дома блог страница 5242

РК Прилеп го доби противникот за ЕХФ Купот: Од клубот ветуваат силна борба

12115419_897359903652844_2145647196470840446_n

Швајцарскиот клуб Винтертур е противник на РК Прилеп во првото коло од ЕХФ Купот. Денеска на ждрепката, прилепчани добија противник кој е фаворит на хартија, но од клубот известуваат дека ќе дадат силна борба и дека нема да се појават со бело знаме.

  • “РК Прилеп го има потребниот квалитет и ќе вложи се за достојно да го претстави македонскиот ракомет во ова натпреварување”, известуваат од управата на клубот.

Привите натпревари се играат на почетокот од сепрември, но сеуште не е познато на чиј терен ќе се игра првиот натпревар.

А.Г.

После пеколниот јули, во август не очекува време какво…

123 (1)

Крајот на јули се ближи, а август традиционално е  месец во кој секогаш се обидуваме да ја почуствуваме целата таа магија на вистинско лето. Меѓутоа, жештините обично завршуваат со поројни дождови и грмотевици, па во тие денови кога паѓа дожд обично повторно преживуваме.

Сајтот AccuWeather ја објави прогнозата за месец август која ќе ви ја огрее душата. Судејќи по нивната проценка не очекува топло, убаво и ни малку пеколно лето.

222

Примени нови 125 професионални војници, 48 во специјалните единици на АРМ

Нови 125 професионални војници, кои поминаа селективен тест за нивните способности, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје беа примени на служба во Армијата на Република Македонија.

 

vojnici-jolevski

Честитајќи им на новопримените професионални војници, министерот за одбрана Зоран Јолевски им порача дека униформата на АРМ претставува гордост и престиж за секој граѓанин на Република Македонија. Нагласи дека треба да работат посветено, чесно и хумано.

– Ви претстои период исполнет со предизвици и многу работа. Предизвик кој значи инвестирање во знаења и обука, во иднината. Храброста и чесноста се витални вредности на војникот, подофицерот и на офицерот, истакна во обраќањето Јолевски.

Од новите 125 професионални војници, информира Јолевски, 48 го завршиле 24-дневниот селективен курс и ќе бидат примени во специјалните единици на АРМ.

Клучен елемент за секоја Армија, потенцира, е високо обучениот, мотивиран и квалитетен професионален воен персонал.

jolevski-vojnici-640x467

– Упорно и посветено градиме Армија која ќе биде подготвена на национално ниво, но истовремено да ги извршува и обврските кои произлегуваат од стратегиската цел на РМ – полноправна интеграција во НАТО и во ЕУ, рече министерот за одбрана и додаде оти се спроведени бројни реформи во АРМ, со што се добиени поефикасни и подобри структури.

Јолевски најави дека ќе се објави нов конкурс за прием на дополнителни 90 професионални војници и 25 лица кои ќе имаат завршено високо образование со одредени струки, како што се лекари, инжинери, психолози…, кои по деветмесечна обука ќе станат офицери во АРМ. Во текот на годината, информира тој, ќе бидат примени и питомците кои завршиле годинава на Воената академија. Потсети и на отворениот втор конкурс за втората група пилоти во Школата за обука на пилоти за хеликоптери и подвлече дека во тек е селекцијата на пријавените кандидати, кои треба да ја почнат обуката за пилоти.

На новинарско прашање како ќе се платат новопримените професионални војници, Јолевски истакна дека во МО има доволно средства за плати за војската и редовно добиваат плата.

– Сите војници ги имаат примено сите дневници, заклучно со април и почетокот на мај. Може да постои некој случај од технички причини да не добиле дневници. Инаку, имаме доволно средства за плата на војската, изјави министерот Јолевски.

jolevski-vojnici1-640x416

Тој посочи дека поради зголемениот ангажман на границата е зголемена и дневницата што ја добиваат кога се ангажирани таму, а направена е и дополнителна поддршка во смисла на реновирање одредени објекти на јужната граница.

На свечениот прием на новите професионални војници во АРМ присуствуваа и заменик-министерот за одбрана Беким Максути, заменик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај, како и други претставници од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

Исповед на Ердоган за CNN: Да останев во Мармарис уште петнаесетина минути, ќе бев убиeн или киднапиран

САРАЕВО (AA) - Претседателот на Република Турција во интервју за Си-ен-ен Интернешнал се обрати во врска со настаните од обидот за државен удар, на 15 јули, од страна на приврзаниците на терористичката организација ФЕТО инфилтрирани во редовите на Вооружените сили на Турција, јавува Anadolu Agency (AA). Фото: Ребека Андерсон (Л) ( Kayhan Özer - Агенција Анадолија )

Претседателот на Република Турција во интервју за Си-ен-ен Интернешнал се обрати во врска со настаните од обидот за државен удар, на 15 јули, од страна на приврзаниците на терористичката организација ФЕТО инфилтрирани во редовите на Вооружените сили на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

САРАЕВО (AA) - Претседателот на Република Турција во интервју за Си-ен-ен Интернешнал се обрати во врска со настаните од обидот за државен удар, на 15 јули, од страна на приврзаниците на терористичката организација ФЕТО инфилтрирани во редовите на Вооружените сили на Турција, јавува Anadolu Agency (AA). Фото: Ребека Андерсон (Л)  ( Kayhan Özer - Агенција Анадолија )

 

Тој потсети дека во моментите кога е изведен обидот за државен удар, се наоѓал на одмор во Мармарис.

