дома блог страница 5241

ВИДЕО – Снимен е првиот музички спот на прилепското Памуккале

Прилепското мермерно езеро или популарно познато како прилепско Памуккале, почна да станува атрактивно за музичките артисти.

4444

Првата песна за која е снимен видео запис на оваа локација e на Марко Логаут и прилепскиот диџеј Марио Еди. Песната се вика “Моrning Light” и се најавува како вистински летен хит со прекрасни звуци.

2222

Песната во себе го носи целиот шарм на летото, а локацијата во селото Беловодица во Прилеп е совршено одбрана како шлаг на прекрасно сработениот проект на двајцата момци.

333

Погледнете го спотот:

А.Г.

Силување во Прилеп

fwegherjhrtjd

Непознат маж во понеделникот силувал 31-годишна девојка од Прилеп, инциденот се случил во 03:00 часот.

– непознатото лице кое управувало возило со  непозната марка со битолски регистарски ознаки, ја пресретнало на ул.„11-ти Октомври“ и ја понудило да влезе во возилото. Девојката вознемирила и му рекла да си оди и продолжила пеш кон нејзиниот дом. Сторителот повторно се доближил со возилото до неа и насила ја внел внатре  по што се упатил кон периферијата на градот каде извршил обљуба. Откако ја вратил назад и се заканил дека ќе ја убие ако каже некому или ако пријави во полиција. Над оштетената бил извршен општ и гинеколошки преглед, соопштуваат од МВР.

Полицијата  презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА СОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА НАВОДНУВАЊЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

drip_163611407-500x336

Денес (Среда 20.07.2016) со почеток во 21 часот во спортската сала во ОУ Манчу Матак – Кривогаштани ќе се одржи презентација на современи системи за наводнување на земјоделските површини, каде што стручни лица ќе ги презентираат начините, условите и видовите на системи за навднување како и можностите за субвенционирање на набавката на ситеми за наводнување.

На презентацијата најавено присуство имаат претставници од Министерство за земјоделие, АФПЗРР, АПЗРР како и други стручни лица.

Се покануваат сите сопственици на земјоделски аптеки и земјоделци со цел да се информираат за можностите и погодностите кои се во можност да ги искроситат со набавката на системите за наводнување.

Груевски трн во око на великобугарските националисти

Големобугарските националисти со “аргументите“ на опозицискиот лидер Зоран Заев удрија по Македонија и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Користејќи го истиот речник како СДСМ и Заев, Груевски и актуелната македонска влада се трн во око на овие великобугарски националисти.

fro

Малкуте поддржувачи на великобугарската идеја удрија по претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кого  го гледаат како заштитник на македонштината.  Како и секоја година овие големобугарски нaционалисти се активираат пред одбележувањето на Илинденското востаните.

Бугарските медиуми пишуваат дека оваа година прославата ќе поминела во услови на „длабока политичка криза во Македонија и целосна нејзина меѓународна изолација“.  Во својата реторика, при изливот на гнев и омраза кон Македонија и Груевски, овие приврзаници на великобугарските идеи и негатори на македонскиот идентитет го користат истиот вокабулар како Зоран Заев и СДСМ.

-Бугарскиот културен клуб- Скопје (БККС) постојано и недвосмислено  алармира за тоталитарните практики на политичкиот режим во земјата. Никола Груевски и неговиот семеен клан нарекуван Влада на Р. Македонија ја носат одговорноста и вината за затворањето и целосното партиско контролирање на медиумите, се закануваат на граѓанските активисти, монтират судски процеси против политичките противници, дискриминираат на етничка основа, го узурпираат судството, провоцираат на недобрососедски односи преку бесмислена антиквизација и симулираат спроведување на реформи. Незадоволството од политиката на актуелната влада на Р. Македонија “БККС” го изрази и со излегувањето и поддршката на минатогодишниот антивладиниот протест во Скопје, пишуваат бугарските медиуми.

Тие дури и додаваат дека она што претставувало “најголема манипулација“, било “злоупотребата и узурпирањето на историското име на ВМРО и продолжувањето на праксата од времето на Титова Југославија на грубо фалсификување и негирање на бугарската етничка припадност на основачите на познатата организација“.

