дома блог страница 5363

ФОТО: Лила знае дека не е важна само должината

1 (1)

Лила секогаш успева да не насмее со некоја фотка, освен што објавува онакви со кои ги радува мажите. Овој пат во црвено фустанче, убавата домаќинка на Се или нешто, квизот на Сител, се фотографирала додека пазарела метла.

Па, Лила одбра пократка и погуста метла.

2

ВИДЕО: Четири видови храна кои цел живот погрешно сме ги лупеле

Дали кога треба да исечете поголема количина лук се мачите со секое посебно?

kompir-vo-voda

Ова видео ќе ви покаже како правилно да излупите банана, јајце, варен компир и лук.

Погледнете го и научете ги овие лесни трикови кои сигурно ќе ги примените во вашата кујна.

ИД можно е да нападне за 1 мај – еве каде

id (1)

Терористичката група Исламска држава можно е да изврши самоубиствени напади во Турција на 1 мај, предупредуваат разузнавачки извори цитирани од турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Главната дирекција на турската полиција испратила соодветни предупредувања до полициските оддели во сите турски окрузи.

Според информациите на медиумот, ИД планираат напади во места на кои ќе се одржат големи демонстрации поради празникот, како и врз верски објекти на христијани или евреи во реони посетувани од многу туристи или врз странски дипломатски претставништва.

Деца-супехерои: Формирале стрела да им помогнат на полицајците да ги фатат крадците

Кога сте дете, полицајците ви се најблиски до суперхероите. Овие мажи и жени облекуваат униформи, патролираат по улиците и бараат криминалци.

strela-od-deca

Овие 12 деца од Сури во Англија забележале криминалци и кога го виделе полицискиот хеликоптер над нив, одлучиле да им помогнат на полицајците на креативен начин.

Легнале на под и формирале стрелка која покажува во која насока избегале криминалците. Полицијата неколку моменти потоа ги стигнала и ги уапсила крадците.

Овие деца станале вистински херои со својата необичнa, но и генијална идеја!

Колку наплаќа Северина?

Покрај настапите, пејачите заработуваат и од појавување на разни настани, а една од најскапите во регионот е Северина.

 

severina-1-640x426

Пејачката претходно често се појавуваше на отворање на козметички салони, а во последно време, актуелна е на модни настани и отворање на луксузни бутици.

1seve

Северина за концерти за себе и бендот наплаќа по 20. 000 евра, а за појавување на гала промоции од 10 до 13. 000 евра.

Менаџерот на пејачката Томислав Петровиќ, исто така истакнал дека често се случува Севе да се појави на отворање на бутици и да рекламира облека без да наплати, со цел да им помогне на луѓето кои се борат да имаат успешен бизнис.

Секако таква привилегија имаат и нејзините блиски пријатели, а за сите останати има сума која треба да ја платат за да објави слика на која ќе носи парче од некој моден бренд, но за која сума се работи, не сакал да открие.

ПОЕТЕСА ОД КРУШЕВО ГИ ОСВОЈУВА СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ СО СВОЈАТА ПОЕЗИЈА

Младата поетеса Елена Христоска е една од нашите македонски поети на кого треба да бидеме горди. Автор е на две стигозбирки ‘’ШЕПОТОТ НА СРЦЕТО’’ и ‘’НЕБЕСЕН БАЛ’’ преку кои ни нуди да избираме од различните типови на субјективна лирика и да ги споделиме внатрешните емотивни споделувања. Со нејзините песни таа учествува на многу литературни конкурси и меѓународни поетски фестивали и добитник е на многубројни награди како во земјава така и во сите соседни земји .

image001

Добитнки е на награди на меѓународните поетски фестивали ‘’ JOAN FLORA’’ – второ место, ‘’RADE TOMIC’’ второ место, Žarko Aćimović прво место , и уште многу други во соседна Србија и Бугарија.

Исто така добитник е и на многу награди во нашата земја на литературни конкурси во Куманово,Кавадарци,Свети Николе,Демир Хисар,Битола и со гордост можеме да кажеме дека нејзината поезија изобилува со многу емоции и секој би уживал во нејзините песни.Пласманите на Христоска на литературните конкурси несомнено е најдоброто сведоштво за нејзината основна поетска вештина во градењето на поетскиот говор.

