дома блог страница 5364

Ноќен живот Прилеп – Art Caffe & The Gallery House Pub – 16.04.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”214″ gal_title=”NokenzivotPrilep_16042016″]

БОГ ЗА ГИТАРА: Не му обрнуваа внимание, но кога засвире ги распамети сите – Видео

Заборавете на Слеш и Хендрикс, овој непознат свирач од Чиле е новиот крал на гитарата. Она што ќе го направи на 1:25 целостно ќе ве распамети.

sasas

Талентот мора да се цени, блескавиот талент остава без здив, но генијалците се раѓаат многу ретко. Без разлика во кој музички жанр уживате само слушнете го овој анонимен гитарист од Чиле и ќе останете хипнотизирани.

Само слушајте:

А.Г.

 

 

Полека се наплаќаат долговите: Победа супериорно во пелагониското дерби

13051640_10209243718833997_5714049706249815097_n

Блескаво издание на фудбалерите на Победа во пелагониското дерби од 22-то коло на Втората лига. Пелистер беше демолиран и фудбалски понижен од избраниците на тренерот Дарко Крстески. За беспрекрното издание на победашите зборува не само убедливиот триумф од 4-1 туку и самата игра на теренот во Новаци. Од самиот почеток во влезот на натпреварот, по почетното испитување на силите на теренот,  Победа јансо стави до знаење дека е дојдена да ја продолжи трумфалната серија. Четвртата последователна победа е остварена против традиционалниот пелагониски ривал кој ,,плати,,, затоа што избегна пораз есеноска во Прилеп, со гол во 96 минута , а се врати по негативата во 2-риот меч. Пелистер само на моменти беше рамноправен противник на расположените победаши. Предводени од капитенот Мегленски, новите второлигашки лидери изгинаа на теренот. За ниеден играч немаше загубена топка.

13000157_10209243719114004_8321022911198841927_n

12998327_10209243722394086_2194751613455327844_o

Капитенот одигра капитенски асистирајќи за првите 3 голови. Посебно ,,теледиригирани,,, беа неговите асистенции за Карчески при првиот гол и за Шаркоски за пеналот при вториот гол, а Мегленски центрираше и при постигнувањето на третиот гол. Почнувајќи од Манчевски на голот кој имаше неколку бравурозни интеревенции, а прими-неодбранлив гол(за кој пате ,,жив се изеде,,), до одбраната(Димитриоски, Крстески, Колевски и Котевски) која функционираше како швајцарски часовник, средниот ред со Мегленски, Наумоски, Карчески, Дунимаглоски како и Шаркоски, за кои немаше загубена топка на целиот терен па се до маестралниот во нападот Гешоски, кој беше нерешлива енигма за домашната одбрана. Свој придонес во победата имаа и играчите кои влегоа од клупата Петрески и Здравески, а почетна 1-2 минути меѓу стативите за тактичката замена на Макрески со Манчевски. Пелистер имаше една шанса и тоа на 0-0 во 21-та минута преку Мирчески кој сам од 5 метри не псотигна гол. Водството на Победа го донесе Гешоски во 37-та минута , кој беше неумолив по центаршутот на Карчески, кој одлично ја искористи беспрекорната систенција од Меглеснки по левата страна. Во 42-та мунута 0-2 преку Гешоски од пенал, по пркршокот над Шаркоски во казнениот простор искористувајќи ја асистенцијата на Мегленски. По вториот гол следеше повеќеминутен прекин на средбата откако во теренот влегоа 20-тина ,,чкембари,,, Откако средбата продолжи Гешоски не искористи зицер ситуација-откако го издрибла и Пашовски од гол линијата спаси Тодоровски.

