тргна сам наместо да го проигра осамениот во средината пред голот на гостите, нововлезениот Здравески. Сепак среќата им се насмевна на прилепчани во 75-тата минута, кога Дунимаглоски изведе остар центаршут пред голот на Еуромилк, а Мустафа беше невнимателен и дозволи топката да заврши зад неговиот грб, во мрежата на Еуромилк, за огромна радост, која се покажа 3 бода вредна.

12938109_10209185597420998_7426118922162244064_n

До крајот со мирна рутинирана игра прилепчани го сочуваа водството, а во судиското надополнување и пропуштија шанса да ја зголемат предноста, откако Здравески биеше скоро од мртов агол, а Мустафа одбрани, иако проигрување во поповолна ситуација очекуваше Гешоски. Победа со денешниот триумф врза 3 последователни победи, кои ја искачија на делба на првото место, а се покажа уште еднаш дека далеку подобро и порастоварено игра на гостувањата, каде се освоени 19 од 32 бода. Следното 22-ро коло го носи пелагониското дерби и гостувањето на Пелистер, кој утре во ова 21-во коло гостува на Тетекс. Одиме на 3 бода и против пелистерци, кои ни се големи должници, за по освојувањето на Пелагонија да го запоседнеме врвот на второлигашката табела!

12959562_10209185612381372_1620780796_o

Претседателот Гоце Ингилизов и спортскиот директор Јовица Обрадовиќ од ложата го проследија натпреварот Еуромилк-Победа.

Што (не) треба да пиете ако сте на диета

samanta-seks-city-640x396

Ако сте одлучиле да внимавате на килограмите и на внесувањето на калории како дел о д подготовките за летната сезона, паметно би било да ги избегнувате алкохолните пијалоци, слично како актерките од серијалот „Сексот и градот“ за време на снимањето на култната серија.

Но, ако се појави некоја прилика во која треба да посегнете за чашата и неможете да одолеете тогаш бирајте мудро.

Поголемиот број жестоки пијалаци имаат еднаква калориста вредност, околу седум калории во еден грам. Со други зборови, една чаша вотка, џин, рум, текила или скоч има околу 80 калории. Проблемот е во додатокот што ќе го изберете со овој алкохол.

Минералната или обична вода едвај има калориска вредност, но сокот од лимон или лимета ќе додаде околу 20 калории на вашиот пијалак. На пример, чаша текила со минерална вода и сок од лимета има дури 100 калории.

Ако не сте љубител на жестоки пијалаци, треба да знаете дека и чашата вино исто така ќе ви направи проблем. Поголемиот број вина во само една чаша имаат околу 120 калории. Пивото, пак, најчесто има минимално 150 калории.

Секако, тука е и класичната опција – вотката со минерална вода има само 65 калории во една чаша.

Британски експерт за тактиката на Путин: Еве зошто ги повлече авионите од Сирија, а ги испрати хеликоптерите

Во мибилното војување, хеликоптерите се далеку поефикасни против градови кои се под опсада.

mi281-640x360

Рускиот претседател Владимир Путин го изненади светот со објавата на 15-ти март дека Русија ги повлекува своите сили од Сирија, во очи на договорот за делумно прекинување на огнот, помеѓу владините сили и оние на опозицијата.

 “Во наредните неколку дена, светските медиуми беа почестени со снимки како борбените авиони заминуваат од сириската база и се враќаат во Русија, каде е приредена огромна прослава и прием на семејствата”, вели Јustin Bronk, научен соработник на воени науки во институтот Rojal Junajted Servis.

Но тоа беше далеку од вистинско повлекување на Руските сили. Дојде до зголемување на бројот на хеликоптерите Мi-35 Hind, кои се докажаја во борбите, а им се придружија и модерните Mi-28 Havoc и ултрамодерните Ka-52 Aligator, кои се разместени за борба по прв пат.

mi-24-rgtr-640x398

Преземање на Палмира

Додека во Халеп договорот за примирје се одржува, борбите се преместија  на други подрачја.

Неодамнешното преземање на Палмира од рацете на ИСИС е импресивно достигнување на сириската армија и руските воздушни сили и техничка поддршка. Во мобилното војување во околината на Палмира, нисколетечките хеликоптери се далеку поефикасни во градовите под опсада на опозиционите сили.

