дома блог страница 5362

Утре во Прилеп ќе се одржи Спортско – музички хепенинг „Прилеп со љубов за Македонија“

13007313_10206384063183019_6168380183913316395_n

Утре вторник 19.04.2016 година, со почеток од 18:00 часот во паркот на “Могилата на непобедените”, ќе се одржи спортско-музички хепенинг насловен како “Прилеп со љубов за Македонија”, во организација на повеќе здруженија на граѓани од Прилеп.

Како резултат на случувањата во изминатите неколку недели во нашата држава, организаторите се одлучија преку спортски игри, дружење, акробации и музика, да направат вистински хепенинг, преку кој ќе се пренесе позитивна енергија и добра мисла.

Настанот ќе биде збогатен со натпревари во: баскет, мал фудбал и одбојка. За музичкиот дел ќе има диџеи, а случувањата ќе бидат збогатени и со точки на магионичари, актери, додека за најмладите ќе има Дизни ликови.

Наместо да се шири омраза кон граѓаните и институциите, повелете да бидете сведоци на спортско-музичкиот хепенинг “Прилеп со љубов за Македонија”, кој ќе претставува вистинска празнична атракција.

Од организаторите ги повикуваат сите фудбалери, атлетичари, баскетџии, одбојкари, ракометари да бидат дел од овој настан.

 

Дали солта е навистина опасна по здравјето?

sol

Се чини дека после тутунот, солта е здравствен непријател број еден. Во прашање не е само лошата репутација. Судејќи според една студија од 2010 година, намалувањето на внес на сол би можело да спаси исто толку животи како и престанувањето со пушење.

Идејата е дека премногу сол го зголемува крвниот притисок, а со самото тоа и опасноста од срцев удар.

Меѓутоа, можеби ќе ви се причини чудно, но моментално постои жестока дебата меѓу научниците за тоа дали солта е навистина толку лоша.

Се чини дека „обвинението“ не е толку цврсто како што одредени личности сакаат да веруваме. На пример, одредени студии покажуваат дека зголемениот внес на сол резултира со помал ризик од прерана смрт предизвикана од кардиоваскуларни проблеми, додека пак, некои други ни велат дека премалку сол може да нè убие исто како и премногу сол.

Сепак, некои научници ќе речат дека, барем кога станува збор за висок крвен притисок, внесот на сол воопшто не прави никаква разлика.

А тука се и проблемите со одренени студии – луѓето кои во исхраната користат малку сол, можеби тоа го прават затоа што веќе се болни, создавајќи впечаток дека малиот внес на сол ја предизвикал болеста, а можеби внесуваат малку сол токму поради тие здравствени проблеми.
Без оглед на многуте студии, науката во овој случај сè уште нема доволно конкретни докази за да укаже на тоа дека една од страните е во право, а другата не е, но повеќето се сложуваат дека голем дел од проблемот е преработената храна која содржи неверојатно големи количини на сол.

Доколку правите храна дома, слободно може да го поросите јадењето со сол – сепак, таа е важен нутриент кој е клучен за бројни процеси врзани со крвта, нервите, па дури и движењето. Но, не претерувајте.

ОФИЦИЈАЛНО: Борко Ристовски две сезони во Барселона

kire-borko-1

Македонскиот ракометен голман, Борко Ристовски, сподели одлична вест со своите фанови.

Тој потпишал договор со гигантот Барселона за следниве две сезони.

Прочитајте како тој ја соопшти оваа одлука

borko-barselona

 

ЦИА инвестира во фирми за анализа на Фејсбук, Твитер и Инстаграм

Според документот до кој дојде американскиот сајт „Интерсепт“, чиј еден од основачите е близок соработник на Едвард Сноуден, новинарот Глен Гринволд, ЦИА инвестирала пари во повеќе фирми кои го анализираат Твитер и Инстаграм.

cia-630x406

Гринволд, кој во 2014 доби Пулицерова награда за улогата која ја имал во откривањето на податоците на Сноуден за прислушувањето што го врши американската Агенција за национална безбедност (НСА), денес e еден од уредниците на „Интерсепт“.

