дома блог страница 5372

Прилепска делегација во работна посета на градот Ваљево

?

Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп, повеќечлена прилепска делегација предводена од страна на потпретседателот на Регионалната комора Сашко Самарџиоски и градоначалникот Марјан Ристески, беше во работна посета на збратимениот град Ваљево од Република Србија.

IMG_4119

Во делегацијата покрај градоначалникот и потпретседателот на Регионалната комора кој е и генерален директор на „Прилепска Пиварница“, учествуваа и раководните лица на повеќе компании и институции од Прилеп како што се: месната индустрија „Марфил“, прехрамбената индустрија „Витаминка“, трговската фирма на алкохолни и безалкохолни пијалоци „Ники Комерц“, „Стопанска Банка Скопје“, „Водостопанство Прилеп“, „Кривогаштанипромет“ и  „Општа болница“ од Прилеп.

?

Целта на работната посета беше, на покана од Регионалната стопанска комора од Ваљево и општината Ваљево да се продолжи досегашната соработка и по можност истата  да се прошири во повеќе области како и посета на регионалниот саем „СПРЕГ 2016“ во Ваљево. За време на дводневниот престој на делегацијата во Регионалната стопанска комора Ваљево имаше средба со раководството на комората, при што беше извршена презентација за колубарскиот регион.

Потоа делегацијата бела примена од страна на градоначалникот на Општина Ваљево г-динот Славко Терзиќ и неговите соработници кои изразија големо задоволство за наивната посета, при што обострано се разменија информации за економската и културната соработка на двете општини со заедничка желба истата да продолжи и понатаму.

Во продолжение на престојот беше посетена „Ваљевската пивара“ која е во државна сопственост и една од поуспешните пивари во Србија,при што се разменија доста информации меѓу директорот на Прилепската пивара и раководството на Ваљевската пивара.

?

Од страна на градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески беше поканета ваљевската пивара да учествива на фестивалот за пиво„Пиво фест 2016“ во Прилеп кој ќе се одржи во терминот од 14 – 17.07.2016 година.

Исто така беше посетен и регионалниот саем „СПРЕГ 2016“ на кој излагаа повеќе од 200 компании од Србија,Босна и Херцеговина и Република Српска.На саемот претежно учество имаа земено компании од прехрамбената, преработувачка индустрија, електроиндустријата и информатичка технологија, при што нашите компании остварија контакти за меѓусебна  соработка.

Остварена беше  посета на фабриката за вода „Вујиќ вода“ како и научно-истражувачкиот центар „Петница“ кој остави најдобар впечаток, бидеќи се работи за научно-истражувачки центар од европско значење каде учествуваат предавачи и учесници од цела Европа меѓу кои и голем број од Македонија. Центарот располага со врвни лаборатории од повеќе научни дисциплини како што се Физиката, Хемијата, Биологијата, Астрономијата и др. и библиотека која располага со богат фонд на книги, учебници и разни публикации од светски автори од областа на науката.

За време на работната посета во Ваљево остваривме и средба со раководството на Регионалната комора од Бања Лука кои изразија голема желба во месец Јуни 2016 година да ги посетиме при што предложија да се потпише Меморандум за заедничка соработка меѓу коморите како и побратимување на градовите Бања Лука и Прилеп.

Извор: Регионална комора Прилеп

http://www.mchamber.org.mk/(S(bddx3x55nj5dty45jkd3heee))/default.aspx?lId=1&mId=64&smId=12

ДЕТАЛИ: 10 деца повредени по превртување на комбе

soobrakajka-aaa-640x385

Десет деца и три возрасни лица се повредени во сообраќајната несреќа која денес околу 12:40 часот се случи на локалниот пат за гостиварското село Падалиште.

Од СВР Тетово информираат до несреќата дошло откако патничкото комбе „Форд турнео“ излетало од коловозот.

-Од излетувањето на возилото, кое потоа се превртело на покрив, вкупно 13 лица задобиле различни видови телесни повреди.Едно 10-годишно девојче веднаш е префрлено на скопските клиники, додека другите 12 лица, од кои 9 деца на возраст до 10 години, возачот 47-годишниот К.М. и две женски лица на возраст од 42 и 72 години, моментно се во гостиварската болница каде им се вршат потребните лекарски прегледи, по што ќе бидат задржани или пуштени на домашно лекување, соопштуваат од СВР Тетово.

Полицијата наскоро ќе започне увид на местото на несреќата.

Се доуредува инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1

IMG_1954

Градежните работи за доуредување на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1, се во тек.  Во моментот се работи на асвалтирање на улицата во Р2 зона во должина од 380 метри. Оваа инвестиција чини седум милиони и шестотини илјади денари средства обезбедени од гранд од Светска банка кои општина Прилеп ги доби за успешно реализиран проект за влез на градот Прилеп. Во склоп на овој инфраструктурен зафат ќе бидат обезбедени и доосветлувањето и изградба на тротоари. Градоначалникот Ристески посочи дека, во индустриската зона Прилеп 1 експресно биле продадени сите 21 парцела, а моментално се градат 7 објекти.