Од друга страна, руското тепих бомбардирање со ненаведувачки проектили и касетна муниција, што е правено против градовите во рацете на милитантите, а во знак на поддршка на офанзивата на Асад во околината на Алеп и на други места, има помала психолошка и тактичка вредност против движечките сили на ИСИС на отворен простор.

Со тоа има смисла Русија да ги засили своите позиции со хеликоптери, а не со борбени авиони.

Меѓутоа, доаѓа до зголемување на ризикот дека повеќе руски летала би можело да бидат срушени, бидејќи најмодерните нисколетечки хеликоптери се во опасност од многубројните проектили кои се испалуваат од рамено, а кои ги користат разните милитантни групи во Сирија.

Рускиот Mi-28 дели доста особини со американскиот АH-64 Apache хеликоптер кој беше главно оружје во Ирак од страна на западот. Значи голема поддршка за копнената војска на Асад, има можност да остане на позиција далеку повеќе од авионите и може да изведе и повтори повеќе напади со проектили, ракети и топовски оган, oбјаснува целосно британскиот воен експерт.

А.Г.

Јуве ноќна мора за тимовите од Милано

imago23541224h-900x500

Дербито кое ја красеше Италија не така одамна, се претвори во рутина за тимот од Торино. Синоќешната утакмица меѓу Милан и Јувентус, заврши со резултат 1-2 во корист на Јуве.

Иако Миланезите го презедоја водството на почетокот со голот на Алекс, при нафрлање од корнер, Јуве на полувремето изедначи со гол на Марио Манџукич, а во продолжението Пол Погба донесе нови 3 бода за скоро, па обезбедено 5-то последователно Скудето за Јувентус.

Тимот од Торино од 22 меча, забележа 21 победа и еден нерешен резултат.

Сега предноста на Јувентус на табелата е 9 бодови пред второпласираниот Наполи, кој има и меч помалку против фенерџиите Верона, што ќе го одигра денес на домашен терен.

А.Г.

Цел живот ги фрлате картоните за јајца, а не сте знаеле дека од нив се прави ОВА!

Mногумина од вас ги фрлаат картоните од јајца, не размислувајќи дека можат да ги искористат и за други работи. Картоните од јајца можат многу лесно да се рециклираат, но зошто наместо тоа, не би направиле и самите нешто корисно од нив?

Еве еден предлог кој нас во потполност не одушеви!

http://www.dailymotion.com/video/x3i25u6_recycling-egg-cartons_school

А.Г.

Ноќен живот Крушево – 08.04.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”206″ gal_title=”КрушевоНоќен_08042016″]

Претпоследна етапа на “Крали Марко болдеринг маратон” во Прилеп

IMG_1329

Претпоследниот ден од маратонот што се случува во градот под Маковите кули, денеска кулминираше со болдерингот во близина на манастирот „Трескавец“.  Ова адреналинско спортување и афирмативно дружење со повеќе од 100 учесници од целиот свет, денеска го поздрави градоначалникот  Марјан Ристески.

„Досегашното искуство на болдеристите вели дека Прилеп е неодминлива дестинација за овој спорт и како терен и како добар организатор на овие настани, па затоа спортистите редовно се враќаат. Прилеп е привлечна дестинација за екстремни спортови, а со тоа има потенцијал за развој и на спортскиот туризам“, посочи градоначалникот Ристески.

Годинава на болдеринг-маратонот „Крали Марко“ првпат беше претставена новата дисциплина хајлан митинг.

Болдеринг е специфична форма на искачување по карпи, која се изведува без јажиња или појаси. Може да се изведува без никаква опрема, но вообичаено повеќето болдеристи користат специјални чевли за искачување, креда за да им бидат суви рацете и специјални подлоги за да спречат повреди при паѓање.

ВИДЕО: Мистериозно чудовиште се појавило во реката Темза

Изгледа чудовиштето од Лох Нес ја променило локацијата, па сега се наоѓа во Темза.

 

cudoviste-vo-temza

За тоа сведочи новото видео објавено на Јутјуб, кое го прикажува мистериозниот објект кој плива близу до O2 арената.

Видеото е снимано од Пен Плејт, кој патувал близу до Гринич, додека ја снимал британската престолнина.

-Нешто големо се мрдаше под површината на водата и во еден момент се нурна. Дали има китови во Темза или станува збор за некоја чудна подморница, се прашувал човекот што го снимал овој момент.

Погледнете го видеото.