Колку наплаќа Северина?

Покрај настапите, пејачите заработуваат и од појавување на разни настани, а една од најскапите во регионот е Северина.

 

severina-1-640x426

Пејачката претходно често се појавуваше на отворање на козметички салони, а во последно време, актуелна е на модни настани и отворање на луксузни бутици.

1seve

Северина за концерти за себе и бендот наплаќа по 20. 000 евра, а за појавување на гала промоции од 10 до 13. 000 евра.

Менаџерот на пејачката Томислав Петровиќ, исто така истакнал дека често се случува Севе да се појави на отворање на бутици и да рекламира облека без да наплати, со цел да им помогне на луѓето кои се борат да имаат успешен бизнис.

Секако таква привилегија имаат и нејзините блиски пријатели, а за сите останати има сума која треба да ја платат за да објави слика на која ќе носи парче од некој моден бренд, но за која сума се работи, не сакал да открие.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.