„Да останев во Мармарис уште 15 минути, ќе бев или убиен или киднапиран”, рече Ердоган.

Ердоган истакна дека ги повикал граѓаните на Турција на улица за да спротивстават на обидот за државен пуч.

„Веднаш ги повикав граѓаните на улиците. Нивната првична реакција беше масовно излегување на улиците“, рече Ердоган на почетокот на разговорот.

Напомена дека никогаш во текот на таа ноќ не помислил дека повеќе нема да биде претседател на Турција.

„Никогаш тоа не го помислив. Јасно реков дека државата е нападната и дека претседателот и понатаму е на должност“, рече Ердоган.

Додаде дека терористичката организација ФЕТО со овој обид за пуч го доби најголемиот удар.

„Терористичката организација ФЕТО со ова го доби најголемиот удар бидејќи се разоткриени. Користеа оружје против луѓето, оружје купено со парите од народот на Турција“, истакна Ердоган.

Претседателот соопшти дека од американската администрација усно побарал испорачување на Фетулах Ѓулен.

„САД не би требало да задржуваат таков терорист. Ако испратиме барање, тогаш вие треба да го испорачате“, нагласи турскиот претседател, напомнувајќи дека за ден-два официјално ќе биде побарано испорачување на Ѓулен. Во случај САД да не одговорат позитивно на барањето, Турција веќе никогаш нема да испорача ниту едно лице што САД ќе го побара од Турција.

Сосема на крајот, тој напомена дека граѓаните на Турција бараат враќање на смртната казна по последните настани.

„Граѓаните бараат смртна казна. Луѓето изгубија роднини, соседи, деца. Граѓаните сметаат дека овие терористи треба да бидат убиени. Ако Парламентот на Турција донесе одлука за смртна казна, јас ќе ја потврдам“, рече Ердоган.

ФОТО: Вака се слави сунет во Кичево

Оваа фотографија со брзина на светлината проструи низ социјалните мрежи.

274394

Се работи за прослава на сунет во Кичево, каде се гледа како човек со бебе е седнат на фотелја.. и се вози на врвот од возило!

Превентивни мерки и препораки од МЕПСО за пелагониските земјоделци

struja

Македонскиот елетропреносен систем оператор-МЕПСО јавно соопшти превентивни мерки и препораки за поголема внимателност на пелагониските земјоделци кои работаат на своите земјоделски површини што се наоѓаат во близина на далекуводи од преносната мрежа.

Од МЕПСО на земјоделците им порачуваат да одбегнуваат минување со земјоделска механизација под трасите на далекуводите од преносната мрежа и во нивните безбедносни коридори и посебно да не се поминува под проводниците со комбајни или друга робусна земјоделска механизација.

Секторот за односи со јавност на МЕПСО препорачува земјоделците да не поставуваат цевководни системи за наводнување на земјодески површини во трасите на далекуводите, да не се креваат во височина метални цевки од системите за наводнување во далекуводните траси и други метални елементи особено под проводните јажиња, и, исто така, да не се поставуваат прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа, бидејќи допирот на водниот млаз со проводните јажиња може да биде опасен по живот на лице кои се наоѓа под трасата на далноводот.

Од МЕПСО ги потсетуваат пелагониските земјоделци дека не е дозволено палење на стрништата во близина на далекувод, бидејќи се голема потенцијална опасност за материјална штета на опремата на далноводот и загрозување на работата на МЕПСО.

Се штрекате додека тонете во сон? Еве што значи тоа!

Замислете го ова. Вие сте во сон и го доживувате најдобриот сон во својот живот. Одеднаш вашето тело одеднаш се штрека и вие се будите од тој сон. Грдо, зар не? Зошто вашето тело одеднаш се буди? Дали ова ви се случило претходно? Очигледно тоа е вообичаена појава, а научниците конечно сфатиле што значи тоа.

son

Понекогаш имате чувство како да паѓате од голема висина. Луѓето на многу различни начини се обидувале да го објаснат тоа чувство. Сите тоа сме го доживеале на поинаков начин.

Експертите веруваат дека постојат некои надворешни причини кои можат да ја зголемат веројатноста за штрекањето во сонот, кофеинот и цигарите. Се препорачува да не пиеме кафе неколку часа пред легнување бидејќи така ќе ги намалиме шансите за штрекање  во сонот.

Исто така штрекањето може да биде и од недостаток на сон.