13029642_10209243720514039_8110900647699799467_o

12998332_10209243720074028_7016189133045212168_o

По само 10 минути игра во вториот дел веќе беше 0-3 со голот на Дунимаглоски кој во мешаницата пред голот на Пашовски, рутинирано го искористи центаршутот на Мегленски, пласирајќи ја топката во мрежата. Точка на победата на Победа стави Карчески во 75-тата минута, завршувајќи ја контарата на гостите преку Петрески. До крајот почесен погодок и тоа евро-гол за Тодоровски во 86-тата минута, кој од 25 метри биеше во самиот агол на немоќниот Манчевски. По завршувањето на натпреварот следеше заедничка прослава на играчите со над 200 навивачи кои во сопствена режија допатуваа во Новаци, навиваа беспрекорно (без ниту еден и најмал инцидент за што добија и признание од објективните домашни симпатизери на фудбалот), и со полно право се радуваа на триумфот на своите миленици. Пелистер е веќе архивиран, ставен настрана со што е продолжена победоносната серија, која Победа ја донесе на лидерското место на табелата. Четвртиот труимф е зад фудбалерите кои ќе имаат само 48 часа до следтата-исклучително тешка и значајна средба. Следното 23-то коло – како вонредно се игра веќе во вторник, а Победа во последниот 7-ми натпревар од казната надвор од Прилеп, го игра во Турново. Противник ни е последниот од листата на должници. На сите им наплативме…на никој не останавме должни…следен е Гостивар…Но одиме натпревар по натпревар…Сигурно ништо не е готово. До крајот има уште 5 кола и во игра се 15 бодови, така да место за опуштање апсолутно нема….Останува само СРЦЕ НА ТЕРЕН МОМЦИ!!! Честита победа и прво место….Со тешка мака стигнавте до него, само вие знаете како и сигурно нема да дозволите да ја смените лидерската позиција на табелата. Во оваа прилика ФК Победа се заблагодарува на одличниот прием на ФК Пелистер, и коректната арбитража на судиската 4-ка на чело со Петар Мантев од Неготино.

13007196_10209243722674093_5814263801101674253_n 13047684_10209243723074103_7387483757524422058_o

Конечно проговори и призна се: Светлана Цеца Ражњатовиќ по 10 години откри зошто…

Светлана Цеца Ражњатовиќ беше уапсена, лежеше во затвор, а потоа и во куќен притвор. Многумина ја напаѓаа, а таа се бранеше со молчење, пренесува српски „Блиц“.

ceca1-50829-640x324

Кога ја прашале зошто била во притвор и дали тоа има врска со тоа што во куќата на нејзиниот сопруг пронашле оружје, Цеца изјавила дека таа приказна е завршена одамна.

– Сите го знаеа тоа, но тоа и така е одаман завршена приказна. Многу приказни се кажани. Искрено, ниту јас не знам што да ви кажам. Не сакам да се потсетувам на тој период,ретко и коментирам за тоа што ми се случи. Не сум некој кој зборува преку медиумите и можеби ми е тоа голема грешка. Да го правев тоа и да се бранев од нападите, можеби ќе го минев животот поубаво и не би ми лепеле било какви етикети, – изјавила Цеца.

Таа додала дека не знае зошто не била посакувана од претходната влада.

– Знам дека тоа траеше 10 години, од 2003 година. И мене некои работи ми се потполно нејасни. ниту можам да дојдам до одговор, ниту пак се трудам. Сега се е готово. Не е важно. После се сакам да живеам со моето семејство, – рекла пејачката.

Познато е дека Цеца и Жељко биле пријатели со Ружица и Зоран Џинџиќ.>

– Да, бевме пријатели. Жељко и Зоран беа во одлични односи, а на концертот на Маракана првото свеќе го добив токму од Ружица и Зоран. И по смрта на Жељко бев во добри односи, први дојдоа да ми дадат сочувство. Тој ми рече: „Ајде заедно да се бориме против Милошевиќ и да го собориме од власт“. Одбив. Никогаш не сум се занимавала со политика, тоа не ме интересира. А потоа се случи големата несреќа. Мислам дека сите изгубивме многу со неговата смрт, – видно потресена зборувала Цеца.

Бидејќи ја поврзувале со луѓето кои го убија Зоран Џинџиќ, Цеца изјавила дека тоа што познава некој, не значи дека тоа и го направила.

– Тоа се случуваше во време кога ембаргото можеше да се плати во готово. Казнета бев поради трансфер чиј дел од парите е прокнижен на мое име. Затоа плаќам казна, а не поради затајување данок. Секој динар го инвестирав во Обилиќ, што е очигледно, бидејќи оној стадион не падна од небо, – завршила Цеца.