IMG_1978 IMG_1928

IMG_1950

IMG_1951

IMG_1955

IMG_1956

IMG_1958

IMG_1968

IMG_1971

ВИДЕО – Амбасадорите на македонската етно музика, група Љубојна на “Гимфест 2016”

На годинешното 6-то по ред издание на Гимфест 2016, присутните ќе имаат можност да ја проследат и македонската етно музичка група Љубојна.

Од гимназијата “Мирче Aцев” Прилеп, оваа вест ја соопштија со огромно задоволство. Љубојна е најпопуларна група за 2015 година, што ги шири и негува македонската изворна-етно музика, македонскиот мелос, традиција. Гимфест во изминатите години се покажа како одлична манифестација, фестивал кој стана репрезентативен како за гимназијата ”Mирче Ацев”, така и за градот. Годинава посетителите ќе имаат можност да уживаат во уште едно фантастично издание, кое не смее да се пропушти.

12814732_1570762643244722_6550541702857830711_n

Овогодинешниот Гимфест 2016 ќе се одржи на 22 арпил.

Дуелот меѓу Фјури и Кличко во Манчестер

tajson-

Дуелот меѓу Фјури и Кличко во МанчестерВториот двобој меѓу светскиот шампион во бокс Тајсон Фјури и Владимир Кличко ќе се одржи на 9-ти јули во Манчестер.

Со натпреварот се пофали чичкото кој што за дуелот го подготвува шампионот меѓу тешкашите Фјури.

Питер Фјури на „Твитер“ се пофали кога и каде ќе се надмудруваат боксерите за насловот меѓу тешкашите.

Британецот во ноември во Дизелдорф го победи Владимир Кличко со едногласна одлука на судиите и го заслужи шампионскиот наслов од верзиите ВБА, ВБО и од ИБФ.

Кличко истакна дека е подготвен за втор двобој со Британецот, на што Фјури одговори со задоволство.

Преговорите за дуелот меѓу Фјури и Кличко се одвиваа меѓу застапниците на боксерите.

Понуди за да ги вгостат пристигнале од Германија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и од Соединетите Американски Држави.

Репертоар на театарот “Војдан Чернодрински” Прилеп

Среда, 13 април 2016, со почеток од 20.00 часот, ПРЕМИЕРА на претставата: 

,, ХАМЛЕТ ОД ГОРНО ДУПЕНИ” во режија на Кирил Петрески

12976837_1007291639351306_3441387655796953042_o

Сабота, 16 април 2016, со почеток од 20.00 часот,

,, ОД КОЛ НА КОЛ” во режија на Коле Ангеловски

13007307_1007291782684625_7879497733691153350_n

МВР: Повредени 23 припадници на полицијата и АРМ во инцидентот со мигрантите

migranti-zica-640x294

Во вчерашните нереди со мигрантите кои насилно се обидоа да влезат во Македонија од Грција, се повредени 23 македoнски службеници од кои 14 полицајци и девет припадници на АРМ, оштетени се три возила на МВР и пет на АРМ, како и повеќе полициски штитови и друга опрема. Нема повредени службеници од меѓународните полициски сили кои се на границата за обезбедување на протокот на мигрантите, информира Министерството за внатрешни работи (МВР) преку соопштениево кое детално појаснува за вчерашниот инцидент на јужната граница.

Според првичните проценки, наведуваат од МВР, во нередите учествувале повеќе од 3000 мигранти. Во текот на целиот настан, се вели во соопштението, грчките полициски службеници воопшто не интервенираа во спречување на нередите на граничната линија.

– Вчера, по претходно добиени сознанија дека околу 09.00 часот на Гранична камен 59 можно е да дојде до протести и обид за насилен и организиран илегален влез на мигранти на територијата на Република Македонија, беа преземени мерки за засилено обезбедување на државната граница кон Република Грција. Преземените мерки вклучуваа и засилено присуство на припадниците на МВР и АРМ на Република Македонија како и на странските полициски службеници од Унгарија,Чешка,Србија,Словенија, Хрватска и Австрија распоредени на територијата на Република Македонија, чии активности се поддржани во рамки на ЕУ специјалните мерки за поддршка на Република Македонија за справување со мигрантската криза на јужната граница во светло на европската мигрантска криза, стои во соопштението.

Од МВР додаваат дека во 09:30 часот на граничен камен 59 дошле претставници од грчката полиција и побарале да се оствари средба помеѓу претставници на мигрантите и претставник на нашите гранични служби со цел на оваа средба мигрантите лично да се уверат околу гласините дека границата е отворена, односно мигрантите да се откажат од идејата за влез во Република Македонија. Во 10:15 часот, наведуваат, на Граничниот камен 59 дојдоа претставници од мигрантите, грчки полициски службеници и новинарски екипи. При тоа мигрантите се интересираа зошто државната граница е затворена и кога повторно ќе се отвори. Од страна на претставник на МВР им е одговорено на прашањата по што мигрантите во 10:35 часот си заминаа и се повлекоа во грчкиот камп.