Низ нејзините лирски созвучја младата Христоска не пренесува онаму каде што во денешно време тешко се доаѓа, не пренесува во нашите сетила , нашите чувства и ни ја наметнува размислата дали патем некаде ги подзабораваме чувствата или најмалку подзабораваме нив да ги споделуваме. Се надеваме дека овај нејзин успех дава надеж дека од нејзиното перо допрва ќе очекуваме уште многу повозвишени стихови.

Христоска инспирација црпи од животот,но ако ја запрашате што и е најголема поддршка,таа ќе каже’’ Довербата во себе ми е најголема поддршка’’. Ја поддржуваме и ние и, и посакуваме уште многу успешни книги и признанија.

image002

Ноќен живот Крушево – 16.04.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”215″ gal_title=”КрушевоНоќен16042016″]

Тајно писмо продаено за 150 000 евра: Еве што Наполеон сакал да направи во Москва – Видео

Во Франција во 2012 година, продаено е ретко шифрирано писмо од Наполеон, напишано во 1812 година, кога францускиот императот на своја несреќа извршил инвазија на Русија. Во писмото тој говори дека неговата војска ќе го дигне во воздух московскиот Кремљ.

napoleon-pismo-jutub2

Шифрираното писмо на императорот Наполеон I Бонапарта, во кое тој за време на походот на Русија го соопштува својот план за уништување на Кремљ, продаено е на аукција во Франција за 150 илјади евра.

Писмото на Наполеон било чувано во приватна колекција. Експертите на почетокот ја процениле неговата вредност на 10-15 илјади евра, меѓутоа лицитираната цена  значително ја надминала проценетата вредност.

“Ќе го кренам во воздух Кремљ на 22. октомври во три часот наутро”, вели Наполеон во писмото, на кое стои датум 20.октомври 1812година. Писмото е составено од цифри под кои стои императорскиот потпис: “Нап”. Со тоа писмо Наполеон ги соопштил своите планови на министерот за внатрешни работи Igu Bernaru Mareu.

Извршувањето на наредбата му го доверил на маршалот Eduaru Mortijeu, кој по влегувањето на армијата на Наполеон во руската престолнина, бил поставен на гувернер на Москва. Напуштајќи ја Москва, францускиот император наредил да се дигне во воздух зградата на Кремљ. Моќните експлозии значително ја оштетиле зградата, чие обновување траело повеќе од 20 години.

Во своето писмо Наполеон исто така го моли својот министер да обезбеди залихи од намирници и јавачи на коњи за армијата. “Мојата коњаница е раздрмана, многу коњи се убиени”, наведува Наполеон во писмото.

Наполеоновата армија влегла во Москва на 14 септември 1812 година и престојувала во градот нешто повеќе од месец дена. Французите биле принудени на 20 октомври да ја напуштат руската престолнина, поради немање на намирници и лошиот морал кој владеел во армијата.

Шифрираната порака

Ален Никола, експерт за ракописи, изјавил на аукцијата:”Писмото е во потполност шифрирано. Ние го дешифриравме. Првата реченица е фрапантна:”Ќе го дигнам во воздух Кремљ во три сатот наутро”. Ова писмо на Наполеон е единствено – се состои само од цифри. Наполеон го користел тој метод за во случај писмото да биде откриено, затоа што тогаш не би можело да се прочита, што било посебно важно кога писмото се однесувало на воените планови.

А.Г.

Најслаткото видео кое ќе го видите денес!

Научниците не можат целосно да ја испитаат поврзаноста помеѓу близнаците…

 

bliznaci-video

Факт е дека има неверојатна поврзаност меѓу близнаците, а голем доказ за тоа е ова видео, во морето на огромен број на докази. Ова видео би било гордост на секој родител во светот што има деца близнаци.

„Мојот син стар шест недели син почна да плаче кога заминав во другата соба, па неговата сестра близначка презема контрола над ситуацијата“, напишала мајката под видеото што го објавила на Јутјуб.

ВИДЕО: Жестока тепачка на дербито Црвена Звезда- Партизан

Вечното дерби на српскиот фудбал меѓу Црвена Звезда и Партизан и овој пат не мина без инциденти.

 

tepacka-cz-partizan

Навивачките групи Делии и Гробари, имаа жестоки пресметки низ улиците на Белград, но и на самиот стадион, а полицијата која интервенираше мораше да се вклучи и во судирите.

Натпреварот заврши 1-1, а македонскиот младински репрезентативец Давид Бабунски натпреварот го проследи од клупата за резервни играчи.