Српски „Курир“: Кој е Џорџ Сорос- разбивањето на СФРЈ и сите тајни операции на СОРОС

Таканаречените „Обоени револуции“, стратегија со која американската  администрација ги соборува „непослушните влади“, секогаш се поврзува со дејствувањето на американските тајни служби и цела една мрежа на невладини организации кои гравитираат околу „Институтот на отворено општество“ на Џорџ Сорос, организација официјално формирана во 1993 година, додека како фондација дејствува уште од осумдесеттите.

 

srpski-kurir-soros-640x467

Почетните успеси на оваа организација во Унгарија и Советскиот Сојуз не беа насилни. Меѓутоа ограноците на оваа организација како „Канвас“ и „Отпор“ преставуваат „револуционерна авангарда“ во насилното симнување од власт на „непослушните влади и за прв пат се појавуваат во 2000 година во Србија, потоа во 2003 во Грузија, во 2004 година во Украина и во 2005 година, во Либан и Киргистан и така делуваат се до денес. Постои мислење дека прототип на ваквиот начин на симнување на власта бил и неуспешниот обид за рушење на кинеската власт на плоштадот во Пекинг во 1989 година и симнувањето од власт на Чаушевску во Романија, пишува српски КУРИР.

Бидејќи во овие два случаи поголемиот дел од работата ја завршува ЦИА, што на американската администрација можело да и донесе непријатност на меѓународната политичка сцена, одлучено е валканиот дел од работата да ја завршува невладиниот сектор.

Од 1993 година до денес за организирање на државни удари се задолжени Сорос заедно со голем број на невладини организации. Од нив голем број се успешно спроведени но има и такви кои пропаднале како на пример „Зелениот бран“ во Иран.

Со ваквата стратегија Американскиот Стејт Департмент секогаш може да најде изговор дека службено ги помагал и финансирал демократските сили, цивилното општество и слободните медиуми во било која земја.

Таков беше примерот и со Украина кога американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд призна дека на тој начин во Украина биле потрошени 5 милијарди долари, но дека Вашингтон никогаш директно не учествувал во насилното симнување на било која влада.

Српски КУРИР анализира дека моментално на ист ваков начин се рушат институциите во Македонија.

-Имено во една телевизиска емисија во Македонија, лидерот на социјалдемократската опозиција Зоран Заев на прашање на гледач: „Постојат ли услови во Македонија да се случи украинско сценарио“?, без ни малку срам одговори: – Да може така да се каже, во Македонија постојат услови за украинско сценарио! Со тоа само ја потврди својата поранешна најава дека ќе ги бојкотира изборите и политичката борба ќе ја префрли на улиците на македонските градови. Тоа што е Македонија мултиетничка држава и освен некои извесни поделби помеѓу Македонците и Албанците, сега се дели и македонскиот етникум на приврзаници на власт и опозиција, што би можело да значи и туркање на земјата во хаос и граѓанска војна, Заев и опозицијата ни малку не ги вознемирува, а неговите ментори уште помалку, пишува српски КУРИР.

Српски КУРИР анализира дека Зоран Заев ни малку не го загрижува ни тоа што „украинското сценарио значи и најмалку 104, а според некои информации 780 погинати демонстранти и 17 полицајци, како и 10.000 убиени во војната во Донбас. Таква загриженост немаше ни кај лидерите на украинската опозиција, Јарош, Кличко, Тјахнибок, додека помошникот на американскиот државен секретар Викторија Нуланд и американскиот амбасадор во Киев не треба ни да се споменува. За нив убиените Украинци се само бројка.

-Сепак американската службена дипломатија се појавува како пријател на Македонија, се даваат смирувачки изјави, дека тие не се мешаат во внатрешните политички случувања туку се залагаат само за демократија, слобода на медиумите, независно судство и владеење на правото, а од друга страна сите организации и медиуми кои се поврзуваат со американскиот милијардер Сорос и неговите фондации, ги распламтуваат немирите и хаосот во Македонија. Кој е всушност тој човек кој има моќ да ги руши легално избраните влади како да се кули од карти. Сорос како филантроп е активен уште од 1970 година, кога започнува да обезбедува средства за помош на црните ученици за школување на Универзитетот во Кејп Таун за време на апартхејдот во Јужна Африка. За подоцна да започне да ги финансира десидентските движења во Источна Европа. Соросовите добротворни средства започнуваат да се трошат на промовирање на „ненасилните револуции“ во источно европските земји, пишува српски КУРИР.