Потоа во 10:50 часот поголема група на мигранти, помеѓу 1000 и 2000 лица, почнаа со насилни протести на околу 100-200 метри десно од граничен камен 59, со извикување, фрлање камења и разни предмети. Од страна на униформирани полициски службеници од МВР и АРМ веднаш е почнато со одбивање на мигрантите при што употребени се и хемиски средства – солзавец. По половина час е пробиена заштитната ограда и група од 20 до 30 мигранти се обидоа илегално да влезат на територијата на Република Македонија, кои веднаш се спречени во намерата и вратени на територијата на Република Грција. Друга група мигранти, пак, според проценките меѓу 500-1000 лица, се обидоа да направат пробивање на оградата и лево од граничен камен 59, со каменување кон нашите безбедносни сили. Во 14.00 часот поголем дел од мигрантите се повлекоа на околу 50-100 метри на грчка територија и состојбата делумно е ставена под контрола, со тоа што во тој период во функција се ставени и водени топови.

– Во 14:45 часот е добиена информација дека мигрантите подготвувале молотови коктели за да ги фрлат кон нашите безбедносни сили, при што е издадена наредба безбедноста да се подигне на највисоко ниво. Се до 18:00 часот група од околу стотина мигранти од грчка територија континуирано вршела каменување на нашите служби. Половина час подоцна околу 18:30 часот состојбата е нормализирана, а сите групи мигранти се повлечени во длабочина кон грчка територија, се вели во соопштението од МВР.

Беровци со нова црква

11

Во населеното место Беровци, денеска беа поставени камен темелите за изградба на црквата Св.Никола. Со чинот на осветувањето чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско – Пелагониски г.Петар, кој го истакна значењето на изградбата на цркви и христијански храмови во регионот, за подржување на правславната вера и зачувување на православието.
На осветувањто на темелите на црквата Св.Никола во населено место Беровци присустуваше и градоначалникот Марјан Ристески, кој им посака на беровчани брза изградба на ова црква, која, како што рече тој , „Ќе претставува место, каде жителите од ова населено место, во идинина, ќе ги обавуваат своите христијански обреди“. Тој нагласи дека локалната самоуправа секогаш помага во изградба на храмови и дава максимална поддршка на сите оние кои ја имаат иницијативата.
Иницијаторите за изградба на црквата Св.Никола во н.м Беровци посочија дека црквата ќе ја градат со помош на донации од верниците и дека таа ќе преставува нивна заложба за зачувување на православната вера и враќање на младите на татковите огништа.

12 13 14 15 16 17

Рецепт: Пилешко и ориз на кинески начин

oriz-i-pileshko-650x396

Веќе ви здодеа постојано да го подготвувате пилешкото месо на традиционален начин? Еве еден рецепт што би можеле да го подготвите за вечера. Како да подготвите вкусно пилешко со ориз на кинески начин за две лица проследете во продолжение.

Состојки:

400 грама пилешко филе
300 грама ориз
5 млади кромидчиња
6 благи феферони од тегла (зелени и црвени)
¼ калинка
Сол
Црн бибер
Масло за јадење
Подготовка:

Измиете го пилешкото филе и ставете го хартиена салфетка да се исуши. По ова месото се сече на мали коцкички.

Измиете го и ситно исечкајте 3 млади кромидчиња и издинстајте го во тава во која претходно сте ставиле масло за јадење (дното на тавата треба да биде прекриено со масло).

Кога кромидот ќе добие стаклест изглед, додадете парченца месо и продолжете да пржите, се додека не добие румена боја.

Додадете сол, црн бибер и феферони (претходно пресечени на половинки). По ова додадете 2 мали филџани вода и варете додека месото не омекне и додека водата на испари.

Во посебен сад ставете го оризот и водата (двојно количество вода во однос на оризот), додадете сол по вкус и варете се додека оризот не е речиси готов. По ова престанете со готвење, затворете го тенџерето со капак, се додека оризот сам не се свари до крај.

Во меѓувреме исчистете ја измијте ја калинкта и ставете ја да се исуши. Остатокот од кромидот исушете го и исечкајте го на помали и потенки стапчиња.

Во чинија прво ставате ориз со дупка со средината, каде ќе го сместите пилешкото со сос. Младиот кромид и семките од калинка ги распоредувате врз месото.

ВИДЕО: Петмина полицајци тешко повредени – мигрантите направија хаос

Screenshot_1

Петнаесет полицајци се повредени од кои петмина потешко, во денешните инциденти на границата со Грција. Од МВР информираат дека мигрантите кои денеска се обидоа да ја преминат границата и да влезат во Македонија, повредиле полицајци, а воедно и причиниле материјална штета на возила и полициска опрема од нападите со камења.

Ситуацијата е под контрола, откако македонската полиција утрово реагираше со солзавец и шок бомби со цел да го спречи нелегалниот обид за влез во земјава. Од МВР потенцираат дека засиленото полициско присуство останува на јужната граница и вечерва за да се спречат нови инциденти.