Овој сајт објави документ од самитот на извршни директори што кон крајот на февруари во Сан Хозе го организираше инвестициската компанија „Ин-Ку-Тел“ за која „Интерсепт“ тврди дека припаѓа кон ЦИА.

Овој документ открива 38 досега непознати компании кои добиваат финансии од „Ин-Ку-Тел“, чиј најважен фокус е на следење информации од социјалните мрежи.

Српските цариници откриле 99.000 евра и 47 пакети злато кај македонски државјанин

tocka-193493-e1460979092116

Српските цариници во неделата на влезот во Србија при царинска контрола на македонски државјанин кој управувал со возило марка “фолксваген пасат” со македонски регистарски ознаки, кај менувачот откриле огромна количина на сокриени девизи и злато.

Како што јавуваат српските медиуми, станува збор за сума од 99.000 евра и 47 пакети злато кое што не е уште измерено, соопштуваат од Царинската управа.

Трите хороскопските знаци со натприродни способности

Постојат знаци во Зодијакот, кои под влијание на своите планети добиле одредени карактеристики, кои за другите може да бидат во извесна мера неприфатливи или, во најмала рака, несфатливи.

horosexy2

Oвие знаци од зодијакот важат за по малку чудни.

Водолија

Не го разбирате тој јазик на иднината? И не трудете се. Залудно е. Водолијата има сериозни визии за кои дури по извесно време може да се покаже и дека се навистина реални и остварливи, но дури за неколку децении. Овој знак има високи умствени капацитети. Не би било лошо во вашиот бележник да меморирате некои од нивните идеи, а ако успеете и да ги одгонетнете еве ви шанса да дојдете и до вашето „дрво на кое растат пари“, бидејќи Водолијата тежнее кон тоа да биде сфатена и материјалните нешта не ја интересираат.

Риби

Иако важат за најемотивен знак, Рибите се, во суштина, многу нестабилни. Сепак, нивните визии за иднината се речиси секогаш непогрешливо точни. Тие имаат визионерски и претскажувачки способности. Погледнете ги припадниците на овој знак во очи, и ако нивните очи не се исклучително светли, тогаш мора да се сосема чудни. Бидете сигурни дека нивната интуиција е до тие мери развиена, дека дури и со најубедливите лаги не можете да ги излажете или доведете во заблуда.

Јарец

Овој знак е како санта мраз. Несфатлив е за своето опкружување поради отсуството на реакции и својот имунитет дури и на најдраматичните животни сцени и околности. Главно, луѓето остануваат изненадени од нивниот студен однос. Од друга страна, и покрај сè, постојат луѓе кои што многу ги сакаат. И тоа е тоа што е навистина збунувачки. Значи, за да се сфати што точно чувствува еден Јарец, треба да се имаат натприродни способности.

Претставата “Жените на Џејк” вечерва премиерно во НУЦК,,Марко Цепенков,, Прилеп

plakat zenite na gejk, mds

Младинско Драмско Студио – Театар “Чин 4 Сцена 5” вечерва 18 април од 20 часот премиерно ќе ја прикаже претставата “Жените на Џејк” по текст на Нил Сајмон, во режија на Борче Василески.

Претставата е психолошка драма која во голема мера го отсликува самиот живот на авторот велат од МДС.

-Се зборува за шест жени кои преку начините на кои му ја искажуваат својата љубов, го излудуваат Џејк – потенцираат младинците , додавајќи дека се работи за урнебесна комедија.

Во претставата играат Борче Василески, Емилија Чавлеска, Деспина Јосифоска, Сара Спиркоска, Надица Дојкоска, Евгенија Јакимоска и Викторија Цветаноска.

Костимографија е на Емилија Чавлеска и Ева Тумановска, сценографијата ја изработија Александар Пижов и Александар Цветаноски, додека изборот на музиката е на  Марио Стојаноски и Борче Василески.

Фотографиите на Каролина Мицевска јасни и полни со восхит

02 L1003185

,,Момент на впечатоци 2,, е новиот циклус на фотографии од новинарот Каролина Мицевска  презентирани пред скопската јавност. На увид во Домот на АРМ се 24 фотографии. Еден мал дел од фотографиите се од првиот циклус, со цел продолжение на нејзиниот творечки опус.