Неговото делување е фокусирано пред се во Централна и Источна Европа, првенствено преку „Институтот отворено општество и некои други организации кои се под негово покровителство.

Сорос уште од 1980 година започнува да ги користи своите милиони за напад на социјалистичките земји во источна Европа. Неговиот прв успех е забележан во Унгарија.

-Таму тргнува со основање на културни и образовни организации со помош на кои ги онеспособува државните социјалистички институции во целата земја у успеал да продре во сите слоеви на власта. Според процените од 2003 година во ова земја Сорос преку неговите фондации потрошил вкупно 4 милијарди долари или поточно по 400 милиони долари годишно. Сорос потоа својот интерес го префрла во Полска, каде тој заедно со ЦИА, преку „Фондацијата Стефан Баторју“, ја помага работата на антикомунистичкиот синдикат „Солидарност“. ЦИА истата година станува активна и во Кина, а потоа следи СССР. Не е ниту малку случајно тоа дека ЦИА заедно со Сорос делувала во сите тие земји, бидејќи целта била иста, требало да се уништи социјализмот, анализира српскиот медиум.

Во Јужна Африка ЦИА барала антикомунистички дисиденти. Во Унгарија, Полска и Советскиот Сојуз, заедно со Националната фондација за демократија, УСАИД и другите институции кои се поддржани и организирани од антикомунисти, барала и регрутирала активисти за работоа во Соросовото „Отворено општество“.

Поради се поголемото влијание со право се појавуваат сомнежи дека „Институтот Отворено општество делува како составен дел од американските разузнавачки служби.

Дури и американскиот весник „Вашингтон Пост“ пишува за обвинувањата од страна на кинеските владини службеници дека Соросовата “Фондација за реформи на Кина“ и ЦИА се во нераскинлива врска.

Српски КУРИР: Од распадот на Советскиот Сојуз, соросовото финансирање продолжува да игра важна игра

Финасирањето и организацијата на „Револуција на ружи“ во Грузија се смета за пресуден во навлегувањето во руската сфера на влијание.

Иако Сорос тврдел дека неговата улога секогаш се преувеличува, Александар Ломаиа, поранешен секретар на Советот за безбедност на Грузија и поранешен министер за образование и наука, бил поранешен извршен директор на „Отворено општество на Грузија“ и кој управувал со околу 50 души и со фонд од 2,5 милиони долари.

-Да нагласиме дека и поранешната грузиска министерка за одбрана Тинатина Хидашел, била на чело на институтот „Отворено општество Грузија“. Поранешниот грузиски министер за надворешни работи Саломе Зоурабичвили за весникот на францускиот институт за геополитика, Херодоте во 2008 година напишал: „Овие институции се колевка на демократизацијата, особено соросовата фондација. Сите невладини организации кои гравитираат околу неа несомнено спроведуваат револуции. Меѓутоа не може се да се заврши со револуција и јасно може да се види дека после организираните револуции припадниците на овие соросови фондации и невладини организации се интегрираат во структурите на власта, пишува КУРИР од Србија.

 

Џорџ Сорос бил инвститор во компанијата која Тјумен Оил се обидувал да ја преземе. Тогаш Џорџ Сорос и БП Амоко лобираат како би ја спречиле ова трансакција и и ја присилиле Олбрајт на одлука да се оневозможи кредитирање на руската компанија.

Магазинот Тајмс во 2007 година навел два специфична проекта. Сто милиони долари вложување во интернетската структура за регионалните руски универзитети и 50 милиони долари за проектот Миленикум Промис, со кој наводно се сакало да се искорени екстремното сиромаштво во Африка.

Истовремено Сорос дал 742 милиони долари за проекти во Соединетите држави, при што вкупно потрошил 6 милијарди долари.