-Крајно време е да се разбере дека нема никаква врска меѓу историското “ВМРО” и “ВМРО-ДПМНЕ”. Затоа мотото на овогодинешната прослава во Смилево ќе биде “Да го вратиме ВМРО”!  “ВМРО” е синоним за правда, слободољубие, толеранција, а не на криминал и дикататура. Историската “ВМРО” е организација, со која треба да се гордеат сите граѓани на Р. Македонија, а не да развиваат негативни чувства и непријателство кон неа поради недемократскотп и криминално управување на “ВМРО-ДПМНЕ”, велат во стилот на Заев бугарските националисти и додават дека немало посимболично место од Смилево за да ја започнеле „фер борбата за слободна и демократска Македонија, земја која треба да ја чувствуваат сите подеднакво за своја татковина, сите нејзини граѓани, без оглед на нивната етничка припадност“.

Големобугарските националисти потенцираат дека повторно пред македонското општество ќе ги претставеле  своите гледишта за политичката ситуација во Македонија и ќе понуделе решенија за побрз излез од политичката криза. Ваквите ставови на поддржувачите на великобугарската идеја кои важат за негатори на македонскиот идентитет, целосно кореспондираат со ставовите на опозицијата предводена од Зоран Заев и не е првпат соседите на Македонија да излегуваат со исти напади како СДСМ и Заев.

МФ: Инвесторите на ја послушаа опозицијата- Еврообврзницата издадена поволно

Македонија денеска ја издаде еврообврзницата во вредност од 450 милиони евра по купонска каматна стапка од 5.625 % годишно и рочност од 7 години, што се исклучително поволни услови со оглед на сложената политичката ситуација во земјата, информираат од Министерството за финансии.

received_10208586419729428

Доколку ги немаше злонамерните опструкции и попречувања од страна на опозицијата, со оглед на првично пројавениот огромен интерес од инвеститорите, каматната стапка ќе беше далеку поповолна, односно истата ќе беше дури под 5 % годишно, согласно очекувањата на меѓународните инвестициски аналитичари. Цената за ова неодговорно однесување на опозицијата за жал ќе ја платат сите граѓани на Република Македонија, се наведува во соопштението.

-Успешното издавање на еврообрзницата е верификација на добро спроведениот процес во исклучително неповолен и тежок политички амбиент. Средствата од еврообврзницата ќе се користат за буџетски потреби во фискалните 2016 и 2017 година, како и за отплата на долгови кои доспеваат. Владиниот тим успеа да ги обезбеди неопходните средства значајни за одржување на макроекономската стабилност и развојниот тренд на македонската економија.Постапката за издавање на еврообврзницата се одвиваше согласно сите законски прописи и истата беше усогласена со Министерството за правда, правните застапници на Владата на РМ и правните застапници на конзорциумот на банки преку кои се издаде еврообврзницата, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Пинаколада – Мало тропско задоволство

Pinakolada

Подгответе вистинско тропско задоволство за незаборавно лето…

Состојки:

  • 8 дл бел рум
  • 4 филџани (мали) здробен мраз
  • 1 мал филџан ананас
  • 60 грама кокосово млеко
  • 110 грама сок од ананас (конзервиран)
  • Сок од половина лимета
  • Прстофат мускантно оревче

Подготовка:

Промешајте ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добете глатка течност со парченцата мраз.

Додадете уште неколку коцки мраз според ваш вкус.

Сервирајте во висока чаша и наросете уште малку мускантно оревче на површината и декорирајте со парче ананас.

Погледнете ја сестрата на Милица Тодоровиќ – Тешко е да се каже која е поубава!

milica (1)

Фолк ѕвездата Милица Тодоровиќ на Фејсбук споделила фотографија која ги воодушеви нејзините фанови. Имено, на фотографијата сексапилната Мица се наоѓа во друштво на својата сестра Јована, а на прв поглед тешко е да се одреди која од нив две е поубава!
Фотографирани на една прослава, тие позирале прегрнати, а за само неколку часа  фотографијата “собрала“ десетина илјади лајкови на оваа социјална мрежа.
1mil.jpg500

Го оставила бидејќи бил сиромашен, но 10 години подоцна…

Сите ние мислиме дека можеме да ја предвидиме иднината со помош на нашето искуство и моменталната ситуација, но…

 

123 (1)

дна девојка која потекнуваат од богато семејство се заљубила во момче кое е сиромашно. Неговото срце било искрено. Меѓутоа, таа го отфрлила бидејќи не сакала да живее во сиромаштија. Претпоставила каков би бил тој живот и му ги обезвреднила неговите чувства. Таа мислела дека знае што сака во животот и верувала дека исходот од таквата љубов за неа би бил погрешен. Сметала како таа вреди повеќе и дека љубовта не е доволна ако нема пари.

-Оди и пронајди некоја која тие на твое ниво. Ти колку што заработуваш во еден месец, јас трошам за еден ден. Ти би сакал да ти бидам жена? Некој како тебе никогаш не би можела да сакам, му рекла девојката кога момчето ја запросувало.