Фотографиите на Мицевска дел се настанати при нејзините убави моменти низ Македонија, од повеќе европски земји, со посебен акцент на Русија.

Александар Димкоски, уредник на Нова Македонија, ќе забележи дека секогаш како новинар Мицевска текстовите ги надополнува со убави фотографии, што ја прави вистински комплетен автор.

033 L1003231

-Како долгогодишен дописник на Нова Македонија ни ја олеснува работата. Со текстовите стигнуваат и фотографиите. Секогаш внимателно избрани и така речи фотографиите говорат за она што таа пишува. Нејзините творби се топли, сугестивни и имаат убав колорит. Радува фактот што таа ги овековечила убавите македонски пејзажи, културно историските паметници низ земјата, со посебен акцен на Русија – вели Димкоски.

За фтотографиите на Мицевска писателот Петар Петровски вели дека  се интересен информациски продукт.

034 L1003230

– Секојдневното фотографирање го истенчило нејзиното око. Се развил смисолот за визуелна естетика, а со текот на времето, тоа се трансформирало во изразит сенс кон фотографијата. Преку овие фотографии Мицевска сака да ни соопшти дека пронашла  сличности меѓу Русија и Македонија, сличности во културата, традицијата, старите градби – вели Петрески.

017 L1003207

Каролина истакнува дека со фотоапаратот ќе другарува и понатаму , а до следен проект нејзините фотографиите ќе се наоѓаат на социјалната мрежа ФБ.

042 L1003236

Имате Ајфон? Чувајте го, вреди злато

Дали сте знаеле дека вашиот стар Ајфон за компанијата Ејпл вреди злато? Навистина вреди, и тоа во буквална смисла на зборот.

Според последниот извештај на Ејпл, американската компанија открива дека од своите стари iPhone телефони, Ајпад таблети и компјутери, има извадено повеќе од еден тон злато и тоа само во минатата година! Оваа импресивна бројка Ејпл ја има собрано благодарение на корисниците кои ги замениле своите стари уреди за нови.

ajfon-5-2-520x283

Ова е всушност добар знак, затоа што значи дека американската компанија рециклира метал наместо да го вади од земјата и тоа значи дека старите паметни телефони не завршуваат во отпад и не ја загадуваат планетата Земја. Сепак, самата количина на собрано злато ги изненади буквално сите.

Златото во уредите на Apple е користено затоа што е одличен проводник на електрицитет и не корозира лесно. Иако бакарот е многу поевтин, сепак бакарот е далеку побавен проводник па за брзите задачи во уредите на Apple и не е најдобро решение. Меѓутоа, златото е далеку поскапо и затоа речиси никој не го користи.

ejpl-zlato-recikliranje-tocka-2016-02-520x346

Според извештајот на американски „СиЕнЕн“, секој Ајфон содржи околу 0.034 грама злато. Тоа не е доволно ниту за изработка на еден мал прстен, но доволно е да заработите 1,28 фунти, или околу 100 денари. Доколку тоа го помножите со бројот на телефоните произведени од оваа компанија, ќе дојдете до фантастична бројка.

Американската компанија поседува и специјален робот кој ги разделува телефоните за рециклирање со цел од нив да ги извади и да ги сочува највредните метали. Apple на годишно ниво собира и рециклира окол 1,2 милиони уреди и од тоа собира злато. Ваквиот робот на Apple се наоѓа во Калифорнија во САД и во Холандија во Европа.

Бензините поскапуваат, дизелот по старо

Цените на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина, односно за еден денар, а цената на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.

 

benzinite

Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажната цена на Еуросупер 95 се зголемуа за еден денари и ќе изнесува 62 денари, додека Еуросупер 98 поскапува за 0,5 денари и ќе чини 63,50 денари.

Малопродажните цени на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, остануваат 44 и 32,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,703 денари за килограм и ќе изнесува 16,931 денари.

Според Комисијата, новите цени се резултат на повисоката цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период, како и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.