Српски КУРИР: Негување на левичарскиот антисосцијализам

-Овој дел кој го појаснува животот и делото на Џорџ Сорос можеби ќе им ги отвори очите на оние кои што уште веруваат во социјализмот, како на пример партијата СДСМ, или некои други кои само декларативно се социјалдемократски, и како такви се единствениот избор за противниците на националистичките и десничарските партии од кои треба да се спомене ВМРО-ДПМНЕ. Во регионот голема улога игра семејното наследство и дел од населението во никој случај не гласа за националисти туку се ја бира социјалдемократската опција, иако таа нема врска со социјализмот. Всушност тие биле главна мета на организациите на Сорос и трабало да бидат уништени по секоја цена. Кога Сорос го оснива „Отворено општество“ го пвикува либералот Арјеха Неиер и му ја дава фондацијата да управува со неа, пишува медиумиот.

СКОПЈЕ МУ СВРТЕ ГРБ НА ЗАЕВ: Неговите хулигани во очај почнаа и физички да се пресметуваат (ВИДЕО)

Скопје се спротивстави на насилството и деструкцијата која дивите орди на опозицискиот лидер Зоран Заев ја демонстрираа на насилните протести изминативе денови.

 

kolaz-640x345

Само 1.500 до 2.000 најверни послушници вечерва постапија по инструкциите кои ги дава и излегоа повторно да ги сквернават институциите и спомен обележјата

Во првите редови се забележуваа најблиските соработници на Бранко Црвенкски, како Горјан Тозија кој му беше и советник за култура. Токму советникот за култура беше еден од оние кои фрлаа со предмети кон триумфалната капија.

Доколку Заев на синоќешното интервју ја говореше вистината дека на синоќешните насилни протести имале околу 7.000 поддржувачи, за само еден ден, тој број тројно се намали и покажа дека Скопје нема доверба во деструктивци кои сакаат да ја уништат државата.

Затоа оние кои одлучија да излезат и денеска на протести својот гнев против полицијата и институциите го изразија на социјалните мрежи.  Повеќе граѓани реагираат и се жалат дека биле пцуени и навредувани заради тоа што не се придружиле на толпата.

Ноќен живот Крушево – 15.04.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”213″ gal_title=”КрушевоНоќен15042016″]

Преку спорт и заедничко учење до градење на пријателства и соживот меѓу различни етникуми

IMG_20160415_131745

Во петокот на 15.04.2016 година, во ООУ “Кирил и Методиј” во населеното место Канатларци, се одржаа две активности во склоп на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието.

IMG_6789

На деветто одделенците од Канатларци на гости им дојдоја врсниците од истоименото училиште од Кочани, кои следат настава на македонски јазик. Децата се дружеја без разлика на различната етничка вероисповед и различниот јазик кој го говорат. Заедно со наставниците од нивните училишта на интересен начин истражуваа за македонските и турските обичаи за свадба, за верските објекти, за карактеристиките и начинот на приготвување на традиционални јадења, како и за познатите македонски и турски автори.

IMG_6997

IMG_6759

IMG_6770

Втората активност од овој проект се реализираше на спортскиот терен со ученици од трето и четврто одделение, кои исто така во мешан состав другаруваа меѓу себе и се забавуваа низ спортско рекреативни игри со инструкторите од Open Fun Football Schools  Macedonia. Спортот е одлична можност за запознавање на двата етникуми и за градење на идни пријателства.

IMG_20160415_121603

IMG_20160415_121353

IMG_20160415_121413

Саботно кафе Прилеп – 16.04.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”212″ gal_title=”Sabotnokafe_16042016″]

Вкусете ги најдобрите бели пецива, бурек и слатки задоволства во млечниот ресторан Жито Прилеп во центарот на градот. Тие се плус причина за насмевка на пролетното топло сонце.

ВИДЕО – Смеење до солзи: 50 фотографии направени во вистинскиот момент

Се занимавате ли со фотографија или тоа ви е само хоби? Тогаш сигурно знаете колку е тешко со камерата да го уловите вистинскиот момент – насмевка, тага, сонце, облаци, бакнеж…

Но понекогаш најдобрите фотографии, а и оние најсмешни, настануваат сосема случајно.

Уверете се и сами:

А.Г.