Поминале години, точно 10. За момчето таа не размислувала, а момчето имало толку работа што немал време да размислува за девојката.

Се додека еден ден повторно не се сретнале. Било тоа во трговскиот центар.

– Еј па ти си тоа! Како си? Денеска сум омажена за вистински маж. Тој заработува 15.700 долари месечно, му се пофалила. Човекот ништо не и одговорил. Само очите му се насолзиле од тага која ја почувствувал зошто некогаш навистина многу ја сакал таа жена.

– Добро утро господине! Гледам дека сте ја запознале мојата жена, рекол нејзиниот сопруг, малку изненаден кога ги здогледал заедно.

– Добро утро господине, го возвратил поздравот

„Картер, шефе така се презивам…“, одговорил на неговиот шеф, сопругот на богатата ќерка.

По пат и објаснил како тој е негов шеф, кој е сопственик на проект вреден 100 милиони долари, на кој деноноќно работел. Во шок била жената, не можела да поверува дека тоа е истиот оној човек кој го одбила.

– Тој е скромен човек, а неговата животна приказна навистина е едноставна, продолжил сопругот.

– Велат дека претходно бил многу сиромашен и дека поради тоа го одбила љубовта на неговиот живот. Поради тоа се заколнал дека ќе се збогати, но никогаш се нема оженето, рекол сопругот ни случајно не му паднало на памет дека таа девојка е неговата сопруга.

Кога сопругот ја прашал од каде го познава неговиот шеф, му одговорила дека ќе му раскаже подоцна бидејќи сега не и било до разговор…

Костадин Керпичоски: ПИВО ФЕСТ Е ПРИЛЕПСКИ БРЕНД!

941425_575944535790946_2091595457_n

Секоја година, од 14-ти до 17-ти јули сите патишта водат кон Прилеп. Реки од народ, колона од возила, од младо до старо, од 7 до 77 години.

Срцата чукаат во ритамот на фестивалот на пивото и скарата. Мега балкански и светски познати артисти, музички уметници, програма за возрасните, но и најмладите. На едно место има забава до раните утрински часови, ладно точено пиво и добра прилепска скара.

Верувале или не од некогаш обичен локален, денес Пиво Фест е светски познат фестивал. Иако трае цели четири дена, времето е прекратко за да вкусите се и да уживате во забавата.

Разговарам денес со моите пријатели и всушност дојдовме до заклучок, дека ова е тоа што ни треба, особено на нас помладите, и дека кога овој фесивал би траел со недели би биле сите среќни и задоволни.

Точно е, хејтерите хејтаат, критикуваат, вечните опозиционери плукаат, но вистината е на другата страна.

Секој ден поединечно по 100.000 посетители или вкупно од 350.000 до 400.000 посетители, изедена скара и испиено пиво на тони. Секој кој еднаш бил повторно се враќа во Прилеп. Овие четири дена кога се одржува фестивалот на пивото и скарата се клучни за прилепчани, за бизнисмените, за занаетчиите и дујќанџиите, за градската чаршија, за еснафот….

Ова е моментот кога Прилеп е туристичка атракција и кога е полн со туристи од целиот Балкан!

Да јас прочитав многу написи за фесивалот, но јас, а и сите мои сограѓани прилепчани знаат која е вистината!

Мојата порака до сите хејтери е: наместо да се занимаваат со медиумски спинови, да земат и да направат нешто корисно за нашиот град! ВРЕМЕ Е! Градоначалник, секоја чест! Чеситки!

Досега 12.000 дечиња ја искористиле мерката за бесплатен одмор, утре заминуваат уште 52 деца од гевгелиско

Повеќе од педесет деца од социјално ранливите категории од југоисточниот плански регион кој ги опфаќа општините Гевгелија, Богданци и Дојран, ќе заминат на бесплатен одмор во Охрид и Струга, соопштија денеска од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Гевгелија.

 

odmor-so-deca-640x424

– Утре 52 дечиња од семејствата корисници на социјална или постојана парична помош, корисници на детски и родителски додаток, како и деца со пречки во развојот на возраст до 26 години ќе заминат на одмор. Бесплатното летување ќе трае седум дена, а опфаќа шест полни пансиони и превоз до Охрид и Струга, информираа од Центарот за социјална работа во Гевгелија.

Проектот за бесплатен одмор преку Министерството за труд и социјална работа се реализира од 2012 година. Досега мерката ја имаат искористено 12.000 дечиња од земјава од кои 8.000 биле на летен, а 4.000 на бесплатен зимски одмор.