ПОЕТЕСА ОД КРУШЕВО ГИ ОСВОЈУВА СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ СО СВОЈАТА ПОЕЗИЈА

Младата поетеса Елена Христоска е една од нашите македонски поети на кого треба да бидеме горди. Автор е на две стигозбирки ‘’ШЕПОТОТ НА СРЦЕТО’’ и ‘’НЕБЕСЕН БАЛ’’ преку кои ни нуди да избираме од различните типови на субјективна лирика и да ги споделиме внатрешните емотивни споделувања. Со нејзините песни таа учествува на многу литературни конкурси и меѓународни поетски фестивали и добитник е на многубројни награди како во земјава така и во сите соседни земји .

image001

Добитнки е на награди на меѓународните поетски фестивали ‘’ JOAN FLORA’’ – второ место, ‘’RADE TOMIC’’ второ место, Žarko Aćimović прво место , и уште многу други во соседна Србија и Бугарија.

Исто така добитник е и на многу награди во нашата земја на литературни конкурси во Куманово,Кавадарци,Свети Николе,Демир Хисар,Битола и со гордост можеме да кажеме дека нејзината поезија изобилува со многу емоции и секој би уживал во нејзините песни.Пласманите на Христоска на литературните конкурси несомнено е најдоброто сведоштво за нејзината основна поетска вештина во градењето на поетскиот говор.

Низ нејзините лирски созвучја младата Христоска не пренесува онаму каде што во денешно време тешко се доаѓа, не пренесува во нашите сетила , нашите чувства и ни ја наметнува размислата дали патем некаде ги подзабораваме чувствата или најмалку подзабораваме нив да ги споделуваме. Се надеваме дека овај нејзин успех дава надеж дека од нејзиното перо допрва ќе очекуваме уште многу повозвишени стихови.

Христоска инспирација црпи од животот,но ако ја запрашате што и е најголема поддршка,таа ќе каже’’ Довербата во себе ми е најголема поддршка’’. Ја поддржуваме и ние и, и посакуваме уште многу успешни книги и признанија.

image002




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.