Во првата фаза од сонот, срцето и дишењето се успорува брзо. Понекогаш, кога некој е премногу исцрпен, мозокот продолжува низ оваа фаза од сонот пребрзо и тоа го збунува. Тогаш телото брзо реагира и така доведува да се штрекнеме во сонот.

Нова драма во Германија: Манијак со секира влета во воз и повреди повеќе од 20 патници

Нова драма во Германија: Манијак со секира влета во воз и повреди повеќе од 20 патници.

Munchen

Повеќе од дваесет лица се повредени во Германија, откако непознат маж вчера вечер влегол во воз со секира и почнал да напаѓа, јавува „Би-Би-Си“.

Во тек е полициска акција, а хеликоптерите кружат над квартот Хајдингсфелд во Вирцбург, јужна Германија.

Според локалните медиуми, повредени се 21 лице, а напаѓачот наводно е застрелан.

Германската новинска агенција ДПА јавува дека меѓу повредените има неколку лица кои се во животна опасност.

Мотивите за нападот не се јасни, а пругата меѓу Вирцбург-Хајдингсфелд и Оксенфурт е блокирана

Неверојатната љубовна приказна на Македонец и Србинка: Се започнало на Фејсбук кога биле малолетни

Кога имала 15 години Милена започнала да живее во вонбрачна заедница со Богдан.

milena3

Милена од Србија и Богдан од Македонија се запознале кога таа имала само 12 години а тој 15. Со многу труд и обострана желба нивната љубов и покрај големиот број на препреки на кои наишле, успеале да ја крунисаат со брак.

Милена денеска има 18 а Богдан 21 година и ова е нивната љубовна приказна:

milena2

-Имав 12 години кога на Фејсбук му испратив покана за пријателство на Богдан, откако моите родители ме наговорија да побарам некои наши роднини кои живеат во Македонија. За Богдан мислев дека е син на наши роднини. Но потоа се покажа дека сме погрешиле, објаснува Милена.

milena4

Откако сфатиле дека не се роднини, по неколку разговори меѓу нив се развила привлечност.

Во меѓувреме Милена наполнила 13 години, а тој 16 и постојано одржувале меѓусебен контакт. Тогаш Богдан одлучил да дојде во Србија.

-Кога Богдан дојде во Србија да ме види, неговата мајка и нејзиниот невенчан сопруг почнаа да ни прават проблеми, додека пак од другата страна беа моите родители кои не поддржуваа, вели Милена.

За проблемите да бидат уште поголеми, мајката на Богдан ги пријавила во социјална служба, па полицијата и службите постојано ги викале на разговор.

-Со сите сили се боревме за нашата искрена иако детска љубов, не слушавме во никој поглед. Ниту пак далечината не успеа да ја намали нашата љубов. Ние не попуштивме со успехот на училиште. Богдан беше првак во Македонија во свирење на хармоника. Нам не не’ интересираа никакви пороци, само љубовта и училиштето, објаснува Милена.

Нивната љубов конечно победила кога Богдан наполнил 18 години, па решил да се отсели од Македонија и да живее заедно со Милена и нејзиното семејство.

Милена тогаш имала 15 години и започнала да живее во вонбрачна заедница со Богдан и истовремено започнало да оди во средно училиште.

milena

За него се омажила кога наполнила 16 години. И повторно имале проблеми бидејќи тој бил странски државјанин а таа била малолетна.

-Јас и понатаму бев редовен ученик и ги завршував сите обврски. На денот на венчавката сопругот ми подготви изненадување и ја донесе емисијата „Се за љубов“ за да ми се заблагодари јавно што бев покрај него и што се борев за нашата љубов, објаснува Милена.

Сепак и двајцата сеуште ги немаат подобрено односите со родителите на Богдан. Живеат во Барајево а панираат да изградат и своја куќа.

НЕВЕРОЈАТНИ ФОТОГРАФИИ кои ќе ви одземат здив: Заеднички проект на млад фотограф и фризерско студио од Прилеп – ГАЛЕРИЈА

DSC_0962 (Copy)

Младиот фотограф Петар Кироваков и фризерското студио Блондина од Прилеп, изработија нешто што ќе ве остави без здив. Пред вас се наоѓаат фотографии со душа, за кои би помислиле дека ќе ви проговорат.

DSC_1259 (Copy)

Инаку Петар Кироваков до сега има низа награди и признанија за фотографија, како на локално, така и на државно ниво, а фризерското студио Блондина е истакнато во својот квалитет и перформанс.

DSC_0797 (Copy)

Се чини дека настанало едно одлично вклопување на квалитети и настанале вистински ремек дела.

DSC_1241 (Copy)

Фотографиите ги краси брилијантна техничка обработка, прекрасно одбрани бои и секако перфектен избор на модели.

DSC_0943 (Copy)

Уживајте во галеријата која ја подготвивме за вас:

[Best_Wordpress_Gallery id=”322″ gal_title=”KirovakovBlondina”]